1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13 причини (13 Reasons Why) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 6 април 2017.

  1. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    21.853
    Пол:
    Женски
    Не очекував втора сезона од серијава. Иако и првата едвај ја догледав, ќе ја гледам и втората, само очекувам настаните да се одвиваат побрзо бидејќи во првата ептен ги влечеа работите. Последната епизода ми беше најинтересна. Другите ги гледав затоа што веќе почнав и ме интересираше што ќе се случува понатаму.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Искрено, некои одговори тука... :tmi:
    Јас мислам дека некои луѓе не разбираат дека сите реагираат различно на нешта, и не може да кажете вие како некој друг се чувствува. Хана беше во тешка депресивна состојба, иако серијата не го покажа тоа на најубавиот начин. Нејзе еден мал лош детал и значи многу. Вие мислите една слика не е ништо, ама за неа е. Тоа е посрамотување пред цело училиште, таа само што дојде и веднаш сите ја мислат како некоја лесна девојка. Таа сакаше да има пријатели а сите почнаа да и се потсмеваат и да покажуваат прст на неа. Зошто не се буни, да каже дека тоа е лага и дека тоа не се случи? Епа не сме сите исти и тоа треба да се сфати. Од цела серија најмногу ме нервира сожалувањето за Џастин. :tmi: Единствена личност што повеќе ја мразам од него е Брајс. Како може некој да му е жал за него јас не разбирам. Уште од првата епизода како го замразив...
    Да, точно, тој не ја прати сликата, ама се смееше додека Брајс му го зема телефонот. Ајде, тоа ништо, ама ова другово. Како можеше само така да му дозволи на Брајс да оди во собата? Му бил како фамилија... Што, новите патики се поважни од женска му кој тој наводно многу ја сака? Знаеше што сака Брајс и што ќе прави и пак го пушти во собата. Да, проба да ја отвори еднаш и што, доволно е толку. Можеше да викне некој, да се јави на некој, сепак се наоѓаше на забава. Тој не ни се обиде. И после плачел. Епа и треба да плаче. Како може да се правда? Да, домашниот живот не му е најдобар, но тоа не му е изговор да прави што тој направи. И не му беше гајле за Хана, само сакаше да не се рашират касетите и никој да не слушне за нив. Толку беше загрижен за тоа, што предложи да го убијат Клеј само за да не каже на некој за касетите.
     
    На Victorian, Hipster и Lella им се допаѓа ова.
  3. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав серијава во еден здив,те влече да гледаш на почеток интересна е. Станува напнато на моменти,се нешто ново се случува.
    Некако многу големо значење му се даде на Клеј во серијава.Симпатичен лик,немам ништо против ама некако многу го исфорсирааа со касетите сите беа вмешани тој доби најголемо внимание.
    Причината поради која се самоуби Хана ми е многу глупава.Девојката ми беше симпатична ама полна со недоверба,едноставно сите околу неа и сметаа од толку деца таа не успеа да остане блиска со никој.
    Мислам дека беше жедна за внимание,мое мислење. И не требаше да изврши самоубиство работите можеа да се одвиваат на друг начин.
    Нее ја оправдувам постапката на Брус спрема Џесика и Хана.
    А тука е и Џастин која сакаше да ја заштити девојката на многу глупав начин. Двајцата можеа да превземат нешто Џастин и Хана.Беше сведок на силување можеше да каже на некој а исто и Џастин.
    А и не ја разбирам зошто отиде на забава кај Брус кога знаеше што направил и каков е.

    Сума сумарум добра серија.
    Ке има ли втора сезона?
     
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Не ја догледав. Ми се здосади. Не е лоша замислата за серијата, туку според мене реализацијата. На моменти претеруваат со детали и тупат во место.

    @k.frosina мислам дека да
     
    На Dream-Girl, Skorpija25, k.frosina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Серијата ја изгледав за три дена. Тупат со некои глупи детали, колку да исполнат време. Втората сезона ќе ја гледам највише за Тони. :inlove::inlove::inlove:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Леле, и јас многу го сакам Тони. Сепак најомилен лик ми е Зек :inlove:, ама и Џеф и Тони многу си ги сакам.:sun:
     
  7. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Кога ќе излезе 2 сезона? А што игра улога Селена Гомез во ова бидејќи на инстаграм гледав дека и она објавува слики со дечките од серијава
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Селена е еден од извршните продуценти на серијава.
    Втората сезона е закажана за 2018. Точен датум сè уште нема.
     
    На P.SIloveyou и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    ---
    upload_2017-6-18_16-25-7.png
    upload_2017-6-18_16-25-36.png
     
    На Victorian и P.SIloveyou им се допаѓа ова.
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    @theowndemon ме зарази брат со серијава ко панда сум сега си ги потеков очите над лаптоп останав..имам уште за гледање ама уба серија ;)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Два пати заспивав на прва епизода и денес конечно ми тргна. Еве до 3та сум, од после ручек гледам со паузи меѓу епизоди :wasntme:

    Ме заинтригираа многу настани, ептен сум збунете како Тони е вмешан и што праи он ама не читам ќе ја изгледам до крај:D

    Хана ми е ептен кјут, ама ептен. Настрана карактерно што од старт делува скроз лабилна и несигурна у себе. Немам многу оформено мислење за другите. Клеј глумец ипол само улогата му е таква како 13 прасе, се некако како најненебитен у приказнава. Ама рано ми е да зборам, се враќам на гледање.
     
  12. SweetHeart12

    SweetHeart12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Мислењето за Хана ми е неутрално. Не е во ред да се вели дека била себична и барала внимание, затоа што беше депресивна и претрпе многу. Но, повеќето од причините беа без врска. Најприфатлива ми е онаа за Брајс, и толку. Другите беа преувеличени. Клеј не ни требаше да биде во причините, и самата таа кажа, но го ставила. Зек се обиде да помогне, а таа испаничи, што е сосема во ред затоа што помина низ многу. Сепак, го ставила во причините со лажење.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Се ќе ве разберам само дека Џастин е лик за жалење, нема. Мислам сериозно, дечкото е убедливо најнегативниот лик во приказната заедно со Брајс. Џастин е себичен, патетичен слабак кој не само што не можеше да се избори за себе туку не можеше да се спротивстави на никој. Дури и Џесика го сфати тоа на крај.
    Хана без разлика на се беше осамена, делумно самата си е крива за тоа другиот дел останатите. Само за едно не е тотално во право-Клеј. Трчаше по неа од првата минута во серијата ама она порадо ќе полеташе за Џастин, Маркус дури и Брајс во една епизода. Реално Клеј е тој што треба да е лут дека она го користеше како неа и одговараше. Кортни не ми е негативен лик колку слабич. Реално никој не може да ја суди зашто веројатно и е страв да се открие пред светот, но не е тоа причина да сокриваш силувања зашто не сакаш да се дозне дека си геј. Себична и разгалена. Зак е специфична приказна. Зак има добра душа само Зак е слабич зашто потпаѓа по влијание. Прво мајка му дома после другарите. Лесно поведлив. Реално Зак не направи лошо само Зак реши да не прави ништо, тоа ја повреди Хана повеќе него да направеше. Маркус ми е целосно антипатичен, суштински најодвратното суштество. Брајс е психопат, Џастин е плачи-пичка а овој е сериозен манипулатор и олош. Се зачудив како на крај на распитот реши да признае. Фотографот и оној уредникот на списанието ми се малце непотребни ликови, неам некој став зашто ми се небитни. И за крај Алекс...дефинитивно еден од најинтересните и комплексните ликови за анализирање.
    Не знам што вистински ќе опфати втора сезона но првава според мене беше доволна. И да со едно се согласувам со вас која беше улогата на родителите во било кој од нивните животи. Се согласувам дека тужбата е тотален булшит, убаво и кажа мајка му на Клеј парите нема да ја вратат Хана, ама убаво е да се знае вистината. Ете имаа прилика да ја чујат на крајот. Повеќе од тоа само докажуваат дека се алчни.

    Мене Тони ми тотално нејасен во целава приказна. Реално ниту беа пријатели, одвај познаници. Немаше право него да го избере да и го брка работите по смртта.
    Па да типично понашање на драма квин, упорно тврдеше дека нема пријатели а никогаш не проба да им биде пријател на Клеј и Тони. Се покажа во една епизода коа и рекоа она -ју ар уан оф д кул кидс, се осети благо задоволство во нејзините очи. Хана очајно сакаше да биде Џесика али не беше и тоа за жал тоа ја доведе до депресија. А далеку од тоа дека имаше неподнослив живот. Ако ме прашате мене сама си го направи таков.

    Во средно дискутираве на часови за самобиството-дали е храброст или кукавичлук? Според мене нема прав
    или точен одговор, ама кај Хана дефинитивно беше кукавичлук. После силувањето може да речам дека да и требаше нега и советување ама за тоа имаш родители, а она ни еднаш не помисли на нив. Како ќе им биде кога она нема да биде тука.
    Потресна и прекрасна серија пред се. Те тера да се занесеш и да размислуваш за животот.
     
    Последна измена: 26 јуни 2017
    На sparklie, Mishela, IronLady и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Атлетичарката

    Атлетичарката Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Искрено Џастин во ниеден случај не го оправдувам имаше многу начини некои работи да ги смени. Но од друга страна неможам ни да го нападнам со оглед на тоа во какво семејство е израснат. Човек некогаш мора да има свое ја и да има граници. И да можеше да го спречи Брајс бидејќи знаеше што ќе направи, не не го спречи бидејќи кога Џастин немал каде да спие кога немал што да јаде секогаш Брајс му помагал не е само за патиките. Сепак некои работи не се толку едноставни и лесни за решавање.
     
  15. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    10.447
    Пол:
    Женски
  16. Атлетичарката

    Атлетичарката Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Колку само погрешно се разбираат некои работи. Серија која е направена за да се размислува, која е направена да ни каже дека ниеден проблем не е нерешлив, ниеден не е толкав голем за некој да си го одземе животот на некои им е пример како да го направат тоа. (facepalm)(facepalm)
     
  17. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Бавно развивање на приказната од сам почеток па до крај, многу непотребни детали колку само да се исполни одреден број на епизоди. Серијава ја изгледав уште пред една недела, не ми остави некој посебен впечаток реализацијата колку што ми остави првичната замисла конкретно за оваа тематика.

    Тера да размислуваш да, но можеле повеќе емоција да внесат отколку да се фокусираат на непотребни детали. Ова го мислам за сите ликови, посебно за главниот. Депресијата на Хана беше многу површно претставена и она со кое се справуваше на дневна база, можеле(и требало) повеќе длабочина да внесат во нејзиниот лик а и општо во цела серија отколку да се фокусираат на чит-чат муабетите што се повторуваа одново и одново поради кои искрено едвај ја догледав серијава.
    Серија како оваа требало да биде поткрепена и од психолошка гледна точка ако не за сите, барем за повеќето настани во неа и како тие се одразуваат на главниот лик. Затоа и така излезе на крајот, повеќето од гледачите да извадат заклучок дека всушност се работи за драма-квин која не знае што сака од животот па се самоубива за внимание?
    Многу нелогично. Какво внимание откако ке згасне нејзиното постоење?:^)

    Никој не се самоубива за внимание.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Другар ми рече дека следната сезона ќе биди на 7ми Октомври годинава, ама утрово скапав барање и неможам да ја најдам ова информација. Дали знаете нешто за ова?
     
  19. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.724
    Пол:
    Женски
    Јас што ја користам апликацијава на телефон нема објавено уште никаков датум за втора сезона.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    @macka91 му пишав да ми дај линк да видам, зошто вчера не бев во можност да го прашвам за детали. Само бев изненадена зошто толку брзо па си реков утрово да видам ама нема буквално ништо, нигде. о,о
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.