Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.105
    Пол:
    Женски
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.356
    Пол:
    Женски
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.105
    Пол:
    Женски
    Не е за тие да дојдат, туку оние што не влегуваат во ризичните 15% да донираат, а потоа организација да ги распредели на нив.
     
  4. period

    period Нов член

    Се зачлени на:
    10 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам што ја ширите темата , но коректно е кога споделувате истражување да напишете кој го направил истражувањето. Доколку не знаете, а верувам дека знаете бидејќи од таму од каде што сте го превземале текстот сигурно пишувало кој е автор на истражувањето, јас ќе напишам дек аавтор е НОВИНАРИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, како и иницијатор на кампањата за намалување на ддв-то на менструалните производи од 18% на 5%...
     
  5. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    Јас сум ја почнала темата... Имам споделено линк од каде е текстот, таму сигурно стои автор. Мене темата ме погоди и врз основа на тоа сум ја отворила. Да не бидам сфатена погрешно, јас и на почетокот имам наведено дека е новинарско истражување. Во секој случај, супер што наведе и добро е што има новинари кои пишуваат на вакви теми и ја подигаат свеста.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај нас ова оди рака под рака со стигмата за менструацијата, често девојчињата, посебно оние рано што добиваат се срамат и не признаваат дека имаат менструација, или се срамат да побараат дома влошки, овде треба да се работи и на оние социјално најзагрозените да им се дава цел пакет хигиенски производи месечно, не само влошки, ама од друга страна државата ни леб не им дава, не па друго.
    Исто мислам дека е ова глобален проблем, кај нас дури и влошките се далеку поефтини од други земји, мислам Евридеј дупло паковање се 120 ден, има влошки и за 30 ден, а во Германија едно пакување Always беа околу 4-5 евра (и тоа само такви имаше во цел маркет, да не зборам дека беа ко памперс) а во ДМ имаше само една нивна марка - толку.Памтам и во Црна Гора на еден одмор добивме со сестра ми, едно паковање 3 евра, 15-20 евра само за влошки и тампони потрошивме.
    Многу поголем проблем кај нас според мене е целата таа стигма и патријархалност која владее, има жени што им е срам да купат влошки (исто ко со кондоми или Норлево) срам им е да зборат со машки пол за тоа (а не па да ги пратат да им купат) па обичаи како не се допира бебе тогаш, уште има продавници што ги виткаат во весници(facepalm) што е далеку полошо од цената на влошките во моментов.
     
    На Fallen.Angel и Dentina им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    12.643
    Пол:
    Женски
    И онака ми е мачен тој период уште нискобуџетни влошки од 30 денари да користам ми фали.
    Али сосема ги разбирам овие што не купуваат улошки бидејќи немаат пари, па јадење ќе си купат со тие пари што се вика кога би имале пари за улошки а да не двојат од тие за храна и они би си купиле.
    Али треба да има вака по јавни тоалети, школи, факултети како што има тоалетна да има и улошки во женските тоалети.
    Опссс нема ни тоалетна...
    Епа да има тоалетна ќе биде добро и улошки да има во секој јавен женски тоалет.
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Па не верувам дека има жени да се срамат да купат влошки ,глупости! Зошто да се срамат нема тука ништо срамно ,мене не ми е срам ни да купам ниту пак татко ми да го пратам да ми купи дури точно знае дека само always користам и знае до колку капки и какви да ми купи. Можда еве мали девојчиња што прв пат ќе добијат им е непријатно и се срамат ама не верувам дека понатака би се срамеле , ти се срамиш да одиш да си купиш влошки? Производ за основна хигиена е тоа .
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    @Alisa22 таман работа да ми е срам сега да одам да си купам, муабетот ми беше за рурални средини и девојчиња што уште не се запознаени ни со своето тело ни со циклусот и се срамат од тоа, верувам дека уште не е надминато тоа во државава...
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.135
    Допаѓања:
    36.387
    Пол:
    Женски
    Не е само тоа. Не одат и на гинеколог. Срамота било. Ќе збореле дека се растурени. Маж ми е од село и гледам што се случува.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Вие од Новинари за човекови права сте?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Имаше погоре мислење и убаво е напишано, не се скапи влошките воопшто. Не мора everyday или always да се купат. Има влошки и од 30 денари. Подобро е такви отколку весници или крпи да се става. Ама не е проблемот цената туку тоа што многу малку се зборува на оваа тема и девојчињата се срамат од ова. Моја школска другарка се срамеше да оди да си купи и праќаше другарки да одат бидејќи не сакала да ја оговараат, а тоа е сосема нормална работа и нема што да се оговара. Ама ете на 16 години таа се срамеше и еднаш кога ме прати мене и го почнав муабетот и велеше дека нејзе дома се уште ја гледале како да е дете и ако кажела за ова ќе ја гледале поинаку. Влошките си ги криеше, а искористените ги собираше и ги фрлаше во школото во корпа. Разбирам нема мајка, нема кој да и објасни, ама нема што да се крие кога купува, па не купува дрога..
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.816
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel Не мора,де.Ама тие од 30 денари не се со добар квалитет и не се погодни за обилна менструација.
    Јас имам користено неколку брендови,ама за мојава менструација само EveryDay се покажаа погодни.Ај првиот ден и 5-6-от ден проаѓам и со послаби брендови,ама 2-от,3-от и 4-от ден нема шанси со некои послаби освен оние долгнавестине ONA SUPER PLUS што се 10 во пакување(добар исклучок се),при помалку пари некако сум поминувала/поминувам со нив,ама со други ич не.EveryDay се најевтини во Стокомак и од таму најчесто ги купувам,мада кога сум при повеќе пари ги купувам од Веро јер таму има повеќе врсти.Среќа и низ маркетиве често се наоѓаат на акција.
    Факт е дека сите сме различни и дека нема да ни одговараат исти влошки,и дека некои девојки/жени немаат пари ни за најевтините влошки и баш поради тоа треба да ги поевтинат влошките и да ги даваат бесплатно на девојки/жени од ранливите категории.
    И не ми е јасно зошто некои се срамат.Очекуван процес е.Не може без влошки и/или тампони да шетаме.
    Менструацијата се учи како дел од лекција по Биологија.И мажите знаат дека жените крварат(разликата е само во тоа кое машко колку внимание обрнува).
    Каков срам,бе....
    Јас и татко ми сум го праќала/праќам да ми купи влошки,а и тој самиот секогаш ме прашува кога треба да добијам за да ми купи ако не можам да појдам јас од некоја причина.
     
  14. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Да така е и не верувам дека некој нема до 30 денари да си купи влошки.
    Тоа поише би го рекла простотилак отколку срамеле , па од што се срами од циклус кој го има секоја жена.
    Леле немам коментар до толку ли , глупости. Јас татко ми го праќам да ми купува ако не одам јас до продавница и не ми е срам воопшто . Највеќе ме изнервира една продавачка еднашка кога купив ми ги витксше во хартија и викам зошто вака и вика па да не се гледаат .
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.534
    Пол:
    Женски
    Ми се повраќа од коментари од типот:"Не мора влошки од 100 денари, може од 30...", место да се даде поддршка за проект каде сите хигиенски средства од овој калибар би биле достапни на јавни места за сите, или осуди за употреба на други материјали.

    Толку не разбирате дека некој навистина нема 30 денари месечно? А не се 30, одамна нема влошки од триесет денари во маркетите, освен Кам или Стокомак. Ама нив ги нема во сите градови. Најефтините се 37-38 денари, и се со малку капки и малку на број. Па би ти требале 2 пакетчиња за циклус. Ако има двајца во фамилија, 4*38=152 денари. Кога секој денар е планиран и оди за други трошоци, тие 150 денари се многу.
     
    На katalina, noteforself, Sejfullai и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Попрво ќе дојде крај на свет него ли влошки да бидат на јавни места достапни , да не зборам за тоа каков калибар на народ живее тука и кога ќе стават кој стигне ќе полни торби а да не зборам за тоа дека во средно во вц кај мене во Медицина знчи во медицина имаше вециња без чешми а па не сапун , сапун научна фантастика.
    А тие што немаат до 30 денари за влошки најчесто се роми тие не дека одржуваат некоја хигиена.
    Има влошки Јап тие се 50 не се толку лоши , сега кога некој нема пари не може да пребира. А ако некој нема до 30 денари или 50 за улошки нема и за многу други работи .
     
  17. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.534
    Пол:
    Женски
    Па нека дојде крај на свет, ако успее да се воведе мерката, небитно е се' друго. За грабањето, може и тоа да се регулира.
    За тоа какви се вецињата во образовните институции не би да зборувам, знам оти повеќето се катастрофа, али тоа не значи оти нема зошто да бара и да се работи за нештата да се сменат.

    За последната реченица, па токму тоа е поентата. Некој нема да многу работи, вклучително и влошки.
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.816
    Пол:
    Женски
    И влошките се потреба.Мора да се олесни пристапот до нив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Па некој до толку да нема пари не верувам има работа може да брише скали може келнер може чистач или најлесно е да се кука дека се нема за улошки . Срамота е млади здрави прави да немаат за улошки , па работосподобни се никој не им е крив што се мрзливи и сакаат све бесплатно.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.534
    Пол:
    Женски
    Lol, 12годишно дете треба да оди да чисти, оти е млада, здрава, права, ама мрзлива и сака безплатно...(facepalm)

    Дали се читаш што пишуваш?
     
    На christinnn, Sejfullai, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.