1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

11 Минути (Пауло Коелјо)

Дискусија во 'Книги' започната од meredith, 23 јануари 2011.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Како и сите книги од овој автор , така и оваа книга е преубава. Книга во која љубовта е главна тема. Вистинското доживување на љубовта е да се има најскапоценото нешто на светот без да се поседува.Во оваа книга интересен е фактот што книгата е напишана од маж, а во неа се пишува за сексот како го доживува една жена, љубовта, страста, што ја одликува оваа книга како еротска. Дали главната протагонистка Марија ќе ја најде својата љубов? Зошто насловов на книгава е 11 Минути? - ве оставам сами да откриете....Во детали се опишани нејзините доживувања тука, но она што е идеја на книгата е искрената љубов. Таа е извор на страдањата, но не е прифатено ропство. Слободата постои само кога се има и љубов...Книга која мора да се прочита!
     
    На klaudija90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    11 Минути (Паоло Коељо)

    И мене ми се допадна книгава, но сепак има далеку поубави книги.Сепак не е лоша за читање.
     
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    11 Минути (Паоло Коељо)

    да, се зависи од вкусот и сваќањата на една личност
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    11 Минути (Паоло Коељо)

    Ја прочитав поодамна, уште откако доби позитивни критики и доби епитет бестселер, меѓутоа не сум нешто посебно воодушевена :?:
     
  5. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Ja имам прочитано одамна, и да, многу ми се допадна, ми остана во сеќавање навистина фасцинантна книга.
    Најмногу ми се допадна делот кога Марија почнува да ужива во болката, во садо-мазо сексот и дечко и ја одвикнува од тоа така што ја тера да чекори низ плажа полна со камења боса и и викаше ти се допаѓа ова а, почуствувај ја болката и низ уште некои моменти, не памтам одамна ја читав книгата, ова ми останало во сеќавање.
    Се на се една од моите топ пет книги. :)
     
    На meredith му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мене не ми се допадна книгата. Не е ништо посебно. Главна тематика на книгата како што и самот наслов кажува е сексот т.е просечно сексот трае 11 минути а не е љубовта
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Коелјо е добар писател тука нема дискусија, но со оваа книга направи многу голема утка според мене. За разлика од другите книги од кои секогаш сум извлекувала некаква поука, без разлика дали добра или не, овде не можев да најдам никаков заклучок, едноставно како без цел ми е пишувана.

    Но сепак, Коелјо овде експериментира, сепак не е лесно да опишеш чувства на спротивниот пол, но сума сумарум - без подлабока содржина.
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Мене па баш ми се допадна книгава. Точно е дека Коелјо има и подобри дела, ама и оваа не е за потценување. Поразлична од останатите негови книги. Мене малку ми беше чудно, ама интересно што токму маж пишува за сексуалниот живот на една жена :wasntme:
     
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Ја читав летово книгата и ми се допадна иакоима поубаво дела, ја сфатив болката на жената кон стремењето за вечна љубов! Мислам дека оваа книга е насловена 11 минути затоа што просечниот секс трае 11 минути, потоа дечко ми ја читаше и тој инаку ја сфатил, значикој како ќе се соживее со делото.
    Поубава ми беше Вештицата од Портабело, ама некако тешко ми одеше во читањето (подолго време ја читав) не ми го одзема толку многу вниманието.
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Ја читав книгава пред околу 2 години, и многу ми се допадна. Две недели по читањето си бев во некој свет. :D
    Јас од книгава сфатив дека уствари проституцијата е оправдана доколку личноста што се одлучила за такво нешто има некаква замисла и цел во животот. Со читањето уствари се убедуваш дека проституцијата е нормална работа, ја оправдуваш. Стварно книгава е страва, многу ми се допадна.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мене ми се допадна,читлива и интересна книга,обработува повеќе теми-проституцијата како професија,
    сексуалноста и нејзиното истразување дури и нејзините екстремни форми,престојот во странска земја,машките и зенски фантазии,стравови и поглед на сексот и љубовта.Ми се допадна кога Марија и сликарот ќе си разменат предмети со голема сентиментална значајност(пенкалото и вагончето) и крајот-луда сум по такви романтични краеви :inlove: .
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Considering the way the world is, one happy day is almost a miracle.

    [​IMG]
     
    На Contradiction му/ѝ се допаѓа ова.
  13. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Многу ми се свиѓа Коелјо. Начинот, по кој што размислува е скоро истиот со моето мислење. Многу паметно пишува и со голем интерес го читам.
     
  14. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    61
    Да и јас мислам дека не е лоша,но има многу подобри книги! Да кажеме мене лично бидејки и таа е исто толку необична колку оваа, ми се допаѓа од Пауло Коелјо, Вештицата од Портобело!
     
  15. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Пауло е малку специфичен со оглед на тоа што 11 минути е прв негов роман во кој зборува за сексот.
    Интересно е дека тој е маж, а пишува за жената и како таа го доживува сексот не само физички, туку и психички.
    Ми се допаѓа стилот на Пауло не само во оваа книга туку во сите други. Навистина е мајстор за дела кои те оставаат без здив.
     
    На TheSilence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Еднаш почнав да ја читам, ама стигнав до половина и не ја дочитав затоа што не беше моја... и САКАМ да ја дочитам затоа што до таму до каде што стигнав, ми се допадна.
     
  17. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    дочитај ја, нема да зажалиш.
     
  18. LennaF

    LennaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Сите кинги на Коелјо не учат на едно нешто: Се што ке посакаме е наше, можеме да го имаме , само треба да посегнеме по него. :)
     
  19. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Веќе незнам колку долго ја барам книгата по книжари и библиотеки неможам да ја најдам никако а сакам да ја прочитам
     
  20. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Потполно се согласувам со ова. Колку бев скептична во врска со авторот на оваа книга. Но ништо чудно, Пауло е толку променлив и во стиловите и во квалитетот, така што и промената маж-жена не би ме изненадила :) , секако нели мислам за стилот на пишување :D . Пауло има книги кои се доста квалитетни, а има и такви кои се многу комерцијални, затоа кога ќе се воодушевам од некое дело, наредното ќе ја спушти мојата висока оцена за него. Затоа се надевам на уште дела од него како „Алхемичарот’’, „11 Минути’’, „Вероника реши да умре’’...