1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barca-Gril, 12 август 2013.

  1. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Сите сме луѓе од коски, месо и крв, треба да бидеме едно, не смееме да се делиме на богати и сиромашни, едни со други секогаш да се имаме, да си помагаме во добро и лошо, сите да бидеме среќни.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -
    Би отворила клиника за луѓе кои немаат доволно средства за по приватни клиники, би ги лечела без пари со врвна услуга и престој на клиника се додека да бидат здрави.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -
    Не пишувам опширно само одговор :Да, се плашам
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -
    Доколку би имала ќерка советот ќе го споделев со неа,а тоа е :Немој никогаш д ја направиш грешката што мајкати ја направи!
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -
    Кај маж ми и моите три синови.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -
    Би се потрудила никогаш да не дојде до војна, криминал и сл.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -
    Да.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    :x
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -
    Се што ми посакуваат децата.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Лицемерни и љубоморни луѓе.
     
    На hermosa, John Snow и xxhexx им се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Не ме слушајте мене.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Крупен земјопоседник.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Да. Еднаш се умира кога човек ќе умре, втор пат кога неговите ќе го заборават, трет кога нема да има негови. Првото и второто, не се толку страшни.

    4. За што досега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Бев лош со некоја особа што не заслужи, само за да ја оттргнам од себе. Но генерално не жалам.

    5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај никого.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Ништо.
    Не, не, не... Ќе одам на дожд без чадор.

    7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Земјата е по сечија мерка, таа не пребира.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Ќе пристигнам во друга временска зона.

    9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Не можам да сторам многу, освен да му потврдам дека во моите очи вреди како човек и го почитувам.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Временско-просторните широчини на универзумот, кои што се и дел од мене.
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Убави би било да се слушнете меѓу себе и да бидете барем малку пофини.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Угостителство, било мотел, ресторан или чајуле...или сите три заедно.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Повеќе се плашам да не умрам, а немам постигнато ништо во животот. Безначаен ќе биде.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Што дозволив стравот да ме вози, и се уште се борам со него.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај мајка, само една е мајка. И секој ден се трудам да и покажам.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ќе станам херој, ќе се борам против неправдата и ќе го уништам злото на планетата :D Нах, најверојатно би ми било и страшно и досадно. Не би сакала да гледам сите луѓе што ги сакам како исчезнуваат
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Хахахахаххахахахаххахахахахаахаххахахахахаххаахаахахахха. Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би јадела сирење. Нема што да ми прави лактозата во другиот свет...се надевам.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да откријам лек за рак. Уште да можев... Ќе ви направам чај и колачи и ќе ви пуштам фино филмче и ќе ве свиткам како кифла во ќебенце.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Не постои такво нешто како потполна среќа, ни останува да уживаме во малите зраци што тук таму ѕиркаат низ облаците.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    26.230
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    --
    Љубете се и помирете се меѓусебе. Нека запрат сите војни.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    --
    Пак би била биолог :inlove: би работела на пронаоѓање лек за неизлечиви болести.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    --
    Не се плашам, ќе си ја дочекам смирено.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    --
    За времето поминато со татко ми. Би ги истерала сите за да поминам повеќе време со него.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    --
    Кај брат ми. :l:

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    --
    Би живеела на сите 4 страни на светот во одреден период.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    --
    Не.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    --
    Ќе се истуширам, ќе вечерам и ќе чекам полноќ.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    --
    Убав јадење, топол дом, десерт, чиста постелнина, добра книга, шолја кафе/чај, утеха, прегратка.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    --
    Huge amount of money 8):cash:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Заследете ме на инстаграм @**************
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Со многу работи. Фотографија, музика, мода...
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Се плашам, иако мислам дека за сопствената нема потреба.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    15 феферонки за еден ручек. Сега и за лекција и за испит и за било што касно е, ќе патам цел живот.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај мајка ми и најверојатно знае.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ќе тргнам пешки надвор од државава.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе плачам.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Не знам, мислам дека спонтано се случува тоа.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Многу пари.
     
    На Biljarkata, Someonespecial и kravce им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Животот е тактика со која мора вешто да калкулирате колку и да не ви се допаѓаат пресметките за да бидете победник.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Со области во кои наоѓам предизвик... Лингвистика, естетика.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам од причина што не сакам бесмртност.

    4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Не жалам за ниедна донесена одлука. Секоја има тежина и удел во животното искуство.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај никого.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Бесмртноста ќе ја подарам некому.

    7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

    Не.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ништо посебно. Ќе спијам како и секој ден во конкретното време.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Зависи од личноста.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Потполната среќа би ја заменила со чувство на исполнетост кое се создава низ времеската перспектива.
     
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Животот е премногу краток за омраза. Биди човек меѓу луѓето. Покажи му на непријателот што значи да си човек.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Нутриционист, или нешто со деца .

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Не се плашам. Ако Господ реши да ме смести во пеколот повторно ќе имам можност да плашам луѓе и да правам пакости. Ако бидам во рајот,фала премногу.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -..

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Знааат многу личности дека ми значат. Али не им значам и јас на истите луѓе .Така да не би отишла никој. Нека ме земат и мене со тоа мое "сѐ". Нека ме дадат на кучињата за нафора да ме јадат.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Светот,јас.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Во никој случај.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би чекала да дојде полноќ.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Би се правела будала глупости смешки. Некој убав добар комплимент би дала.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Нека ме носи у свет пун со љубов и среќа.
     
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.183
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Да вдомуваат кучиња, а не да купуваат. Со тоа ќе ги сменат нивните животи и ќе добијат пријател за цел живот.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Инженер на танкер за нафта.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Не се плашам бидејќи е сосема природно нешто.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Жалам што се однесував арогантно и дрско кон луѓе што направија се што можеа за да ми помогнат во животот, и ми помогнаа и покрај моето однесување. Не би ја променила, ме донесе до тука до каде што сум.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    /
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Не би сакала да сум бесмртна.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Да

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе седнам и ќе почекам да дојде 00-00.
    Доволно беше се до сега што имам направено за да се каам за било што иако можеше и подобро и вака не е лошо.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да му направам кафе.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Парите
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Прекинете со зависта, ништо добро не ви носи, ве уништува.
    2.
    Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Со патување низ свет и правење видеа за туристички локации.
    3.
    Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Се плашам. Нејќам да ми се распадне и да ми скапе телото затоа.
    4.
    За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Што сум верувала на погрешни луѓе. Хм, не знам сега би го променила тоа искрено.
    5.
    Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај дечко ми и да знае колку ми значи.
    6.
    Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Ќе почнам да не се брзам толку многу.
    7.
    Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Онака, делумно.
    8.
    Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Ќе седам покрај вода.
    9.
    Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Не знам, да донирам на некого нешто што му е потребно.
    10.
    Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Многу работи. Пари, време, околина, моменталната ситуација...
     
    На bicycle, BlackMistery и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    8.416
    Пол:
    Женски
    1. Биди свој/а.
    2. Би била професорка.
    3. Повеќе не.
    4. Жалам што сум се грижела премногу, не знам како - уште не најдов начин.
    5. Кај никого, не е фер да се замара некој - секој со своето.
    6. Ништо.
    7. Не е.
    8. Ќе заминам на спиење.
    9. Рандом повик и гушка.
    10. Ништо, потполната среќа е илузија.
     
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?- тргнете ги границите и избришете политика.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?- јога.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв? -секако, имам кредит |(
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?- не би го пишала, ама да, постои такво нешто. и ќе го променам. тоа ќе ми е лекцијата.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?-ако изгубам се значи сум ги изгубила и саканите...
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?- ништо.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?-не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45? -син ми и кучето. до нив.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?- релативно. зависи на кој што му треба во моментот.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа? - јас.:rofl:
     
    На Dream-Girl и ninja35 им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Престанете да војувате. Сите сме исти. Нема разлики, нема раси, нема религии. Живејте.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Професорка во средно по македонски или математика
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -
    Не. Од старост да, од смрт не.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -
    Не можам нешто посебно да издвојам, би сменила некои работи ама дека баш жалам за нешто, не.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -
    Ќерка ми. Да.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -
    Ништо
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -
    Да.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе спијам до ќерка ми.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -
    Го правам. Време со семејството, играње, шетање.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -
    Малце повеќе финансии, коронава и здравје за најблиските
     
  13. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    39.962
    Пол:
    Женски
    1. Гледајте си во својот двор.
    2.Неврохирург, од секогаш сум го сакала тоа.
    3. Не, она се плаши од мене. :D
    4. Не жалам за ништо, благодарение на тоа што ми се случи денес сум посилна личност.
    5. Кај родителите и брат ми, знаат колку ми значат.
    6. Би го променила светот, на подобро.
    7. Да, убаво ми е ваму.
    8. Ќе ги гушкам најблиските, ќе ги гушкам мачките, ќе јадам благо.
    9. Да помогнам некому.
    10. Самата јас.
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот светво 30 секунди, што би кажале?

    Сакајте се себе си.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?

    Хммм... Би била инфлуенсерка за патување на различни дестинации.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?

    Не се плашам воопшто, и сметам дека нема никаква причина да се плашам од нешто што е природен процес, и нормален дел од животот.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?

    За некој кажани зборови, времето не можам да го вратам и да го сменам тоа, ама лекцијата денес е да внимавам кога изговарам нешто. (иако тешко ми оди)

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?

    Кај мајка ми и брат ми.
    Мислам дека знаат.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?

    Ќе престанам да се замарам со глупости, бидејќи ќе го имам целото време на светов за да мислам, одлучувам, завршам некој работи, итн.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

    Хмм.. Да

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?

    Ќе бидам со најблиските и ќе побарам да ми простат за се што сум им згрешила, навредила или повредила.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?

    Тоа е индивидуално за секој различно, но убав збор или некоја позитивна мисла, сметам дека на секој би му го разубавила денот.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    Да знам дека имам добро здравје.
    Да имам пари за се што ми е потребно.