Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barca-Gril, 12 август 2013.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    Одговори:
    1. Да си го гледа секој својот живот, да бидат задоволни со она што го имаат и да не прават на друг тоа што не сакаат да им го прават нив.
    2. Глумица.
    3. Не.
    4. За мојата брзоплетост и отвореност спрема некои кои не заслужуваат.Повеќе ќе слушам,помалце ќе зборам.
    5. Кај мајка ми , знае.
    6. Ништо.
    7. Не.
    8. Ќе ги соберам сите што ги сакам , за да им го кажам тоа.
    9. Да направам ако треба и будала од себе , да го изнасмеам од срце:).
    10. Мојата неодлучност и понекогаш мрзата и мала доза страв.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    173.337
    Пол:
    Машки
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Ништо, би избегал од срам :bug:

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би изработувал предмети од дрво.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Жалам што купив стара кола. Не можам да го променам тоа зашто немам пари за нова.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Немам таква личност.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Премногу нереално ми е прашањево, не дека другите се па реални :)

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не, само Финска е за мене.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би гледал тв.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да му кажам виц???

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Ех да знаев...
     
    На dunika, Espadrila, Acka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    Би им го кажала следново: " никој не може да ви ја одземе слободата, таа е во нас, не дозволувајте манипулации и режим наметнат од болни умови, нека љубовта ги сплоти сите народи без разлика на пол, раса, религија....:^) Се внесив малку:lol:
    2. Би работела во зоолошка полна со панди:inlove:
    3. Се плашам од смртта само ако е тивка, болна и бавна, ако е набрзина- не е проблем :)
    4. Жалам што му бегав на татко ми секогаш кога сакаше да ме гушне :( жалам што не сум храбра
    5. Веројатно кај мајка ми, мислам дека не знае колку уствари ми значи
    6. Да знам дека сум бесмртна ќе правам работи кои се ризични по живот за обичен смртник
    7. Не баш
    8. Ќе го наместам часовникот на 00:00
    9. Би им почнала разговор со: се сеќаваш кога .....
    10. Пари хаха
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Сакајте повеќе!!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Со банкарство
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    За ништо не жалам, се е како требало да биде
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај мајка ми, да знае.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би се затворила со години да ги научам сите знаења на светот за да го завладеам
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Онака..
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе запишам што сум научила од овој живот за некој друг да го превземе знаењето.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    ехее, има многу
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Храброст.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале? - Нека исчезне омразата во светот, сакајте се меѓусебно и запамтете дека не е битна бојата на кожата, битна е душата !
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале? - Форензичар
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв? - Не се плашам бидејќи секако ќе се случи и не сакам животот да го поминам размислувајќи за тоа
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес? - Најмногу жалам за довербата потрошена на погрешни луѓе.Сега ја немам за оние вистинските и во иднина ќе пазам кому му верувам !
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи? - Кај дечкото. Секако дека знае колку ми значи
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни? - Би го сменила целиот начин на живот. Нема толку да се трудам се наеднаш да постигнам туку би оставила се полека да си тече
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка? - Не !
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45? - Би ги собрала сите што ги сакам најмногу на светов и би ги гушкала цели тие 15 минути
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому? - Искрена прегратка и неочекуван комплимент
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа? - Храброста која ја немам доволно за да бидам потполно среќна...
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    156.288
    1. Господ си ти, а ти си љубов. Се што живееш е креација на вашиот ум. Имаш избор да промениш овде и сега. Ма да ад хок ќе ми дојде многу повеќе, па ваљда и поише ќе дрндам.
    2. Ќе фарбам огради.
    3. Од својата не. За блиските да. Ма да и за тоа се ослободувам веќе...
    4. Тоа што го потрошив времето за погрешни луѓе, но добро.
    5. Кај моите и кај него. Си знаат се што треба.
    6. Ауууу...за почеток со раат ќе се џаболебарам едно 5 години. После ќе ми биде малку криво, што ќе ми вечност без саканите?
    7. Не
    8. Хахааа...интересно прашање. Ќе верувам во неверојатноста да се случи тоа. Ама у секој случај уз насмевка ќе ги изљубам по три пати најсаканите.
    9. Насмевка, гледам често расположува. Насмевка значи - те гледам, а луѓето сакаат да се видени.
    10. Мојот ум и се уште не до крај вербата во одговорот на првото прашање, иако имам и свои докази дека е тоа така, но нели - умот.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abril

    Abril Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    Oдгoвoр:
    1.Не се нaтпревaрувaјте едни сo други.Живoтoт е еден и немa друг.Сите не чекa еднa истa дупкa.
    2.Ветеринaр.
    3.Дa,се плaшaм.Нaјвеќе зa сaкaните.
    4.Вo глaвнo не жaлaм зa ништo.Би јa прoменилa сaмo мoјaтa тoчкa нa гледaње.
    5.Кaј мoјaтa бaбa.И тoa кaкo знaе.
    6.Ќе скoкaм бaнџи.
    7.НЕ.
    8.Ќе ги изгушкaм тие штo ги сaкaм.И Бaну мoј секaкo.
    9.Ќе се смеaм.Пoзитивнoстa рaзвеселувa секoј и секoгo.
    10.Мoжеби хрaбрoстa.
     
  8. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    1. Живеете еднаш, искористете го животот до максимум бидејќи нема резервен (освен ако постои реинкарнација, али јбг не е докажана)
    2. Би нашла начин да го пропатувам целиот свет преку работата, би купила вила и дел би ги донирала на оние коим им е најпотребно.
    3. Не се плашам од смртта. Животот е оној којсекој ден ти создава предизвици и причинува болка. Кога ќе умреш, болката ја снемува. Ти умираш, а другите учат да живеат со фактот дека повеќе те нема. Ме плаши смртта на најблиските... Најтежок период.
    4. Што многу верував во луѓето. Никогаш нема да ја направам истата грешка. Не се враќа времето назад, али јбг...
    5. Кај моето семејство (вклучувајќи го и дечко ми). И да, знаат колку ми значат.
    6. Би ги исполнила сите соништа, ќе го имам целото време на светот.
    7. Не баш... За жал, тука не гледам просперитет за себе и моето семејство.
    8. Ќе напишам кратко писмо за моите најблиски.
    9. Ќе го насмеам? Тоа го правам уствари секој ден :D
    10. Ништо сем системот е оној кој не јебе нас уметниците. Јебеш га...
     
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Луѓе, живејте СЕГА!!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Во болница, би разговарала со тешко болни или изнемоштени на смртна постела, би им читала, пееела...
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не од смртта и фактот да умрам, туку од сознанието ако би било тоа прерано што би правеле оние кои би останале без мене,пример, моите три дечиња
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Жалам за нешто, но не би променила ништо од минатото, така некои личности кои ми се драги не би постоеле
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Да, кај личност која многу ми значи, и дефинитивно јас и значам неа
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Да бидат бесмртни и некои мои драги личности, зошто без нив не би ми вредело живеењето
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Скоро и да е
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би била во едни мили прегратки
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Го правам тоа секој ден,се надевам успешно
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Само малку време
     
  10. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Правете ги само оние нешта што вас ве прават среќни и не дозволувајте НИКОЈ АМА БУКВАЛНО НИКОЈ да ви застане на патот по кој сте решиле да чекорите!!!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Би била психијатар.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Ако ги доживеам сите убави моменти во животот нема зошто да се плашам, меѓутоа ако дојде смртта прерано се плашам и тоа како...
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Што никогаш не завземав свој став за некои работи, и сеуште се повторува истото за жал!
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај баба ми и дедо ми кои го делат првото место во мојот живот со мојата мајка!
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Би пробала да направам некои работи од кои луѓето умираат,да се фрлам од зграда или да ме згази воз...чисто да видам што осеќаат :x
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Па и не е баш, ама никогаш не би ја напуштила :)
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би ја гушкала и советувала сестрами веројатно...
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Би однела пакетчиња на неколку дечиња тука во близина што не можат да си го дозволат тоа финансиски :(
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Се што ќе замислам да ми се оствари :D
     
  11. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?


    -Не бидете себични и зли,бидете совесни за да живееме во мир и спокој;
    -Хирург;
    -Од својата НЕ!
    -Па не се жалам многууу али имам некои жалби до лицемерните;
    -МАјка ми,знае се разбира;
    -Би скокала од авион;
    -Не,никако;
    -Тотално ништо ќе си легнам и ќе чекам;
    -Да го гушнам и насмеам;
    -Наивноста..
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Би го кажала Евангелието, Радосната вест: Исус Христос дојде и пострада на крстот за нашите гревови (минати, сегашни и идни) и секој еден што верува во Него има вечен живот!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Би била брачен советник, и со пари и без пари :D

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не од самата смрт, туку сакам подолго да поживеам најмногу ради децата.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Имав глупи ситуации во животот, работи за каење, ама тоа сум јас, сето тоа ме прави да бидам тоа што сум и тоа што ќе станам.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? - Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај мајка ми вероватно. Мада ниту таа ниту јас всушност знаеме колку значиме една на друга.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Веќе сум бесмртна, духот ми е бесмртен, и кога физички ќе умрам ќе живеам. :D
    Физички бесмртна на овој свет воопшто не би сакала да сум, вероватно би барала анти-бесмртен лек.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Не баш ама ја сакам.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би се гушкала со децата и мажот.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да кажам некому нешто охрабрително, да пофалам некого за добро сторена работа, да о кажам на пријателката дека е прекрасна мајка, да бидам љубезна кон продавачката дури и кога на неа не и се кажува ни добар ден... има многу секојдневни ситни нешта коишто го прават животот на сите поубав.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Самата јас. Некој погрешен став, негативна мисла.
    Среќата е само поим. Никој не е нон стоп среќен, ниту е возможно, битен е само начин како јас ги гледам и прифаќам нештата што се случуваат па ради тоа да имам мир и вкоренета радост во срцето. Тогаш ќе сум навистина среќна.
     
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Гладна сум.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Собирање на бездомни мачиња и кучиња.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Таа нека се плаши од мене,
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Шо на некои личности не му покажав каде му е местото.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Внук ми и мачињата.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Ништо
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - ХАхахха не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - ЌЕ јадам чоколад, ќе слушам гласна музика и ќе танцувам.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - ПРегратка и насмева.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Јас, ама не си стојам.
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    172.838
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Сакајте се, почитувајте се, живејте по своите правила!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Ќе пишувам репортажи од сите краеви на светот - wanna be новинар:rofl:

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам од смртта, туку од последиците што ќе ги остави истата врз моите блиски.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Што не го живеев животот по мои правила! Да можам да се вратам 5 ипол години наназад, ќе го променев само ова и се останато ќе беше подобро.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај татко ми... само што ни самиот не е свесен колку ми значи!

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би го променила самиот факт дека сум бесмртна.. не можам да се замислам

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Воопшто не е по моја мерка, ама си ја сакам..

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би седнала во мојата лежалка, би се покрила со мекото ќебенце и ќе го чекам полноќ...сама.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да го гушнам и да му кажам - се ќе биде во ред!

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Самата јас!
     
    На Sky-butterfly и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  15. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    1.Повеќе љубов,помалку омраза.
    2.Би работела нешто во врска со модата или новинарството.
    3.Не.
    4.Жалам за една кавга што сум ја имала со родителите. Би ги послушала пред да избувнам дека не се во право.
    5.Би истрчала кај моето семејство..кај мајка ми.
    6.Не би променила.
    7.Не е баш..ама ако.
    8.Би ги гушнала моите родители.Остатокот од времето ќе го поминам во смеа и сеќавање на убавите моменти.
    9.Можеме многу работи..на пример: да помогнеме некому,да подариме нешто,да кажеме убав збор..
    10.Стојам самата јас.Јас сум таа која може да си го долови тоа за себе.
     
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    „Сите ние сме едно. Сите сме прекрасни, единствени и постоиме со причина. Фокусирајте се на нештата што ги имате, бидете благодарни за нив, извлечете го најдоброто од секој момент и креирајте убави емоции. Смејте се, ширете љубов кон луѓето, животните, и најважно кон себе си. Така ќе бидете среќни!“

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би работела нешто со што би ги инспирирала другите. Би пишувала книги, би снимала филмови, спотови, песни со мотивирачки текст, би била главен уредник на „I love living“, што би претсавувале вести со позитивна содржина, тотално спротивни од оние што ги следиме на ТВ. Би давала часови по медитација, би згрижувала улични мачки и кучиња, би била сопственик на ресторани со огранска храна, би била YouTuber, а можеби и моден креатор. Впрочем и да ги немам сите пари на светот, овие нешта ќе ги работам.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам од смртта. Го сакам животот, но знам дека кога ќе дојде време за смртта, пак ќе бидам среќна и спокојна.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Секој жали за нешто во животот. Но каењето е „негативна“ емоција, па затоа решив да не се обвинувам себе си за ниедна постапка во минатото. И онака секогаш правев најдобро што можев и знаев. Самокритиката често ме мотивира, но постојаното враќање во минатото е бесполезна работа и никогаш не носи убави работи во сегашноста, а уште помалку во иднината.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Ова прашање некако ми нема смисла. Под „сè“ веројатно се мисли на материјалните работи. Како и да е, која е мојата најдрага личност? Мајка ми, татко ми, брат ми, баба ми. Не би побарала утеха кај пријател, ете ни сама не знам зошто. Би зборувала со мајка ми или баба. Можеби со брат ми или тато. Никогаш им немам кажано колку ми значат, ниту пак ги прегрнувам често. Јас сум едноставно таква, ретко велам „Те сакам“, и не се критикувам себе си. Но ги сакам најмногу на свет. Тие луѓе се мојот живот.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Јас и онака верувам дека сме бесмртни. Можеби нема да живееме вечно во овој свет на Земјата, но после смртта нашата душа повторно живее. Но, прашањето се однесува на вечер живот на Земјава, претпоставувам. Па, искрено, за мене таквото сознание не е баш најпријатно. Не би сакала вечно да живеам, тоа би немало никаква смисла. Би ми здодеало овде, овие искуства и овие места. Не ни сакам да размислувам за тоа. Среќна сум што постои смрт.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Светов да. Државава не во целост. Би сакала да живеам на помирно место, со почист воздух, повеќе забава и уметност итн. Но повеќе би сакала да патувам и да менувам живеалишта.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Можеби би била малку возбудена и збунета. Но, би чувствувала среќа. Петнаесет минути пред да умрам веројатно би медитирала и би изговарала афирмации како: „Ова беше едно прекрасно доживување“, „Јас бев прекрасна личност и придонесов за својата среќа и среќата на другите“, „Јас ги остварив своите цели и живеев во спокој и изобилство“ итн.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Би можела да напишам убави зборови за нив, можеби поезија. Можеби би се сретнала со таа личност и би разговарала за сите убави спомени што ги имаме заедно. Можеби би ја турнала на снегот за да се смееме до бесвест. Или би купила подарок, или пак би нацртала нешто за нив. Можам само да им се насмевнам и да се чувствуваат подобро.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Старите навики и уверувања. Но, полека ги искоренувам засекогаш.
     
    На JollyGirl, Someonespecial и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  17. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Секогаш да си го следат сонот, да не престанат да се надеваат, да ги чуваат луѓето кои вредат блиску до нив и да љубат со цело срце.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Со истото со кое сакам да се занимавам и сега кога ги немам сите пари на светот.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам, само несакам да ме боли.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Засега нема нешто за кое толку многу жалам дека не сум направила или постигнала.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај него, заради тоа што знам дека и со моето ништо за него ќе бидам се.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Ништо, ќе продолжам да живеам нормално како и до сега.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Ако гледам реално не, но многу ја сакам.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Ќе ги сберам сите најмили околу мене ќе ги изгушкам и ќе им кажам дека ги сакам најмногу на свет и дека душата ќе продолжи да ми живее заедно со нивната љубов.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да дадам безрезервна поддршка и љубов на најмилите, да купам некој подарок како изненадување.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Како и многу луѓе ќе речам можеби малку повеќе пари но не сакам да звучам лакомо и ненаситно па затоа сакам единствено да ме служи здравје мене и моите блиски
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  18. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    1. ''Ништо не трае вечно. Сакајте се''.

    2. Адвокатура.

    3. Да и не.
    Да, поради помислата дека еден ден нема да бидам жива и нема да можам да ги доживувам убавите моменти со луѓето кои ги сакам.
    Не, поради тоа што ништо не трае вечно. Смртта кога тогаш ќе дојде.

    4. Жалам поради тоа што не секогаш бев способна да ја искажам љубовта кон моето семејство.

    5. Семејството.

    6. Многу работи.

    7. Апсолутно не.

    8. Би се збогувала со семејството.

    9. Да разговарам со часови со некој на кој му е неопходна помош.

    10. Јас.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Живејте секој ден како да е последен. Доста беше војни сакајте се и борете се за тие што ги сакате. Разликите се тие што не прават посебни.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Градежен инжинер
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не. Секако еден ден сите ке умреме.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Што бев многу добра со некои луѓе.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај бившиот. Сепак остана единствениот човек на кој му верувам сеуште. Незнае од кога прекинавме сум прилично ладна со него .
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ништо.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би ги гушнала најсилно моите родители.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да му посветам повеќе внимание на некого.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Мојата добрина и задните намери на луѓето.
     
  20. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Заборавете на егото и гордоста, животот е многу краток за да го поминете во гнев. Простувајте почесто и на оние кои не ја заслужуваат вашата прошка.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Архитект.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам од сопствената, туку од смртта на моите блиски. Не сакам да ги изгубам.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Не се борев доволно за она што го сакав и не го кажував секогаш она што го чувствував. Би ја променила таа лекција кога би престанала да бидам толку горделива, но тешко ми оди..
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај мaјка ми и татко ми. Многу ретко им кажувам колку ми значат.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Не знам, не би сакала да сум бесмртна.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би го кажала сето тоа за што погоре кажав дека ми е криво што не сум го кажала.
    9.
    Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да му кажам дека е вреден и потребен.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Егото и злобните намери на луѓето.