1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13 причини (13 Reasons Why) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 6 април 2017.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    ке го прашав сега истото и јас.Дали има машко од клас со кое оваа немаше нешто?:emo:
     
    На Hipster и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода од втората сезона. Не знам дали имаше потреба од друга сезона.
    И премногу ми е морничава серијава, тинејџери толку злобни, отровни, брррр....
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Само сиротиот Клеј изгледа :(
     
    На pravnicka_2604 и joy1 им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    ауу сцените со силувањата ..грозни,страшни.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ептен!
    Ама сепак лично не ми “сметаа” зашто сепак серијава е брутално искрена. Болно да не речам. Не знам до каде си стигната ама заради едно силување се крена голема прашина за да се укине серијава. Според мене тоа се случува и за тоа треба да се збори а не да се ќути.

    Јас само сакам да кажам не знам како утре ќе имам деца и ќе ги пуштам во школо (или било каде) сами. Не сакам да си праам параноја или да звучам така но да страв ме фаќа, уште од сега :(
     
    На the.vampire.girl, Hellobeautiful и joy1 им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    до 12 та епизода сум
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не очекував да го разубедат Тајлор на крајот, мислев ќе влезе и ќе им разебе мајката на сите. :D Оставија простор и за 3та сезона, сигурно ќе се бави со него повеќе.
    Од сезонава ми се допадна што се открија многу работи што не беа спомнати во касетите. Сепак касетите беа нејзината страна од вистината, бев изненадена дека Хана и Зек биле во врска. Искрено толку симпатични ми беа, далеку посимпатични од Клеј и Хана.
    Ми се допадна и моментот со тоа девојчето на кое Хана и некои нејзини другарки и вршеле булинг. Ми се допадна што не ја прикажаа како ангел во сезонава, туку како обична тинејџерка која прави грешки за да се „вклопи“ во друштвото. Бруталната вистина на средношколските другарства.
     
    На Emilija97mk, the.vampire.girl, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    ја почнав и втората сезона(1 епизода).Изгледа нешто испуштив.Зошто е преќинато судењето?И зошто Брајс е сеуште на слобода кога веќе имаат докази против него(си иде типот најнормално у школо)?Дали Џесика кажа дома на татко и што и се случило?Бидејки така заврши последната сезона кога она плачеше и велеше на татко и дека нешто се десило.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    А што ако се муваше, па и со сите да е? Заслужила курва да ја викаат? Така и требало и сама си го барала?
    Не ви ги разбирам коментариве.
     
    На smooch, theowndemon, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    далеку од тоа дека било шо заслужи.Ама самата си придонесе да и се наруши репутацијата.За друштво и мување ги одбра баш фаците у клас,демек незнаеше кој каков е.Разбирам на тие години сите сакаат мување,алкохол,флерт и бидејки она свесно влезе во сето тоа зошто подоцна изреагира драматично до степен на самоубиство?

    имаше добри родители се гледа,можеше да разговара со нив.Можеше да се тргне од друштвото на деликвенти и да се дружи со понормални ама не сакаше.

    на крај иако знаеше кој е и што направи Брајс свесно отиде кај него на забава,влезе у џакузи со истите тие кои ја за*ебаа и остана со Брајс место одма да стане и да си замине.
    Можеби требаше да вика по помош,да проба да се одбрани ама да речам дека тука стравот ја парализираше па не стори ништо.Во секој случај не е крива.За силување неможе ни една жена да биде крива.

    али дека беше невино мало девојче не не беше.Сама се пикаше мн пати каде што не треба.

    тоа е мое гледиште.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Епа затоа и патат девојчињата, од вакви мислења. Зошто да има било каква репутација? Имаат ли машките репутација, им води некој на нив сметка со колку се бакнале?
    Па уште репутацијата си ја уништила. Не треба да има такво нешто, не треба да има онаков лист со која била позгодна, не треба некое си машко да се осеќа слободно да те зџапа за задник. Никогаш.
    За втората сезона не го разбирам судењево. Како може да сведочат за Хана? Сведочат во нејзино име, кога адвокатката за школото сакаше да ја претстави како лезбејка, изврруваат ситуации, зборови, очај.
     
    На smooch, theowndemon, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    ти си знаеш.Имаш и ти ќерка.Баш ме занима дали ќе и дозволиш да измува цел клас машки или ќе ја посоветуваш да пази со кого шо праи.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ти две ќерки имаш. Ако се муваат со повеќе машки ќе одобруваш некој курви да ги нарече? Нема да ти смета?
    Зашто можеме да им збориме и воспитуваме, ама ги воспитува и улицата, друштвото и училиштето.
     
    На smooch, Lella, the.vampire.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.533
    Пол:
    Женски
    зошто го избегна моето прашање?
    Пред да ми засмета ќе работам на тоа да не дојде до тоа некој курва да ги нарече!
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Зашто мислам дека треба да работиме на тоа никој да не смее да не нарекува нас, женскиот род, курви, поради нашиот личен избор за тоа колку мувачи или понатаму партнери ќе имаме. Кратко и јасно.
    Ме изненадуваш со мислењава.
     
    На sparklie, smooch, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто воопшто потреба од коментирање на некој кој женскиот пол го нарекува курва??
    Зар мислиш дека некој " маж' за својата Мајка, Сестра, Ќерка ќе рече дека е курва??
    Не!
    Тоа го кажуваат исклучиво мажи кои неможат да задоволат некоја жена или неможат да допрат до неа па си бараат изговор...
    "Машки заклучоци"
    Курва- сите ја е..т
    Проклета Курва- сите ја е..т само јас не
    Нимфоманка- термин измислен од мажите со мали и брзи к...ња
    Фригидна- исто како и нимфоманка
    Ама јас гарантирам дека НИЕДЕН маж нема овие термини да ги користи за оние жени што носат негова крв...така да логиката си го кажува своето...
    Ако случајно забегав од темата......тоа е
     
    На orevka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега ја завршив, многу потешка ми беше за гледање и споро ми одеше. Се утепав од плачење.

    Не знам од каде да почнам со коментари хаха.

    Прво Зек и Хана. Искрено ми се допаднаа како пар, Зек испадна дека е срцка, и многу го засакав сезонава. Ама од нигде некаде испаднаа моментиве меѓу нив, скрос неочекувано. Инаку ги шипувам, дури повеќе од Хана и Клеј. Бидејќи Клеј ја идолизираше Хана.

    Од новите ликови, Сајрус ми е препресладооок :inlove:

    Џастин исто сезонава многу го засакав, се утепав од плачење кога Клеј му кажа дека сакаат да го посвојат, каков бромансе :D Ама ме изнервира пак со дрогите. Животот му дава нова шанса и пак на истото се врати.

    Мило ми е што Алекс преживеа, и исто јак бромансе со Зек :D

    Брајс... поодвратен лик немало во серија одамна, заедно со Монтгомери(зашто на толку убав тип му дале таква гадна улога:?:). Сцената со Тајлер беше толку реална, гадна, тешка за гледање, мислам дека го умртви скрос, би напраила тука паралела со сцената кога Брајс ја силуваше Хана и она умре емотивно, само што после тоа она одлучи да си го одземе животот, а Тајлер сакаше да убие други луѓе. И ми се допадна што овој пат имаше позитивен исход, успеаа да спречат уште еден трагичен настан.

    Тони и новиот дечко слатки ми се исто така :D

    И така у главно сум задоволна од сезонава, ја сакам серијава зошто обработува теми што се реални и што многу ги занемаруваме а имаат голем импакт посебно во тие оформувачки години. Можеби во нашето општество некои не се толку изразени, ама судејќи според коментарите погоре за тоа со колку типови Хана се смувала и те како ни треба оправување |(

    И ова ќе го ставам, бидејќи се вклопува говорот од Џесика и толку од мене.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sparklie, smooch, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не @RainBow не заслужи ништо од тоа што и се случи, но работите ги преставуваше многу полоши него што вистински беа. Барем за одреден дел од работите. Мене ме изнервира во еден момент што се правеше светица, а сега баш во вторава сезона сфативме дека е далеку од тоа. Имаше ликови што живее далеку полош живот од неа (Џастин) па и колку да би беше тешко не обвини никого и не се самоуби
    да се дрогираше, но барем имаше доблест и храброст да признае дека е крив и дека згрешил.

    Мене Хана ми е разгалена тинејџерка која од петни жили сакаше да биде it girl. Кога не и успеа реши да се самоубие, и да ги окриви сите за тоа.
    За компарација, и Алекс имаше обид за самоубиство ама не дека неговите одеа од човек на човек да бараат виновник.

    Нема еден виновник, сите си имаат своја инволвираност во ситуацијата, ама многу себично од мајка и татко и да бараат школото да одговара. Не може за сите проблеми да ги обвиниувап другите, прво треба да се запрашаш што ти сам имаш направено грешно. Во ситуацијава родителите имаат голем пропуст. Огромен.

    Хана и јас ја сметам за далеку од наивна пред се зашто да беше повредена толку многу од тоа што и го направи Џастин (а требаше да биде зашто испадна глупак само за да му се допадна на другар му Брајс) немаше да го праи тоа што го правела. Гордост и достонство каде? Побогу дечко и беше Џастин на најдобрата нејзина другарла. Ама неа тоа не и сметаше, очиглено, одвај дочека другарка и да си оди за да се спамџа со Џастин. А неа тоа коа и се случи- коа Џастин се спамџа со Џесика не и беше ич сеедно. И сеа кој е со двојните арчини а Реин?
    А она што напраила после тоа сеа што видовме во втора сезона
    проложила да се чата со него. Зашто? За да остане во spotlight-от

    Никој не рече дека залужула да ја викаат курва, мене не ми ги ставај тие зборови коа никаде не го напишав тоа. Само не е невина како што се преставуваше. Беше жртва на Брајс од почетокот до самиот крај. Сите му беа жртви на Брајс.

    Едини за греота во цела серија е Клеј. Што се не претрпе заради Хана. Каков товар му става со лентите за мене е крајно себично и разгалено. Као ја се убивам ама сеа ќе видиш ти Клеј. Жално. Да Клеј ја идеализираше Хана зашто самата Хана пред него се преставуваше така, пред другите поинаку. Многу поинаку. А каква е вистинската никој не може да знае.
     
    Последна измена: 1 јуни 2018
    На pravnicka_2604 и macka5 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не сум ја догледала сезоната, не отворам спојлери.
    Муабетот ми беше дека коментари како со кој не се смувала се токму дел од таа булинг култура.
    Баш Џастин убаво објасни кога му рече на Клеј, јас со колку сум спиел, па сум играч, она е ороспија. А спиеше само со Зак.
    Не е фер тоа етикетирање, не е фер зашто си носи последици. И не треба да го има. Особено не од жени за жени.
    Морам да кажам дека крајно нереална ми е сезонава.
    Со Зак имале таква врска?
    Ниту пак Зак ми е реален како лик. Се е нафрлано, без континуитет, само колку да има ете уште една сезона поради фамата.
    Џесика кога му вика на Алекс ми требаше, а ти сакаше да се самоубиеш, па они не беа ни којзнае какви пријатели тогаш, она беше со Џастин.

    Мајка и што не презема никаква вина, татко и што одма си отишол, сѐ ми е бесмислено.
    Требаше да си остане на една сезона дефинитивно.
     
    На smooch, Lella, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Почнав да ја гледам сезонава бидејќи ме интересираше приказната ама не завршив, ептен без врска ми беше целото судење, делуваше како да ја судат Хана и дали заслужила да умре или не. Општо ми немаше смисла мајката што го тужеше цело школо бидејќи учениците биле злобни и ќерка и се самоубила. И првата сезона се одвиваше бавно и имаше непотребна драма, ама ја догледав бидејќи самиот концепт беше интересен и морбиден. Вторава сезона некако непотребна ми дојде, само прочитав што се случило на интернет.
    На крајот на првата сезона ептен сугерираа дека Тајлер спрема school shooting и ми беше напнато кога шеташе со големи торби низ школото со новиот другар, ама со оглед на настаните што се случија последнава година во САД, ептен ќе беше без осет серијава ако стварно се распукаше. Кога сме кај Тајлер и неговото ново друштво, многу ми беа вештачки и одбивни со нивното ,,бунтовничко'' однесување. Како стереотипи од филм од деведесетите.
    Џастин беше жртва на семејно насилство и бездомник неколку месеци, кој откако го прибраа служеше за шеги, што исто не ми се допадна.

    И Хана се измува само со три машки(што ги избројав) и едно девојче(од сожалување). Не значи дека ако беа повеќе ќе беше оправдано оговарањето, ама од кога тоа е премногу и цело школо? Сосема нормално за девојка на нејзини години.:^) Нема причина Клеј да биде увреџен поради тоа, тој кога се зближи и смува со Хана таа веќе беше длабоко навлезена во депресијата и реално не можеше со никој да биде, нешто како Скај. Сепак жал ми е за се што помина поради касетите и толку што се поремети што почна да ја халуцинира Хана. И две сезони што беше исчукан во лицето цело време.
     
    Последна измена: 2 јуни 2018
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.