Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ама тоа веќе нема врска со весниците како замена за влошки.
    Каков и да е случајот, за отсуство мора да се разговара со кадарот во школото, неизбежно прашуваат. Јас не можам да поверувам дека не би се нашло некакво чаре за девојче кое нема за влошки.

    Друга работа, тие од невладините, дури ги делат и перат парите и напразно зборуваат, не можат да се позанимаваат со донации?
     
    На Cka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.816
    Пол:
    Женски
    Можат,ама нејќат.
     
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.134
    Допаѓања:
    88.246
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 22 јули 2019
    На Ariel, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Резултатите излегоа уште во октомври, тоа што ти сега ги гледаш не значи дека дури сега излегле туку дека сега допреле до тебе.
    https://www.radiomof.mk/uchenichkite-vo-ciklus-sedat-doma-menstruacijata-tabu-tema-vo-21-vek/
    upload_2019-7-22_10-12-58.png

    Во превод, џабе изиграваш увреЃена и загрижена сега, малку касно е...
     
    На theowndemon, Animali, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Абе ај државата еднаш ќе подели влошки,ај и двапати ама не е тоа тоа.Парите што им ги дава државата на социјално загрозените фамилии едвај им стигнува за леб и да си ги платат сметките(да не зборуваме за тоа ако има некој болен во фамилија па мора да се даваат пари и за лекарстава).Неможе девојче да чека државата да и донира влошки.Со тоа што државата ќе почне да им дава поголема сума на пари на социјално загрозените фамилии тие само ќе бидат во можност да си купат влошки(пошто реално гледано не се потребни само влошки за да се одржуваа лична хигиена).
    Ова со данокот некако ми стои дека нема да го реши(може да го намали но...)пошто колку и да се намалат влошките реално пак ќе има девојчиња кои ќе немаат пари за да си купат.
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.839
    Допаѓања:
    176.585
    Пол:
    Женски
    Видете, Македонија е длабоко сиромашна земја. Сиромашна, во сите можни сфери на живеењето.

    Верувам дека сиромаштијата си зема најголем данок од нас. Ама токму ова со влошките не сметам дека е толку страшно како што се преставува. Факт е дека не сме софистициран народ, ама за влошки имаме. Бар повеќето од нас.

    И да не бидам погрешно сфатена, и да не ми бидат зборовите извртени од оние кои за себе се сметаат чувари на сите можни права на човекот и жената, и секоја најмала критика е дочекана на нож и не дај боже сами да се посомневаат и испитаат нешто, апсолутно сум за што е можно пониски цени за сите производи за хигиена. За поголема достапност и избор таму каде се тврди дека нема.

    Јас никогаш сум немала проблематични и обилни менструации. Никогаш не ми пропуштила влошка, оти само 2 ден имам колку толку поголемо крварење, од 3 ден ставам секојдневна. Можам да поминам со една влошка на ден, ама од хигиенски причини менувам на секое одење во тоалет.
    За разлика од мене, моја прва братучетка имаше сериозен проблем со истото. И нејзините родители во разговор со матичниот, а подоцна и со директорот на средното училиште, издејствуваа да не посетува настава 2-3 дена месечно во тие денови, при што сите професори беа известени за проблемот и никој не и правеше проблем, сите имаа разбирање. После години терапија, сеуште има болни и обилни циклуси, ама далеку подобро се носи со истите денеска.
    Значи да, од школо може да се добие дозвола за отсуство ако ситуацијата го налага истото. Ама нејзиниот случај е редок толку многу сериозен.


    Во основно, еднаш ни дојдоа од невладина со предавање за девојчињата само, за менструација, и ни дадоа бесплатни влошки, во средно исто само еднаш, едно предавање за сексот и користењето кондоми директно објаснето на краставица и ни дадоа бесплатни кондоми.

    Точно е дека во нашите училишта немаме основни услови за хигиена, што е поразително. Кога почнав средно, тоа лето беше дограден цел нов дел на 2 спрата, со по 4 нови училници од спрат, со скроз нови тоалети за учениците. За недостатокот односно немањето сапун и тоалет не ни морам да спомнам, ама до крајот на 4та година тие нови тоалети веќе беа демолирани и личеа баш на стари.
    Секако професорите си користеа нивни тоалети за кои си имаа клуч.

    Друго што сакам да спомнам е, дел од вас сигурно се сеќаваат дека Александар Палас, беше прв хотел/ресторан во Македонија кој во своите тоалети имаше влошки за менструација и секојдневни, за секоја жена да се послужи доколку има потреба. Е сега може постоел и друг хотел пред него, јас не знам, ама памтам за него.
    Жените беа толку изненадени, фрапирани и шокирани нормално позитивно, што требале или не требале, си ги полнеа ташните со бесплатни влошки, кога идеа на свадби таму, оти нели гага е па удри. Па чудењето не биле било какви влошки, туку од најскапите, па... па...па....
    Тоа беа убавите почетоци и замисли и идеи на тоа место, кои верувам не се задржаа долго, оти ќе требаше да работи само за влошки.


    Затоа, кај нас, единствен поголем проблем од сиромаштијата е менталитетот. Се додека, не знаеме да го чуваме она што го имаме, и го демолираме, се додека ќе тискаме гага влошки во џеб иако можеме да си ги дозволиме и не ни требаат во моментот, џабе е се.

    Едукација и само едукација. Кога ќе ни се запалат повеќе сијалички во глава, тогаш ќе може да се дискутира за пултови со бесплатни влошки, иначе сега, со овој менталитет, повторно тие кои се најзагрозени ќе си останат со празни раце, а оние кои можат да си дозволат и одповеќе, ќе си фаќаат врски и ќе си носат пакети дома.
     
    Последна измена: 22 јули 2019
    На Feminka22, Glossy-girl, theowndemon и 24 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Од филозофии фајде нема.
    Зошто да не се изготви предлог до министерството за труд и социјала, бесплатни пакети влошки за ранливата социјална категорија, кои ќе може да се подигнат во самите простории на социјалното, со доставување на документ за социјално решение, како што е случајот со дарување памперси за бебиња и стари лица.
    Што предлага невладинава како понатамошен чекор, после добиените резултати ?
     
    На Glossy-girl, theowndemon, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Невладината има отворено фонд за борба против менструалната сиромаштија. Веќе донираат влошки во СОС детско село и слични институции.
    Ги контактирале министерствата, од таму ги шетаат од едно во друго, сите префрлаат дека не се надежни.
    Идеално се надеваат да се издејствува секоја образовна институција да има родов фонд од кој секој месец ќе им се делат на ученичките пакетчиња за одржување на менструалната хигиена.
    Кукличка пиша веќе дека невладината реновира и тоалети по училиштата. Значи не седат со скрстени раце.
     
    На Alisa22, Animali, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.105
    Пол:
    Женски
    Само да дополнам. Коа ги отворија новите објекти во Стив, собите беа тип - топ средени, секоја со свое купатило. Состојбата во студентските домови е благо речено очајна. Знаеме сите какви се тие тоалети. Ама што правиме што само за година дена новите тоалети станаа исти? Кој ги користеше тие тоалети, таа година? Кој очекуваме да ни ги управа нон стоп условите кои и сами не ги одржуваме?
     
    На Peperutce1115, Sejfullai, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    7.644
    Пол:
    Женски
    Ќе напишев еден многу долг пост од моето минато за да ви докажам дека да, има жени (кои не се Ромки) што перат и преперуваат стари партали што нашле по дома и одат на работа со нив меѓу нозе и тоа со обилна менструација од причина што се немало пари за влошки. И ко ќе заврши менструацијата овој месец, ќе ги извриеш за следниот. А да и фатиле страшна инфекција од ставање што годе за колку да не протече. Да, се немало ни 20 денари. Ќе ви кажев и зошто ама не сакам да се потсетувам оти ми е толку болна тема, ќе се растревожам со денови. Со парите не се купувале ни цигари, ни кока коли туку јадење за децата. За тебе, ако остане. И не го пишувам постов од патетични причини, туку за вас што толку многу се чудите како е можно да се нема за влошки, уауууу, што им правите на 1000 денари детски додаток или 12.000 плата :o

    Клише, но темава е доказ дека е вистинита онаа стара добра: „Ситиот гладниот не го верува“.
     
    На Celltica, sparklie, theowndemon и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.013
    Допаѓања:
    12.735
    Социјалното сега е скоро 12.000 денари, така тоа е еднакво на минимална плата. Не е многу за влошки, што се мора, мора да се купи и тоа е тоа. Срамота е и штетно е секој друг начин со крпи и што уште не. Ќе се скрати од цигари, кафиња и ќе има за влошки. Па едно кафе е колку едно пакетче влошки што го користам со месеци. Аман напрвавиве влошките како да се луксуз еднаков на одмор на Малдиви. Знам жена која става крпи, ама тоа е повеќе од простотилак отколку од немање пари.
     
    На Feminka22 и sjdgo им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.013
    Допаѓања:
    12.735
    И јас два дена пообилна менструација и после се намалува. Јас не знам од каде испаднаа толку многу со 7 или 10 дена како што опишуваат.
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.816
    Пол:
    Женски
    Има разни жени со разни менструации.На 12 години добив менструација прв пат,сега имам 24 и уште ми е болна и се случува некоја да ми трае 7-8 дена.Моја соученичка имаше три месеци,па следните три немаше.
     
    На Keiner и +++ им се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.839
    Допаѓања:
    176.585
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми е поентата.
    Немаме чувство за заштита и одржување јавни предмети и локации кои ни се од корист на сите. Во случајов каде треба да се одржува хигиена генерално, а плус менструална.
    Додека не видиме голема мака не одиме ниту на гинеколог, имаме општини каде фали гинеколог.
    Немаме доволно развиена свест.

    Друга братучедка после 10 години сексуално активна се реши да провери брисеви и пап. Па и открија цин 3, па операција, па терапија, па памет за друг пат. Не од сиромаштија, од немукает.

    Другарка до скоро не добиваше редовно. Конечно се реши да испитува зошто е тоа така. Не дека нема пари. Од срам.

    Ниту јас лично не сум светол пример. После цинот на братучетка ми, го земав за сериозно здравјето, па 8-9 години сум редовна апсолутно секаде. Пред тоа, нигде ме немаше ни мене.


    Тања, тоа што мојата менструација е кратка, крајно необилна не значи дека другите лажат. Јас се сметам за среќлика што тоа е случај со мене, ама повеќето што ги знам се со обилни менструации кои во просек им траат 5-7 денови. Нигде не спорам дека такво нешто нема, само оти јас немам. Со мојот личен пример праев само паралела од една до друга крајност на менструацијата.


    Од друга страна пак, не сум толку среќлика за останатите денови од месецот оти користам секојдневни влошки буквално секој ден, веќе 15 години, и тоа се многу пари.
    И да, поради срам да разговарам за истото со моите, на почеток мотав тоалетна. Не дека немаше да ми купат секојдневни, ами ми беше срам.

    Затоа и ми е муабетот. Сиромашни сме економски, социјално, образовно, едукативно, свеста ни е сиромашна. Да не се препишува се на сиромаштијата под дифолт парите, кога со неа плус многу фактори одат под рака.

    Никако не негирам дека некој носи весник или крпа меѓу нозе оти нема пари, туку често и немукаетот, не доволната свесност и срамот си го прават своето исто така. Девојче кое почнало да добива на 13-14 години уште ситуацијата и е свежа и патем се срами, сигурно нема лесно да се одлучи да отиде на пункт да си земе бесплатни влошки кои патем и следуваат, оти го видела комшијата е таму и тој ќе ја види и ќе знае. Или во школо каде сите ќе ја дознаат дека има добиено.
    Па да избегне таква незгодна ситуација ќе си стаи крпа. Ќе проба нареден месец. Тоа е исто еден голем реален дел кај нас.
    Си патиме ние од многу нешто, а најмногу од најнизок коефициент на интелигенција на балканов.
     
    На Glossy-girl, theowndemon, Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Како може да не ви се верува дека постојат многу фамилии во Македонија(па и било каде) што не можат секоја ден да дозволат леб да си купат а камо ли влошки...?Лесно е тие што имаме да кажеме и да им судиме на другите што прават со социјална плата од 12 илјади која не сме сигурни дали сите ја добиваат или не. Имало пакетчиња влошки од 20 денара, а да ве прашам вас јас дали едно пакетче ви е доволно кога ќе добиете (без разлика колку дена ви трае)? Еве мене не, јас секој месец да трошам по 2-3 пакетчиња иако имам циклус само 4 или 5 дена. И да не значи дека во едно семејство само на еден му се потребни влошки, има мајка и 2 ќерки можеби дали тие можат да поминат со едно пакетче влошки од 20 ден? И не секогаш ги има влошките кои ги бараме можеби се потрошени тогаш како ќе купат поскапи влошки кога немаат пари и за тие од 20 денара? Искрено не можам да ве сфатам како можете толку да не ја гледате ситуацијата од секој агол, и како можете да викате за некој што нема пари за влошки дека е срамота:x(n)
     
    На Peperutce1115, Someonespecial, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Чекај а толку се скапи па волкава драма што се прави? Епа ајде се бесплатно нека биде ама Гадафи отиде. Некому треба сапун, некому влошки, некому паста за заби, тоа е нечиј бизнис и барем во нашево поднебје неможе да биде бесплатно. За ранливи категории да ама бесплатно да се делат за сите ми нема смисла. Од 10 души само двајца не пушат цигари, за тоа се има ама за влошки нема потреба. Луѓе леб трпат а вие бесплатни влошки барате.

    ''15% од машките не можат да купат жилети за бричење бидејќи се скапи па со упаљач се горат''...
    Е вака ми звучите. Дали уопште знаете колку пари е добар жилет? Пошто нечини со обичен инфекција се добива.... Јас досега не сум видел ниту една организација бикчиња да дели по школи или пак некој да го бара тоа.
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.096
    Допаѓања:
    26.943
    Нека ти е Господ на помош.(facepalm)
     
    На Celltica, sparklie, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    (facepalm) (facepalm) (facepalm) - немам друга реакциja... навистина немам...
     
    На Celltica, kim.k, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Амин амин. Нема за што па за влошки драма да се прави. Кој луксуз еј, катастрофа, ретко кој може да си приушти. Народ леб трпи тие влошки па влошки.
    Епа што да та праам сега ако немаш? Немаш немаш, готово.
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.096
    Допаѓања:
    26.943
    Од вакви коментари ми се оди во вц.
    Не можам сериозно да те сфатам,а не пак да ти реплицирам.
    Оди со крвави панталони по градот,шетај се,што се тоа влошки?
    Инфекции,што е тоа?Научна фантастика како влошките.
    Од утре нем да и текне на некоја жена да купе влошки.
     
    На Celltica, theowndemon, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.