Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    И тоа во ред е според тебе?
    Па не пишувајте, не ве тера некој.
     
    На sparklie, Alisa22, Peperutce1115 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Мене менструацијата ми трае 5 дена во просек. Доста е обилна.
    Трошам едно дупло пакетче Евридеј, плус за ноќ еве уште 5 оди тие "пелените" ставам.

    Да треба да купам од најефтините, мислам дека се оние со памук и мрежа најефтини, ќе треба да потрошам веројатно 3 пакетчиња бидејќи не апсорбираат доволно.

    Не е никако занемарливо.

    Имам пациентки кои воопшто немаат услови за никаква хигиена.

    Не се само влошки.
     
    На theowndemon, Alisa22, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.290
    Допаѓања:
    112.693
    Пол:
    Женски
    Јас пример не верувам во ова. :x
    Немале пари за влошки, просат и купуваат кока кола.
    Приоритети се.
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не ми е јасно зошто сте толку во динајл, дека има толку сиромашни, што немаат пари за влошки?
    Како ја замислувате државава, јас не знам???
    Или ај, вас ви е погодено, па тоа значи дека на сите им е |(

    Македонија ни била комунизам, ни социјализам, ни е социјализам, ни ќе биде некогаш...
    За социјализам, треба емпатија кон маргинализираните групи, а не глупи муабети со: Јас ако можам, секој може :muscle:
     
    На Celltica, sparklie, theowndemon и 13 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    А што е во ред според тебе?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Да имаш и за јадење и за влошки.
    Не ми се верва дека овај муабет го прам, со возрасни, образовани жени бе??
     
    На Celltica, theowndemon, Alisa22 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    18 денари не се 3 евра.
    3€ се околу 180 денари.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    И шо?
    И 18 денари да се, некој ни толку нема.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Да, се поправив :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    А како ќе функционира една држава, ако не собира данок?

    Решението не е да се намали или укине данокот на влошките или на нешто друго слично.
    Потребно е државата да им помогне на социјално ранливите граѓани. Освен што е потребно да добиваат една нормална социјална помош, а не мизерна, за да го истуркаат најскромно месецот (јадење, сметки), потребно е и да им даваат месечно и пакет производи за лична хигиена (влошки, паста за заби, сапун, шампон, прашок за перење). Исто доколку се работно способни тие социјално загрозени граѓани, сметам дека државата за тие пари што им ги дава, треба да ги вклучи во одредени еколошки акции како би ги одработиле парите кои ги добиваат и би придонеле во општеството во кое живеат. Сметам дека ако вака се постапува ќе нема вакви случаи со ставање весници или нешто слично.

    А данокот и те како е од големо значење за нормално функционирање на една држава. Затоа ние не треба да се бориме за намалување/укинување на данокот, туку за други мерки кои би биле од корист.
     
    На referentka и Sesil им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Да се намали данокот на 5% оти не спаѓаат во луксуз.
    Или.. нека донесат влошки за повеќекратна употреба и чашки, и на нив нека има намален данок само.
    Има начини.
     
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    23.467
    Пол:
    Женски
    Заклучок: Во Македонија сите се богати и имаат пари за улошки само бираат да ги трошат на цигари и мажите и жените се еднакви.

    :puke:
     
    На Glossy-girl, theowndemon, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    И претходно во темава беа спомнати, може некој да ми каже какви се тие влошки за повеќекратна употреба? :?:
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Епа како да имаш и за двете кога мораш да го избереш само едното?
    Помогни ми да те разберам.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Од текстил се направени, и имаат форма како влошки со крилца.
    Е за тоа е темава.
    Како може државата да помогне, да не мора да избираат жените меѓу влошки и леб?
     
    На Peperutce1115, Annath, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.812
    Пол:
    Женски
    Јас бев во ситуација со само 200 денари во паричник,одбрав да ги дадам за влошки и влажни марамици,не пиев сок и немав грицки 5 дена,ама морав.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Пак истиот муабет: ЈАС!

    Е јас имам пари да се капам во влошки, ама знам дека не се сите ко мене!
     
    На theowndemon, Alisa22, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.812
    Пол:
    Женски
    Некои биле во ситуација да немаат ни за влошки,ни за друго или само за едно.Со личен пример кажувам дека знам како е да се нема,а и не сум единствена.
     
    На WildMk и gjoker4e им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Колку е дебел текстилот? За да издржи неколку саати, обилна менструација

    Според мене поисплатливо е да купуваш влошки за еднократна употреба. Зашто нема да треба да ги переш, да трошиш прашок и вода. Плус крв е тешко за перење.
     
    На WildMk, nextredstyle и Sesil им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.104
    Пол:
    Женски
    Епа ако именуваме некоја ткаенина како ,,крпче'' тогаш е жално што некој користи таква, ама ако ја именуваме како ,,влошка за повеќекратна употреба'' онда е супер, многу исплатливо, идеално за користење итн. Се зависи каков термин ќе употребеш :angel:

    Само делење бесплатни влошки на жени од социјално ранливи групи на раб на егзистенција подржувам. Се друго ми е апсурдно.
     
    Последна измена: 22 јули 2019
    На Glossy-girl, WildMk, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.