1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13та плата

Дискусија во 'На работното место' започната од zeka, 23 ноември 2014.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа
    повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач, работодавачот е должен да исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Македонија. Моментално изнесува 21,217денари.

    А во случај да не се исполнети горенаведените услови работодавачот не е обврзан законски да исплати 13та плата на работникот. Но секако дека може да исплатат 13та плата ако имаат можност и желба дополнително да ги стимулираат и наградат работниците. Дали вакво нешто може да очекуваме од нашите работодавци?
    Или едноставно да бидеме среќни ако редовно примаме плата , а не да очекуваме преку леб погача?.

    Не пронајдов ваква тема, - ако има, се извинувам.
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Доколку прекувремените часови ти се регистрирани како прекувремени и веќе исплатени како такви со платата, ти следува ова. Имај предвид дека секоја плата се испраќа во УЈП и имаат увид во овие екстра часови и тешко е да се скријат и да не се исплатат. Е сега, ако не ти се евидентирани како прекувремени, тешко некој да ти ги плати.
     
    На Sasha-Fierce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Џабе.
    Уште еден добро осмислен закон од Грујо за кој свесно го изгласува дека нема да се спроведе.
    Освен буџетарите,цела држава платата не им оди цела преку банка.
    Дел оди на рака,така да,тоа што ќе го пуштат како 13 та плата ќе биде прифатено наместо да се даде 11та,12тана рака.
    Ни лук јал,ни лук мирисал.
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Не е така секаде. Кај мене на работа ова секогаш се плаќа. Не зборуваме за к-15, туку за 13тс плата.
    Доколку имате одработено толку прекувремени часови кои де евидентирсни како такви и платени, мора да се исплати. Не е ова ништо ново нит го измисли Грујо. Постои до години наназад.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Која година оваа одредба влезе во сила? Кога е изгласено ова? Или онака, само простор за неоснован хејт?
     
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство,ако?
    Дај боже да сме единствени.
    Подзапрашај меѓу познаници,кој земал и на кој не ги вратил.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Јас едно прашав, она друго ми пишува? Убаво си прашав дали знаеш кога е донесена одредбата. Ако не знаеш, да ти најдам?
     
  8. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Толку и бил паметот,повели.
    Ако можеш успат најди ми од кое време по апла ги известија работницитее за ова нивно право.
    Јас работам добри 15 години,но оваа година разбрав.
    Ако некого исхејтав се извинувам,не со таа намера.
    Иначе ,,она,,има корисничко име.:wasntme:
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Закон за работни односи, член 117 донесен во месец јули, 2005 година. Уште малку, па декада. А тоа што работниците не го знаат ЗРО, а им е основен закон, немам коментар. Како тогаш очекуваме познавање на колективни договор и права? Ако не бараш, не даваат. Тоа е.
    Што е сосема спротивно на твојот изказ : „Уште еден добро осмислен закон од Грујо за кој свесно го изгласува дека нема да се спроведе.“ каде јасно се гледа дека е неоснован хејт без познавање на закон на тоа кога е донесен.

    Работник потпишува договор, добива решение, врз основа на закон. Како тоа го прави без да види закон, не ми е јасно. Ко да платам без да видам фискална. Има луѓе што добиваат 13та плата, има и такви што не знаат и не добиваат.
     
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Една од двете не живее во Македонија.
    Дефинитивно.
    Сепак благодарам за едниот дел од она што требаше да ми објасниш.

    Со ова ми тврдиш дека сите кои се вработени во Македонија од тогаш навка во договорот за вработување што го потпишуваат ја добиваат и оваа информација?
    Освен буџетарите,дали сме свесни дека добар процент од вработените не потпишуваат ни договор?А и да потпишуваат како дел од договорот попрво потпишуваат и однапред да не речам одказ,отколку ова да го добијат како информација?
    Немој да ми кажуваш дека сам си е виновен работникот.
    А да не заборавиме да споеменеме дека има и од оние што знаат а не добиваат.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    Јас не тврдев ништо, ти тврдеше дека Грујо донел сам закон, сам го изгасал и сам не го применувал. Јас викам дека работниците треба законот да си го знаат. Закон е, не е научна фантастика, и нема обврска да стои во договорот. 15 години работник, а да не знае како се добиива 13 плата. Чудно.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Повеќето знаат но молчат, зошто ако побараат знаат што ги следува.
    Затоа ни се потребни поактивни синдикати, да не застапуваат пред работодавците.
    Сами ништо не правиме, силата е во мнозинството.
    Кога членови од синдикатот ќе излезат со барање од мнозинството работници за исплата на тринаеста плата работодавецот е во тесно и мора да исплати.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    И што кога ќе знаев,мислиш ке добиев?
    Фала ти на не целосниот одговор.
    Моето тврдење беше исто како и твоето.
    Нит моето нит твоето немаат печат.Ама на кој како му одговара е работава.
    Наместо да се зачудиш како тоа не ја даваат 13 та плата,ти се фати за она другото.Кој знае зошто те погоди.
    Ваљда од таму доаѓа тоа што токму ти си добила.Но како и да е,искрено ми е мило.
    И барем некој да добие и подобро отколку никој.
    Ќе видиме дај боже и друѓите членови да се искажат дека добиле без да ги вратат.
     
  14. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Што бе пак ќе го мотаат народот со птичји грип?
    Туку 13 - та плата, бонус а толку мржња кон комунизмот кое го остваруваше тоа без работниците да читаат членови во закон кои еден со друг се контрадикторни. Кој учел знае, тој што знае у пракса не знае, па
    ќе ја научи цаката - каде се добиваат поени на хартија и колку убаво звучи напишаното.

    Се надевам, еве од се` срце дека ќе се почитува законот и дека работниците ќе го добијат сработеното.
    Меѓутоа кој се надева тој бара, кој бара лета од работа.... и така во недоглед. За жал...
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Убаво си пиша Цка - работниците не си го познаваат законот за работни односи. И јас погоре пишав дека оваа одредба не е од грујо, туку дека постои многу одамна и целосно те поддржувам во мислењата искажани погоре. Работниците се релативно незаинтересирани за тоа како им се исплатува платата и не го познаваат ЗРО, а незнам ни дали ги гледаат ливчињата кои треба да ги добијат за пресметката на платата. Ако е искажано прекувремено таму и доколку кумулативните прекувремени часови поминувуваат 150 на годишно ниво, нема основ ова да не се исплати. Мора да се исплати. Е сега ако по некогаш нешто ви исплаќаат за трудот, а не се смета како прекувремено ниту така е декларирано- не се квалификувате за оваа 13та плата.
    Тоа што нешто не сме знаеле, не значи дека еве сега ново е. Ова нема врска со Грујо ниту со некоја нова реформа. Исто така, нема врска со К-15. Ова е дополнителна компензација за вработените кои имале доста прекувремени часови во текот на годината.
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Со вакви постови само покажувате колку не си ги познавате своите права и одредбите од ЗРО.
     
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски

    Убаво е тоа што ги знаеш во теорија, не би било лошо вака во пракса да ги научиш.
     
    Последна измена: 25 ноември 2014
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Јас до сега каде и да сум работела ова се исплаќало. Имало и луѓе кои си ги барале правата. Значи не кажувам од теорија.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.191
    Допаѓања:
    123.783
    На мојот цимер пред 4-5 години, кога уште живеев со цимери, му ја пуштија пред НГ и частеше по 13 кебапи за сите. По тоа паметам.
    ПС. приватна фирма за прозорци местење.
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Е добро бре сега е законски за 13-та плата.
    Не беше законски 2001 кога работев во преставништво на странска компанија, а директорот сакајќи да го изрази свото задоволство од сработеното во изминатата година ни даде 13-та плата.
    Сепак сега тоа е регулирано со Закон со кој што им налага на работодавците да мора да исплатат.
    Ние како работници треба само да си ги знаеме нашите права, ама сите молчиме како п*тки под кошула и им лижеме г*з на работодавците за да не не отпуштат од работа.