1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13 причини (13 Reasons Why) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 6 април 2017.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Тој што е суицидален нека не ја гледа серијата затоа што е многу предизвикувачка. Не гледам некоја поента,баш напротив прави самоубиството да изгледа полесно, затоа што тие што се суицидални неможе нешто вакво да им го смени мислењето. А и да не беа касетите, на никој немаше гајле да му биде, повеќе се притресуваа дали ќе ги издаде Клеј или не.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Морам да не се согласам со болдираното.
    Јас ако мој познаник се самоубие прво што ќе направам е да размислам дали јас му згрешив и ќе се осеќам лошо, можеби само една недела ќе се чувстувам благо лошо и толку. Тие што ја познаваа како што се имаат дружено или биле блиски пријатели - ќе се чувстуваат полошо и подолго време.
    Снимките само вршеа насилие врз луѓето на снимките - слично па и полошо од тоа што ѝ правеа неа, што на крај доведува и други да постапат како неа, што не е добро. Во врска со снимките да, се чувстуваа најлошо поради Клеј, но не значи дека без снимките дека немаше да чувстуваат вина и да се чувстуваат лошо.
     
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Да не се самоубиеше Хана, на никој немаше да му биде гајле низ што и како поминува. Со самото тоа што се самоуби, па и касетите, направи да се чувствуваат лошо исто ко и она што се чувствуваше. Кога ќе видиш, она беше наивна и не се наметнуваше на никој, сите одеа кај неа, ќе направеа некоја глупост и на крај она крива.
    Единствено до сега кај што не беше во право, беше кога го исмеја Тајлер затоа што он сакаше да се дружи со неа. Затоа и он постапи така објавувајќи ја сликата од неа и Кортни.
    Другиве, горе - долу си заслужија.
    Уште четири епизоди ми останаа на мене.
     
    На joy1, the.vampire.girl и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Јас зборував ако се убие и да немаше касети. А за доколку би била жива некои ќе почувствуваа, зошто не си завршен ќе ставам во спојлер види кога ќе завршиш.
    Можеше да кажи за Брајс дека ја силоваше Џесика. Оти не кажа? Се што неа ѝ направија не се споредува со тоа што преќути за Џесика. Да, после и неа исто ѝ се случи ама ако оној советникот не слушаше не требаше да ќути туку да оди во полиција. Требаше да кажи и за знакот на некој. Знам дека пријави и беше прекасно ама со тоа што преќути никој не ја обвини Шери туку Џеф. Па срце дете умре ради тоа. Од после ништо не се менува и таа грешеше колку и другите и зошто избра поинаков пат не е лишена од одговорност.
    Доколку би била жива, на пример Кортни ќе се осеќаше лошо. Алекс. Рајан. Зек. Има добри меѓу овие кои и откако направија нешто уште во снимките се гледаше дека се каат во тоа време после се што се случи, а не само откако ги добија снимките. После снимките се чувствуваа загрозено. Со снимките само двојно полошо "им врати", на сите.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    10.448
    Пол:
    Женски
    Ja изгледав серијава, добра порака има ама генерално, не ми се допадна од една главна причина, што наговестува дека на лицата што им се случува нешто слично, немаат друг избор освен да си го одземат животот.
     
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Завршив.
    Како најнегативен лик од целава серија, би ја издвоил Кортни. Од сите највеќе она ме нервираше. Девојкава до крај се водеше дека Хана лажела, ко Бог знае што да кажала за неа. Другиве дечки беа каде - каде во поголем хаос со излегувањето во јавност на касетите, па се помирија со тоа. Највеќе жал ми беше за Џастин и Џесика. Џесика мислам дека се сети за тоа дека Брајс ја силуваше, па затоа и флертуваше со него пред Џастин, само колку да ја каже вистината. Џастин донекаде можам да го сфатам со тоа што не го спречи силувањето на Џесика. Брајс му беше буквално фамилија. Сè беше во еден момент. Во такви ситуации не знаеш што да одбереш. Дали да бидеш со или против некој што ти помогнал доста во животот, иако си свесен што е во ред, а што не. Не знам како да ја опишам, ама ептен зезната ситуација. За разлика од Џастин, Хана воошто не можам да ја разберам, можеше да го спречи силувањето и со тоа можеше да си го промени цел тој живот што не ѝ се свиѓаше, мислам дека таа самата уште толку си го зезна. На некои моменти ми беше многу жал за неа, ама на некои навистина таа сама си се уништуваше. Ако ништо друго, имаше родители кои ја сакаа и беше ептен себично од нејзина страна тоа што им го направи. Кога ги изгуби парите, скоро воопшто и да не ѝ викаа.
    Алекс мислам дека и без ова со Хана не си го сакаше баш животот. Ако не забележавте, цело време мораше да се води по тоа како што ќе каже татко му, а не како што тој сака, па затоа и на крај се одлучи на таков чекор. Доколку има втора сезона, мислам дека ќе забегаат од главната тематика, т. е. Хана. Најверојатно би се работело за Алекс, Тајлер, Брајс и судењето.
     
    На sparklie, Mishela, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека Хана е премногу себична и желна за внимание. Воопшто не ја оправдувам за буквално ништо што направи почнувајки од доаѓањето во градот па се до нејзиното самоубиство. Сѐ што ѝ се случи можеше да превенира, но очигледно самата бараше драма во животот. Едноставно бараше причина да биде мизерна и во најмалите работи, па и во луѓе кои се трудеа да ѝ помогнат таа бараше лошо. Буквално бара "влакно во јајцето", бара маана во се. Покрај тоа, не само што самата си го уништува животот, му го уништи и на сите околу неа, како прво родителите, како второ Клеј и Тони кои и покрај тоа што и самата признава дека ништо не згрешија мораа да ги ислушаат тие касети и да доживеат таков ментален стрес и тортура. Со нејзината смрт и касети не го одзеде само сопственост живот туку и животот на сите кои ја знаат, било се обиделе да се самоубијат, било фактот дека треба да го живеат животот со тие касети врежани во нивната меморија. Ја почнав и книгата која сега засега до каде што сум е прилично различна од серијата и ја читам со мака бидејќи Хана ми е толку одбивен лик, толку егоистична, драматична, преовеличува сѐ што не можам да ја поднесам.
     
    На Sky-butterfly и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    38.300
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав серијата, претежно ја изгледав до крај оти ликот на Клеј ми беше многу убаво оформен и ме интересираше што толку страшно направиле децата за да завршат на касети.
    Поучна е да од аспект што родителите мора малку повеќе да имаат увид во однесувањето на децата, да не ги разгалуваат и да ги учат на манири и култура. Исто од аспект младите да сфатат дека сето ова што се случуваше не е причина да посегнеш по својот живот.

    Хана е себично суштество, патеше за внимание и имаше зацртано во глават дека е жртва. Мазохист си беше по природа јас мислам. Реално имаше толку совршен живот, работа, родители кои ја сакаа, дечко кој беше затрескан во неа, пријатели може немаше ама поради нејзина вина според мене. Секако не знаеме како реално едно лице се чувствува во такви моменти ама знаме дека сите како тинејџери сме имале дешавки за кои сме мислеле дека ни се крај на свет, ама сме пораснале и сме сфатиле дека биле глупави.
    Некои од децата реално не заслужија да се најдат на касетата, поточно никој не залужи да се најде освен Брајс. Работите кои и ги направија не дека не беа лоши и злобни, ама далеку беа такви за се одлучиш на самоубиство.
    Џастин ми беше одличен лик и многу трагичен, реално тој повеќе имаше причини за самоубиство отколку Хана. Ептен ми беше тешко за него. Да направи глупост, пушти некоја слика која побогу не беше толку многу трагична, ама и реално кое машко на тие години не прави такви глупости.

    Хана ако веќе е толку повредена требаше да најде начин да им врати ако веќе запнала, а не вака. А силувањето на крај на некој начин мислам дека потсвесно очекуваше дека ќе се случи и пак отиде. Мазохист велам јас.

    Клеј ми беше ептен симпатичен. Зрел, мирен и паметен. Можам да замислам како се чувствувал после секоја ислушана лента знааејќи дека не правел ништо за да и помогне на Хана да не се чувствува како што се чувствувала. Иако реално таа не му дозволуваше.

    Како и да е у глобала од секој американски филм и серија заклучувам дека американските тинејџери се многу глупави и дивјаци, кај нас не се понашаат вака, барем голем дел.
     
    На sparklie, Mishela, joy1 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Почнав да гледам ама после 4 епизода ми стана стварно досадна ама сепак продолжив само да ја видам причината зошто се самоубила.
    Бројчето над мене кажала се што сакав да мислам па да не се повторуваме.
    Само ако се убиваа за ова луѓе како што направи Хана светот ќе беше празно место.Сите сме поминале барем еден дел од нејзиниот живот,некој дури и повеќе.
    Не мислам дека тие што се самоубиваат се слаби луѓе,треба и за тоа храброст ама дека се глупи,глупи се.
     
    На Flower27, 1209, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Ја завршив и книгата и сега можам слободно да кажам дека Хана е стварно себично суштество. Во книгата иако има многу разлики со серијата, касетите се подобро објаснати, подобро е кога сите настани ги кажува Хана отколку да ги гледаме и да си претставиме наша слика за случките него да ја видеме нејзината.
    Хана е самоубиствена после нај минималните случки, а единственото нешто што ја оправдував до минимален степен, Брајс, не се случува баш како што е опишано.
    Во книгата, за разлика од филмот, се се случува во куќата на Кортни, и таму се сами Кортни и Брајс.Досега што сум зборувала со луѓе кои ја гледаат сум слушнала многу причини кои ја оправдуваат Хана што влезе во џакузито на Брајс (во серијата) е тоа што внатре имало луѓе на кои до некаде му верувала. И покрај тоа што сметам дека пак не беше во право што влегува по веш во џакузито на дечко кој ја силовал нејзинаа другарка, и сите на кои им „верувала“ им направи касета дека и тие и згрешиле, ај до некој степен ке речиме дека има изговор, но во случајот во книгата таму се само Кортни и Брајс и ја викаат и таа оди без ниту момент да размисли. Оди, се слекува и влегува во џакузито знаејќи ги сите ризици и во касетите му кажува на брајс дека таа всушност го користела како уште една причина да се самоубие, таа кога влегува во тоа џакузи е свесна што ке се случи и е решена да се самоубие, само бара што повеке причини. Кога Брајс почнува да ја допира и да прави други работи (да не користам вулгарности) таа не вели ништо, едноставно го остава да прави што сака.
    Сум се соочила со личност на која ме потсеќа Хана во животот, но фала богу не се самоуби бидејќи и дојде умот и свати, после години дружба конечно ме послуша да размисли и свати дека тоа што го прави е стварно моронско, дека причините за нејзината депресија се всушност сеојдневни случки и себеси само си го комполицира животот. Збрубајќи како човек кој се има соочено со некој сличен како Хана, таа да не ја преминеше линијата да се самоубие по некоја година ќе сватеше и ќе се каеше за тоа што го мислела.
     
  11. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Серијата е поучна за оние кои што не бројат до десет пред да кажат некој лош збор, кои што мислат дека ако некој не ги искажува своите проблеми,нема проблеми и кои што не размислуваат како нивното понашање ќе влијае врз некој. А тоа дека серијата ќе предомисли некој да не се убие, нема шанси, напротив прави убиството да изгледа лесно и како што кажа една феминка да изгледа како депресивните лица да немаат друг избор освен да си одземат животот.
    Јас не мислам дека Хана е себично суштество, туку како и секој средношколец во денешно време, сакаше да има добар круг на пријатели и дечко и да живее нормален средношколски безгрижен живот. Наместо тоа таа доби секојдневно ругање, навредување од цело школо, па и од луѓе кои што ги сметала за најблиски. Тоа мислам дека е пеколно посебно за еден средношколец, да бидеш тормозен секојдневно и да те мислат за нешто што не си. Хана сакаше само да им докаже на луѓето дека не е таква каква што ја мислат другите поради сликата и озборувањата кои што ги пушти Џастин. И веќе кога сите ја мислеа за некоја што не е, повеќето ја користеа како жртвено јагне за да си ги скријат своите тајни.

    Мене уште ми е жал за Џеф и неможам да се помирам со неговата смрт.;(;(;(
    Клеј, можеше да направи повеќе, како на пример да и помогне кога виде дека си има проблеми ама глуп си беше малку и за тоа не го сакам многу.
    Не знам зашто скоро сите зборат за тоа како на другиве им беше жал што Хана умрела, не, не им беше ни малку жал, освен на Клеј и на Тони, другите сите сакаа да си го спасат газот и касетите да не излезат на виделина и секое нивно состанување беше за тоа дали Клеј ќе ги предаде касетите на друго место, а не спомнаа ништо за тоа што и правеа на Хана, а и пола од нив викаа дека Хана лаже на снимките.
     
  12. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство зборувам кога ќе речам да, средношколски живот е тежок кога си константно малтретиран на многу начини, но не е причина за самоубиство. Хана беше личност која сака драма, сака проблеми, сака луѓето да ја жалат или едноставно бара внимание. А Клеј по тоа како е опишан јас мислам дека има вид на тешкотии при интеракција со други, неможе да комуницира добро со луѓето, се плаши и е параноичен за се што вели и прави, паничи во близина на Хана и многу се мачи да го скрие тоа... такада не, не можеше да направи повеќе, Хана го туркаше подалеку од неа и тој ја послуша плашејќи се од понижување. За некои делови стварно неможам да објаснам како се чувствувала
    како силувањето на другарка и
    Но за исмејување и ширење разни муабети, повеќето тинејџери сме го поминале, некои повеќе од други, но сепак сите сме живи.
    а со сообраќајката, можеше да застани таму и да почека друга кола, можеше да ја излаже другарка ѝ, да ѝ речи дека сака да звони кај некој пријател или било што.
    Сепак Хана беше во состојба да спречи и превенира сѐ што ѝ се случи, таа самата одлучи да не реагира.
     
    На 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам со тоа дека Хана преувеличувала и дека немала причина, или дека тие 13 причини не се нешто ау бау...
    Точно е дека средношколски глупости како ширење слики и објавување поема не се доволна причина за самоубиство, ама се за депресија, а депресијата има огромен удел во самоубиствените мисли.
    Иако ликот на Хана е тешко да се претстави бидејќи, ете, изгледа како drama queen и attention whore, јас ја оправдувам и стојам зад тоа дека некој што си го одзел животот не би го направил тоа за да привлече внимание (каде е ќарот?).

    Не велам дека самоубиството е решение, никогаш, ама причините се оправдани. Иако изгледа дека Хана постојано беше пасивна и самата се вовлекуваше во сè поголема бездна, не е така од нејзина гледна точка, а таа е најважна во ваков случај. Апсолустно се неважни во случајов нејзините родители, и децата во школо, и педагогот... Единствена лоша одлука ѝ беше што не побара помош кога сфати дека има такви мисли, а требаше. Треба, бидејќи другите не можеа да знаат низ што поминува, кога се смешка во ходници, оди на забави и сл.

    Што се однесува до касетите, едно долго старомодно писмо можеше да заврши работа, ама нели касетите се подраматични, а видовме дека Хана знае да биде драматична (со причина!). Мислам дека не го мислеше тоа како префрлање вина, туку повеќе како одговор на сите тие дрдорења како во почетокот: "Oh my God, such a shame, she was so beautiful, I wonder why..." Таа со месеци беше во депресија и не беше вистинската верзија од себе, и таа новата верзија сакаше да им покаже барем за тие неколку недели како е да бидеш во нејзина кожа, да ги претрпуваш сите тие притисоци...
    Да не спомнуваме што ја силуваа и што доби одговор од педагогот да продожи понатаму. (wtf)

    Дури и во верзијата во книгата (не сум ја читала, од овде што читав ми е ова), каде Хана е на некој начин мазохист и само стои и чека да ѝ се трупаат причините за на крај да си го одземе животот ја оправдувам, бидејќи се работи за личност во длабока депресија која и најмалиот крив поглед го толкува како сите да се против неа. Зборот ми е, не можеме да замислиме што се одвива во нивните глави, а сигурно е нешто многу помрачно од она што можеме.
    Да, да... Хана не само што го заврши својот живот, туку со нејзиниот ги однесе и животите на еден куп други луѓе, бла бла, ама факт е дека заврши полошо од сите и мизерно е да ги споредуваме нив со тоа низ што помина таа.

    Уште еден факт е што тие навидум банални средношколски проблеми се навистина причина за самоубиства, можеби тука не толку, но во Америка да. Колку и да изгледа тоа бесмислено, животи згаснуваат и нешто мора да се преземе.
     
    Последна измена: 2 мај 2017
    На sparklie, Mishela, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Читам некој коментари и не ми се верува што читам. Ќе го ставам целово мислење во спојлер за да не уништувам моменти.

    Хана имаше депресија, и тоа тешка. Суицидност е дел од депресијата. Она тоа не го направи за да привлече внимание туку тоа го гледаше како излез, што е common кај луѓе кои се болни од депресија. Прво јас не сфаќам како дел од вас не сфаќаат дека депресијата е тешка болест, и може животот да ти биде и најсовршен и пак да сакате да умрете? Па поголем дел од случаевите со депресија имаат прилично добар живот, па пак се болни. Депресија е болест, каде се јавува хормонски дисбаланс и е намалено нивото на серотонин во мозокот. Хана не размислува свесно и подеднакво исто како и личност со нормално ниво на серотонин. Нејзе и мал лош ден може да и предизвика страшно голема реакција. И не е себично суштество побогу.

    Има еден quote и баш го кажува тоа што го мислам Ментална болест- честа како и настинката, но сериозна како ракот. Ако не се лекува на време, последиците може да бидат смртни.

    Е сега дека серијата е предизвикувачка, можеби за личности до 15 години, ама за постари лица напротив мислам дека може да се освестат и да видат кои се последиците од тоа. И јас се борам со депресијата, и јас сум била суицидална, и во никој случај не ми беше серијава предизвикувачка. Јас имам доживеано доста тешки работи во животот, и не сум се осмелила да си го одземам животот, ама ја разбирам и Хана.

    Од друга страна како студент по психологија, советникот крајно го осудувам. Ние личните проблеми не смееме да ги донесеме на работното место, без разлика што ни се случува. Тој имаше должност да се грижи за нејзе, и чим слушна такво нешто тој требаше да превземе мерки! Да, право на приватност има, ама во некои случаеви каде што случајот е ризичен, како што беше Хана(и да, и лаик можеше да види дека не е во ред девојчето) веднаш се превземаат заштитни мерки, се контактираат родители, па макар и да лажен сигнал. Сепак се работи за нечиј живот, а ние психолозите/советниците/итн сме должни да превземеме нешто од моментот кога на нас ни се обраќа некој.

    Мене Клеј како лик ми беше убедливо омилен и во книгата и во серијава. Исто и Алекс ми се допадна. Простор за втора сезона оставија да, ама не знам како би се одвивало со оглед на тоа дека веќе ги знаеме 13-те причини и поентата на серијава.

    И на крај, мислам дека е страшно важно секој родител да ја погледне серијава. Ништо не е така како што изгледа.
     
    Последна измена: 2 мај 2017
    На sparklie, Mishela, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Мене во книгата ми имаше повеќе смисла некако. Таму не беа прикажани родителите, што може да значи дека не била нешто блиска со нив да им се довери, не може да знаеме дали би помогнале, едноставно не се во сликата. Како се собираа работите некако на крајот беше многу поцврст случајот. Тајлер во серијава како мирно дете беше прикажан, ама не беше таков, тоа што го правеше воопшто не беше во ред. Кортни беше манипулаторка прва класа, ја искористи само, само зашто сакаше сите да ја сакаат, многу површно суштество.

    Ми се допадна и како на почеток на поглавјето кога ја читаш причината си викаш, е добро де, голема работа, те фатил за задник, или голема работа, се нашла на некоја смешна листа, ама кога Хана ќе даде свое објаснување и видување на ситуацијата и самиот читател поинаку почнува да гледа на работите.
    Кои сме ние да ги распуштиме нејзините чувства како неважни? Ако ние не можеме да разбереме не значи дека она нема право така да се чувствува или е смешно и банално.
    Сите тие ситници една по една се наталожија и натежнаа и дојде до што дојде.
    Мојот впечаток кога ја читав книгата беше таков, не беше поматен со сите други позадини додадени на ликовите.
     
    На Mishela, 1209, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Jas serijava ne sum ja gledala, ama slusnav na radio deka ke se obrabotuva kako kniga za obrabotka/film za obrabotka , podrzano so soveti na psihiatar koj ke doaga vo ucilistava. Toa vazi za onie od 10-12 odd, a pomalite ke treba da go gledaat vo prisustvo na roditeli.
    Se veli deka ima golema pouka i malte ne moralno e site mladi da go izgledaat. :^)

    Go prasav detevo i veli "jas go izgledav".
    Nie sme polnoletni.(waiting)

    Bas me interesira sto e toa.
    Prva prilika ke go izgledam.
     
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Зошто мислите дека Хана болуваше од депресија и тоа тешка?
    И што значи тоа тешка депресија?
    Ако ги гледаме симтомите како симптоми сите ќе се пронајдеме, барем во некој период во животот.
    Освен што беше меланхолична личност таа јадеше, пиеше, се смееше, живееше нормално како сите други.
    Меланхолија и е дел од карактерот, јас сум меланхолична по природа.

    Него сега се самоубила па може да и доделиме дијагнозата дека боледувала од тешка депресија.

    Како помлада, можеби на нејзината возраст или постара малку, и јас имав суицидални мисли, некогаш поретко, некогаш почесто. И сега кога се навратам наназад, тие мислите секогаш се во суштина привлекување внимание на себе, очаен крик некој да те слушне и примети, мислите попут: е нека видат што имале, а изгубиле...
    Во најголем број на случаеви самоубиството е всушност привлекување внимание, а во случајот Хана оди и чекор понатаму - ги остава касетите!

    Освен со особи со тешки психички проблеми, со шизофренија на пример, самоубиството да се гледа како излез од мрачен живот и кога особата веќе не може разумно да согледува на работите околу неа.
    Во секој друг случај е во суштина привлекување внимание.

    И ок. Јас разбирам дека сите ние имаме потреби кои бараат да бидат исполнети, тргнувајќи од физичките, ментални, ама најбитното емотивниот танк на особата да биде исполнет, посебно во осетливите години какви се тие. Ама, Хана не беше запоставена.

    Секој еден од нас во животот се соочува со период на неисполнетост и би кажала дека емотивната исполнетост игра најголема улога. Се е полесно во животот кога имаш поддршка, љубов, и тоа не од другарките и дечковци, туку од најблиското семејство кое не може да се мери со ништо друго. Затоа што семејството е столб, емотивната заштитеност и сигурност треба да имаш првин во семејството, ако ја немаш тогаш обично ја бараш на други места и често се разочаруваш, грешиш и повредуваш.
    Хана имаше семејството.

    Претпоставувам дека серијата, како што беше кажано погоре нешто слично, е слика на денешните Американци, и кај нив одење во такви крајности е и оправдано само да се пренесе некоја порака, премногу драма, животот циркус, сите сакаат да кажаат, да бидат слушнати, да имаат права, да бараат правда (како во случајот со нејзините родители каде мене ми е претажно да одат докрај со тужбата), ама ете- тој свет.

    И се тоа е во ред, и треба луѓето да бидат слушнати, и треба да се борат за своите права и за правда се додека не се правени од себични мотиви, а за жал, од крајностите пука од себичноста. Веќе не е битно дали некој друг ќе настрада и колку, туку сакам да ме слушнаат, да биде по мое, да одиме до крај!

    Затоа, генерално не ми се допаѓа ни пораката која ја носи серијата.
    Не ми се допаѓа тоа охрабрување на лажни херои, на крајности во кои се оди, себичноста и повреди со истата мерка се враќаат итн...
     
    На 1209 и crimson им се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Депресија, или не, јас не би се самоубил поради неколку дебили во школо. Средното школо е само еден пролазен дел во животот. Во серијава средното школо е претставено ко да цел твој живот поминува таму, ко да немаш никаков излез. Ко да не постојат други луѓе освен тие во школо што се. Во реалниот живот средното школо (бар за мене) е ништо. Одиш, ги гледаш на неколку саати професорите/децата и чао пријатно. Надвор од школо ретко да сретнам некој од него, за време на распуст ич. Они се среќаваат во кино и одма некоја драма тука. Не знам за во Америка, ама средношколскиот живот кај нас е далеку поразличен и затоа сè ова делува нереално и несфатливо.
     
    На sparklie, Mishela, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Серијата е многу добра и е препорачлива не само за нас средношколците туку и за нашите родители бидејќи понекогаш и тие презафатени со работа и се не гледаат што им се дешава на сопственото дете,онака општо зборувам во серијава родителите на Хана беа кул спрема неа,не и вршеа некои претисоци.Искрено денес многу девојчиња се нашле во ситуација каква што е била Хана.Серијата е болна и дава една многу силна порака,незнам кој како разбрал но мене ме натера да помислам малку подлабоко.Во серијава има лик кој е скоро совршен а тоа е Клеј и лик кој што подобро е да не се ни родил а тоа е Брајс.Претставени се 2различни света и два различни карактери.И ние девојчињата имаме посакувано момче налик на Брајс(да појаснам не силувач),но популарен,богат?Но после серијава дефинитивно избор би ми бил Клеј(некои би го нарекле лузер,плачко) но детево има одличен карактер и мислам дека таквите момци треба да бидат повеќебројни.Секој кој не ја гледал серијава ја препорачувам да ја гледа,ќе извлече порака на ваков или онаков начин.
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    На KejtV, theowndemon и Ketchup им се допаѓа ова.