1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

12 дневна диета

Дискусија во 'Диети' започната од Maria.mar, 3 февруари 2013.

  1. Maria.mar

    Maria.mar Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Здраво.Пребарувајќи диети на интернет ја сретнав следнава диета:

    Насоки за 12 дневната диета:

    Да не се јаде 3-4 сати пред сон. Користете маслиново, ленео или сусамово масло. После овие 12 дена, не преминувајте веднаш на стариот начин на исхрана уште 3-5 дена. Пијте многу вода и зелен чај.

    1 – млечни производи, 5 чаши кисело млеко, една супена лажица маслиново масло и зелен чај.

    2 – овошје, 4-6 портокали, една лажица маслиново масло, зелен чај.

    3- урда, една супена лажица маслиново масло и зелен чај.

    4 – 5 чаши варен зеленчук, две лажици маслиново масло и зелен чај.

    5 – една темна чоколада и зелен чај.

    6 – 6 јаболка и лажица маслиново масло, чај и вода.

    7- 300 грама сирење и зелен чај.

    8 – четири свежи салати со маслиново масло, зелен чај.

    9 – 400 грама печено говедско месо, една лажица маслиново масло и зелен чај.

    10 – 3-4 свежи салати и зелен чај.

    11 – 500 грама урда, една лажица маслиново масло и зелен чај.

    12 – 2 грејпфрута, 5 белки од јајце, една банана и зелен чај.

    Наредните 3-5 дена можете да вклучите риба на скара, пилешко месо, зеленчук на пареа, белки од јајце, овошје и свеж зеленчук, за да не преминувате веднаш на силна исхрана што ќе биде еден вид шок за организмот. Диетата не се препорачува за луѓе со здравствени проблеми!

    Ме интересира дали некој до сега ја држел оваа диета,и какви мислења имате. :) :) :)
     
  2. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Дали имас искуство со оваа диета и колку кг се слабее за 12 дена?
     
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Уф јас го јадев ова 10тина дена можеби не баш по овој редослед,ама таа храна и таа количина- за 5 дена 5кг симнав,а за 10те 6-7кг ама почна да ми се врти во глава и ја прекинав, потоа цела недела неможев дегестивниот тракт да си го средам,имав диареја, болка во стомак,гадење
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Диетава не е нормална, немојте да се занесувате да ја држите!

    300 грама сирење во еден ден, не знам што е полошо што се јаде само сирење или што се 300 грама сирење. Не продолжувам да анализирам, ама ако некој успее да ја одржи диетава а притоа не заврши со милион пореметувања, треба по телевизии да го има.
     
    На drugarka, sofijanoka и feminium им се допаѓа ова.
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Епа еве самата ви пишав од лично искуство-доволно е "супер" поминав :)
     
  6. Maria.mar

    Maria.mar Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    не ја имам јас држено диетава само ја најдов на нет ,па сакав да прашам дали некој ја има држено и дали има резултати :)
     
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    НИКАКО!
    Немојте да се лажете ќе завршите на клиника! Ова е тотално ненормално.Јас би ви предложила оваков режим на исхрана:
    Појадок:Мусли со јогурт,2 овошја,кафе или зелен чај.
    Ужина:50 гр. бадеми (непечени)
    Ручек:2 варени компира+150 гр. пилешко+салата
    Ужина:овошен јогурт или пудинг со 2-3 интегрални крекери
    Вечера:2 парчиња интегрален леб+чаша јогурт+зеленчук
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Да де, интернетот е за секој еден да напише некоја ненормална диета.

    Па и секој еден да прочита и да расуди, но ако сте очајни за слабеење а воедно и не знаете кои штетни последици може да ги предизвикаат ваквите диети, сами ќе си наштетите.

    Луѓе не се залажувајте со ваквите диети, и што ако ослабете и 10 кила за овие денови?
    Диета треба да е издржлива на долг рок, да не предизвика последици по здравјето и да овозможува доволно хранлива вредност за да се извршуваат сите активности со нормален тек.

    Диета е всушност режим на исхрана-Еднаш диета цел живот диета.
    (само некогаш ќе си дозволите повеќе, некогаш ќе си скратите)

    Подобро да се бориш со вишокот килограми подолго време и на здрав начин, отколку да се бориш за сопственото здравје.
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И за вечера плус 2 варени јајца можете....