Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Ова секако, влажната средина е погодна за инфекции. Од друга страна и секојдневните влошки не се препорачуваат стално да се користат. Ептен ако се има бел исцедок, инаку не.
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  2. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Да, знам. Поради таа причина ги користам на работа. (fingers)
     
    На ZAHRA и KiT им се допаѓа ова.
  3. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Колку и сте се нафрлиле на @-црноока- :o
    Абе секоја жена е РАЗЛИЧНА, од менструација (обилна, нормална) до исцедок (повеќе, помалку, секојдневно или не), небитно е тоа и не, не значи дека не е нормално. Честото менување на влошки е основна хигиена, па макар и оскудна менструација да имате. Прескапи се, се трошат по неколку пакетчиња месечно. Јас лично земам екстра долги за преку ноќ, за првите 2-3 дена со повеќе капки, и за крајот од најкратките. Ретко користам секојдневни, ма да имам секогаш дома. Стварно се троши многу, па макар и од најевтините да зимате, кои се тенки, пропуштаат и иритираат. Влошките треба бесплатни да бидат за сите жени, ова веќе е срамота. Рекоа цените ќе се намалат, пред малку купував, не мрднале :x
     
    На twilight123, Осе, FridaodaMk и 5 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    А да си направиш ти една интолеранција на храна да видиш која храна ти го предизвикува лачењето на белиот исцедок, штом тврдиш дека не е внатрешен фактор тогаш можеби е надворешен.
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Некои не се без пари. Оваа тема е базирана на истражување направено пред некоја година.
    МЕНСТРУАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА Е ЛУКСУЗ, 15 ОТСТО ОД ДЕВОЈЧИЊАТА КОРИСТАТ ВЕСНИЦИ НАМЕСТО ВЛОШКИ ОТИ СЕ СКАПИ - Сакам Да Кажам (sdk.mk)
    Немаат сите да си дозволат. Некои не знаат ниту како би обезбедиле храна, а не пак влошки. Затоа тие денови отсуствуваат од настава. Ова е многу голем проблем, особено во најранливите периоди од животот.
    Овие се но минимален, ама имаат други од истата марка и се без мирис. Од нив има и екстра долги. Најдобро е што се памучни кои од други фирми се доста (повеќе од дупло по)скапи.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
     
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Не треба да се навраќаме затоа што сега и тогаш не е исто. За овие работи треба да се стремиме да одиме напред. Има други работи за кои треба да се навраќаме назад.
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.633
    Допаѓања:
    39.255
    Пол:
    Женски
    Да бе алишта да ставаме. :rofl:
     
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Само една забелешка на темава, оти прв пут ја глеам, иако е стара со години...

    Која ставала весник жити мајка? На која од нас кога и згуснало рекла весник да ставам? Па газот не можеш со весник да си го избришеш, а не па да упие крв...

    Ова као фејк њус, као поударен наслов... Ај памук, тоалетна, знам стариве пред улошки крпчиња ставале, ќе исцепат некоја маица, крпа, или марамче, али весник?! Па не сме толку глупи, мме.
     
    На s.a.m.a и tanjaaa им се допаѓа ова.
  10. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
    Poarno e od vesnik kaj sto procitavme pogore:D
     
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    Сега има памучни влошки за повеќекратна употреба кои се далеку поздрави од поголем дел од обичните влошки, секако ако се одржуваат на соодветен начин. Да не исмејуваме одржливи опции :) Само проблем е што е уште табу па можеби некои не се ни свесни што им се случува за да знаат како да се справат соодветно.

    Менструален циклус е уште табу, особено во одредени заедници. Насловот е за деца, а некои од тие деца можам да претпоставам дека не им текнувало на подобра опција освен таа. Можеби не весник, ама хартија да. Кој како и што ставал...подобро и да не замислуваме..

    Насловот е ударен, но да не не' одвлекува од поентата дека голем процент на тинејџерки не можат да си дозволат други опции па изостануваат од училиште по една недела секој месец.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Прашај ја мајка ти што алишта ставала, во нивно време немало влошки. Памук или крпчиња ставале. После почнале да се прозведуваат влошки од памук без крилца.
    ;)
     
    На L.i.n.a.a, s.a.m.a и Gosh им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    26.331
    Има менструална чашка што се купува еднаш и се котисти долго. Има и менструални гаќи што се перат. Ддв то е симнато на 5% од пред некој месец.

    Тие секојдневни влошки и обични знаете колку ѓубре прават...
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.633
    Допаѓања:
    39.255
    Пол:
    Женски
    Ммм да, мајка ми '32 е родена.

    А и не знам зошто ова би било битно, ако пред 60 години немале влошки, не значи дека треба денес да се става што ќе се најде. Треба да бидат подостапни за сите, не да се враќаме назад.
     
    Последна измена: 9 април 2023
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Е како да не. Јас се сеќавам како мала на мама како ѝ купуваше влошки од оние во жолто пакување ептен долгите и дебели. Немаше избор ама битно имаше влошки
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Не си ме разбрала.
    Тогаш имаше точно, ние кога бевме мали имаше.
    Јас зборувам за периодот кога нашите мајки биле девојчиња.

    @Angie1432 Иронична си, никој не кажа дека треба да се вратиме назад, само споделувам искуства како било во времето кога нашите мајки биле млади.
    Некој нема пари леб да јаде,а не влошки да купува па се снаоѓа некако. ;)
     
    Последна измена: 10 април 2023
    На s.a.m.a и KiT им се допаѓа ова.
  17. s.a.m.a

    s.a.m.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    280
    Се согласувам бубе.
    Влошки имало можеби во минатото ама беше како табу посебно во рурални средини , девојчињата дури се срамеа да кажат дека имаат циклус.А не да бараат да им се купи влошки затоа бараа алтернатива со памучни крпи од облека и т.н
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Ја искрено не знам шо е проблемот ако немаш пари за улошки и крпче или памук си ставиш, па и толетна. И јас сум била у тесно, сум се снаоѓала. Незгодно е да, али тоа е живот.

    Оди види шо се хемикалии ставаат, па и со нив предизвикуваат зголемено крварење за да купуваш уште улошки и тампони.

    Е сеа тоа табу тема, зашто плаќаме за нешто што ни е неопходно и сиромаштија, е веќе друга тема.
    Сепак, не треба и овие начини да ги стигматизираме, па да се осеќа некој уште толку понижено.
     
    На NoirSerpentine, buba4e89 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Не е срамота да се користат влошки што се перат. Ете сега во мода се враќаат и бебешки пелени памучни исто што се перат. Дека е помачно, помачно е, едниве извај фрли... другите треба перење, вриење итн.. дека еколошки е подобро да се користат повеќекратни - точно е... дека секој треба да може да си дозволи влошки, треба... ама дека е ОК да се користат и повеќекратни влошки, не гледам ништо лошо или срамно во тоа. Се си има позитивни и негативни страни.
     
    На NoirSerpentine, buba4e89 и s.a.m.a им се допаѓа ова.
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    2.318
    Пол:
    Женски
    @Gosh & @jacqueline.s мислам дека овде не се работи само за немање опции туку и за несоодветна припрема токму заради тоа што е табу. Нема да е толку страшно доживеано ако знаат со што се соочуваат.