1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13 причини (13 Reasons Why) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 6 април 2017.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Хана, млада девојка која си го одзема сопствениот живот. Две недели по нејзината трагична смрт, соученикот Клеј наоѓа мистериозна кутија на неговиот трем. Во внатрешноста на кутијата се снимки направени од страна на Хана во која таа објаснува 13 причини зошто таа одбрала да изврши самоубиство. Ако Клеј одлучи да ги слуша снимките, тој ќе дознаете дали и како тој се наоѓа на листата.

    Една сезона со 13 епизоди серија на Нетфликс.

    [​IMG]
    Приметив многу членки ја препорачаа , па решив да се отвори тема за дискусија.
     
    На LittlePinky, Flower27, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  2. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Оваа е некоја најнова серија?
     
  3. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Да. Но бидејќи е под Нетфликс, целата сезона ја има на нет уште првиот ден кога испадна.
    Една од подобрите серии што сум ги гледала во последно време, ама разработува тешка и болна тематика. :nod:
     
    На shooter.0801 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    лугее јас ја изгледав цела серија но сакам и книгата да ја прочитам,дали знаете дали ја има на мк јазик ?
     
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав цела во еден ден. Преубава серија и малце тешка ми беше за гледање. Ми удри на психа, два дена ја мислев откако ја завршив. Се надевам дека ќе има и втора сезона, бидејќи останаа многу прашања неодговорени. :?:
     
    На Ketchup и Flower27 им се допаѓа ова.
  6. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    На која страница ја гледате, може линк?
     
  7. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Онлајн страни не знам, ама ја има цела на Popcorn Time, или преку торент симни си ја од rarbg.to или thepiratebay.org

    Да не сум off topic - ја изгледав за два-три дена. Многу тешка тематика. Ја разбирам пораката, но не сум сигурна дека е ова најдобриот начин за нејзино пренесување. Крајно експлицитна, и длабоко потресувачка, секоја епизода би требало да е пропратена со сериозен trigger warning. Не би ја препорачала секому, токму поради фактот што е толку графички, грубо и реално изнесена. А сепак, секој би требало да ја погледне. Мислам дека нема човек кого не би го замислила.
     
    На LittlePinky, theowndemon и 1209 им се допаѓа ова.
  8. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Многу добра серија. Прилично е малечка со оглед на тоа што има само една сезона,па брзо се гледа. На моменти ме фрлаше во депресија серијава,многу реална и сурова на моменти. Сепак не е за сите со оглед на тоа што на моменти знае да биде и вознемирувача, но носи добра порака до сите.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    До 6та епизода сум. Засега можам да кажам дека има многу непотребни сцени, приказната ми е некако разводенета. Книгата е далеку подобра
    , Клеј ги слуша касетите во една ноќ и некако имаше поголем импакт.
    Ме нервираат сите споредни приказни. Ликовите не се опишани во книгата до детали, се изненадив од некои, ама Хана и Клеј ми се полн погодок.
    Ќе ја догледам зашто ја почнав, ама со мрчење.
     
    На gorde1, Ketchup, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав, до 3та епизода сум. Засега ми е интересна и води кон многу размислување:?:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    И дадов шанса на серијата затоа што некако многу наеднаш се експонира, па ајде си велам зошто да не. Мислам дека има многу непотребни детали и сцени, ми доаѓа како многу да е развлечена. Исто има и некои работи што не се поврзуваат. Позитивно е тоа што те тера да размислиш дека всушност тие мали секојдневни работи се најголем фактор во обид за нечие одземање на животот. Како и да е, серијата и нема баш некоја тешка тематика, но потребна е стабилна психа за гледање без overthinking после тоа.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Ајде малку поопширно мислење да напишам сега откако ја догледав. Ќе го ставам во спојлер, има и од книгата спојлери и од серијата за крајот.

    Стојам на мислењето дека книгата е подобра. Во книгата нема ништо од ова во серијата, од гледна точка на Хана и Клеј е раскажана и толку. Нема родители, тужба, Клеј не се соочува со никого. Ја има Хана многу повеќе.
    Клеј и Хана не се пријатели, средбите прикажани на прсти се бројат. Да, се смуваа на забавата, ама тоа беше тоа, немаше љубов како во серијата. Што мене ми беше поокеј. Зашто вака Хана можеше да биде со Клеј, сама одбра да не биде. Сама избега од него и го оттурна.
    Сепак, плачев на делот во серијата кога Клеј раскажуваше како се самоуби. Ужасно беше, трагично, млада, преубава девојка со иднината пред неа да се реши на таков чекор. Ги видовме причините, едно нешто да беше поразлично можеби друг ќе беше исходот. Ама зошто не беше малку само посилна, поистрајна? Зошто му се предаде на Брајс, зошто уште толку се втурна во бездната...? Многу ми е жал, премногу, и книгата кога ја прочитав ја мислев, не сакам вака на ќерка ми никогаш да и биде, не знам, цело време се замислував на местото на мајка и, го чуваш од трошка и до ова да дојде...

    За крајот воопшто не ми се допадна во серијата, што со тужбата, што кога родителите ќе ги слушнат лентите?
    Во книгата Клеј ги испрати касетите и ја виде Скај, која не беше како во серијата, туку исто покажуваше знаци дека сака да се самоубие и Клеј викна по неа, сакајќи да и помогне. Толку беше.
    Сосема соодветно. :)
     
    На Ketchup, sweet-cherry, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    А спрема кои книги се? @RainBow
    Јас вечерва ја почнав серијата, само што ја завршив четврта епизода. Можам да кажам дека да, ме тера да размислувам повеќе од што треба додека ја гледам, ама не ми ги буди оние ептен длабоки чувства како што ми се случувало со други серии ама тоа е можеби зошто потешко ми е врзувањето со ликовите. На моменти е бавна серијата, тоа е секогаш голем минус, ама сепак, до сега, е одлична. Премногу ми се допаѓа и мислам дека овие четири епизоди до сега ги проголтав, па ќе одам да го терам максимумот вечерва.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ja izgledav skoro serijata i za mene ne e nesto posebna. Pocetokot e mnogu spor i malce dosaden. Golem del od nastanite mi se preoveliceni, likovite ne se dlaboko obraboteni...
    Klasicna teenage drama.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Една книга е со истиот наслов од Jay Asher. Издадена е пред десет години ми се чини, но доста популарна. Луѓето или ептен се поврзуваат или ја сметаат за лоша зашто причините не биле доволни.

    Бавна е серијата ептен, ама нормално зашто нема материјал, касетите се 2,5 саати, серијата е 13 саати. Премногу време за пополнување.

    Инаку, читав колумна сега дека погрешна порака се испраќа со серијата, дека ако додека си жив никој не те слуша, кога ќе умреш (се самоубиеш) сите ќе те слушнат гласно и јасно. Што мислите за тоа?

    Според мене има многу пораки во серијава (и книгата) оваа е можеби една од нив, но зависи како самите гледаме на работите.
    За мене главно беше тоа што не внимаваме како се однесуваме со другите, особено во тие тинејџерски денови, а ете, можеби кај некој фалело капка. Ама дали сме сепак виновни, како Хана што ги обвинува другите? Или на крајот е виновен само оној што ја донел таа одлука?
     
    На Ketchup, boo3 и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Според мене серијата носи порака дека треба да внимаваме на тоа како се однесуваме со другите за да не дојде до вакви последици - многу спротивно од тоа дека сите те сакаат откако веќе нема да бидеш дел од овој свет. Но како што кажав, видување од моја страна и тоа како јас ја перципирав серијата. Од друга страна самоубиството на Хана ми е кукавички чин, а и тоа што подоцна ги обвинува другите за нејзината одлука.
     
    На macka5, LittlePinky и RainBow им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ја почнав сабајлево да ја гледам и сум до втора епизода. Некако многу е комплицирана, а и ептен споро се одвива, мислам дека 10 епизоди изгледав, а само 2 се. Брзо ќе ја изгледам цела, па ќе кажам целосно мислење. Ама не е толку посебна ко шо ја фалеа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Аха не сум знаела, можеби ќе ја прочитам кога ќе завршам со таа сега што ја читам. @RainBow
    Инаку мислам дека пораката е нешто повеќе како за bullying, и лошите ефекти кои можи да ги има врз една личност. На еден начин сите во средно сме се соочиле барем со дел од тие оговарања и одбивања и сите сме биле тинејџери некои посилни и некои послаби од други. Обележи оти е благ спојлер -> И мене и на мои познаници некои не предале и прошириле грешни гласини и не нарекле курви и не оговарале за време на час дур не гледат в очи, и не само мене и мои познаници и туку на скоро сите во одреден момент им се случувало ова, сакам да кажам и не е толку трагично колку што изгледа во серијата, но пак ќе речам некои деца едноставно се лоши и некои деца се едноставно послаби од други, во смисла ете подлегнуваат на кажаното. Не велам дека оправдувам малтретирање на училиштето, ама цел живот е некој вид на малтретирање, па ова е како некој пробен тест или барем лекција. Сепак пораката ја гледам од аспект дека некогаш несвесно ги повредуваме тие околу нас, дека некогаш свесно, а некогаш да се заштитиме себеси и дека во глобала повредувањето на другите е лошо безразлика со која цел е, со што се согласувам, не треба да ги повредуваме тие околу нас зошто некои ете, можат да завршат вака.

    Кога го прочитав ова ко станав, ми беше баш онака - вистина, да така некако е. Сега кога размислив подобро и не баш. Мислам дека повеќето слушаат зошто се чувстваат виновни и дека ова се со „продолжи го кругот оти нешто лошо ќе се случи“ е повеќе од страв, кој е објаснат на првата касета. Ама и до некаде ова е вистина, ако си бил безгласна буква или предмет на исмевање, на пример во училиште, после сите ќе бидат тажни. Да, трагично е, но и е логично да бараат вина во себе и да бидат тажни поради тоа.
    Ова накратко за пораката како ја толкувам према мене.
    Во глобала за серијата ми се допаѓа тематиката која ја обработува ама е ужасно бавна. Можеа во пол сат да ги прават, во најмала рака. Вака еден сат гледам и постојано едно исто се обработува ама е поинтересна од други серии кои сум ги гледала периодов.

    Можам да кажам дека ова ми е најголем проблем. Ако ликовите не се добро обработени неможам да се приврзам за нив и од таму често ми здосадува дури гледам. Ме интересира што понатаму, ама онака гледам безволно.

    Се согласувам со делот каде ги обвинува сите за нејзината одлука, до некаде го сфаќам, до некаде не. Да, прави да се чувствуваат виновно останатите, но во исто време има можност да им го уништи животот. Безразлика дали тие снимки излегуваат јавно или не, можиме да видиме дека сите се нервираат поради тоа, тажни се, загрижени, депресивни и анксиозни. Ова можи да доведи до следно самоубиство, а не само чувстување виновно поради тоа што се случило. На еден начин, снимките сами по себе се „ти вратив за тоа што ми правеше“, насилство на еден начин. Првиот дел неќам да го коментирам зошто е многу сензитивен и деликатен.



    Еве стигнав до 7ма епизода вчера вечер, денес малку да поработам на факултетот па планирам пак да продолжам со гледање.
     
    На Ketchup, RainBow и boo3 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. И тоа она што го направи, таа нејзина одлука да ги остави касетите може да уништи нечиј живот. Исто како што они го уништија нејзиниот.
    Некои имаа направено страшни работи, некои не толку. Џесика не направи ништо посебно, недоразбирања, дали е виновна само зашто поверува на гласините? Па не се ни знаеја толку добро на крајот на краиштата. Или детето што ја објави поемата. Да, направи прекршок, ја издаде нејзината доверба, ама дали е во суштина толку лошо дете?
    Секоја причина да се земе да се разгледа посебно можеби изгледа недоволно, ама сепак, кога е се собере се и може до некаде да се разбере. Не сме сите силни, има многу емотивни личности што не знаат да се справат со вакви работи. Тоа е тоа.
    Инаку, тоа дека кога ќе умреш не се однесуваше дека ете, сите ќе ја сакаат, туку дека сега ќе ја слушнат и нема да ја игнорираат.
    Актеркава Хана што ја глумеше преубава девојка, ептен ми беше погодена за улогата.
    Читам и втора сезона може ќе имало.
     
    На Lella, Ketchup, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Луѓе ја има книгава кај нас за да се купи?