1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13та плата

Дискусија во 'На работното место' започната од zeka, 23 ноември 2014.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    На маж ми му кажале од понеделник ќе им биде исплатена 13 плата,ама на враќање.
    Бедно,жално и без врска.
     
    На mal.ecka и Teodora* им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А што ако не ја врати??
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Нема да му го даде остатокот од платата.Нели дел во банка дел на рака.А и може да му каже-оди си.
     
    На mal.ecka и Daleron им се допаѓа ова.
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Еве кукла да ја пратиме да ги организира.
    Таа ќе е претставник од нивната фирма која успешно се организира.
    Оти тоа така нели лесно оди,само треба да се има интелегенција.
     
    На Nausicaa, andromedae и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Со алчни газди не можеш ништо да направиш.Еве на маж ми веќе 1 г.како му го скратија плаќањето за 8 часа работно време, сега е на 4 часа.
    Избор има, да го пријавиш и да бараш друга работа.Само што си ограничен со тоа дека имаш семејство и немаш време да се зезаш во животот.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    А анонимно нели може да пријави.
    Јас долго време се мислев пред да дадам отказ да го пријавам анонимно .Од телефонска говорница од некој друг град.Само што мојот случај е поинаков и мораше да биде јавно.
    Борете се.Секогаш има начин.Не е лесно знам.Ама па вака :(
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Пробав лани,ама бараат доказ.А кога имаш слевање на пари од рака во рака се разбира дека немаш никаков доказ.Имаше и на стрната на УЈП мислам ама пријавата бараше да се внесе матичен број.
    Се откажав.
     
    На Minnie-e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Имам впечаток дека УЈП,МВР,АВРМ,знаат се.Само немоќни се да инервенираат,оти се е поврзано со извршната власт.Кога некој ќе пријави е тогаш е друга приказна,мораат да интервенираат,ама па тој што пријавува ризикува навистина многу.
    Само конкуренција ни е спасот.Обезбеди си првин поарна работа и после пријави.
    Па ако не друго кога ке му ја олеснат сметката за 1000 евра ќе се засмисли малку дали и колку му се исплаќа незаконско работење.
    Друга опција ви се кутиите што се поставени за жалби и полаки па и пофалби во секоја државна инситуција.
    Обезбедени се со видео надзор и мене да ви кажам дека ми беше срав оти беа празни , но начекав кога имаше повеќе ливчиња и јас ја пуштив мојата жалба.
    Врти сучи тоа е единствен заклучок.дека силата е во мнозинството, само некој мора да почне па другите да го следат.
     
    На mal.ecka и galapce им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Со својата иронија само ми ја потврдуваш тезата дека никогаш нема да не биде! Место да помениш нешто ти се потсмеваш.. Ти си сигурно од оние што додека другите се бунат се ситиш и чекаш на страна да видиш - ако добијат и јас ќе добијам, ако го кркаат, јас не сум била инволвирана. Е овој вид во македонија многу го има и затоа сме таму кај што сме.

    @lunicka Не мораш да пријавуваш во УЈП, збоувам за анонимна пријава во трудова инспекција. Јас сум имала работа со нив и нема никогаш да ти кажат кој ја пратил пријавата. А ако ти се закачат, оди па откачи се од нив. Лесно се утврдува колку часови работи ако дојдат ненајавени. А овие неколку месеци хараат по фирми како луди?? Најхит неправилност им е не исплаќањето на минат труд. Сите фирми се неуредни, средуваат документација наназад, никој не ја средува тековната да одговара на фактичката состојба.

    Јас многу добро разбирам како е во Македонија и какви газди има кај нас. И така ќе биде се додека не се здружиме, додека синдикатот е партиски врзан и слично. Реалити чек имам!
    Јас сум менаџер во компанијата каде што работам и се трудам да сум што е можно пофер кон вработените. Останување на работа не оправдувам ниту барам. Респек кон приватното време на вработените мора да се има! Ако барам од некој да остане, тогаш задолжително му нудам компензација (ден слободен, исплата и сл). Мораш да ги почитуваш вработените за да те ценат тебе. Кога јас веќе барам од некој да си го жртвува слободното време за фирмата морам да имам соодветна компензација. Доколку се штеди (нели сега сите фирми штедат, најмногу на вработените) и соодветно на тоа немам што да понудам, од никого не барам да работи екстра за ништо.
    Кога сите ќутат, како да реагираат.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Затоа редовни контроли,секој месец:!:и кај сите, не само кај пријавените.
    Трудова инспекција ,УЈП,МТСП
    И онака имаме најниски даноци и плати во Европа.
    Газдите ја претераа, тоа е факт.
    Ако не се превземе нешто се враќаме децении наназад.Помислите на идните генерации, на нашите деца,внуци...За тоа ли живееме и се мачиме за и тие да му робуваат некому за без пари, да немаат слободни денови, годишни одмори...
    Тоа се права за кои работниците одамна се избориле, а сега ние дозволуваме некој алчен газда да ни ги одземе.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @kukla21
    Прпепрочитај си ги постовите за да насетиш каде започнува иронијата и исмевањето.
    Како што читам одприлика исто работиме.Јас пак вака ке речам.
    Давањето слободни денови донекаде зависи од мене,ама исплатата никако и да не се лажеме.
    Ако е толку лесно да се постигне(не велам да се кути)она што ти го кажуваш,дали можеш да ни потврдиш дека ти како менаџер на одредена група во фирма во Македонија дека безпрекорно ги исплаќате.Доколу не е така,кој треба прв да започне тоа да се исправи?Зошто до сега не е исправено?
    Доколку е,дали тоа зависеше од тебе или од самиот газда?
    Јас можам да му компензирам на работникот колку сакам,но компензација не е задоволување на неговите права.Само ублажување,а тоа е многу далеку.
    Во држава во која и каква моментално живееме,држава во која нема слободни медиуми туку медиуми кои се рекламатори на власта која се прикажува како безпрекорна,како може слобода на избор,на глас,слобода на права да има обичниот граѓанин?
    До кога ќе очекуваме да се жртвува обичниот граѓанин кога нема институции?
    Институциите реагираат не таму кај што ке пријави граганинот,туку таму каде што фирмата не успеала да си го отплати долгот на државниот буџет.
    Ако пробувам да бидам реална тоа слободно може да ти звучи како иронија и реакција на лаик.
    Абе мила,џабе има,доаѓаат пијат кае и си одат.Како да не си одат кога редовно го плаќаме данокот за државата,нив само тоа го интересира.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Точно - кај мене во фирмата се се исплатува коректно кон вработените. Сменско, ноќно, работа на празник, одмор, прекувремено, К-15.. Никој не бара пари да се вратат назад од никого...
    Јас ти кажувам едно, ти се потсмеваш - ирнонична си. Јас пак ќе кажам, свесна сум во какво ситуација се добар дел (да не речам повеќето) вработени во Македонија. Сепак, никој од нив не застанува да се избори за своите права. И сам еден ништо не прави.
    И да дојде инспекција, сите ќе се плашат да зборуваат, затоа што знаат дека другиве нема да ги поддржат. Таков народ сме, во крвта ни е тоа. Затоа и не се изненадувам за твоиве размислувања, пасивни, чекаш некој нешто да ти даде. Па и леб мораш сама да си купиш, никој не ти го дава туку така.
    А ова со долгот на фирмата - нема благе везе! Кога ќе бидеш и ќе поминеш низ тоа јас што сум поминала тогаш ќе разговараме на иста фрекфенција.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Кој данок? Оној релниот или оној шминканиот?
    Ако даноците ни беа реални во државата сега ќе бевме во Европската Унија.
    Во право си пијат кафе и си одат.Насмеани, одморени, платени...
    Но што беше тоа морална одговорност, човечко достоинство,човекови права?
    Запрашајте се само и ќе ги најдете одговорите на сите прашања.

    Од постовите добив впечаток дека и двете сте на одговорни функции во фирмата.
    И двете сте во право на свој начин.
    Од една страна има работници кои се плашат да се борат за своите права и тешко е да им се помогне од друга алчни и неразбрани работодавци од кои зависат дури и вашите работни места, од трета подмитени државни институции и сето тоа личи на еден лавиринт од кој нема излез.
    Кога еден ќе го пробие патот, на другите им е лесно да го следат.


    Се извинувам отидовме надвор од темата.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Баш забегавме надвор од тема :)
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ако сметаш дека пробувајки да ме навредиш дека ке ти олесни,нема проблем ке пробам да изгледам навредена.
    Од што чекам лебот некој да му го даде пасивно,буквално сама се издржувам од свои 18.
    Кога пробуваш веке да ме опишеш да спомнам и дека ради таа пасивност не успеав да го завршам високото образование,но без вујко владика и без пикање под мишка и во гаки на некого,пак си го вадам чесно лебот.
    Како тоа велиш се уредно се исплатува а од друга страна велиш дека пробуваш да му компензираш на работникот,контрадикторна си.
    Исто така ќе ми простиш но јас не правам ништо за работникот за да ме цени,како што си навела ти како причина ради која тоа го правиш.Тоа драга го следува работникот.Не очекувај ценење ради тоа.Тоа ти не му го даваш,некој друг наложил дека го следува.
    Да бидеме на иста фрекфенција?Мораме?Тоа нема потреба за да можеме да си дискутираме тука на темава.Незнам зошто ги мешаш тие работи овде.Зарем има потреба од вообразување?
    Со тоа вообразување нема да ме убедиш дека плакањето данок нема врска со доагањето на инспекцијата.Со години наназад единствено инспекција ни има дојдено само кога два месеци со ред немавме платено данок.Тој ден не прочешлаа секаде,ама џабе им.Газдиве утре дента платија и исто како ништо да не виделе.Е сега ако и за ова на кое сум била присутна сакаш да додадеш дека при очи слепа сум била,а ти на невидено подобро знаеш ке ти се поклонам.Тогаш навистина ќе се уверам дека јас со мојата фрекфенција и ти со твојата не сме за на темава.
    Доагаат и друг пат,ама пијат по некое кафе,виски,бадеми,лешници,скара ако не се јадени,не тапшаат по рамето дека сме добра фирма и си одат.
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    @galapce Па нормално е ако не сте платиле данок на време да ви дојдат. Не сте си исполниле граѓанска должност и за тоа има казнени одредби.
    Да ти појаснам за мојата "контрадикторност" - кај нас има опција да се бира - сакаш пари или сакаш слободен ден. По дифолт секое останување на работа не е прекувремена работа. исто така, имало периоди кога заради штедњата која ја пишав претходно прекувременото било ограничено.
    Немам потреба да се докажувам со тебе. Секое добро.
     
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Ради фрекфенцијата што ја спомна?
    Кој рече дека не е нормално да треба да се плакаат даноците?
    Да не случајно сакав да доловам а ти добро сфати дека не доаѓаат кога работникот пријавува туку само кога државниот буџет се запоставува?
    Не е спорна компензацијата,туку она што претпоставениот смета дека тој тоа го дава од драго срце за да биде ценет.
    Малку е не фрекфенционално кога едниот дискутира со пробување на превртување на зборовите,се согласувам.
    Секое добро и кај тебе,поготово за утре од се срце.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Изминатата недела добив известување , официјално, фирмата на сите вработени кои ги исполнуваат условите, ќе добијат 13та плата ,во висина на една Македонска просечна плата. -најважно нема враќање средствата во фирма.

    На 15ти Јануар. И да, уште една добра вест , Новогодишно пакетче!

    Незнам само дали ќе ми ги исплатат неисплатените часови, кои не се малку. А се надевам, во спротивно 13та плата ќе ми испадне сосем трето, останува да видиме.:bandit:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.251
    Допаѓања:
    124.676
    На 15 Јануар ќе биди пуштена??А не рекоа средината на Декември?Кај нас се молчи:?:изгледа се мислат како да не ја пуштат.
     
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.251
    Допаѓања:
    124.676
    Еве и до мене денес стигнаа вести дека ќе имаме 13 плата ама да ја вратиме (wtf)неможам да замислам какви луѓе има.