1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barca-Gril, 12 август 2013.

  1. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Би кажала дека ги имам најдобрите родители. Би раскажала за моите успеси, па оние што ми наштетиле, да чујат. :D
    И би испеала рефрен од некоја песна. (кога веќе цел свет ќе слуша. :geek: )

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би отворила ланец на парфимерии.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    За мојата смрт не се плашам. Се плашам за смртта на моите блиски. Нема некоја посебна причина едноставно, се плашам да не ги загубам оние кои ги сакам.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Тоа што си дозволив да бидам дел од неговиот мизерен живот.
    Ја променив. Размислувам потрезвено сега, ги гледам сите околности.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај родителите. Знаат колку ми значат.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Ништо посебно.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не! Мојата мерка е розова! Таму нема место за подли луѓе!

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би седела со моето семејство и би евоцирала спомени. Се замислувам како насмеана плачам.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да ги посетам бабите и дедовците на пример. Би ги усреќила знам. :) Или да го гушнам. Тој толку ужива во мојата прегратка.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Самата јас. Моите мисли.
     
  2. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Луѓе доста со зависта и љубомората си штетите сами на себе,животот е прекраток, што е ваше ке си дојде,немора стално да се мериме со некој што има повеке едноставно така морало да биде! 2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би била добар психијатар 3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не,не би го протолкувала тоа како страв,само понекогаш помислувам што би правеле моите кога недај боже би ми се десило нешто и тука завршувам со тие мрачни мисли 4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес? Искрено нежалам за ништо,не велам дека немало незгодни ситуации ги има кај секого,но едноставно да не се тие не би добиле добра лекција за понатаму
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи? Кај мојата мајка,не дека ми е мајка само едноставно е позитивна личност и на животот гледа само со розови очила,100% сум сигурна дека ке ги чујам вистинските зборови токму од неа,и мислам дека незнае дека толку многу ми значи бидејки повеке сум била керка татина :)
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни? Ништо
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка? Не
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45? Би се спремала,сигурно во тие минути би ја нанесувала шминката
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Ке му подарам нешто што цел живот мечтаел да го има,а неможел никогаш да си го дозволи 10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Потполна среќа нема секому нешто фали
     
  3. EmotivnoSrce

    EmotivnoSrce Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    1. Олабавете малку, не е се во трчање и работење
    2. Дефинитивно би била пеачка.
    3. Да, има. Од помислата како е тоа чувство да не се диши повеќе.
    4. Жалам што му се дадов на еден иако знаев дека ме сака само за секс. А прв ми беше.
    5. Татко ми. Да.
    6. Ќе седам и ќе уживам.
    7. Не.
    8. Би имала секс.
    9. Да му кажам дека го сакам.
    10. Ништо
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Би кажале дека за моите успеси се заслужни моето семејство и мојата најдобра другарка кои секогаш ме подражуваа..и би им се заблагодарила
    Би имала ресторант и би имала фирма која ќе се занимава со градежништво.
    Не се плашам од смрта,затоа што тоа е природна појава...но се плашам за смрта на моите блиски..
    За ништо не жалам.
    Кај родителите и најдобрата ми другарка.
    Ништо посебно.
    Не! Едноставно не е ни близу до тоа што ајс го сакам.
    Би седела со моите најблиски.
    Да гушнам некој на кого најмногу му значи мојата прегратка.
    Ништо.
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Споделувајте ја вашата љубов со секого,и правете го она кое ве прави Среќни.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Би била детектив дефинитивно.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Да! Се плашам како и секој жив човек.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Што го загубив онај кој најмногу ме сакаше,а можеби и сеуште ме сака..Денес нема да дозволам да го загубам онај другиот кој е до мене и ме сака како и предходниот.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај другарка ми.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Би се занимавала со алпинизам,без да ми е страв дека ако паднам ќе умрам :D
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би била во прегратката на саканиот.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Насмевка и прегратка би биле доволни.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Решителност да си ги исполнам желбите..Тогаш би била потполно среќна.
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Ако сакате да изгледате паметно-образовајте се!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Дизајнер на ентериер

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам, едноставно составен дел од животот. Ќе дојде кога е време

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    За многу пропуштени шанси кога сум молчела, а не требало. Денес таа лекција ми е добро научена и пробувам да ја сменам.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај родителите. Секако дека знаат!

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Некаква си глупост и после да ги гледам последиците :D

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не! Си ја сакам мојата земја, но Бразил е мојата дестинација за живеење

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Хммм. Ќе зборам на телефон со луѓето кои ми значат

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Насмевка!!!!

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Само желба и упорност.
     
  7. kitttey

    kitttey Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Живејте по ваша мера и не жалете за ниедна одлука која сте ја донеле...
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Со пеење.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Не,си оставам.. што си е пишано тоа..
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Жалам што во многу ситуација попуштам иако знам дека сум во право само за да не настане кавга.. -.-
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај брат ми-мојот најдобар другар. <3
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Би патувала низ светот и би учела за се и сешто затоа што би знаела дека го имам целото време на светот :lol:
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Дефинитивно не!
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Ке бидам со најблиските и ќе им кажам дека многу ги сакам..
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Да го насмеам..барем тоа добро ми оди :rock:
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?]
    -Да научам на моменти да си ја прегазам гордоста која ја имам тонии и тонии во себе.. :|
     
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Не секогаш е важно мислењето на другите, живејте го животот онака како што вие сакате и како што сте го замислиле.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Би била докторка, би им помагала на луѓето.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Не, не се плашам од смртта. Се плашам од бессознанието. Човекот се плаши само од она што за него не е познато.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Жалам што не поминувам доволно време со моите најблиски. Ќе се обидам да го променам тоа така што ќе организирам повеќе заеднички настани со семејството и пријателите.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај моите родители.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Па веројатно би почнала да проучувам некои работи за коишто не ми останува доволно време во овој живот.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Па, може да се каже, но и не мора да значи.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би им кажала на најблиските колку ми значат и би ги донирала материјалните средства на оние на коишто навистина им требаат.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Би му влеала доверба и би му кажала некои инспиративни мисли и совети.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Недостигот на самодоверба и неразрешени проблеми од минатото.
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    "I had enough of this madafaking snakes on this madafaking plane"


    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Со производство на играчки.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не се плашам , се додека не ја погледам во очи.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Од неколку одлуки кој ги донесов , мислам дека не би , сепак се пронајдоа други начини и испадна дури и подобро.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Фамилијата , таа секогаш е тука за мене.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би направил хаос во светот


    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Све е по моја мерка , сега за сега

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Претпоставувам би направил неколку шали со одредени личности , би им кажал на сите што навистина мислам за нивниот карактер и однесување и би кажал на фамилијата колку ги сакам и благодарам што се тука за мене.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Ситници кој ќе ми помогнат да ги усреќам другите.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Јас.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    1.Здраво! Ви посакувам среќа во животот!
    2.Би цртала и пишувала текстови и приказни за аниме. :)
    3.Веројатно се плашам. Причина...нема. Тоа е како да се плашиш од ништо. Но, ете, таква сум.
    4.За ишто. И онака жалењето нема да промени ништо. Затоа наместо да жалам, се обидувам да поправам што можам.
    5.Мама. Да, веројатно знае колку ми значи
    6.Ништо. Нема потреба од промени.
    7.Не. 90% не. А останатите 10%, да.
    8.Би барала начин да не умрам. :lol:
    9.Да му дадам поддршка да продолжи понатаму.
    10.Мојот мозок кој е тажен секогаш кога ќе се сети на нешто. :) Но, немам ништо против тоа. Што значи дека сум среќна.
     
  11. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Овие одговори се од мојот дечко,случајно му ги пратив на facebook и еве што добив.Срекна сум што го имам овој човек :)


    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?


    1.Дека те сакам највеке на свет,повеке од било кој
    2.Ке работам нешто што нема да се работе
    3.Не се плашам,оти знам дека некогаш морам да умрам
    4.Жалам единствено што сме разделени ја и ти скоро 2 год веке,што сме толку далеко еден од друг
    5.Јас само тебе те имам,што и да добијам,што и да изгубам јас секогаш кај тебе ке бидам
    6.И тебе ке те променам и ти да бидеш безсмртна за па заедно да бидеме
    7.Не ми е по мера оваа земја,затоа што сам без тебе тука
    8.Ке бидам со тебе,само сакам да те гушнам па и да ми е последното нешто тоа.
    9.Само да бидам со тебе,тоа ке ми го разубави дено и на мене и на тебе
    10.Тоа што сум далеко од тебе стои мегу мојта потполна срека
     
  12. angelaxD

    angelaxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    46
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Моите одговори:
    1.Don't make war, make love.
    2.Дизајнер за интериер или би отворила некоја фирма и би раководела со неа
    3.Не, сите ние мора да умреме еден ден
    4.Жалам што се однесував премногу добро кон луѓе што не го заслужуваат ни моето здраво.
    5.Кај мама и не би ја пуштила. Дааа знае дека најмногу си ја сакам :D :inlove:
    6.Ако би можела да направам уште некои личности да се бесмртни ако не многу би билатажна затоа што знам дека луѓето ќе доаѓаат во мојот живот и ќе умираат и јас секогаш ќе губам некоја блиска личност.
    7.НЕ НЕ И НЕ.
    8.Би се гушкала со мама.
    9.Да и купам Милка Орео на другарката :D
    10. ДЕБЕЛ ЅИД хих :D
     
  13. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Во трка со времето и парите се забораваат вистинските вредности. Дали кажавте на некого денеска колку сте среќни што го имате во живот? Направете го тоа додека не е доцна.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Хуманитарна работа.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Секој се плаши од она што е непознато.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Импулсивни одлуки и многу зборови кажани во афект. Денес научив дека не е добро јазикот да ми е побрз од паметот.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај моето семејство. Тие се единствените луѓе кои се секогаш тука за мене безусловно.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Би се бавела со екстремни спортови.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - Штом сум тука, значи така требало да биде.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би им кажала на битните колку ми значат и би им се извинила за секоја грешка.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Да го сослушам и ако можам да помогнам.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Не постои потполна среќа.
     
  14. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    1. Че му кажам дека треба да има помалку грижа, а појче весела енергија и дружење. :rofl:
    2. Би се занимавала како уметник! ;)
    3. Премногу се плашам од смртта. :o
    4. За појче работи кои сега не можам да ги сменам и ми е криво. :|
    5. Нормално дека тоа че биди мојата мајка. :*
    6. Хахх би праела лом во светов хахххх! :lol:
    7. Не, не, не, не, не, не и нееееееееее!!!!!!!!! |(
    8. Би била со најблиските. :inlove:
    9. Да ги насмеам барем тоа ми е најдобрата страна! :rofl:
    10. Да бидам решителна кога сакам да остварам некоја желба! ;)
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    1.Луѓе сакајте се...Живејте како да не постои утре и како да немало вчера...Заборавете на сите зла,пронајдете го внатрешниот мир,ПРОСТУВАЈТЕ и нека рајот е место на земјата!
    2.Дом за доенчиња
    3.Се плашам...Не можам да го замислам светот без мене во него :lol:
    4.За поминатото време во немир,загриженост,претерано анализирање на работите...
    5.Кај многу посебна личност...Човекот што ме научи се што знам-мојот дечко и да,знае колку ми значи...
    6.Би читала многу повеќе би обрнувала внимание на секој најситен детал,би уживала во снегот би трчала по дождот без страв дека ке настинам,би прошетала целата земја пешки и последно и најбитно би ги променила моите најдраги особи за заедно да уживаме во бесмртноста.
    7.Дефинитивно не!
    8.Би била со сите личности што ми значат би му го повторала тоа цело време а последната минута би ја одделила исклучиво за мојот човек!
    9.Би му купила мастики на моите внучиња,не треба многу за да израдуваш мали ангелчиња и да ги добиеш најискрените гушки :hug:
    10.Дете со човекот што го сакам...Нема поголема среќа и поголем благослов од тоа!
     
  16. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

    1.АБРЕ ЛУЃЕ НЕ СЕ МЕШАЈТЕ ВО ТУЃИ ЖИВОТИ!
    2.Ќе изградам дом за деца без родители и сиромави,и со нив ќе го поминувам денот.
    3.Не се плашам.
    4.Најмногу жалам за тоа што не се фатив со детето што го сакам кога ми понуди врска.
    5.Би истрала кај него.Не знае.
    6.Ќе правам лом по светот,и ќе ги провоцирам сите :P
    7.НЕ.
    8.Ќе се искапам,ќе се дотерам-за да умрам чиста и уредна.
    9.Да насмеам.
    10.Да успеам во животот.
     
  17. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?


    1. Во животот ќе наидете на многу убави работи, но и на многу проблеми.А секој проблем има решение.Во моментот кога ќе бидете несреќни-кажете си : после дождот СЕКОГАШ доаѓа сонце !
    2.Со градење на дом за улични животинчиња. Помагајќи за нивно здравје, топол дом за каков што сите тие жеднеат.
    3.Се плашам.Се плашам бидејќи тогаш зад мене ќе оставам луѓе кои до крајот на нивниот живот ќе тагуваат за мене.
    4.Жалам што не бев доволна храбра за да се борам да бидам со една личност. Таа одлука поткопа неколку мои наредни грешки но тоа е тоа.Доколку,денес, знам дека истата личност сака да биде сеуште со мене, би отишла во негови прегратки и никогаш не би го пуштила :(
    5.Татко ми.Дефинитивно :)
    6.Не би сакала да сум бесмртна. Не би поднела да гледам како моите сакани луѓе го напуштаат овој свет.Незамисливо.Во контекст на ова прашање- би помагала на многу невини луѓе,кои можат да го загубат животот, а јас секако нема ништо да изгубам.
    7.Не баш, но секогаш има и полошо.
    8.Ќе ги соберам на куп, мајка ми, брат ми, татко ми, баба ми, двете најдобри пријателки ( и моите две мачки :D ). Ќе им кажам дека благодарение на нив сум го сакала животот, и дека им благодарам што му дале смисла на истиот.( претходно би напишала за секој од нив па и за некои други личности по едно писменце со моите искрени чувства и пораки за нив и би им ги поделила за да ги читаат после мојата смрт)
    9. Да купам некој подарок, за најблиските можеби.Да напишам порака некому што ми недостасува. Неколку искрени зборови нема да ме потрошат ништо :)
    10.Уште малку пари, еден дечко, постојана работа на мајка ми и татко ми.(ова последново го посакувам секој божји ден)
     
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?

    Добро бре народе, слепи сте, глуви? Што сме тогаш ние, експериментални глувци? Се знаеме СЕ!!!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Не знам, не би сакала да се одлучам за една работа, веројатно би отворила бизнис со толку многу пари.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Се плашам од прерана смрт.....Се почесто се случува.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    За мојата наивност. Таа лекција сега е врежана во мозочево.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Ако изгубам се што имам тогаш ќе ја изгубам и таа личност.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Тоа што сакам дредени работи да убрзам.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не, ама тоа е....Нема услови за подобро.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Вероватно би пишувала писма до оние за кои вреди да одвојам време од тоа кратко што ми останува.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да му подарам многу насмевки, тоест да му го направам среќен, сакан, вреднуван.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Судбината!
     
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    **Be the type of person you want to meet !
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    **Сликарство
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    **Да се плашам, најверојатно ме плаши начинот на кој ке умрам.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    **Најмногу жалам за многуте премолчени работи, би била по смела
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    **Кај семејството,Да.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    **Ке пробав бамџи џампинг и други такви екстремно опасни работи бидејки знам дека сум бесмртна :D
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    **Голеееемо НЕ
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    **Ќе кажам се што ми лежи на душа
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    **Убав збор секое срце ќе го стопли
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    **Годините кој следуваат, верувам дека еден ден ќе ја искусам :)
     
  20. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    1. Престани да гледаш за себе...има и други поважни работи од твоите потреби.
    2. Фотограф
    3. Не се плашам. Ако треба да заминам, го прифаќам тоа.
    4. Моите постапки кон некои личности. Сега размислувам пред да направам/кажам нешто.
    5. Кај мајка ми. Нејзе најмногу на свет ја сакам и таа многу добро знае колку ми значи.
    6. Ништо посебно. Ке продолжам да живеам како да има крај таму некаде.
    7. Не баш...
    8. Би им кажала по некој збор на оние на кои треба и ке се поздрвам со сите оние што ке ми недостасуваат.
    9. Да му/и кажам колку го/ја сакам.
    10. Татко ми...