Здраво на сите Пребарав низ темата Диети и не најдов ништо за оваа диета која е многу популарна во Бугарија,можеби грешам па ако е така слободно може да се избрише.Епа вака диетата е по принцип оделно хранење . ДИЕТА: 2 дена компири,2 дена пилешко месо,2 дена зеленчук,2 дена риба,2 дена овошје и 2 дена кисело млеко. Диетата е 24дена,значи 12 дена по 2 дена и уште 12 по 2 ,после 24 дена се прави пауза од 2 дена и се јаде се но во умерени количини!!! Секое утро се зема на гладно 1аспирин и 1 вит С. Вода се пие многу, кафе и чај без шекер! Независно печено, пржено или варено- важното е храните да не се мешат!!!! Во прилог ке ставам линк во кој можете да видите за што станува збор,се надевам дека не е проблем бидејки е на бугарски Јас сум моментално на оваа диета и за 8 дена сум -3кг постојано варирам со килограмите оваа диета ми одговара бидејки нема одредено саат и количина се надевам дека ке биде од корист оваа тема .
Ja gledav i jas dietava po fejsbuk ama kolku so razbrav rezultati ima samo ako gi konzumiras i apcinjata koi gi proizveduvala taa vanja
Ох апичинјата ги направи пред два месеца нормално е откако ослабна да си направи бизнис и јас да сум и јас после успешното слабеење ке направам апчинја инаку многу луге имаат ослабеано кој јас лично ги знам без аспирин без витамин ц без никакви додатоци, еве и јас се земам за пример уште 3 дена ке ја завршам првата 12 се мерам и ке пишам резултати позз
princezzza само храбро. Која возраст си и која килажа ја имаш во моментов. Браво . Известувај не постојано. Со среќа.
Аспирин се зима за загревање на стомачно-цревниот тракт и да ја убрза работата на метаболизмот во текот на денот погледни го видеото погоре таму е се убаво објаснето
Не сум мн по блгарскиот затоа Инаку аспиринот колку е добар, толку е штетен Иако според мене повеќе е штетен него ли добар За забрзување на метаболизмот има и други алтернативи што не го вклучуваат опасниот аспирин
Еве да се пофалам јас симнав 5 кг за 12 дена сега продолжувам со уште12 инаку јас не пијам ни аспирин ни витамин ц значи тоа е индивидуално ако сакаш ако не немора
Сакам да спомнам неколку работи што ги немате кажано а мислам дека се многу важни во диетава. Во денот со овошје може да се јаде се, освен банани. Првиот циклус на 12 дена не е важно колку пати и количински како се јаде, но вториот циклус е важно да се јаде по малку но често. Ова мислам дека е за да се одржи една константност и да се навикне организмот да јаде по малку и да се заситува од малку. И не заборавајте по диетава да не се фрлите на храната, ко гладните од Етиопија, како да не сте виделе јадење претходно.
Zdravo , jas sakam da prasham princezzza do kaj si so dietata i kakvi rezultati imaash do sega ili nekoj drug ako ja drzhi..pozzz
пијам кафе без шекер и млеко но јас цел живот го пијам така кафето и затоа немам никаков проблем но многу луге имаат пиено и 3 во 1 и повторно слабеат така да ако неможеш ставај помалку шекер и млеко не е крај на свет
Епа вака мили мои 7,5 кг за 24 дена презадоволна сега два дена пауза и повторно почнувам инаку за нова година и за божик ке згрешам ама сепак ке продолжам па два дена грешка нема да ме демотивираат продолжувам напред позз
Јас планирам од 10ти да ја почнам, па да те прашам @princezzza зачини што ставаше на јадењата, јас сол многу не користам, ама затоа вегета и црн пипер во се ставам