1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barca-Gril, 12 август 2013.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Македонско име - нема да загине? :^)

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би пишувала книги.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Се плашам премногу. Има причина секако. Не сакам да се соочам со помислата дека секогаш, секаде, се` завршува и има крај. Би секала бесмртност за себе и саканите.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Не жалам за ништо. Моите грешки ме направија она што сум.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Во прегратка на родителите секако. На крајот од денот знаете дека никој не ви мисли подобро.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ќе барам од апчињата и за другите со кои сакам да ја делам вечноста. :)

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не. Тоа е веројатно најутепаната државичка која глуми модерна и напредна структура. За смеа и жал сме. Патетика.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе легнам до љубовта на мојот живот и силно ќе го гушнам.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Ќе се појавам на свадба кај братучед ми и ќе свртам 5-6 ора.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Трпение.
     
    На imelda, sanja.burgundy, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Живејте го животот како да е последен. Подарете љубов на оној кој заслужува и силно гушнете ги од вас послабите.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Кога би имала многу пари а сепак морам да работам тогаш би отворила некоја институција за сите оние на кои им е потребна: слепи, глуви, хендикепирани, луѓе кои го загубиле својот покрив над глава, едноставно на секого на кого ќе му биде потребна помош. Нели де јас ќе имам многу пари па нема да ми е потребна работа од која ќе добивам парична надокнада.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Човекот се раѓа и умира. Тоа е нормална појава. Се плашам од смртта зашто нели нема повеќе да постојм на овој свет, но не ставам акцент на сето тоа ниту некогаш посебно сум размислувала сепак се насочувам на делата и на животот кој моментално го живеам. Како да си го подобрам, што утре да направам подобро од денес.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Жалам за многу работи. Најмногу жалам зашто брзо донесувам одлуки и се сакам да се реши во една секунда. Но животната лекција е дека не треба толку брзо да донесувам одлуки и секогаш задолжително да бројам до 10 па после наназад и се така опочеток. Се додека не заклучам дека се испробани сите одлуки и дека е донесена правата. Никогаш кога сум одлучувала не сум помислила на последиците.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Би отрчала кај мојот бивши дечко. Сигурна сум дека не знае колку ми значи. да знаеше ќе бевме заедно а не да чекаме некој од нас се да изгуби. И точно е: На рушевината од несреќата човекот сфаќа колку бил среќен.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Хаха, ќе знам дека бесмртно ќе можам да правам што сакам. Нема да размислувам зошто вака зошто онака. Ќе можам да ги поправам направените грешки. Ќе живеам малку во Македонија, па ќе продолжам во друга земја и се така ќе го свртам целиот свет.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не, многу работи би сакала да променам но не зависат од мене. Но имам во многу земји одено и сепак како што тука убаво се живее ( со малку парички ) не се живее на ниту едно друго место.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би била со тој што ми значи се во животот, со моето семејство и со ќерка ми.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    кога сите оние што ми значат би сфатиле дека се што правам е поради нив, дури и дишам поради нив е тогаш веројатно би биле среќни.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Разбирање, сочувствување со моите проблеми, подршка...
     
  3. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    1. Сакајте ги тие што Ве сакаат и имајте почит кон секого, но преголема толеранција никој не заслужува.

    2. Туристички водич.

    3. Да се плашам и тоа премногу.

    4. Жалам за даденото време и посветеноста на некои луѓе што не заслужиле ни едно здраво.

    5. Кај мајка ми дефинитивно.

    6. Ништо, ќе живеам така како што животот налага.

    7. Не баш.

    8. Ќе се испраќам со најблиските.

    9. Ако некој доволно ВЕ познава како личност доволно е да му обрнете малку внимние.

    10. Многу нешта. Пример искреност, стабилна финансиска состојба, мирен живот со семејството.
     
  4. SheWhoMustNotBeNamed

    SheWhoMustNotBeNamed Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    1. алоо памет малце :fubar: еден е живот, еден е светов, доста со глупостите... доста
    2. најсериозно.... астронаут
    3. Серазбира дека се плашам, кај не се плаши
    4. што ја повредив најдобрата другарка
    5. кај татко ми
    6. СЕ
    7. незнам..... :?:
    8. исто.. сите би ги изнагушкала
    9. прегратка
    10. незнаење на одговорот на ова прашање..........
     
  5. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Хранете го кучето три дена, ќе ве памти три години. Хранете го човек три години, ќе ве заборави за три дена. Кога веќе луѓето стасаа до овој степен на алчност и омраза, тогаш господ со право би ја уништил нашата мила планета која што буквално ја уништуваме ние секој ден.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Би отворила фондација и би му овозможила на секој еден работно место (секако, ако тој сака :D )

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Повеќе се плашам од животот отколку од смртта, таа еднаш доаѓа, но животот претставува предизвик за секој ден.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Најмногу жалам за времето што им го посветив на некои луѓе во минатото. Сега ниту едно здраво не би им направила.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај мојот татко. Секако дека знае.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Па дефинитивно би ги променила апчината што ме довеле до тој степен :rofl:

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Зошто да не.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Ќе ги изнагушкам сите со насмевка на лицето за да не забележат ништо, и во 23:58 точно ќе бидам дома, за да се спремам за судниот час. Од секогаш сум била на нивоу 8)

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Make someone smile :)

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Моето мозоче. :D
     
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Nothing is impossible and Live for nothing or die for something. Emineem Shakiraa !!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Па уметност или режисер :D
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Малку. Причина што ако умрам тие што ме сакаат ќе бидат тажни, нема доволно да видам во животот и нема да можам да ги гушнам.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    За изгубената самодоверба
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Една личност не би можела да изберам, Кај сите што ги сакам.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Пак, секој ден би го живеела како последен и ношто нема да менувам.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не баш :D
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Пишувам тестамент, после пуштам песни и се журкам :D и ако не ми е многу тешко ќе се поздравам со сите.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да го насмеам :D
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Неколку нешта :)
     
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.924
    Допаѓања:
    166.003
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Еднаш засекогаш рушете ги бариерите кои самите си ги поставувате.
    - Free your spirit.
    - I know I'm not perfect. But at the end of the day. Who is?

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Хуманост. (која сега ми е ограничена поради можностите)

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Не жалам за ништо, но ако морам да изберам тогаш тоа ќе биде тоа што се дружев со погрешни луѓе. Ги заменив.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Мајка ми. Мојот непресушен извор на љубов и животни лекции. Знае.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Би се обидела да создадам од волшебниот еликсир најпрво за сите што ги сакам, а, потоа и за сите останати.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Не. Но, научив да живеам со тоа.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Ќе ја земам мачката во скут, ќе ги стиснам дланките на мајка ми и брат ми.. и ќе чекам...

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Се што е потребно за да му го разубавам денот.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Јас. Ги водам тие битки секојдневно.
     
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Не знам. Што и да биде кажано, особено за 30 секунди, тешко дека би допрело до било кого.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би пишувала.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Никогаш не сум се плашела и нема да се плашам.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Не жалам за апсолутно ништо.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај никого. Исто како волкот, секогаш сама си ги чистам раните.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би барала начин да го сменам тоа. Бесмртноста ме ужаснува, просто нема поента.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не. За среќа, наскоро и тоа ќе се смени.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би се качила некаде многу високо и би скокнала. Секогаш сум сакала да знам какво е тоа чувство.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Би му купила големо чоколадо? Ама озбилно, не знам некој што не сака чоколадо. Или просто, ќе се насмевнувам. Многу. На сите.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    1. Јас.
    2. Јас.
    3. Јас.
     
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    1.Искористете ја секоја стотинка во животот правејки убави нешта, со голема љубов.
    2.Писателка
    3.И да и не..
    4.Не жалам за ништо.Погрешните одлуки што сум ги донела во минатото ме прават денес тоа што сум
    5.Кај брат ми и мајка ми
    6.Многу работи
    7.НЕ!
    8.Би уживала во тие последни мигови.
    9.Да му подарам љубов, прегратка и искрена насмевка од срце.
    10.Не постои потполна среќа, секогаш ке ни фали нешто..Иначе ми фали љубов..
     
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Би кажала некој добар цитат што сум го прочитала, и потоа би додела дека цел мој живот сум чекала за овој момент, да се обратам пред целиот свет.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Би била уредувач на внатрешен дизајн.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам од смртта, и според мене нема причина за страв, зашто е нешто кое доаѓа кај сите, при крајот на животот. Нема immortality, сите сме тело и дух и енергија кога вибрира во нас, па еден ден доаѓа и крајот на енергијатa, како што доаѓа и крајот на се.

    4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - За неубавото однесување спрема сите еден подолг временски период. Би ја променила така што, не би се однесувала на тој начин, па и нема да ги изгубам сите.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Доколку би истрчала кај личноста што ми значи највеќе во прегратка, веројатно би се изгубила и себеси целосно. Знае дека ми значи многу, премногу, тука е кога ми треба, но нему не би го прегрнала, зашто јас потонам во целосен мрак, како оној момент кога го изгубив. Секој нареден допир, секоја наредна средба за мене е пеколна.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Би го променила патот на мојата уживанција. Секогаш сум ги сакала брзите мотори и неверојатните трки, сигурно ќе бидам веќе на пола пат до целта.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Па може да се каже, иако јас би изменила неколку работи кои сметам дека се непотребни.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би отишла да бакнам еден кој подолго време ми се допаѓа, онака нежничко.

    9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да го прегрнам и да му кажам колку ми значи.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Мојот негативен ум.
     
  11. green-angel

    green-angel Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Живејте го животот како што вие сакате, а не како што другите сакаат.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Би отворила училиште за танцување во кое сите би можеле да доаѓаат за сиромашните би било бесплатно.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Да. Имам причина. Се плашам што се случува понатаму откако ќе умреме ?
    Дали постои рај или пекол ? Или се тоа е измислено.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - За ништо. Било па поминало. Извлеков поука од тоа дека треба тие грешки пак да не ги повторувам.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај мајка ми веројатно. Знае колку ми значи.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Би ги направила и моите најблиски односно луѓето кои што најмногу ми значат бесмртни да можат и тие засекогаш да живеат.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Ни, најмалку не е по моја мерка.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би се поздравила со најблиските, би се забавувала цела вечер. Би ги направила сите 10 работи кои ги имам напишано на лист дека треба да ги направам пред да умрам.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да му се насмеам.Да го прегрнам сите луѓе се чувствуваат подобро коа до нив имаат некој што ги сака и почитува.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Мислам дека стои мојата тврдоглавост и гордост.
     
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Животот е еден,но ако се живее онака како што сакате,доволен е и еден.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Адвокат,бескруполозен.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Еден ден сите ќе умреме,и тоа е тоа.Се трудам да не мислам на тоа,и да уживам во секој ден поклонет од Бога.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Па има повеќе работи.Се надевам дека нема да имам прилика да ја променам лекцијата денес и дека нема да ми се случи повторно.


    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај дечко ми.За жал или за среќа,Тој е оној кој најмногу ме познава и кој знае дека ми е се што имам.


    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ништо.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Ох,колку само не.Некогаш посакувам да избегам некаде,и да бидам секаде само не во Македонија.Не зборувам за природните убавини кои можеме да ги понудиме како држава,туку начинот на кој таа функционира е под секакво ниво на прифатливост.


    8.Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ќе се збогувам со најблиските.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да бидам позитивна,ведра,насмеана...се што е убаво,и што знам дека кај некого ќе резултира со разубавување на денот.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Самата јас.Ми треба промена.
     
  13. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Aко јас имам 30 секунди за Вас, Вие можеби имате само една секунда за луѓето кои Ви се драги, искористете ја. :)

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би била женска, нова верзија на Робин Худ, па би делела на осиромашениот свет, зошто нели сите пари се кај мене (ако тоа се смета за работа) :)

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Се плашам црвсто да заспијам. Причина..., нема да остане простор за реална фантазија.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Верувањето дека било која личност која се нарекува човек може да се промени, а штом се' уште верувам, најверојатно не жалам. :?:

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Загубата е материјална ??? Ако е, утре ќе изгубам, задутре пак ќе стекнам. Моја загуба - мои грижи и токму зошто има луѓе кои ми значат, нема да ги загрижувам (бидејќи знам дека ќе се грижат). Ако е човечка, нов живот, ист таков ретко се наоѓа, па утре ќе изгубам, а задутре...задутре ќе продолжам. Зошто јас ќе бидам се' на некој. :inlove:

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би...би...би се сладела со мед од некој пчеларник (ми се пријаде моментално, не за друго)

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не се сомневам во 'мерењето' на другите. Мала, единствена, посакувана низ историјата и денешницата. ;)

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Кога би го знаела тоа, на оние со мене, околу мене би им кажала или смислила некој добар виц, па првите солзи да бидат од радост/смеење, а не од тага/плачење.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    И вчера и денес и утре ќе играм улога на 'дете', ќе плачам и ќе се смеам во исто време на најбаналната работа во светот, за своите измислени каприци. :lol:

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Помеѓу нас и потполната среќа...Па, среќата стои помеѓу :rofl:
    Турски серии моментално |(
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?

    Мамо и тато и покрај моите лудории ве сакам и ве почитувам бескрајно. Љубов, ти си ми се.


    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?

    Дефинитивно би била Мајка Тереза 2 :lol:


    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?

    Порано како помала многу повеќе, но денес живеам од ден за ден и не мислам на иднината.


    4.За што до сега најмногу жалите во животот и како би ја промениле таа лекција денес?

    Жалам за тоа што премногу им верував на луѓето, за мене сите беа добри луѓе но сега...

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?

    Кај мама и тато.


    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?

    Банџи, авион и скокање од карпа во вода нормално :lol:

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

    Не.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?

    Како и секој ден. Со животот мој.


    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?

    Би седела цел ден дома :)

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    Живот.
     
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Only the good die young.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Би била психијатар.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Не.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Не жалам за ништо, затоа што животот ти е синџир на настани, еден води кон друг.. и понекогаш од нешто лошо може да произлезе нешто многу убаво.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Веројатно кај мајка ми. Знае.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Ранчето на грб и тргнувам на пат околу светот. Автостоп.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - :rofl: good joke. |(

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би кажала се шо премолчив.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Ништо не ми паѓа на ум. Зошто пример некој мене не ми го разубави прво? :^)

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Јас.
     
  16. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Во животот би успеале тогаш кога сè што сакате е сè што ти ви е потребно.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Хммм моден дизајнер :wasntme:

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Па да, по малку. Причина, затоа што ќе страдаат тие што ме сакаат и тие кои им значам нешто.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - За ништо не жалам, што било поминало :)

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај семејството подеднакво ги сакам сите и дечко ми. Знаат.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Ништо.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Дефинитивно НЕ!

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би се збогувала со најмилите.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Би го изнасмеала :lol:

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Незнам :?:
     
  17. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Искористете го секој момент од животот со најблиските, драгоцен е. :)
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Преведувач во судница.

    3.Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Порано се плашев, сега веќе не. Сите се раѓаме и умираме. Тоа е дел од животниот процес.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    За тоа што не им посветував најмногу внимание на моите коа им бев најпотребна. Ја научив веќе лекцијата, секогаш сум тука за нив.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај дечко ми, тој ќе се обиде да разбере како ми е.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ништо.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не!

    8.Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Прво би ги гушнала сите кои ми значат, а потоа би отишла на кеј покрај Вардар.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да ја ширам насмевката на моето лице.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Мојата голема тврдоглавост.
     
  18. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    heey people I desperately want to be rich,can someone help me??
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    би одгледувала цвеќиња бидејки тоа некако ме одмара и најверојатно би отврила некоја цвеќара
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    не воопшто
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    нежалам за ништо
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Не би трчела кај никого во прегратка би трчела да барам нов живот,нова работа...
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    животното осигурување :D
    се шалам, не не би променила ништо
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    сакав да пишам не но кога подобро размислам моженби и да, јас се научив како да преживеам во оваа џунгла,незнам дали би можела да го променам местот/земјата на живеење
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    би си отворила чипс и пиво и би ја слушала омилената музика
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    па мислам дека ама баш ништо неможам да направам
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    1 000 000 000 000 000 000 долари или евра не е битно :D
     
  19. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Никогаш не велете никогаш и верувајте во себе.Соновите се остваруваат :)

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Фотограф :)

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Па помалку да,ама тоа е дел од животниот циклус.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Млада сум.Пубертет влегов така да немам за што :D

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај сите што ги сакам.Да знаат повеќето.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Па незнам,изглеа ништо.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Па да ама и не баш.Има свои предности,но и мани :)

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би ги гушнала и би им кажала дека ми значат на сите што ги сакам.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Незз,изгледа би ги насмеала :D

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Незнам :^)
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    *
    1.Радувајте се.Сакајте.Мислете.
    2.Со нутриционизам. :inlove: :inlove: :inlove:
    3.Да.Сваќам дека некогаш мора да дојде и мојот суден ден,значи нема,но ете...
    4.За мојата преокупираност со туѓите мислења за мене.Да,но немоќна сум.
    5.Не,незнае.
    6.Несакам да бидам бесмртна.Незнам,нешто со што ќе го спречам тоа?!
    7.Не.
    8.Ќе и ја дадам мојата кутија со спомени и дневници на некој близок.
    9.Да ги довршам подготовките за клубот.
    10.Моите стравови.
    9.
    5.