Заврши првата епизода, се потсетив баш како беше. Онур ги мрази жените поради тоа што се случило со татко му, Бурхан е бездушен богаташ, а Надиде ме изненади, имав заборавено дека неа многу ќе ја погоди ова со Каан. Знам дека Бурхан ќе омекни понатаму и ќе ја засака Шехерезад, но ептен е суров сега. Е сега, гласовите сите им се многу поразлични од тоа што беа на А1 нормално, ама ќе се навикниме.
И јас ја изгледав првата епизода вечерва. Многу ми беше чудно како се сеќавам на се а повеќе од 10 години се поминати. Само не знам што му се случило на татко му на Онур што тој толку ги мрази жените? Керем и Бену ми се сеуште омилени. Многу добар фраер ми е Керем, според мене требало главна улога да е тој. Гласовите им се катастрофа.
Не сфатив баш добро, ама мислам дека заминал со друга жена и потоа умрел. И Онур мисли дека жените постојат само да заведуваат мажи и да им наштетуваат.
Ја гледав вчера првата епизода, ама неуспеав од почетокот да ја фатам. Дали некој знае дали има реприза преку ден? Инаку на ништо не се сеќавам, освен дека Шехерезад ќе побара пари за детето од Онур, а тој ќе ја услови да спие со него една ноќ. Дури и на другите ликови не се сеќавам. Сега прочитав и дека има три сезони, ја мислев само една дека е. Гласовите и на мене воопшто не ми се допаѓаат.
Дали некој може да прикачи линк од некоја епизода или дел од епизода што беше на а1, за да ги споредиме гласовите? Јас барав но неуспешно
Мислам дека најлоша турска серија, некако примитивна, според разговорите што ги слушав помеѓу сите буквално. Живот во премногу традиционална средина и такви сфаќања.