1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам заради загрижувачките резултати од едно новинарско истражување.

    „Во Македонија нема ниту едно основно училиште или средно училиште во кое тоалетите се адаптирани за управување со менструална хигиена. Во Македонија 90 отсто од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена кога имаат месечен циклус, додека 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат 2 до 3 дена поради истите причини. Истражувањето покажа дека 19 отсто од девојчињата воопшто не купуваат никакви средства“
    https://sdk.mk/index.php/neraskazha...ysLeRNc9tQGWmjHsPW1-mKc#.XTBE8Xi_Nr5.facebook
    Ова е истражувањето во целост.

    Загрижувачки е фактот дека девојчиња, најчесто од ранливите групи, не користат влошки односно други средства за менструална хигиена, од проста причина што не можат да си ги дозволат. Институциите не поседуваат соодветни тоалети прилагодени на потребите за одржување менструална хигиена. Дури 90% од девојчињата од руралните средини отсуствуваат од училиште за време на менструален циклус, бидејќи немаат соодветни услови каде би можеле да ја одржуваат личната хигиена. Во урбаните средини овој процент е помал, односно 75%.

    Се наметнува и прашањето за користење на алтернативни средства наместо влошките и тампоните кои се направени од хемикалии и пластика, и истите се штетни за околината. Како алтернатива се споменува менструалната чашка, која не е достапна во Македонија. Истата во Бугарија ја има, и тоа 35-50 видови. За жал, огромен процент од испитаничките не знаат што е менструална чашка.

    Уште повеќе загрижува фактот што не можејќи да си дозволат хигиенски средства, оваа популација си го загрозува здравјето. Весниците, ткаенините и другите хартии, не се соодветно нешто што би требало да биде во допир со интимната зона. Истото може да е извор на болести, а може да биде и причина за појава на неплодност, или да го загрози животот. Порано кога не биле достапни овие средства, можеби и единствен начин било да се користат ткаенини и сл. Ама денес, мислам дека не смееме да си го дозволиме тоа.
    Низ светот се преземаат мерки како: бесплатни влошки и други хигиенски средства во месецот кои девојчињата ги добиваат од училиште. Друга предлог мерка е: намалување на данокот на хигиенските средства од 18% на 5%, за да може да си ги дозволи секој. Сепак, одржувањето на хигиената е нешто есенцијално, важно и за еститика, но уште повеќе за здравјето. Посебно внимание треба да се даде на средствата за менструална хигиена, бидејќи жената не е виновна за биолошкиот процес, природа е во прашање. Не може и не смее да се користат весници :puke: Се работи за прикриена форма на дискриминација, и истата мора да се сфати сериозно. Големите компании можеби профитираат од ова, но сепак предност треба да имаат човековото здравје и околината.

    Да го разбиеме табуто на оваа тема, и да дискутираме. Не е срамно, жално е :x
    П.С. Не знам дали е соодветно овде да ја поставам темава, ама некако најприкладно ми изгледаше.​
     
    На Victorian, Ariel, SnowWhite8 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Искрено, се запрепастив кога ги видов резултатите од истражувањето.
    Не бев свесна, дека сеуште се соочуваме со проблеми кои би требало да се оставени во минатото.

    Под хитно ни треба сексуално образование во училиштата.
    Не смееме и понатаму да 'произведуваме' неинформирани генерации.
    И за возрасните треба да има работилници и предавања.
    Групно... одиш во фирма и држиш за сите вработени предавање... не да чекаш: кој дошол-дошол, кој не-не.

    Друга работа, сиромашни семејства, може да добиваат финансиски олеснувања за прибор за одржување менструална хигиена. Ама да се аплицира за истото, и воедно да им се држат часови за начинот на одржување на истата.

    На многу нивоа може да се работи... а скептик сум дека нешто ќе се направи.
    А-у неколку дена, ко за секоја нова вест, и после, сите се' ќе заборават.
     
    На Victorian, Elen4e_sonce, SnowWhite8 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @WildMk не е нова веста. Објавија лани во декември, објавија сега во мај/јуни, сега реагираат по министерства и нормално сите ги игнорираат.
    Драго ми е што се ангажирани и што туркаат за да се прошири информацијата. Ме нервира што никој друг портал не известува за ова. Женските права не се интересни.
    Образованието е право, и должност на државата е да поттикне редовно посетување на настава. Тоа што огромен процент од девојките изостануваат од настава за време на оние денови е сериозен удар на човековите права.
    Едукација е потребна, ама што е со случаите кај што едноставно нема доволно средства за менструални производи за сите женски лица во семејството. Многу од оние кои изостануваат заради цената на менструалните производи изјавиле дека се жртвуваат за да може мајка им да отиде на работа, затоа што таа е носител на лебот дома.
    Не сум за намалување на ДДВ на менструалните производи, за целосно укинување сум. Во темата "феминизам" веќе имам зборено за истото
    Менструацијата не ја бираме и таа не смее да се користи како алатка за опресија на женскиот пол. Се прашувам дали државата некогаш ни била во полоша ситуација во однос на женските права? Зошто МТСП и МОН не реагираат за случајот, зошто не биле контактирани овие 2 министерства? Зошто од Министерството за финансии ги препратиле кај Министерството за здравство? Менструацијата болест е? Царовска пред две недели се испофали како за две години ги довела женските права во државата на ниво на рај. Не знаев дали да плачам или да се смеам искрено. Прво што ми текна е на ова истражување и на извештајот за насилство врз жените од ОБСЕ. Катастрофални статистики. Ама кому му е гајле.


    П.С Прирачник за менаџирање на менструалната хигиена издаден од истата невладина организација (Новинари за човекови права)
    http://jhrmk.org/wp-content/uploads/2018/11/Modul_3_Natasha.pdf
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На Victorian, Peperutce1115, MarigoldA и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Јес да сме сиромашна земја, ама не до толку да немаме пари за влошки:o
    Ова малку како навреда доаѓа за оние што живеат во порурални средини, е па и таму има продавници де, и таму се купуваат влошки, а ако некој сака да се мотка со весници тоа е од сопствена непромисленост, па влошки има и од 20 денари.
    На неполни 13 години ми дојде циклус, нормално дека немав тогаш лични примања, па пак си купував влошки сама, мислам дека ова е срамота што се случува и дека младината што е вброена во овие проценти од погоре, едноставно непромислено постапува, а не дека се нема до толку пари за влошки|(

    Какво е ова изостанување од школо 3 до 5 дена поради циклус?
    Абе ајде, и јас и сите мои другарки и соученички сме имале циклус и одевме редовно на школо, а не да изостануваме од уѕур :D
     
    На Adrijan(a)., simoncelicius, Feminka22 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Дали си озбилна со изјавата?
    пола држава живее на по максимум 50 денари на ден, луѓе немаат за леб, немаат за основни услови за хигиена. Наместо државата да се срами ти кажуваш дека срам било за девојките. Од вакво размислување нема никогаш да мрднеме.
     
    На poi, Victorian, K... и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Озбилна сум да, што кажав лошо?
    Нели реков дека иако сме сиромашна држава, имаме пари за влошки, не мора од 80-90, има и од 20 денари, јас користам од најефтините и не ми е срам воопшто!
     
    На simoncelicius, Feminka22, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Какви весници, колку трошат на нив? Ни весниците не се веќе 5 денари како некогаш. Влошки имам видено и од 35 ден., не се толку скапи за семејство кое знае да си ги распредели средствата, туку друг ќе да е проблемот.
     
    На simoncelicius, Feminka22, Veki4kaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Рама, девојче. Зборуваме за семејства кои имаат повеќе од една - две жени во фамилијата. Тука често иде "не мора на мене, еве мама нека иде на работа." Исто, срамот е многу голем фактор. Ќе отиде еднаш, ќе нема каде да смени влошка на мира, ќе ја дознае цело школо дека добила, ќе и се потсмеваат соучениците. Уште па ако и пробие влошката? Веќе следен пат не оди.
    Извини, ама заслепена си и не ја сфаќаш привилегијата да имаш и за влошки од 20-30 денари. Истражувањето е легитимно, од врата на врата правено. Одговарале реални личности со цел да им се решат проблемите и се наоѓате ЖЕНИ УПМ, ЖЕНИ да им кажат дека проблемите не им постојат.
    Па засрами се, друго не знам што да ти кажам.
    Удар врз образованието е најголемиот удар што можеш да го зададеш врз еден дел од општеството, затоа што свеста само преку соодветно образование може да се развие.
    Биди среќна што не си во тие 15% што се толку сиромашни да мора да скратуваат од нешто што е релна потреба.
    Те мислев за поразумна. Тотално ме разочара сега.
     
    На poi, Victorian, Damata so marama и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Немам никаква привилегија јас, сум поминала низ сиромаштија, низ транзиција и секогаш за влошки од 20 денари сум се снашла, тоа ми е цел муабет, фала ти што не ме сметаш повеќе за разумна, јас ни навредив некој, уште помалку да се исмевам со нечија сиромаштија, само реков дека не ми се верува да се до толку непромислени да немаат за влошки од најмизерните и најефтините, и реков дека навреда е тоа што се спомна дека девојките од руралните средини не ставале влошки, немале вц каде да одат да сменат влошка, па во тие денови голем процент отсуствувале од школо, а пази исто и од поурбаните средини.
    Е па, растена сум на село, после во град, и во село имав вц, и во село се продаваат влошки...толку од мене.
     
    На simoncelicius, Feminka22, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Рама. Над 20% од државата живеат на максимум еден оброк дневно. Ако изборот е еден леб или едно пакување влошки - што би избрало едно такво семејство?
     
    На Victorian, Keiner, Harper и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Сметам дека ова е реален проблем. Од истражувањево дури се зачудив дека имало толку голем процент што не можат да си дозволат соодветна хигиена за време на "оние денови". :x
    Дури бев средно во вецињата немаше ни тоалетна хартија ни сапун. Ни вратите не се заклучуваа. Сега на факултет е уште покатастрофално.
    Па и не е само да земиш најевтини влошки. Треба да се квалитетни, да можат да ја задржат крвта да не прокисни, удобни, со пријатен мирис и сл.

    Не сме ние криви што крвариме, туку тие што гледаат што повеќе пари да направат користејќи го тоа.
     
    На poi, Victorian, Peperutce1115 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.026
    Пол:
    Женски
    Колкава статистичка маса е опфатена во истражувањето?
    Во кои градови/села е правено испитувањето?

    Не го сметам за релевантно испитувањето. Немале за влошки, за весник имаат??? 15 ден е весник. Пакетче Бони 20 ден. Многу повеќе весници ќе потрошиш за време на циклус него влошки. Во која рурална средина кај што има весници нема влошки?
    Какви услови треба да се има за менструална хигиена во време коа влажни марамици, антибактериски сапуни за суво миење и ред други ствари се досапни исто колку влошките? Автоматско вадење тампон да не треба да се постави па да речеме еве можеме да одржеме сега хигиена?
    Учев со деца од рурална средина, баш рурална, кај што има 1-2 деца во генерација, тук таму по некоја куќа ама ваков забеганилак од ни еден од нив не видов. Искрено ова е навреда. Можда постои кај ептен сиромашното ромско население ама дека девојчињата од селата не знаат за влошки мало морген.
    На школо не одат, ама не одат ни тие од урбана средина јер изговорот е ,,женски проблеми''. И го користат тоа за да не одат на школо, а не е дека во некое школо нема влошка кај да се смени :shake:

    Мене ова ми личи на очаен обид да се издејствува намалување на данокот на хигиенски производи за оваа намена, далеку од тоа дека е волку висок процентот на простотилак.
     
    На kikkki, simoncelicius, darcy и 8 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Пишува во текстот:
    Истражувањето било направено лани во април и мај, во Скопје, Велес и Куманово, со 800 испитаници, на возраст од 14-45 години.
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    81.615
    Пол:
    Женски
    Фејк истражување е ова.
    Незнам со кој памет излегуваат со вакви "истражувања".
    И со која цел!!!
    Не вреди да се дискутира за лажна информација.
     
    На simoncelicius, Gosh, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Абе вие сите експерти сте за се' , да му е*ам мајката!

    Оти ви е толку тешко да поверувате дека има сиромашни и необразовани луѓе и кај нас?
    Не тргајте со та мисла дека сите се ко вас!
     
    На Victorian, Keiner, Peperutce1115 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    81.615
    Пол:
    Женски
    Кој вели дека нема сиромашни и необразовани луѓе?
    Има!
    Ама нема врска со "истражувањево".
     
    На simoncelicius и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Дури и да не е релевантно истражувањето, ваквите производи треба да се бесплатни и лесно достапни за сите, насекаде во светот.

    Да имаа мажите таква неизбежна потреба од хигиенски производи, немаше ни да го правиме муабетов.
     
    На Emy867, Victorian, Elen4e_sonce и 19 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @Sesil да си го отворила истражувањето ќе си прочитала и каде е правено и кој е примерокот.
    Да си отворила исто ќе си прочитала и дека ситуацијата со весникот не е "15% од девојките користат весници" туку е девојче бара пари за влошки, баба ѝ и вика "нема, еве весник стави". Сте прочитале само наслов и одма летате.
    Работата е дека 15% од девојките ставаат стари крпи доле или воопшто не користат ништо и дека не одат на училиште. Дали го користат како оправдување или не е помалку битно затоа што бројката е загрижувачка. Дури и да е само оправдување, фактот дека не постои ни еден целосно опремен тоалет во целата држава е поразувачки.
    Имало влажни марамици и сапуни за суво миење. Па дали се слушате бе. Значи вам однапред ви е во ред да женските ученици немаат еднакви услови за посетување на настава со нивните машки колеги.
    Истражувањето било очаен обид да се намали данокот. Значи вам ви е оправдано влошките да бидат со 18% данок и да се сметаат за нешто што не е неопходно.
    Исто ви е оправдано што во Бугарија има чашки и по 5 лева во аптеки, а кај нас нема ни една единствена чашка.
    Милион ипол евра годишно зема државата од данок на менструални производи.
     
    На poi, Celltica, Victorian и 26 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    @Lella релевантно е истражувањето. Невладината која стои зад него е сериозна невладина која во минатото била дел од проекти кои имаат и Нобелова награда за мир добиено. Не се тука да се зафркаваат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.517
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ви објаснам на вас возрасни жени дека сигурно семејствата не купуваат нов весник, го читаат па го даваат на девојчето во фамилијата.

    Сите имаме по дома стари, стари весници, некои го користат за огрев, некој во гаќи става зашто нема за повеќе.
     
    На Victorian, Harper, JollyGirl и 10 други им се допаѓа ова.