,,На 19 јуни во Владата на Република Северна Македонија Претседателот на Владата на Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција информираа за Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните кој беше усвоен на последната седница на владата и доставен на усвојување во Собранието. Овој предлог закон, ќе се применува од 1 јули кога и ќе започне реализацијата на проектот „Мој ДДВ”. „Преку мерката „Мој ДДВ“, граѓаните на нашата земја, заедно со финансиските институции, ќе остварат две главни цели: Првата цел е да се вратат пари кај граѓаните, а втората цел е да учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување. Благодарение не оваа мерка едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметка до 28 илјади и 800 денари годишно во семејниот буџет. Нешто повеќе од една просечна плата во нашата земја, односно плата плус за секое семејство“, истакна премиерот Заев. „Сега, време е за нова голема ставка во домашниот буџет. Време е за МОЈ ДДВ. Ги враќаме парите кај граѓаните и кај компаниите и продолжуваме во таа насока“, рече Претседателот на Владата на РСМ Заев. Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон. „Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1800 денари за три месеци. 98% од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите 2% ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани, и дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес конференцијата соопшти дека станува збор за нова реформа, којашто за првпат се воведува кај нас, а по начинот на којшто ќе се реализира, прва од ваков вид и на Балканот. „Целосната дигитализација кон што се стреми УЈП ќе им помогне на граѓаните да ги остварат своите права поврзани со надлежностите на УЈП од областа на даноците на брз и едноставен начин. Токму затоа и оваа реформа ќе се спроведе преку системот на УЈП, односно апликација којашто граѓаните ќе можат со своите мобилни телефони да ја симнат и да извршат скенирање на фискалните сметки, кои веќе нема да претставуваат парче хартија коешто ќе ги потсетува граѓаните само на парите коишто ги потрошиле, туку и на парите коишто ќе им се вратат. Мој данок, моја заштеда е мотото на оваа мерка. Со плаќањето данок, граѓаните вложуват во напредокот на државата. Сега за прв пат дел од ДДВ-то се враќа назад кај нив и токму затоа граѓаните не заслужуваат и не смеат да толерираат неиздавање на фискални сметки или издавање на неважечки фискални сметки “, потенцираше директорката на УЈП Лукаревска. На прес конференцијата во Владата на РСМ денеска беше презентирана и апликацијата “Мој ДДВ” којашто граѓаните ќе ја користат од 1 јули, и со која ќе се скенираат валидните фискални сметки. Апликацијата низ 5 едноставни чекори ќе биде алатката преку која граѓаните сега за прв пат ќе се стекнат со можност да вратат дел од ДДВ-то, и на тој начин да станат партнери во борбата против сивата економија." Текстот е преземен од веб страната на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/707 -Што мислите вие за оваа мерка на Владата? -Што е со оние граѓани кои немаат смарт телефони? Зарем нема тие да бидат лишени од тоа право? -Кои се вашите пресметки, колку пари планирате дека ќе ви се вратат во семејниот буџет? -Дали сметате дека апликацијата што ќе се користи ќе биде безбедна? Бидејќи треба да се внесе трансакциска с-ка, па дали можеби стравувате од дознавање на с-ките од хакери и празнење на с-ките?
Ја ќе земам мобилен со јака камера да може да зумира и скенира фискални од другите маси у кафич Еве ти ја мојата трансакциска сметка 210-7000006385-14. Воопшто не стравувам, слободно стави ми пари колку ти душа сака
Едно физичко лице треба да има по минимум 25 000 ден потрошувачка за еден месец, за да земе нецели 1800 ден повратен данок за три месеци. За да земеш 500 евра на крај на година, треба ти самиот да имаш направено 15 000 евра промет. Направете ја математиката, ќе видите. Земајќи во обзир дека 12 000 е платата кај секој втор човек, малце смешна доаѓа меркава. Плус што комуналии не се рачунаат, струја, вода, интернет, кабловска, телефонска линија.
Меркава е ступидна. Да сакаа навистина да направат нешто корисно, едноставно ќе намалеа ДДВ за 15% и завршена работа. Вака, луѓево ќе сфатат дека не вреди трудот за минимален поврат, зашто реално повеќето ќе вратат многу малку пари на годишно ниво. Па многу од нив ќе се откажат и државата заштедува. Стварно, зошто едноставно не го намалат ДДВ па да биде за сите исто, туку вака се комплицира? 15% е многу мала разлика, му доаѓа помалку од 3 денари на 100 денари, ако не грешам во математикава? Па сепак, ќе плаќавме 115 наместо 118 денари за производ и готово.
Вистинската цел заради која се воведува меркава е сивата економија. Многу угостители и трговци не даваат фискални сметки т.е. заработуваат без да плаќаат данок. Парите кои што државата ги губи на тој начин се поголеми од парите што би се вратиле со меркава. Затоа целта на меркава е државата да ги стимулира граѓаните да бараат фискални сметки, бидејќи ако не побараат, тогаш нивните пари ги зема некој друг. Доколку ДДВ-то се намали на 15%, тогаш оваа цел нема да се постигне.
Збогум сиромаштијо,сеа коа ќе спичкам 15 иљади евра до крај на година таман од повраток на ДДВ ќе можам зимовање да си уплатам
Za da povratis 1000 denari treba da si napravis promet od nad 40000 denari a maksimumot e 30000 denari so znaci od 30000 denari mozes da povratis samo 686 denari a ako se racuna deka tuka platite se aj da kazam 400 evra pa ako potrosis cela plata ke povratis 561 denar se ova se sto e kupeno da ima ddv so 18 % inaku ako e so 5 % ke si kupis mastika samo so toa nisto drugo. Toa e trik za da gi naterat lugevo da barat fiskalni smetki i da ja namalat sivata ekonomija.
Значи ако месечно потрошиш 25000 денари добиваш 1800 денари и кажете ми има ли некој што толку троши месечно а му дошло до тие 1800 меркава по мое мислење е не потребна што сега јас со тие 15% ќе се збогатам. Еве уште следниов месец ќе ме видите на листата на најбогати луѓе во Македонија.
3 месеци да трошиш по минимум 25 000 секој месец, за да за три месеци земеш 1800, пошто исплаќањето ќе биде на 3 месеци.
Јас не познавам некој што троши 25 илјади месечно после плаќање на сметки и кредити. Повеќето ни со сметките не трошат толку од едноставна причина што не ни заработуваат толку.
Никој веќе нема да купува по пазарите, Нем А фискална таму. Нема данок кај фризерите, значи нема повраток таму. Немаат сите смартфони за да симнат апликации. Мора да ги чуваш сметките а се бришат и бледнеат. Ако ги чуваш значи треба да ги носиш некаде... каква глупост. Месечно ако трошиш 25 000 Ќе добиеш 600 денари назад?! Страотно.
Formulata e dobra za da se namali sivata ekonomija posebno so ugostitelite za site da si baraat fiskalna....ne e golema suma ama podobro nekogas nesto otkolku nikogas nisto. Samo dali ke treba da se peilozuvaat nekade fiskalni?
Ќе се скенира бар кодот од фискалната преку мобилна апликација, во рок од 10 ден од датата на фискалната.
Не, пошто само фискалните од 1ви Јули натаму ќе важат. Реално, популистичка мерка. Едино кој не е упатен, може да даде палец горе.