Пребарував низ Фемина пред да ја отворам темава, но не успеав да најдам нешто посветено на ова, па си реков ајде да отворам јас. Признавам, опседната сум со луѓе кои јадат за живот Станува збор за competitive eating (натпреварувачко јадење) како вистинска професија - можеби некои од вас сте наишле случајно на видеа, а можеби некои како мене сте длабоко навлезени во оваа тема со години. Во Европа, Америка и Азија ова е реален феномен - луѓе кои се снимаат себеси како јадат огромни количини храна и буквално заработуваат за живот од тоа. Јас го следам ова веројатно околу 10 години, отсекогаш ме фасцинирале и имам цела листа на омилени: Erik "The Electric", Matt Stonie, Raina Huang, Molly Schuyler, Nela Zisser, Joel Hansen... но апсолутен број еден фаворит ми е Beard Meets Food, него го следам најмногу, а во последно време и Max vs. Food. Причината зошто годинава повторно ме зафати оваа фасцинација е што веќе 5-6 месеци сум во калориски дефицит и некако токму сега кога сум толку свесна за секоја калорија што ја внесувам, гледањето на овие луѓе како консумираат илјадници калории во едно седење ми делува неверојатно нереално и хипнотизирачки истовремено. Да не се лажеме, имало моменти кога ми се јавила онаа мисла „леле сакам и јас да пробам нешто вакво барем еднаш“! Но со стравот од нагло качување килограми и минати проблеми со исхрана(прејадување, јојо ефекти) реално немам баш шанса да се носам со тоа што тие го прават. Овие луѓе не само што јадат многу - тие тренираат специфично за ова, желудникот буквално им е адаптиран преку долгорочна пракса, тоа воопшто не е случајно прејадување (би можела да се изразам и поинаку: "преждерување"), туку вистинска сериозна подготовка слична на спортски тренинг. Она што најмногу ме фасцинира и постојано си го поставувам прашањето е, како успеваат да останат фит? Повеќето од нив воопшто не се дебели, изгледаат апсолутно нормално и атлетски и колку што сум гледала, на крајот се сведува на класичната формула = калории внесени наспроти калории потрошени. Многу од нив прават интензивно кардио, како возење велосипед и трчање, исто и чекори(по 30000 на ден), исто така, се хранат со нискокалорична храна и постат(fasting). Па сакам да прашам, дали некој друг тука тајно (или јавно ) ги следи овие луѓе? Знам однапред дека темава веројатно ќе донесе многу различни мислења - замислувам дека голем дел ќе кажат дека е целосна лудост, нездраво, одвратно, штетно, и разбирам целосно зошто некој би мислел така. Но, искрено се надевам дека тука има барем неколку члена кои исто како мене тајно навиваат за омилениот competitive eater додека гледаат некое видео и сакам да си споделиме мислења, омилени видеа, откритија на нови eaters, или само чиста фасцинација.