1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

13 причини (13 Reasons Why) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од black-angel, 6 април 2017.

  1. AeonFlux

    AeonFlux Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Серијава е добра и се е прикажано како што треба само последнава епизода од вторава сезона ми е најјезива до сега

    Сцената со Тајлер е многуу тешка за гледање посебно тоа со метлата фак:envy:

    Ја немам ништо против серијата и се што е прикажано колку и да е гадно за гледање. Само нема смисла она што Клеј збори со Хана некако глупо е. И тоа со Клои некако го измешаа по мене. На моменти ја избрзуваат серијата. Не сфаќам зашто мајка му на Брајс цело време го притиска да и каже кога самата ништо не превзема за тоа али ок г л у п о с т и
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Господе Боже!
    Се шокирав.
    Брутална сцена, брутална. Како можат да бидат толку, толку сурови? Тој Монтгомери е психопат, не треба да шета по улица. И се утепав од плачење. беше премногу емотивно.
    Убаво го искористија моментот пред Тајлер да влезе и да ги распука сите, тоа обраќање беше за сите деца кои размислуваат за такво нешто, бидејќи нели, актуелни се масовните школски пукања во Америка. Пред да направат такво нешто да размислат дека нивниот живот е готов, дека една недела ќе бидат актуелни, а потоа заборавени.
    Ама сцената со метлата... Те тера да го разбереш бесот кој го чувствуваат. И ако немаат систем за поддршка, доаѓа до ова, до неконтролиран бес.
    Повеќе ја гледав сезонава од гледна точка на родител, од тоа колку само треба да сме во тек со нивните животи и да сме тука за нив, да знаат дека дури и при најтешки моменти може да ни се обратат.

    Брајс се спаси, и тоа реално го оставија, таков е животот за жал. Ми се допадна кога сите жени ги кажуваа своите приказни. Сурова вистина.

    Како што кажав и претходно, многу непотребни и нереални моменти имаше, ете, морало некако да пополнат време, ама можеле подобро да го направат тоа. Не ми се допадна и Клеј Хана што ја гледаше, што испадна со тоа, дух беше, па си замина по церемонијата? Глупости.

    Јас мислев ќе го убие Тајлер кога почна од лавабото да го мава, ама ова... Немам зборови. И проблем било Хана со колку се смувала.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Тоа што Клеј ја гледаше Хана јас го разбрав како во неговата глава да се дешава. Толку беше опседнат со неа што не можеше да се помири дека ја нема па се трудеше да не ја заборави. На крај на церемонијата "I can love you and still let you go", ми беше индикатор дека конечно прифаќа дека Хана е мртва и дека со самото тоа што ќе продолжи со животот не значи дека ќе ја заборави.
     
    На simoncelicius, Emilija97mk, scorpias и 4 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е такво нешто, ама не ми се допадна што беше толку... Реално. Дури проба да ја бакне, мислам...

    Сакав да кажам и дека говорот на Џесика пред судијата беше крајно потресителен, а сепак, ништо не значеше за пресудата.
    Читав сега по нет дека сцената со Тајлер била вметната за сензационализам, но мислам дека шоуто само сака да ги опфати сите работи што се случуваат денес. Статистиките го кажуваат своето, поразително е колку пукања има по училиштата, колку жртви, колку жртви на сексуални напади и се тоа да се бутка под тепих е бесмислено.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Јас влетувам во темава за да кажам дека Клеј ми е симпатија. :inlove:
    Многу би си одговарале со Хана, девојката ми е ептен убава и нежна, ама уште е рано да дадам мислење за серијата.
    Тек ја гледам прва сезона, негде до кај 8-9та епизода стигнав.
    Ама битно Клеј ми е симпатија, многу сладок. :wasntme:
     
    На Emilija97mk, 1209, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    Кај да гледам втората сезона?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    На Замунда ја има целата втора сезона. Јас само таму ја најдов, на Пајратбеј не ја најдов.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Уф, премногу емоции ми остави серијава

    Последната епизода од сезонава ;(
    Што да кажам веќе, а не сте кажале
    Тоа што му го направија на Тајлер :x
    Ужасно, болно...Не знам дали поболен е Монтгомери или другите двајца што го држеа

    Сцената со The night we met исто, тажна многу, како и комеморацијата за Хана

    Не е фер тоа што Брајс не беше казнет, наречете ме болна ама тоа што го доживеа Тајлер, требаше тој да го доживее :|

    Џастин ми е најсимпатичен, но најнеодреден лик, час добар час лош

    Иако е болно тоа што и' се случи на Џесика, сметам дека беше себична што толку долго криеше. Верувам дека е тешко да се соочиш и дека late is better than never,но мислам дека требаше порано да каже


    Клеј, душа човек, навистина ја сакаше Хана и остана доследен до крај, се бореше, колку пати само беше истепан

    Лично јас, не ја обвинувам Хана за ништо, освен за тоа што се самоуби... Некако се пронаоѓам во нејзиниот карактер, желбата да припаѓа некаде, да биде прифатена и почитувана, да биде кул, бидејќи been there,kind of done that :| Меѓутоа, самоубиство никогаш не е решение
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Me_Beatrix

    Me_Beatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2017
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Дали се сите епизоди од 2ра сезона излезени ?
     
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Да
     
    На Me_Beatrix му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ледена Кралица^^

    Ледена Кралица^^ Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Знам дека каснам со одговорот ама сепак може да ја гледаш на serijeonline.net со превод на српски. Ја има и 1 и 2 сезона.
     
  12. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    Кој ја чекаа 3 сезона со менее?:inlove::inlove::inlove::inlove:
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Утре новата сезона, така?
    Си мислам дека нема поента да се тегне прикаскава затоа што по прва сезона изгуби поента скроз, ама нема врска...да се дешава нешто.

    Трејлерот за најава што го гледав ептен обемен ми изгледаше, баш ме интересира што ќе испадне од оваа сезона. Ама ако продолжат вака, комотно можат да тераат 7-8 сезони по логикава, ако умира нов лик во секоја нова сезона и тоа ич не ми се допаѓа.
     
    На theowndemon, MysteriousQueen, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека мора да се измолзи до крај, додека не падне скроз гледаноста.
    Утре излегува, не знам што да очекувам, може па и нема да биде лоша.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Баш така.
    Ќе дадам шанса, ќе ја гледам и јас ама со истата надеж сум, дека белким нема да биде лоша па останува да видиме.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    Кажаа дека последна сезона ќе биде 4та и ќе излезе 2020 есента :)
    Иначе според мене мораше да биде втора сезона и дури и омилена ми е, бидејќи во 1 сезона се кажа само страната од хана т.е касетите, а нели секоја приказна има 2 вистини :) требаше гледачите да ја видат и таа другата страна на хана и целата приказна која ја прикажаа и другите т.е да ја видиме во секое светло :)
    Е сеа 3 сезона ств не им требаше, од серија за трагедии шо им се случуваат на тинејџери до серија за убиства :x им избега темата, шо е тоа сеа само тинејџери ќе умираат.. не знам ќе видиме што ќе испадни
    Во секој случај одвај ја чекам и ќе ја гледам колку и сезони да има, премногу се поврзав со серијава, топ 3 ми е :l:
    Btw I need Clay in my life :( adore him
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Првата епизода ја изгледав со судни маки. Многу ми е конфузно распределено скокањето од минато-сегашност, ептен.
    Новата девојка е многу слатка.

    Инаку ми требаа три сезони да се сетам од кај ми е позната мајка му на Брајс, па она да ти била Мери Алис Јанг од Очајни домаќинки. Добро што ми светна, редно беше. Три сезони се прашувам од каде ми е толку позната. :D
     
    На Ginger^ и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  18. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    Хахах да таа е:D:D
    Иначе I hate the new girl -.- Секаде ја има, во се се меша, се сака да направи и знае, а само што дојде
    Се согласувам сосема за тоа скокање минато и сегашност, скроз ме збркува што кога е:sweat: засега изгледав 2 епизоди па рано е да давам впечаток
    Инаку јас како јас не можам да дочекам и на нет ги прочитав сите спојлери и што се ќе се случи т.е кој ќе го убие Брајс и зошто, and I am shocked & disappointed :swear:
    Btw I miss Hannah, некако серијава не ми е тоа тоа без неа и Clay т.е тоа што го имаа тие
    И аман сакам Jessica&Justin да се заедно:fubar:
     
  19. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас, ја почнав 3та сезона. Морам да признаам дека првата сезона беше супер и онака, навлекува, да ја гледаш Сега како и сите други, почнува да се движи развлечено, сепак, убаво е снимена па не ме нервира да ја догледам. Гледам тераат некој storyline како PLL, па ќе видиме дали ќе е така понатаму.
    И јас мислам како Мишелка, дека може да има рој сезони...
     
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.887
    Пол:
    Женски
    Ова со тајмлајнот е баш збунувачко.
    И новата девојка ќе биде наратор на цела сезона? Ко сведочење нејзино ќе испадне нарацијата или што?
    Јас сум до средина на 3 епизода, некако бавно ми оди. Ќе ја завршам сигурно ама до сега е далеку од нивото на 1 сезона.
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.