- Да имам симпатичен, добар и вреден маж, кој ќе ме сака и почитува - Да родам 2 здрави дечиња, момче и девојче - Да специјализирам - Да имам скратено работно време и да уживам привилегии на работа - Да си купам џип BMW X6 - Да успеам да спасам некој живот или да помагам на загрозени луѓе - Да ги посетам следниве локации - Рим, Малдивите, Њујорк, Париз, Монте Карло, Дубаи... - Да имам викендичка на некое прекрасно и мирно место, со чист воздух, кадешто ќе си одмарам со мажот и децата - Да ја запознаам Цеца и да пијам кафе со неа на некој елитен белградски сплав - Да отидам во оригиналната D&G продавница и да си купам се што ќе посакам од таму
1. Да имам убаво семејство, топол и прекрасен дом. 2. Да одам во Санкт Петербург. Да шетам по Невски Проспект, да го дишам воздухот и духот на прекрасниот град. Потоа да скокнам до Москва за да гледам балет во Бољшој. 3. Да одам во Кјото. 4. Да одам во Индија. 5. Да одам во Ерусалим. 6. Да одам во Африка. 7. Да го надоградам моето образование. Да учам, да читам, да знам повеќе. 8. Да го работам тоа што го сакам. 9. Да го прошетам и разгледам цел Ермитаж, а потоа и Лувр и Прадо. 10. Да бидам среќна, и да им помогнам на многу други луѓе да бидат среќни. Да дадам многу љубов.
1.како најпрво..би им обезбедила на сите бездомни животни(највеќе кучиња и мачки) дом,би им обезбедила место за живеење,храна..би сакала и повеќе никогаш да не се малтретираат и убиваат животните.. 2.да ја видам во живо Маите Перрони ) 3.да го видам светот,а највеќе би сакала да отидам на некојјаа преубава и прекрасна плажа.. 4.би им помогнала на сиромашните ( ако би имала прилика ) .. 5.исто така многу би сакала да имам некој сопствен град,би сакала јас да ги воведам законите,да има многу голем мир во градот..никој да не се навредува и сите да се почитууваат.. 6.би отишла во оние градови кај што има најубави продавници за разна облека,накит. 7.да направам се со што би биле задоволни и среќни оние кои ги сакам.. 8.да бидам среќна и да имам онакво семејство какво што самата ќе посакам.. 9.да си ги купам најубавите куќи и становии.. 10..ии би ги посетилаа градовитее во кои што живеат славните..
1. Да дочекам праправнуци 2. Да имам 4 докторати 3. Да ја земам за жена Emily Dechanel 4. Да ги вдомам бездомните животни, да ги заштитам загрозените видови на растенија и животни и да ги вдомам сите сираци 5. Да ја исчистам Јапонија од радијацијата 6. Да создадам Соединетите Македонски Држави (под кои ке спага и САД) 7. Сестра ми и моите да бидат најсрекни на свет 8. Да поминам барем 1 година во манастир 9. 2 месеци во женски затвор 10. да ме кремираат и да ја посипат мојата пепел на Малешевските планини
1. Да се качам на МонтЕверест само за да му викнам на светот „ЕВЕ МЕ, ТУКА СУМ!“ 2. Да ја прошетам Африка со еден ранец на себе и пари колку да ме однесат до наредно место 3. Боса и во сари да претрчам неколку пати низ Таџ Махал 5. Да преспијам во Тибет 6. Да се разбудам во Авганистан, Израел, Иран, Ирак, Либија... 7. Да ме стемни во Исланд и да ме раздени во Јапонија 8. Да се „изгубам“ на некое време во шумите на Нов Зеланд и Латинска Америка 9. Со воз да ја извозам Европа и со кола низ УСА да минам 10. Најмалку по еден човек од секое место што ќе го видам да се сеќава на мене... и кога ќе ме нема!
1.Да ограбам супермаркет(јадењето) 2.Да одам на Хаваи 3.Да одам и во Париз,исто така 4.Да ги заскубам тие што ме нервираат 5.Еден цел ден со тој што го сакам 6.Да се облечам уникатно,и да шетам низ градот(за да ме озборуваат ^^) 7.Да се качам на бина,кога настапуваат Ac\Dc итн. 8.Да ги ограбам најдобрите бутици(Прада,D & G и така натаму.) 9.Да научам да свирам на гитара 10.И да ми поклонат магично стапче,и да замислам да не умрам,и се што ќе посакам да го имам до мене
Можеби нема да се десет ама сепак ... Сакам да летам со авион ... Сакам да го исполниме списокот од цели 100 работи што сакаме да ги направиме пред да умреме со двете најдобри другарки ... Сакам да ги посетам Ерусалим, Индија и Италија. А по можност и да живеам во Италија. Да имам маж ( по можност италијанец ) да ме сака, да го сакам, да имаме убаво и големо семејство, топол скромен дом исполнет со хармонија. Да заработувам доволно за на моите деца, на моите родители ниту мене да не ми фали ништо за да можам да живеам нормално. да станам психијатар или психолог и да имам своја болница. Дел од времето да работам со деца. Во училиште, клиника ... Да играм на свадбата на моите деца ... И за крај .... Да ослабам. Барем слаба да ме закопаат у пм
леле ко помала пишувава ваков список и се згазив сега од смеење ...таму стоеа работи како : да се ишатирам или офарбам плаво да си направам некој прамен у боја да си купам конверс да ги поминам багз бани и петар пан игрите и сл. ок имаше и добри желби ама
1. Да скокам со падобран од авион. 2. Да создадам еколошка група за заштита на животните 3. Да имам љубовна авантура 4. Да имам тигар и змија за миленици (I know I'm crazy) 5. Да созреам како вистинска личност 6. Да запознаам човек на кој ќе можам да му\и ги кажам сите свои тајни 7. Да се вљубам и барем еднаш да не размислувам со главата туку да го следам срцето 8. Да имам свој хеви метал бенд 9. Да ги запознаам Matt Tuck и Ville Valo 10. Да патувам низ целиот свет.
имам само 1 да станам добар адвокат ..........толку... лажам и да бидам нај нај добрата мајка и мислам тука ке заврши мојата мисија на земјава
-да доживеам вистинска љубов како во старите класици од литературата и филмовите од стариот Холивудски гламур, -да прошетам добар дел од светот и да ја видам Европа и Азија скоро во целост сите величествени градби и уметнички дела ,Африка преку сафари да ја почувствувам и остатоците од египетската култура неминовно да ги видам,Јужна Америка ете прашумите на Амазон и Мачу Пикчу и др.остатоци од цивилазациите на Маите,Инките и Ацтеките,би јас да тркнам и на половите посебно на северниот пред да се истопи да го видам цел тој поларен животински свет,па и пингвините на јужниот,како и тропските острови расфрлани по светските води на океаните и морињата, -да помогнам некому на одреден практичен начин,да му го подобрам животот, -да одгледам деца кои ќе израснат во здрави и достојни за почит човечки индивидуи, -да чувам колку што можам повеќе миленичиња, -да стекнам големи знаења од различни области и континуирано да ја хранам својата љубопитна за нови знаења природа, -да запознаам многу интелектуално стимулативни луѓе, -да имам работа која ќе ми дава креативна сатисфакција и исполнетост и мир дури и кога ќе сум прилично исцрпена од истата, -да остарам во некој природен рај на земјава одгледувајќи органски зеленчук, -да имам цела книга од убави спомени во мозочево на старост и многу лица кои радо ќе се сеќаваат на мене и јас на нив.
1. Да добијам на 7ка на ЛОТО. (некој да незнае дали битолчанецот што го диби е сингл? ) 2. Да отидам што поделеку од ова провинцијално место, и да се засолнам во некоја луксузна вила во Лас Вегас (добро де може и некој апартман во центарот на градот). 3. Да изградам добра кариера. 4. Да ги посетам сите светски туристички атракции. 5. Да се запознаам со Хју Лори и Ева Лонгорија. и уште неколку ама ај доста се за сега.
1. да ја изгубам невиноста со JenCarlos Canela 2. да се сунчам топлес 3. да си купам штикли од Кристијан Лобутини 4. да си купам BMW X5 5. да изградам огромна вила по мој вкус 6. да си ја дополнам колекцијата од All Star - Converse 7. да си ги прошетам сите дестинации кои не сум ги поминала (може и дел од тие што сум ги поминала) 8. да си купам апартман во Париз 9. да си иам соба со тапацирани ѕидој во случај да ме фатит лудило (и онака сум луда ) 10. да ја најдам и да ја имам вистинската особа крај мене која ќе ме сака и почитува и ќе е со мене во добро и лошо, во здравје и болест се додека смртта не не раздели!
1. Многу да патувам и да ги посетам сите места на светов за кои сонувам. 2. Да имам професија каква што посакувам. 3. Да напишам книга. 4. Да бидам среќна со човекот кој ќе го изберам. 5. Да живеам убав живот и да создадам семејство. Толку доста се.
1.Да ги посетам Н.Јорк и Лас Вегас 2.Да си диполомирам медицина и да си најдам работа 3.Да се омажам (срекно) 4.Да си купам неверојатно голема куќа со базент 5.Да одам на концерт на мојот омилен бенд 6.Да имам незаборавен одмор со другарките 7.Да добијам на лото 8.Да го имам најдоброто и најскапото BMW 9.Да имам две преслатки деца момче и девојче 10.Да ја направам најубавата свадба