1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

10 работи кои сакате да ги направите пред смртта

Дискусија во 'Слободно време' започната од LaLy, 13 октомври 2010.

  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    251.444
    Пол:
    Женски
    1.Да проектирам мост!
    2.Да си го проширам семејството
    3.Да го посетам Лувр, Њу Јорк, Ст.Петерзбург.....
    4.Да им се оддолжам на родителите за се што сториле за мене
    5.Да научам да возам кола :$
    6.Да одам на егзотично летување во безобразно луксузен хотел
    7.Да се опијам :drunk:
    8.Да пеам караоке :music:
    9.Да чувам куче :toivo:
    10.Да ја запознаам Мадонна
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    1. Да си најдам прекрасно платена работа.
    2. Да имам доволно пари да си купам сопствена куќа.
    3. Да станам тетка.
    4. Да си отворам фабрика за производство на ретро точаци.
    5. Да ја извежбам вештината на готвење амстердамски колачи.
    6. Да станам преЦедател на пеколов.
    7. Да ги убијам социјалните мрежи.
    8. Да се шетам во сари среде Ибица.
    9. Да си истетовирам точак на стапалото и мотор на га*от.
    10. Да останам на умов уште барем некое време.

    [mod-kirilica:1qj9i5pt][/mod-kirilica:1qj9i5pt]
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    1. Да ги опљачкам Инфлуенс и Гитар Хаус и да си земам се` што има внатре. ]:)
    2. Да запознаам едно момче кое доолго време го набљудувам; :lol:
    3. Да ја мавнам со јајце наставничката по историја;
    4. Да посетам повеќе концерти и да мавнам една јака шутка, дома да се вратам модра, пијана и насмеана;
    5. Да ставам пирсови на веѓа и уста и да се истетовирам на левата рака;
    6. Да му пружам рака :handshake: и симнам капа :bow: на Чак Паленик;
    7. Да чукам на бубњеви (ова ќе го исполнам на зимскиов распуст :rock: );
    8. Да и им кажам на моите најблиски колку ми значат, се` што сум мислела позитивно и негативно;
    9. Да пеам во дует заедно со Дејв (Foo fighters);
    10. Да преспијам на „сепарињата“ во Градски парк. :)
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    1. Да завршам уште еден факултет,поточно психологија.
    2. Да издадам книга.
    3. Да имам дете,ама да си го исчувам барем додека да појде на училиште. :D
    4. Да одам во Шпанија,Египет,Русија и на уште неколку места што несум ги посетила,а сакам да одам.
    5. Да направам некое добро дело(ама онака нешто поголемо),да отворам дом за сираци,да отворам фабрика за да се вработат луѓето или зграда за бездомниците...
    6. Сакам БАРЕМ уште еднаш да го имам :lol:
    7. Обично не се одмаздувам,ама пред смртта да,би сакала да им се одмаздам на сите што ми згрешиле.
    8. На оние што ги сакам,ке им купам подарок,плус ке им направам албум со наши најдраги фотографии и ке им направам дневник во кој ке се запишани нашите најголеми лудости,а башка пак се што сакам и во лице ке им кажам. :)
    9. Ке одам во омилениот кафиќ,ке се испијанчам,ке играм,пејам и лудувам цела ноќ и ке ги мувам сите што ке ми се допаднат(па што,и онака никогаш повеќе нема тоа да го правам) :lol:
    10. Ке ја избричам главата,ке ставам тетоважа на стомакот,ке ставам црвени леќи и 100% ке го сменам изгледот(вака немам храброст баш 100% да го сменам,признавам). :D
     
  5. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    1. Да одам на концерт на Kings of Leon :inlove:
    2. Да завршам факултет
    3. Да го прошетам светов
    4. Да скокам Банџи џампинг
    5. Да имам секс за една вечер и скришно да се искрадам од креветот и никогаш да не го видам пак
    6. Да најдам добро платена работа
    7. Да можам финансиски да им помагам на моите родители
    8. Да си ја најдам сродната душа
    9. Да имам 2 деца, куче, и голем двор
    10. Внуци да ми трчаат по дома и да ме викаат БАБО
    Ова ми е нешто како животен план па се надевам дека ќе ми се исполни :)
     
  6. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    1. Да имам успешна кариера (како и сите)

    2. На мајка ми и на татко ми да им купам убава вила на планина, онаква каква што сакале одсекогаш, и да им ги исполнам сите останати желби,за да им се заблагодарам што ме донеле на овој свет и што ме израснале

    3. Да скокам со падобран, да фатам змија со голи раце, да учествувам на Survivor

    4. Дестинации:Монт Еверест, вулканите Мауна Лоа и Мауна Кеа,Тајланд, Малта,Египет и тн и тн..

    5. Да си го најдам оној вистинскиот и да имам моооогу, мноооооооооооогу дечиња :inlove:

    6. Да се запознам со Enrique Iglesias и да бидам во еден негов спот, како што е оној Do you know :angel:

    7. Да возам Порше карера ГТ, по можност лилаво!!!!

    8. Да и се одмаздам на мојата „прекрасна“ професорка по географија ]:) :devil: која се трудеше секој ден да ми го направи како пекол

    9.Да исчекам да ги видам моите внучиња пораснати, да им заиграм на свадбата, макар со бастунче :)

    10. Последнте часови пред да умрам да се соблечам гола и да шетам низ цел град!

    :D :D :D
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    1.Да издадам моја книга
    2.Да скокам Bungee Jumping
    3.Да ги посетам : Rio de janeiro,New York,London,Paris,Chile,Verona ....
    4.Да живеам барем неколку месеца во New York
    5.Да бидам бизнис жена која ќе има своја убава канцеларија :lol:
    6.Да завршам курс за стујардеса :angel:
    7.Да пропатувам на некои места со сестра ми
    8.Да ја запознаам Whitney Port анд Justin :inlove:
    9.Да завршам факлутет
    10.Да си купам сопствен стан или куќа

    скромно :P
     
  8. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    1. Да издадам барем една книга.
    2. Да си обезбедам проклето добра кариера и да им оставам големо наследство на децата и внуците.
    3. Да го прошетам светот ( мал дел од оваа желба ќе остварам овој Април :rofl: )
    4. BUNGEE JUMPING, нуркање, да јавам коњ, да се спуштам со падобран :P
    5. Да завршам *факултет*
    6. Да им купам куќа во Мајами на моите родители (колку сум добричка) ;)
    7. Да имам голеееееееееемо семејство, со многу растрчани, темпераментни и паметни дечиња, и уште повеќе внучиња.
    8. Да доживеам длабока старост
    9. Да го посетам замокот Хогвортс за посетители во Флорида
    10. Да доживеам длабока старост со љубовта на мојот живот.

    The end. *
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    1. Да го завршам факултетот, да спасам човечки живот и потоа да ја видам насмевката на неговите најблиски кога ќе им го соопштам тоа.

    2. Да отворам фондација, и со тоа да го намалам бројот на гладни дечиња.

    3. Да измислам лек за убиецот на 21 век, ракот, оној кој зеде милиони сакани личности.

    4. Искрено да се заљубам и да ги направам најголемите лудости заедно со него.

    5. Да го надминам единствениот страв што го имам, стравот од височина.

    6. Да си овозможам добар живот, сама со сопствен труд, со сопствена пот, без никој да ми сервира нешто на тацна.

    7. Да се возам во подморница.

    8. Да отидам на професионално нуркање на некој преубав гребен.

    9. Да измислам чипс кој не здебелува :sun: :sun:

    10. Инспирирана од темата за турбофолкот, да отворам кафуле каде што ќе се збираме сите АНТИ-турбофолкери. :D :D
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    1. Да го видам Федерер во живо(ако може и повеќе).
    2. Да го прошетам светот
    3. Да одам на концерт на Оззи Озборн
    4. Да родам дете
    5. Да имам успешна кариера
    6. Да издадам книга
    7. Банџи џампинг
    8. Да ја имам цела опрема од Nike што ја носел Рожер Федерер
    9. Да имам голема куќа и прекрасна детска соба за моите деца
    10. Да имам гардеробер како оној на Кери Бредшоу во вториот дел! :$
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Затоа што не може да се редактира мислењето (Не знам од кои причини), ќе си ја проширам листата за една точка која не знам како сум ја испуштила. Ако не чини модераторот нека ги спои мислењата, или нека го избрише.

    11. Да ги слушнам One Republic во живо, поточно да ја слушнам Apologize. Е тогаш би ми се остварил еден од најголемите сонови.
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    1. Да си ја земам дипломата од факултет.
    2. Да основам семејство.
    3. Да ја посетам Русија.
    4. Да ја посетам Америка.
    5. Да чувам куче и маче.
    6. Да живеам во голема куќа со голем двор полн со зеленило и базен.
    7. Да ги видам Малдиви или Бора Бора.
    8. Да најдам стабилна добро платена работа и да имам успешна кариера.
    9. Да отворам дом за бездомни кучиња и мачиња.
    10. Да се одмаздам на одредени персони.
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мегу другите работи што би сакала да ги направам пред да умрам, е и:

    1да си отворам свој козметички салон
    2продавничка за накит
    3да си засновам своја компанија со лабораторија, и експериментирање на состојки наменети за козметичкиот пазар
    4да запознаам некој убавец со руса косаи секако да има зелени или сини очиња-по можност бизнисмен па да се омажам за него, секако фин, културен и богат
    5да си го уредам станот како што јас сакам (со Акрон плакари и се друго)
    6да го запознаам Врчак во живо, и барем еден бакнеж да се случи хехехехе и да ја запознаам Дани во живо оти многу ми се допагаат нејзините песни

    *ако ми текне уште нешто ке пишам
     
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Нема да заборавам една фраза која тетка ми одамна ми ја повторуваше...
    Вика:

    Реализиран човек е оној кој:

    *родил дете
    *изградил куќа и
    *засадил дрво

    Прилично логично ми звучи, само што јас немам направено ниту едно од трите, така да налет муабетов...ќе си чекам да го видам Њу Јорк :lol:
     
  15. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    1. Да го прошетам светот.
    2. Да завршам факултет.
    3. Да се ЗАЉУБАМ лудо, страсно, необјасниво во некој што ке ми возврати со истите чувства
    4. Да направам многу пари.
    5. Да родам деца.
    6. Да имам доволно пари да можам да им помогнам на уличните животни и исто така да можам, да донирам во добротворни цели.
    7. Да станам толку успешна, што сите што некогаш ме потцениле и верувале дека нема да можам да им ги затворам устите, едноставно сакам да пукнат од мака моите душмани и тоа ми е еден од приоритетите сега за сега всушност. :D
    8. Да одам на концерт на Бритни :$ :D
    9. Да направам нешто значајно и за идните генерации, да останам запаметена..
    10. Никогаш да не престанам со шопинг. :)
     
  16. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    1.Сакам да ја имам сета облека и чевли кои ке се создаваат во иднината,што се сега,и биле во минатото.
    2.Сакам да отидам во Венеција и да го посетам Кинескиот ѕид.
    3.Сакам да завршам за форензичар, тоа ми е сон од малечка.
    4.Сакам да бидам успешна во својата работа , почитувана , ценета и сакана жена.
    5.Сакам да се заљубам во некој кој ќе ме сака онаква каква што сум.
    6.Сакам да имам женско дете,со плава косичка,со плави очиња и сакам да се вика Изабела.
    7.Сакам да изградам еден дом за сите улични кученца и маченца,да ги згрижам,бидејќи ми е жал да ги гледам на студов,гладни,жедни...
    8.Сакам да си купам кабриолет,по можност црвен.
    9.Сакам да живеам во голема убава куќа со базен , и поглед кон море.
    10.Сакам се што сакам да ми се оствари :$
     
  17. Isidora-Veles

    Isidora-Veles Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    124
    1.По втор пат да ја посетам Германија. 8)
    2.По втор пат да ја посетам Австрија.
    3.Да го посетам Њујорк.
    4.Да глумам во некој филм.
    5.Да имам кредитна картичка која нема лимит.
    6.Да живеам во куќа од соништата.
    7.Да имам соба-плакар.
    8.Да изгредам успешна кариера и да станам позната личност.
    9.Да си купам чивава.
    10.По цели денови да одам на шопинг :))
     
  18. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.941
    1. да одам на шопинг во продавниците на шанел
    2. да имам доволно пари за самостоен живот
    3. да работам како главен уредувач на некое списание пр. Убавина и Здравје
    4. да му удрам бокс на бифшиот
    5. да изедам 3 порции помфрит
    6. да научам да возам кола
    7. да јавам на камила
    8. да се очукам здраво :D :D :D
    9 . да ги прочитам сите лектири што ги оставив позади мене :(
    10 . да бидам одбрана за miss крема
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    1.да завршам факултет
    2.да бидам успешна независна жена
    3.да имам мое семејство
    4.вистинска љубов и 2 близначиња ако ми дај господ :)
    5.да добијам возачка
    6.да згазам некои луѓе кој го (заслужиле тоа)
    7.да живеам во широка светла куќа со преубава градина
    8.да одам дубаи
    9.да му помогнам на сиромашните и болни луѓе :(
    10.кога би имала мн.пари би отворила дом за сирачиња или бездомници (една од моите најголеми желби)
     
  20. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    1.Да отидам во Аргентина
    2.Да одам во Мајами, New York,
    3.Да завршам факултет
    4.Да ја најдам мојата сродна душа
    5.Да бидам одличен менаџер
    6.Да одам на пат околу светот
    7.Да имам две ќерки и еден син
    8.Да ги видам Teen Angels во живо
    9.Да си купам златен ретривер
    10.Да живеам во мојата куќа од соништата со мојот маж,трите деца и златниот ретривер до крајот на животот :D :D :D