Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barca-Gril, 12 август 2013.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Колку и да се трудиме некој работи не зависат од НАС ...

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Истражување ...

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Се плашам,несакам да ми заврши животот брзо без да исполнам дел од своите цели ...

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Секоја грешка животна е поправлива така да не сметам дека би жалел за нешто од минатото .

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Брат ми и внуците (колку и да си погрешиме,ке бидат бр 1 за мене секогаш во животот ) и свесни се за тоа (до каде сум спремен да отидам ...)

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Финансиската состојба на оние најмногу што им треба (болести итн ) :bandit: :bandit: :ninja:

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -ДА,само луѓето се невозможни :doh:

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би се соочил со тоа , би направил убав момент за најблиските да им кажам најубави работи,да ги потсетам на најубави спомени во тие минути .. а потоа н би си заминал мирно и тивко со чиста душа

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Една насмевка искрена е доволна :)

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Предизвик што ме чека и се крие некаде ...
     
  2. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - СТОП ЗА ВОЈНАТА, НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ГМО, И ЗАГАДУВАЊЕТО НА ПРИРОДАТА!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Медицинска експертиза.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам, тоа е составен дел од нашиот живот што не може да го избегнеме, но не сакам да умрам многу рано, барем да имам 60-65г.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Не жалам, зашто тоа во тој момент, тогаш ме правело среќна. Сега кога ја гледам, гледам дека било грешка :) ама тука се за да научиме нешто.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Мама, бато и мојот партнер, од нив имам секогаш поддршка.

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Ќе украдам пари од некои што имаат мнооооогу и ќе им дадам на сиромашните и оние на кои им требаат најмногу.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Не знам.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би ги собрала сите мои најдраги и ќе им кажам колку ги сакам и ќе им кажам да не тагуваат зашто и јас ќе бидам тажна, после би испила едно кафе и би јадела 3 еклери :lol: .

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Да им се јавам на моите блиски и да им кажам дека ги сакам.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - можеби финансиската состојба, во која се наоѓам.
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -За некои работи отидовме во неповрат

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Со мојата струка во секој случај

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Се плашам,не сакам да ги оставам најблиските

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -За една погрешна одлука , не може да се промени но дебела лекција ми беше за што и како во животот понатаму

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Мама , дечкото ... и двајцата знаат колку ми значат

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Начинот на живот , нема да се замарам многу , ќе си живеам нате нане без нервози

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Делумно да , би можеле некои работи да се сменат

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Ќе се поздравам со најмилите , и ќе останам во прегратка на мама

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Да кажам колку ми значи и колку ценам што го имам во животот , и да кажам зборови од милост

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Моментално сум многу среќна и повеќе од доволно ми е , многу работи се поправија :)
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    1. Не мешајте се во туѓите одлуки.
    2. Би била истражувач во Ј. Америка :angel:
    3. Не
    4.За мојата искреност. Би била лажго :P
    5. Кај *:*:*.. Знае. :)
    6. Моето опкружување
    7. Не
    8. Би патувала со авион кон Ј.Америка
    9. Да направам изненадување (тајна е ;) )
    10. Една личност која што има место само во замрзнатиот дел од моето срце
     
  5. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Не откажувајте се кога ќе дојдете до препреките, се што се сака се може!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Тоа секако би било по мојата струка.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам, нема да сум ни прва ни последна.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Жалам за тоа што порано преќутував многу работи. Но секако секој човек се менува со текот на времето.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност
    знае колку ви значи?
    - Тоа дефинитивно би биле моите и дечко ми.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Не би се замарала толку за работи кои што не се толку вредни.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - НЕ!
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Веројатно би била со луѓето што ги сакам, зборувајќи за сите оние моменти кои што ни останале во сеќавање од минатото. И би им кажала колку ги сакам.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    - Искрен муабет и топла прегратка.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Во овој период ништо. Толку многу работи се поправија и тргнаа кон подобро :)
     
  6. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    2.893
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Луѓе, сакајте се! Сите! Еден со друг! Зарем не сфативте дека на крај сите ќе завршиме исто? Зарем не гледате дека додека се расправате за пари и територии - вие губите драгоцено време од животот? Краток е тој, сфатете веќе еднаш! Заборавете на материјалното и посветете се на духовното, човечкото. Да допреме сите еден со друг и да се вплотиме како едно - што и сме- сите ние сме луѓе, од крв и од месо. Одморете со политика, пари и власт. Посветете се на самите себе. Дозволете си барем еден ден без овие нешта и ќе видите дека сум во право!

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Со пишување поезија :) И секако, со ова што си го работам сега + со она што треба да си го работам (професионално) во иднина :)))

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Ух, во последно време - да. Секогаш периодично е тоа... Но, кога ми се случува погреб - ме тера да размислувам на тема „Колку животот е краток“. И почнувам да си замислувам дека и јас ... Има причина, секако, тоа е така бидејќи многу млади животи си одат. Кога се` би било нормално (процес) - нема причина за страв. Да би живееле сите до 100 години - ок, но вака - ништо не оди според планот... Е, затоа ме тера на страв... Не знаеш кој утре ќе го нема до тебе.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -За тоа што сум немал самодоверба и што сум дозволил некои луѓе да влијаат негативно врз мојот живот. Плус, затоа што сум бил премногу посветен на одредени личности за кои денес сум сфатил какви всушност се. Но, тоа го сфаќам како голема лекција. И се што ми се случува, после тоа, за мене е голема лекција. И не, нема да ги менувам тие лекции, сметам дека се многу потребни за секој еден од нас.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Имам неколку такви што ми идат во глава, но не сум сигурен дали знаат колку ми значат и дали навистина ќе ми помогнат онака како што очекувам јас. А очекувам многу, и чувствувам голема сигурност во нив... Сепак, тоа ви биле најблиските роднини... На крајот, само тие ќе ме згрижат во ова тешко време. Не е тоа дека пријателите не сакаат, тоа е оти тие не можат... Човек денеска сам себе не може да се одржи во живот...

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Ќе си ја пуштам омилената музика па ќе излезам да се шетам сам на свеж воздух. Ќе се валкам по празните улици и ќе си удрам десетина шамари. И, секако, ќе пробам да видам дали е стварно тоа дека сум бесмртен. Не знам како, ама ќе пробам :)))))

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -НЕ! Јас тука не виреам :)))

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Господе Боже, баш во моментов е полноќ. Се штрекнав! Би правел... Би пишувал писма за луѓето кои сакам да ги добијат и да им откријам многу нешта кои можеби не ги знаеле за мене.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Многу искрени насмевки. Сослушување. Советување. Сето тоа без да ми биде побарано. Мало подароче, исто така. Без повод.

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Голем, неизоден пат. Далечина. Небо. Малата самодоверба, исто така.
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Од денес строго забранувам да бидете несреќни
    2.Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Би се сменила со Берта Додевска
    3.Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    НЕ
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Што не студирав на страна. Никако чекам да ми падне лото
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    прво ке и се пожалам на мајка ми она ке тагува со мене а после ке му кажам на татко ми зошто он нема да знае што да ми каже. А дали знаат мислам дека знаат само ретко им го кажувам тоа
    6.Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Прво ке сконам банџи џампинг. А после ке го колнам оној што ме направил бесмртна
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Да беше ке беше далеку помала
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Ке им се јавам на моите и ке им кажам дека ги сакам
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Сакате чорба или сакате шпагети со сос
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    почекај прво да станам среќна па после ке ти кажам што треба за да бидам потполно среќна
     
  8. One.Day.One.Girl

    One.Day.One.Girl Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    40
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Престанете да си штетите еден на друг и престанете да бидете себични !
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Паа ...Би скаала да работам криминалистика ... :inlove:
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не.Не
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    :x :x
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Хаха Би му истрчала во прегратка на него а незнам јас колку му значам ...
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    незнам
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не!
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би сакала да си се изнаплачам за оние кои никогаш повејке нема да ги видам и да ги изгушкамммммм ;(
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    1.Не се замарјте со другите животи, глејте си го вашиот, фала пријатно :!:
    2.Со истото што го сакам,кога тогаш може да ти се здосади од седење.
    3.Не се плашам од смрта, едноставно умираш и тоа е, валда не ни осекаш дека си 2 метра под земја :^)
    4.Жалам што повредив некој толку драг за прв пат у мојот живот и мислам дека може да биде се подобро во зависност од моето понашање а ја се трудам мн и мислам дека е ок,ама тоа не значи дека ке престанам да се трудам понатака.
    5.Кај мојот татко...
    6.Ке си терам како и до сеа, мислам дека идам по прав пат.
    7.ОК е
    8.Би ги гушкала мојте најмили и ке им кажам дека секогаш ке бидам тука за нив и дека ке им бидам како ангел чувар кој ке ги штити од зло.
    9.Да го гушнам.
    10.Љубоморни луѓе :!:
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    - Крајно време е да измислиме лек против лакомоста и омразата и да се опаметиме, пред тие што не донесле на Земјава да не истребат од неа. Не заборавајте постојано не посматраат.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    - Би била писател, сликар, пливач , метеоролог, планинар, спасител.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    - Не се плашам. Нашата душа е енергија. До некаде верувам во реинкарнација.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    - Премногу се секирав и нервирав кога не требаше. Повеќе ги слушав другите отколку себе си. Повеќе се грижев за отценките отколку за себе. Повеќе им помагав на другите луѓе отколку на самата себе. Голем Калимеро и алтруист сум.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    - Кај мојот брат, кај мојот дечко и моите родители. Да сите 4ца знаат колку ми значат.

    6.Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    - Би била посмирена и поопуштена, повеќе и поактивно би се борела за правда и помош на тие кои им е потребна.

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    - И е и не е, радо би сменала некои работи, ама сепак си ја сакам најмногу на светот.

    8.Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    - Би им кажала на сите што ми значат колку ги сакам и би им кажала нешто смешно да ги расположам.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Да го насмеам, да го ислушам, да му кажам дека има надеж и дека може да смета секогаш на мојата поддршка и помош и би му купила 10ка со кромид, пијачка по избор и гооолемо парче торта и се останато материјално во границите на моите можности.

    10.Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    - Да бидам поискрена кон себе си и моите родители, поисполнителна и поцврста. Да си ја вратам довербата кон себе си и да си ја поткренам самодовербата.
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Љубов, мир. Сакајте се, и помирете се, на крајот само тоа ќе е важно.

    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Да пејам.

    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не, не постои.

    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -За тоа што понекогаш бев многу наивна, за тоа што не знаев да искористам некои шанси, бидејќи бев скромна со чувствата.

    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај мами. Мхм :)

    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Веќе сум бесмртна. Само си го менувам обликот :)

    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Не, немам толкаво метро. :) Шала, супер е.

    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би се бакнувала.

    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Доволно е да го увериш дека постои и е важен. :)

    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -Его.
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Имам свое мислење овде, од пред околу година, ама сега поинаку би одговорила некои од прашањата
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Единствено нешто што никогаш нема да ве излаже е вашето срце. Научете се да го слушате!!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Психијатар, режисер, астронаут, сликар
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Од смртта за мене не се плашам. Се плашам и тоа многу од смрт за други (тие што ги сакам и ми значат). :!:
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Најмногу жалам што поминало минатото. Не можам да го променам тоа.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Не можам да издвојам една личност. Или кај сите што ми значат или кај никој.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Би го живеала секој ден како да ми е последен
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Не...
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Пишувам тестамент, ги слушам омилените песни, ја чекам смртта во 00:00 и умирам во 00:01 :D
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да го насмеам, да му помогнам
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Убаво тело, самодоверба, алергии и едно момче
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    23.405
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Што е користа да бидеме љубоморни,дволични и да понижуваме некого?Ајде да бидеме добри!
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Психијатар,Фотограф...
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Да.Причината е...всушност,се плашам да не умрам пред да си ги извршам сите планови.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Најмногу жалам бидејќи порано бев толку глупава,наивна...
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Кај мајка ми.Знае...
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -/
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -НЕ!
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Пишувала писмо за сите што ги сакам.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -ДА го прегрна.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    -згодно тело,пари.
     
  14. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    *Правете што сакате.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    *Со маркетинг.
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    *Не,одам во бољи живот.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    *Не жалам,ама буквално за ништо.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    *Кај татко ми.Секако
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    *Би прснала од смеење.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    *Жити земјата.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    *Би им кажала на моите да се спремаат за погреб,за се да биде во најдобар ред,како што и ми доликува.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    *Да му/и се насмеам.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    *ЈАС.
     
  15. ArtIsMyLife

    ArtIsMyLife Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Природата, шумите и сите растенија се поважни од парите. Ако не се согласувате пробајте да си ги изброите парите додека си го држете здивот. А и ус пат господ не постои.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    ДЕФИНИТИВНО хирург
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не, нема причина
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    ништо
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Кај брат ми. Не знам дали знае колку МНОГУ го сакам. Се би дала за него. (поголем е)
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Мислењето за животот.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Далеку од мојата мерка.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Банџи џампинг
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Прегратка
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Многу нешта
     
  16. Emilijaa13

    Emilijaa13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    29
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Престанете со омраза, со насилство, престанете да нанесувате болка на другите, сакајте се, живејте го секој ден како да ви е последен, чувајте ја природата бидејќи е скапоцена, помогнете му на оној кој е во неволја, не ги критикувајте и осудувајте другите, однесувајте се онака како што сакате и другите да се однесуваат кон вас, почитувајте се себеси, правете нешта што ги сакате и што ве прават среќни. Секој ден учете нешто ново, постојано надградувајте се себеси. Бидете вредни, амбициозни, оптимисти, позитивни. Барајте ја среќата во малите нешта. Престанете да бидете толкави материјалисти.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    Веројатно писателка :)
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Не, воопшто не се плашам од смртта, затоа што таа е составен дел од животот и верувам во реинкарнација.
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Во животот жалам за луѓето кои сум ги повредила, жалам за некои зборови кажани во момент на лутина кои не можам да ги повлечам и заради некои непромислени постапки заради кои сум изгубила личности кои ми значат.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    Секогаш без размислување- кај мајка ми.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Не би сакала да дознаам дека сум бесмртна. Тогаш би си мислела дека го имам сето време на светот и не би се трудела за ништо.
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Земјата во која живееме самите луѓе сме ја направиле таква каква што е, така да немаме право многу многу да се жалиме. :D Инаку не...
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    Би била со најблиските.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Понекогаш некоја едноставна мала работа може да му го разубави денот на некому, особено на некој на кој сте му особено драг. На пример насмевка, комплимент или прегратка.
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    Меѓу мене и потполна среќа стојат повеќе работи. На пример самоувереност. Кога би била посамоуверена би имала храброст да ги направам сите оние нешта што сакам да ги направам и ме прават среќна. Мотивација... Потоа љубов... Љубов дефинитивно. Пронаоѓање на вистинската љубов која ќе ме исполни...
     
  17. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    Животот е премногу краток за да го трошиме без врска. Кликнете log out на вашите профили на друштвените мрежи ( и на форумите ]:) ) и логирајте се во вашите сопствени и реални животи. Не ги трошите деновите мразејќи некого и полнејќи го сопственото тело со негативна енергија. Уживајте во животот, сакајте ги сите луѓе без разлика дали имаат повеќе или помалку од вас и најважно од се, создавајте спомени, бидејќи, спомените се вечни.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    хм.. би пишувала веројатно
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    Се плашам од непознатото :) а смртта ми е непозната, така да , да се плашам од смртта а дали има причина за страв - хм.. па тој одговор ние живите и не го знаеме
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    Најмногу жалам за моментите во кои дозволував да бидам изиграна од другите, и за моментите во кои знаев да кажам се и сешто и да ги избркам од себе луѓето кои најмногу од се ми значеле/значат. Денес, би размислувала повеќе во одредени моменти..
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    кај бившиот, чудно но вистинито.. подобра конекција имам со него отколку со луѓето со кои делам иста крв. И да, тој го знае тоа
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    Па веројатно себе си. Ќе ја имам вечноста за да се изградам како идеална личност
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    Кратко и јасно, не ...
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    би пишувала што чувствувам ..
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    Да кажете: Те сакам!
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    општеството.
     
  18. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    1.Уф,не знам што би кажала.
    2.Писател.
    3.Не.
    4.За ништо не жалам.
    5.Кај никој.
    6.Ништо.
    7.Па...не.
    8.Ќе пуштам музика и ќе танцувам.
    9.Да кажам некоја шала и да ги насмеам.
    10.Пари.
     
  19. macka5

    macka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    307
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
    1. Не бидете толкави матијалисти,почнете да го вреднувате карактерот!
    2.Ракометарка
    3.Да се плашам, жал ми е за мама и тато...
    4.Жалам за пропуштената шанса, кај човекот што многу ми значеше..
    5. Кај мама дефинитивно
    6.па ништо , не е човекот бессмртен со годините што ги преживеал, туку со делата што ги сторил во својот живот.
    7.не баш, али наша си е.
    8. Ми му кажала на Димитар дека го сакам и би се бакувале
    9.Да му покажам дека ми значи
    10. Моето тело.
     
  20. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
    -Отворете си го срцето и умот, веднаш светот ќе ви стане поинаков.
    2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
    -Градинарство. :lol:
    3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
    -Се'уште не. :)
    4.За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
    -Најмногу жалам за работи кои не сум ги направила, а сум имала можност за тоа. Уште немам ја научено лекцијата, за жал.
    5.Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
    -Не би трчала кон некоја личност, туку што подалеку од сите луѓе, за да најдам малку мир.
    6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
    -Најверојатно ништо, има време за промена. :D Да имав доволно храброст, би си го фатила патот и би шетала низ светот. :)
    7.Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
    -Не.
    8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
    -Би била што подалеку од светлата на градот со саканата личност, да ги гледаме ѕвездите заедно за последен пат.
    9.Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
    -Да му дадам искрен комплимент.

    -Само јас.