1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сиромашните семејства не ги купуваат весниците туку ги собираат како отпадок од ѓубре.
    Но, тоа не е поентата. Поентата е дека ние станавме толкави системски робови што не ја гледаме вистината пред очи.

    Средствата за елементарна хигиена, прехрана, образование, струја и вода треба да се бесплатни!
    Пред само десеттина години од време на време имаше по некоја акција на давање бесплатни пакети и примероци на влошки низ училиштата и градовите. На ранливите категории тие три мали розови миризливи влошки им претставуваа луксуз со кој можеби го минувале цел менструален циклус.

    Можеби истражувањата би биле точни кога на улица за 20 денари би питачеле, но не за леб, туку за граѓаните снобови кои ве одминуваат како непостоечка восочна фигура да не ви се смеат на маката - црвените излитени панталони.

    Не се навредувајте, ама стварно постојат сиромашни луѓе кои не се ниту информирани како да се заштитат од црвенилото а не пак да знаат влошка да стават која впрочем знак прашање е дали навистина знаат колку често треба да се менува. Особено младите сиромашни девојчиња од по девет годишна возраст..

    @Sesil

    Дури и да е затоа поведена кампањата, ти на страна од ова истражување не мислиш дека треба да се намали цената на производите за хигиена со цел да бидат уште по достапни за сите?

    ,,Женски проблем" е реален проблем. Има девојки што не можат од кревет да станат за време на циклус од болки па мора да инвестираат и во кутивче кафетин менструал ибрупофен или налгесин за да ги смират.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На Emy867, Victorian, Gosh и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е реален проблем. Прво, во школо вистина се нема услови да се промени улошка бидејќи уште се има само полско вц тип на "шоља", па ако имаш пообилно крварење неминовно е после тебе хаос да остане, да не зборам што не работеше ни казанчето за вода, сапун и тоалетна 4години немам видено во школото само кај вц-то на професорите имаше и нормално таму и не беше полско вц. Зошто таква дискриминација и кон нас учениците? Дека се нема за улошки, сигурно се нема во некои семејства, користам Еври Деј бидејќи се најквалитетни и крварам обилно, ниедни други не ми одговараат, но јасно е дека не секој има пари за толкав енормен "луксуз", некој вистина за леб нема, не па тие пари да ги даде за улошки, а е потреба...

    И тоа што се збори дека е изговор дека се користи за не одење во школо или работа е навистина апсурдно жена да го каже. 2 дена кога имам добиено повраќам, ми се има случено да се оневестам речиси, не можам ни да лежам, ни да седам дури ни со испиени апчиња против болки (ете и ова да речеме дека е скапо, а некогаш навистина се и тие потребни), не па да одам во школо, а дали некој ќе мисли дека измислувам и го користам како изговор, негов проблем. Знаете ли колку девојки завршуваат на инфузии поради менструални јаки болки и обилни крварења, колку се имаат онесвестено исто така? Наместо како жени да се поддржиме ние се напаѓаме.

    Треба да се покрене некоја иницијатива, да се помогне на девојчиња што немаат финансиски средства да обезбедат основно нешто за лична хигиена како што се улошките, да се инвестира во тоалетите низ училиштата, да се збори како реален проблем и да се разбере дека некогаш знае да е вистински проблем да те оневозможи во извршувањето на секојдневните обврски. Треба и да се збори гласно за тоа, да не биде срамота татко или брат да знаат дека некогаш ти е лошо поради тоа или да одат да ти купат улошки или Кафетин менструал. Мене некогаш тато ми има купувани улошки и апчиња и е големо олеснување да има кој да ти помогне кога умираш од болки дома и не можеш да станеш од кревет, а ти останало само 1 улошка или 1 апче против болки. Но, кај нас во државата тешко, жена кон жена нема разбирање, не па мажите, секоја чест на исклучоците.
     
    На Cvekence789, Peperutce1115, kim.k и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.104
    Пол:
    Женски
    @DAngel
    Кои 15%
    Немој молим те.
    Девојчиња!!!
    А Истражувањето од 14-45 год.
    15 %од испитаните значи некаде околу 120 од испитаните ,а не вкупен % во држава.
    Манипулација.
    Зошто воопшто ставале весник како иЗбор во истражувањето?!
    Со која цел?!
    А Тоалетна хартија немало во опциите?
    Зошто?!
    Како знаеме дека воопшто е релевантно истражувањето?!
    Како знаеме дека се точни и одговорите?
    Деградација на женскиот пол во МК.,навидум вешто смислено истражување со промашена цел!
     
    На referentka, Glossy-girl и Sesil им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.222
    Се зачудив и јас. Најевтини влошки 40 паричиња за 100 денари, поевтино здравје, ама ако некој и тоа го нема. Ништо чудно ова да е вистина. Инаку, знам жена која не купува влошки, туку користи крпи, ама сепак не е хигиенски.
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    Се ќе направите за да ја исплукате младата генерација.

    Наместо со цел глас и срце да подржувате намалување на данокот на влошките и тампоните, вие кажувате ох, колку сте биле силни, цврсти војници кои без разлика на се биле во училиште, а ние сме биле разгалени. Направивте ситуација да се врти околу вас, која не е ни малку во врска со вас привилегирани жени. Ако не користите весници или крпи, привилегија е, што сакате кажете ми.

    Јас користам квалитетни влошки. Ете, ја имам таа среќа. Ама немам тоалет, сапун во институција во која морам да седам со саати за едукација. Знаете колку ми е мака што кога ќе сменам влошка, кога рацете ке ми се направат лом со крв, не можам да измијам раце саглам? Што, да не споделив премногу информации?

    Епа јас сакам подобри услови. А не тука да се правам важна што не сум отсуствувала од школо туку сум менувала влошка во секакви услови. Гласно и јасно, ми и ни требаат подобри услови во никаквите ВЦиња.

    Данокот да биде или 5% или да го нема. Какви 15%???? Мани ми ги. 3 женски сме во семејството со две подпросечни плати. Еве мајка ми ги користи тие ваши од 20 денари влошки, за јас и сестра ми подобри да имаме. Кога ќе и дојде менопауза на мама треба да славиме зашто некој денар плус ќе биде за други трошоци.

    Ќе биде и менструална чашка во Македонија... некогаш. Најмногу од народот едвај слушнал за неа, а Европа прави закони што го поттикнува нејзиното користење заради природата. Ја сакам природата. Но повеќе сакам секое женско во Македонија да има приступачни цени на влошки или било кој друг хигиенски фемининен производ.
     
    На shekerna, Cvekence789, Emy867 и 33 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не се жените тие што треба да се срамат од менструацијата. Држабвата е. Весник не било ставено во истражувањето, истражувањето било правено лице в лице. Ги прашале жените што користат и одговориле "весник".
    Весник во насловот е ставен за да предизвика реакција, да, насловот е манипулативен, а ти за него се фати. Насловот нема врска со истражувањето.
    УВАБО НАПИШАВ

    Не си прочитала значи нити моето мислење нити истражувањето.
    Да, новинари за човекови права се дел од организацијата која доби нобелова награда за мир во 2017. Да, најавија дека ќе вршат истражување за менструалната хигиена. Да, имаат и цел памфлет за како се одржува менструална хигиена и што користат жените во државата и истиот го имам ставено горе. Ни во него никаде не се спомнува весник.
    Затоа, не ми доаѓај со такви неедуцирани испади. Секој нареден ќе биде игнориран. Жел ми е што не ти се допаѓа статистиката. Жал ми е и што мислиш дека жените треба да се срамат од менструацијата.

    Да, и тоалетна хартија спаѓа во тие 15%. Прашањето било:
    Кои средства за МХМ ги користите?
    80% одговориле дека користат влошки, 5% дека користат тампони, 15% дека не користат ништо или дека користат крпи, весници, тоалетна хартија.
    Само прашањата и графиконите од истражувањето ги имаш тука (затоа што сфативме дека читањето не ти е јака страна, еве, нацртано)
    http://jhrmk.org/wp-content/uploads/2018/07/IstrazhuvaneMenstrualna-siromashtija-1.pdf

    Друго, приказна од една од новинарките кои биле вклучени во истражувањето:

    "Илијана има 13 години и е седмо одделение. Живее во село кое е 12 километри оддалечено од Скопје, заедно со нејзините родители, бабата и трите сестри на возраст од 10 до 17 години. На денот на нашата посета, таа не беше на училиште, везеше… Нејзината баба, Перса, тивко, за да не слушне внуката, ни кажува дека не е на училиште бидејќи вчера „добила“.

    – Не ја пуштив на училиште денеска – објаснува бабата – немавме влошки, а не е убаво да оди и да крвари… Вака, дома нека седи… да не и’ се смеат децата во училиште, оти весниците што ги употребува за заштита може да пропуштат. Дома си е дома, што и да се случи, ќе се замие.

    Таа објаснува дека ова е случај со сите четири внучки, бидејќи не се во можност да купат хигиенски влошки за сите. Само за мајката мора да има, затоа што таа мора да оди на работа, бидејќи во моментов е единствената која носи дома приход. Таткото на децата е невработен, а бабата има минимална, земјоделска пензија што ја наследила по смртта на сопругот.

    Ова е само еден од многуте примери."

    Патем што реално се борат за едукација и признаваат дека несоодветната едукација е релане проблем и имаат издадено памфлет кој веќе го поставив уште на првата страна и во него многу фино е напишана твојата драга тоалетна хартија како една од опциите за заштита при менструален циклус. Сакаш пак да ти го поставам? Сфативме веќе дека не гледаш:

    http://jhrmk.org/wp-content/uploads/2018/11/Modul_3_Natasha.pdf

    Истата таа организација има и бројни проекти против семејно насилтво направено. Сигурно и тие прокети им се со некоја глупа цел и се целосно беспотребни. Можеби едни единствени се во државата кои прават нешто за подобрување на човековите права и се најдовте најпаметните да кажувате дека не ни требало права никакви, се цвета и се е розово. Супер сме.
     
    На Celltica, Peperutce1115, Harper и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова е познато како "Period Poverty" и не претставува проблем само во Македонија, туку и во целиот свет, од Зимбабве до Велика Британија - што значи дека дури и оние држави кои се сметаат за "високо развиени" се соочуваат со овој скриен срам што не треба ни да постои во 21-ви век.

    Сите спроведени истражувања во различни држави како Ирска, Шкотска, САД, Канада, постојат за да се докаже колку само е обесправен женскиот пол во денешно време што одредени девојки и жени ширум светот се приморани да го загрозуваат своето здравје и ризикуваат да добијат некоја уринарна или вагинална инфекција додека државите во кои живеат прават профит врз основа на нивната биолошка природа, наместо да им биде приоритет истата да ја заштитат.

    Според едно истражување направено во Зимбабве:

    "When her monthly period comes, 17-year-old Maria Chaodza dismantles a home-made pillowcase and picks out pieces of its worn stuffing - an old, cloth rug - which she uses in place of the sanitary pad she cannot afford.

    Menstruation means missing school; Chaodza feels too ashamed of her makeshift pad to show her face as she battles days of heavy bleeding."


    https://www.reuters.com/article/us-...girls-rely-on-rags-paper-leaves-idUSKBN1KD0MR

    И во Велика Британија ситуација не е сјајна:

    "According to figures, the average woman buys 11,000 tampons during her lifetime. In Tesco, a box of 20 regular Tampax costs £3.14, meaning a woman works on average 38 full working days for her entire life's supply.

    Both tampons and period pads are taxed as luxury, non-essential items, despite the fact women must use sanitary products whether they wish to or not."


    https://www.independent.co.uk/news/...-warns-salvation-army-food-bank-a6932111.html

    Ако на некои жени/девојки не им е доволно истражувањето спроведено во Македонија, можеби светските истражувања ќе им бидат доволни за да им докажат дека Period Poverty претставува реален и сериозен глобален проблем со која никоја припадничка од женскиот пол не заслужува да се соочува без разлика во кој дел живее од оваа планета, како и веројатноста истиот проблем да е застапен и во Македонија која е особено позната како сиромашна и недоволно развиена држава. It's time to stop period poverty...

    [​IMG]
     
    На Emy867, zalosna, Peperutce1115 и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.104
    Пол:
    Женски
    Се читаш што пишуваш?
    Како нема врска насловот?
    Кога го има во графиконот!
    Убаво го прочитав,а и тебе кога упорно пишуваш 15% кој е процент само од испитаните,а не вкупниот број МК.

    И прочитај ги ти линковите што веке ги ставаш ,
    Тоалетна хартија која е логично да ја има,ја нема во графиконите!

    Зошто Д Ангел?
    Истражувањето:
    5. Кои средства за МХМ ги користите?
    ??????????
    5. Кои средства за МХМ ги користите? - 80% еднократни хигиенски влошки - 5% тампони - 15% не користам ништо, весници, крпи.

    Брошурата е сосема друго од истражувањето ,и брошурите се за пофалба!
    Овде зборуваме за бомбастичната манипулација со %
    15%од испитаниците, не од населението.

    А не лошо и да кажеш дека истражувањето го правело регистрирано здружение на граѓани,наречено Новинари за човекови права!
    Наместо бомбастични наслови да изнудат реакција како што велиш,фокусот треба да биде баш во информирање на децата,делење на брошури и хигиенски влошки,а не манипулирање со проценти.
    Јас за твоја жал нит сум во 15 век,нит па негирам дека постојат девојки кои не можат да си дозволат хигински влошки,апсолутно сум и да се намали данокот на 5% ама не со на ваков начин со претерување за да се привлече внимание.
    Еве што корист ке има девојчето чија несрека да користи весник е искористена од новинарката,да направи бомбастично стори?

    Преку грб на деца од сиромашни семејства ке се докажуваме пред новинарската фела и ке бараме реакција и внимание од и во јавноста?

    Мислиш ли дека не сме свесни како народ дека во руралните средини има длабоко сиромашни семејства,но дали е вистина дека сите тие не користат и не можат да дозволат основни хигиенски средства меѓу кои се влошките?

    Зборувајте за мал дел од испитаниците,не за сите сиромашни семејства,затоа што има луѓе што нема леб да јадат ама за хигиена последен денар ке дадат.
     
    На Glossy-girl и vaga95 им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Briar Rose џабе кажуваш за period poverty на луѓе кои апсолутно не ги интересира и луѓе кои менструалната сиромаштија (во буквален превод period poverty) ја гледаат како срам на жената, а не на државата и општеството.

    Патем, насловот за Британија идентичен како нашиот "Women are using 'newspapers' because they cannot afford tampons, says Salvation Army food bank"
    Како не им е срам низ цел свет така да ги дискредитираат жените (sarcasm, ofc)
     
    На naturallmess, LivingGlam, Peperutce1115 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека проблемот е и во државата и во менталитетот на народот - не го сфаќаат како реален и сериозен проблем, па дури и да го сфатат, не преземаат ништо за да го спречат истиот.

    Дали знаеш само колку прекрасни и инспирирачки акции и кампањи сум видела за period poverty и залагање за бесплатни влошки и други неопходни средства за женското здравје и менструација?

    Јас можеби цел живот сум живееле во држава која се смета за високо развиена и од една страна сум благодарна што никогаш не сум се соочила со овој проблем, но сепак сум свесна за срамниот факт дека една од секои седум Канадски девојки не оди на училилиште поради немање соодветни средства.

    https://torontosun.com/life/relatio...ls-have-missed-school-due-to-lack-of-products

    А гледано од аспект на феминизмот, уште пострашно е што постојат одредени жени (не зборувам само во Македонија) кои никогаш не се соочиле со овој проблем, а се дрзнуваат истиот да го оспоруваат.

    Дури и мажите имаат разбирање и го поддржува елиминирањето на овој глобален проблем...

    P.S. - Isn't he the greatest? :inlove:

    [​IMG]
     
    На Emy867, Peperutce1115, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зa весници првпaт слушaм, aмa зa крпи, пaртaли и чoрaпи -дa. И тoa не oд 13 гoдишни девoјчињa и стaри бaби oд рурaлни средини туку oд студентки сo oгрaничен буџет. При крaј кoгa е пoслaбa менструaцијaтa мoже и без влoшкa, некoгaш и тие дoдaтни 50 денaри биле луксуз. Oти ги немa. И требa дa се ќути oти срaм билo? Кaкo знaеш ќе се снaјдеш aмa немoј светoт дa рaзбере декa пaртaли стaвaш? Кoнечнo требa дa се прoгoвoри и дa се издејствувa. Срaм зa скaпaнaтa држaвa кaде еврo зa хигински пoтреби е луксуз.
     
    На Celltica, LivingGlam, Peperutce1115 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    @Cosmi Истражувањето е направено во Скопје, Куманово и Велес (и околни села), кои се најголемиот и едни од поголемите градови во Македонија. Ако статистиките за мал дел од населението од овие градови се такви, замисли какви би биле за цела Македонија, со градови и села со уште полоши услови и сиромаштија?

    Јас досега не сум прочитала истражување за цела популација. Признавам, читам повеќе истражувања за Америка или воопшто странски истражувања ама секогаш се зема дел кој се испрашува. Не е попис. Не е реалистично да мислиш така.

    Сиромашните што не можат да си дозволат улошки не се на никој начин искористени во тоа истражување, затоа што се е анонимно и секако дека преку нив ке се привлекува внимание на јавноста, затоа што на нив им треба помош и внимание!!! И не е ништо страшно ако некој неанонимно се изјасни дека сакаат помали цени на влошки. Мислам, што зборуваш.
     
    На Peperutce1115, Harper, Sanjichka007 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.104
    Пол:
    Женски
    Незнам во кој дел не се разбираме.
    Каде прочита негирање дека постојат сиромашни кои не можат да си дозволат хигиенски влошки?
    Каде прочита негирање дека огромен проблем постои со немање сооветни услови за менструална хигиена?
    Кој ја негираше висината на цените,мислам?
    Кој рече дека немањето пари за хигиенски влошки е срам?
    Ама ајде добро,Еве успешна мисија на нво здружението, се шокиравме сите дека за 15%од девојчињата во Македонија до 45 год:?:.менструалната хигиена е луксуз!
    Тоа е најважно!
    Од дрвјата,шумата не ја гледате.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.443
    Пол:
    Женски
    Користам Еври Деј влошки,ги купувам од Стокомак бидејќи таму се малку поевтини.
    Сум била во ситуации со малку пари,па сум купувала поевтини влошки,Бони и Она.
    Ама,благодарна сум му на Бога што можам да си дозволам бар влошки од 40-50 денари кога немам за оние од над 100 денари.
    Ама,да,има девојчиња што немаат пари ни за најевтините.
    Државата не се интересира ниту за спуштање цени на влошки,ниту за спуштање цени на лекови,но со народ кој спие,нема ни да се заинтересира.
    Џабе дробиме овде кој,што,како...
    Треба да се делува.
     
    На Peperutce1115, hermosa и WildMk им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Истражувањето е правено со посебен акцент на вработени жени, посебен на ученички (пак ќе повторам, да си истажила ќе си знаела).
    Нормално дека ќе се испитуваат и жени до 45 години, зарем треба да се правиме дека жени до 45 години не добиваат? Штом излезеш од школо завршува менструацијата, оп, стоп.
    Еве ти од друго истражување, кое всушност било инспирација за почеток на ова. Јасно можеш да видиш дека условите за менструална хигиена надвор од домот се воглавно проблем кај ученичките, не толку кај вработените жени

    upload_2019-7-19_22-21-15.png
    Се фати за насловите, наслови служат за да се скандалозни. Не можеш врз основа на наслов напишан од рандом новинар кој веројатно не бил ни вклучен во истражувањето да вадиш заклучоци за целото истражување.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.243
    Допаѓања:
    166.016
    Арен е сарказмот. Тоа што насловот им е идентичен, повеќе зборува за доследност на организацијата независно од локацијата, т.е. насловот им е скоро речиси како слоган. Небитно. Малку смешно во денешно време да збориш за весници, кога сите се читаат електронски, весници за лек нема, може треба да си го ажурираат слоганот/насловот, ама и тоа е небитно.

    Битно верувам дека 15% од популацијата, соодветно на репрезентативниот примерок од испитувањето немаат никакви средства за справување со менструација. Крпи ли, весници ли, не прави голема разлика. А и одењето на училиште, не е само до условите во училиштата, и до домашните ментални матрици може да е. Јас ко добив првпат, па освен тие памук-газа влошки, други немаше, и ко имав добиено одев троа ко травестит, со две влошки напикани, ама одев на училиште.

    Сум работела и испитувања и знам како се работи според методологија. Имаш испитаници според некој регистар и категоризирани според возраст, етникум, образование итн. Скопје не е само Центар, и Сингелиќ и Арачиново се во скопски регион. Памтам еднаш имав девојка испитаник, не одеше на училиште иако тука родена, и разбираше македоски ама одговараше само по и јо, во присуство на татко. Не сакам никого да потценам, знам и Албанки едуцирани, дотерани, вработени, ама го знам и ова како пример. Знам и дека другарка ми, Македонка, не смееше да се капи за некој прзаник, дури беше жив татко и, оти не смеело.
    Зборот ми беше, има економски, социјални и редица други фактори, зошто е менструацијата проблем. А хигиенските услови во државните установи,од училишта до болници, не се за коментирање. За срамота се.

    Не сум за намалување на ддв на влошки, сум за укинување. Незнам зошто, логично ми беше ддв-то да биде 5%, како за лековите, скроз сум била несвесна дека било 18%. А за социјално регистриграни случаи, би требало да постојат пакети со бесплатни производи за хигиена. Ама тоа ваљда во некој друг свет, во овој, ко се нема сапун и тоалетна хартија во градинка и на училиште, што да праиме понатаму муабет.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На Sanjichka007, dunika, PaLaVa и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.104
    Пол:
    Женски
    Треба да се делува и во образованието.
    Кај ќерка ми во школо во 5 одд.им беше дојдена една организација, им делеа брошури и влошки,и пази ги оставиле само девојчињата во одделение,машките надвор.
    Зошто?
    А работата на министерство за социјални работи,посебно.
    Затоа што има родители кои парите за детски додаток,социјална помош ке ги испијат или испушат,а пари за влошки ке нема.
    Потребен е ангажман на социјалните работници.
    Тука лежи големиот проблем.
    Кај семејствата, детски додаток е 1000 или 1600 ден. :?:по дете,страшно е малку,но и да не се лажеме, има пари еднаш месечно влошки да им се купат од 35 ден.нивни пари се тоа,за нивни потреби.
    Па и за девојчето од примерот .
    Кој ги троши и зошто им се трошат парите на децава,се праша некој од нво истражувачиве?!
    Ама ај сензација со весници ке правиме,односно ке препишуваме да собираме парички за проект.
     
    На Roksifoksi, cresa-jagoda и Sesil им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Бaш се прaшувaв кoгa ќе се пoјaви некoј сo -a зa цигaри имaaт a зa влoшки не? Стaтистикa не е нaпрaвенa дaли рoдителите пушaт или не. Кaде ги трoшaт тие 1000 денaри детски дoдaтoк? Сигурнo џепaрaц нa децaтa не им дaвaaт. Верoјaтнo oдaт зa хрaнa, сметки, греење, лекoви, oблекa. 1000 денaри кaде ги трoшеле, сериoзнo?
     
    На Emy867, x.Daisy.x, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Апсолутно се зложувам со твоето мислење, сакам само да го искоментирам делов.
    Државата е потписничка на конвенцијата за заштита на правата на детето. Во неа јасно стои дека, цитирам: "Државите членки го признаваат правото на детето на образование и, со цел за постепено остварување на тоа право на основа на еднакви можности, посебно:
    ...
    (е) преземаат мерки за поттикбување на редовно посетување на школото и намалување на отпишувањата од школо"
    Државата е исто потписничка и на CEDAW (Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација кон жените) и неовозможување на еднакви можности и учество во јавниот живот на жените е директно кршење на таа конвенција.

    На крај, и да потекнува неодењето на училиште од дома - пак државата треба да превземе мерки за контрола на ситуацијата.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На dunika, Nigredo Odor и WildMk им се допаѓа ова.
  20. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Не знам колку се реални податоците од истражувањето ама јас не им верувам.

    Сме биле сите во основно училиште, средно, факултет. На работа, можеби на пракса во некоја фирма.

    Секаде имало девојки/жени од посиромашна околина, не верувам дека никој не запознал соученик од социјално загрозена фамилија. Јас лично, ниту сум била директен, ниту индиректен сведок за таков случај да девојче не доаѓа цела недела на училиште поради менструација, значи секој месец, по 5 дена. Или па да носи весници, крпи со себе, па на мал одмор да се прикрадува до ВЦ.

    Па дури 52% одговориле дека отсуствуваат од работа / училиште поради несоодветни услови за МХМ? Тешко дека некој ќе отсуствува бидејќи смета дека во ВЦ-то нема сапун да си измие раце после менување на влошка.

    Не го изоставувам фактот што има до таа мера загрозени семејства, кои немаат дури ни покрив над глава, но далеку од тоа дека половина од граѓаните немаат пари за леб или 15% од жените немаат пари за влошки па користат весници.
     
    На Glossy-girl, cresa-jagoda и Sesil им се допаѓа ова.