1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Оти ако не ти чини, тогаш крпи клавај си!
    Е то е логиката
     
    На Peperutce1115, smooch, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    10.420
    Пол:
    Женски
    Не би било лошо намалување или целосно укинување на ДДВ ама за ваква ситуација не знам колку би било од полза. Кој нема 50 денари за влошки нема да има ни 40 денари за истите. А оној што има отпојќе пари не му менува дали ќе плати 40/50 ден или ќе купи подобри влошки за 80/100 денари.
    Мене толку ми се застрашувачки податоциве, вака кога подобро ќе размислам. Ме натера да размислувам колку чини жовотот воопшто, а некој нема ни за влошки.

    Замислете колку производи за хигиена се неопходни, а се дури и поскапи од влошкиве. Паста за заби чини горе долу исто колку и влошки. Пакување со 10 тоалетни чини 100 и нешто денари или дупло повеќе од пакетче влошки, а не трае ни пола месец. Шампон е над 100 ден, или ај има и поевтин за 60/70 од оние од литар што се. Дезодоранс е 100 најевтин. Прашак за перење големо пакување чини колку три пакетчиња влошки. Грејачот на бојлерот е 2kW. Уклучен 1 час на скапа струја чини 11 денари, уклучен 1 час на евтина 6 денари. (Отприлика, според тарифите на ЕВН, kWh струја е 5.54 ден на скапа, односно 2.78 ден евтина). Уклучен бојлер секој ден по два сати на евтина би направил околу 330 денари месечно + ДДВ, односно околу 650 денари месечно + ДДВ доколку е два сати на скапа секој ден. Настрана другиот трошок за струја што не е од бојлер и башка некоја такса за улично осветлување. После се чудиме како може некој да не се бања во 21ви век, кога секој може да си дозволи топла вода. Еве како, струјата е поскапа од пакетче влошки и по се изгледа не може секој основното да си го дозволи.

    Значи, ако девојка не може да си купи влошки, не може да си дозволи ништо од продукти за хигиена со оглед на цените. Целокупната хигиена не може да ја одржува, а камоли менструалната. А каде пак шминки, креми за раце и лице, парфеми, не ги ни правам во муабет, со оглед дека за некои луѓе и основните продукти за хигиена се луксуз, па дополнителна козметика е нешто незамисливо.

    Податоциве се само слика за сиромаштијата во државава, која е на поразително ниво.
    Не треба да се срамиме од жени што не користат влошки, туку да се срамиме од тоа во каква држава живееме. Зошто институции замижуваат пред вакви проблеми? Зошто не се реагира?
     
    На Peperutce1115, teddi, smooch и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да бидат преземени и други мерки, особено во училиштата. Кај мене во основно на пример, имавме чучавец и во таква прилика не можеш ни да мочаш како човек, не пак да менуваш влошка.
    Да не зборувам за тоа дека тоалетна хартија воопшто немаше, сапун ретко кога. И не, не во рурална средина туку вака беше и во училиштата низ некои од градовите.
    Иста приказна беше и во средно, дури кога бев матурантка ни поставија вц школки во дел од женските тоалети. На факултет имавме далеку почовечни услови од тој аспект.

    А баш се сеќавам, во основно во петто или можеби во шесто одделение доаѓаа тимови (веројатно спонзорирани од Always) да ни држат предавања за менструација и општо за тоа како функционира женското тело, пубертет. Баш убаво се сеќавам како жената рече дека секое училиште би требало да има 'stash' со влошки за девојчињата, да можат да се послужат доколку ги изненади циклусот. Ама во моето училиште не памтам кога имало тоалет, не пак шкафче со влошки...

    Ама ретки се тие девојки со ваков послаб тек за време на циклус.
    Мене пакетче од 10 влошки ми трае во просек 2 дена. Циклусот ми е 7 дена, па нека ни е со среќа шопингот на сите други во иста ситуација. Да не зборам пак дека поевтините влошки (кои обично се нормал величина) ми се многу мали и не памтам кога не сум имала инцидент со некои такви. Нон стоп или им попушта лепакот па се изместуваат или протекуваат.
     
    На Peperutce1115, smooch, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Јас користам влошки со 6 и со 7 капки,послабите не ми вршат работа.
    Во основно и средно вецињата беа ужас,а и на факултет не се во ред.
    Тесни,валкани,а сапун нема...
    Сте виделе во темана колку често купувам сапуни и влажни марамици.Морам за да не ми се залепат прљавштини на мене...
    Преголем срам е во образовна институција да нема хигиенски средства.
     
    На Peperutce1115, theowndemon, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Нашите лоши навики. Денес читам статус на фб дека оро на свадба се игра на кредит, двојката се разведува, ама кредитот се враќа после. Лошо.
     
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Кај нас во средно, вратата од женскиот тоалет не се затвараше, буквално квака немаше на вратата. Ако некоја имаше потреба, мораа по две да одат, едната да гледа да не упадне некој.
    Јас во школски тоалет влегував само сунѓер да натопам, кога бев дежурен за табла да избришам. И многу ми е јасно зошто девојчиња не одат во школо за време на менструалниот циклус, ни јас не би. Плус, ко што кажаа некои наназад, на многумина им се потреби и дополнителни лекови за време на периодот, а имам слушнато и за случај кај што девојчето до инекции стигало од болки.
     
    На Glossy-girl, Peperutce1115, Svetoslava и 15 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    34.236
    Пол:
    Женски
    А памперсот што е 500- 600 денари?!

    Ме интересира како е правено истражувањето? Телефонски? Не прочитав никаде.

    Има влошки од 20 денари едни жолти беа 10 внатре.

    Не е до сиромаштијата секогаш, ова со влошките повеќе ми е немарштина.

    И кај им текнало да поврзат влошки со намалување на ддв бе...
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ни ја направија вратата кога заврши од нашето школо, кое олеснување беше конечно сам да можеш да идеш без придружба. Ај сега откако си отидов и ја може и сапун и тоалетна ќе им донесат. :rofl: А ќе си речеш школо во главниот град на државата е. :D Замисли во рурални средини па како е. :)
     
    На Peperutce1115, Tanjamm, Moon.Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Подобро е ради помалиот број ученици, помалце шанси за слупани врати и уништен инвентар. :angel: И почисто е.

    Ај кажи ама искрено, колку од девојчињата отсуствуваа за време на цел циклус? По колку ученички имавте отсутни истовремено?

    Јас сум од тие што до инекции стигаат за време на циклус. Ама инекцијата брзо го решава проблемот и за многу кратко време се функционира нормално. Циклус во никој случај не е оправдание за отсуство од работа/настава.
    Не може од една страна да се бореме за рушење на табуата околу циклусот, од друга да толерираме отсуство од школо/работа ради циклус.
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Да родиш дете е избор, менструацијата не е.

    @Sesil, со тие услови што располага речиси секое школо, и те како е оправдание да не се појавиш на настава. И табуа не се рушат со тоа што ќе се преправаме како сѐ е во ред, само нема да мрднеме од точката во која се наоѓаме моментално.
     
    На Peperutce1115, SexiLy, smooch и 17 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Очи в очи е правено истражувањето. Со директен контакт, од врата на врата.
    Пишува, сѐ пишува.

    Не сфаќате никако што е поентата изгледа.
    Не е поентата ми што паста и влошки и тоалетна исто коштаат. Не е поента ни колку кошта памперсот. Паста користат сите, памперс им треба на сите бебиња и искрено без памперс можат да преживеат. Без паста за заби, да, ќе преживееш. Ама е тотално дехуманизирање да бидеш заглавена затоа што крвариш, да не можеш да мрднеш од дома. Еднакво е затварањето во шупа. Ова е само модерно затварање во шупа.
    Да, јас сум за сите неопходни средства за хигиена да бидат бесплатни, ама на страна тоа, не сфаќате колку преку контролирање на менструацијата ве рушат и ве уназадуваат.
     
    На Peperutce1115, smooch, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Еве мораш во тоалет, итно, нема ли да отидеш само ради тоа што хигиенските услови не се добри?

    Хигиенските услови се за никаде, да! Ама менструацијата не е болест, ниту посебна состојба на која и треба посебен третман. Нормален процес кај секоја жена е.

    И пак ќе кажам, не е до менструалните хигиенски услови до општо лошиот стандард е. Што ако некоја ученичка ќе има на школо топ средено купатило ако дома воопшто нема никакво и едвај преживува.Како тука ќе издејстува здружението? Против сиромаштијата треба да се бореме. Ваквите површни проблеми ќе се решат коа главниот проблем во општеството нема да постои.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    34.236
    Пол:
    Женски
    Човек што оди на работа има пари за влошки.
    Девојката/ жената што става весници значи нема потреба да излезе од дома баш тие 3/5/7 дена. За кратко може и со весник да прогура и со партали. Па и жена на работа може да прогура со партали ќе менува почесто.

    Ова ми е само недостиг на материјал за весник.

    За леб сум немала ама за влошки сум имала. Зависи што му е приоритет на човека.
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    @gjoker4e последново сарказам некој тежок е или?

    Незамисливо е ставање на било што наместо хигиенски влошки. И онака се отворени сите канали, лесно се добива инфекција, уште хартиите да ги пикаме. Да не ги пеглаат случајно за дезинфекција пред да ги стават?
    Не сте сериозни со споредување дека оделе на работа и имале да си приуштат за влошки. Не ме зезајте. Заборавате дека кај нас веќе го нема средниот сталеж.

    Можете да тргнете со споредбите од себе, само ако наспроти вас имате член од фамилија, се останато е неиздржано. Не можете да се ставите во нечија позиција и да искалкулирате дека ќе се најдат 20 денари. Не, не се наоѓаат, за леб немаат, влошки ќе купуваат.

    Воопшто училиштата не се опремени соодветно, ниту пак повеќето факултети. Тоалетна хартија и сапун се научна фантастика на повеќето факултети, за катче со влошки можеме да сонуваме.
     
    На Peperutce1115, smooch, Harper и 9 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сакав на сите да ви одговорам ама сфатив дека аргументите ви се толку без везе што апсолутно нема поента да се замарам.
     
    На Harper, Keiner, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Абе зашто така викаш? :)

    Не е без везе.

    Сите овие работи се реални:
    - немаат пари
    - постои стигма
    - немаат поима како да одржуваат хигиена
    - има шанси парите да се трошат погрешно

    Со мене учеше машко дете.
    Во основно ова.
    Секогаш му купувавме појадок, собиравме пари за екскурзии, родителите собираа пари за патики и сл.

    Татко му беше вработен, но и алкохоличар. Мајка му беше со психички проблеми.

    Сакам да кажам, во нивната ситуација не беа сиромашни до тој степен да не купат појадок на детето, колку што немаше интерес да се овозможи нормален живот за него.

    Затоа не ми е тешко да претпоставам дека истиов овој татко, кој не купуваше храна за децата, не купувал ни влошки за сестрата на мојот соученик.

    Не знам колку народ сме точно во државава, ама ако претпоставиме дека сме 2 000 000, пола од тоа жени, значи 1 000 000, и ако репрезентативниов примерок го гледаме како реален за цела женска популација, испаѓа дека 150 000 жени не купуваат влошки. Е сега, ајде нека е и помал бројот поради постарите и помалите (-14 и 45+) пак е тоа поголема бројка него што би рекла дека толку жени се до тој степен сиромашни.

    Дали навистина толку жени од повеќе причини не водат доволно грижа за менструална хигиена? Веројатно повеќе.
    Ама тоа мислам дека не се должи само и само на финансиите.
     
    На Glossy-girl, darcy, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Зашто од менструацијата се пробува да се направи политичко прашање ?
    Што со намалувањето на Ддв-то, од колкаво значење ќе бидат тие 10 денари минус у однос на сега ?
    Дали со делење на бесплатни влошки трајно системски ќе се реши проблемот, кога патем системот не е главниот причинител на оваа проблематика, туку менталитетот односно патријархатот ?
    Вц-њата по јавните и образовни установи се нефункционални и за секојдневни потреби читај вршење нужда, за двата пола, зашто до сега не се крена глас за тоа, туку пак на грбот на жените се става и тој товар, преку нивната ' кревкост '.
    Со отсуствата од 4 до 5 дена знаете кои манипулации би се правеле ? Би се избегнувале тестови, полагања, испити, 'менструалните денови' би се земале во било кое време од месецот, по потреба.
     
    На Glossy-girl, smooch, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Наместо телефон од 300 евра со тое пари ќе има влошки за 10 години ако не и повеќе.
    Ама биѕно е за некои колку Мп.е камерата.
    И тие 10 ден ддв.
     
    На Tanjamm и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не ја потценувај темава со вакви глупи мислења, жити се.
     
    На T.e.d.d.y, piksooki, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Ама темава не е за финансиски јаките,туку за ранливите кои немаат пари.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.