Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Нека се донесе и такво решение за во школите ама се да е систематизирано и простудирано...за кој што следува и како.
    Ловестонед убаво кажа....злоупотреба би било за испите тестови....некоја дури и 3 пати ако треба ќе добие.
    одење од школо....
    Ддв нема врска со ова..ни политиката....
    Државата или здравството и да најде посебна формула за тој проблем...секогаш ќе има ама...
    Кој ќе направи ѕолкава систематизација во толку голем број училишта...кој е финансиски ранлив кој не....а за злоипотреба дефинитивно ќе има страна....мкд менталитет.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Ако од 1 000 000 жени, 700 000 секој месец купуваат влошки, средна цена нека е 118 ден. со ддв, секој месец државата само од влошки добива 12 600 000 денари, односно околу 205 000 евра.

    Еве ако намалиме - бидејќи постојат и поефтини влошки, нека се 180 000 данокот. 180 000×12=2 160 000

    Ако грешам во математикава, поправете ме.
    Ако не грешам, 2 000 000 евра секоја година... за што?
    Само затоа што сме родени жени?

    Како може менструацијата да биде луксуз?

    Според мене данокот треба да е 0, ама ќе се помирам и со 5%. Со 18% не можам да се помирам, прво зошто не е етички, а второ затоа што не гледам на кој било начин да се користи даноков правилно - убави примери се посочија - од тоалети во институции, училишта, до кутии со бесплатни влошки, хартија за шолја, па и барем ете да се дадат за помош на жените кои се во ситуација да немаат пари да одвојат за хигиена.

    Менструацијата е само женска работа, и искрено, не може маж да знае што значи да немаш каде да промениш влошка.

    Баш размислував за основно/средно.

    Во основно не одев по мала нужда, а не па да менувам влошка. Одев до дома. Блиску ми беше.
    Во средно одев во локален кафич во тоалет. Немавме врати од тоалетот во школо.

    Кај мене на работа денес, има вц шолји, има и сапун, има и тоалет, ама џабе кога нема кој да чисти на толкав народ. Пак е валкано, ако чистачките поминуваат на секој саат. А ова е нов, реновиран тоалет за пациенти - женски. Стариот женски тоалет... да не бидеш пациентка со менструација која чека со приоритетен упат со саати.
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    За се' можам да отворам боледување.
    И нон стоп луѓе отвораат боледување.

    Постои комисија која треба да провери дали стварно боледуваш или се сунчаш на плажа. Е сега, колку таа комисија работи...
     
    На Peperutce1115, theowndemon и WildMk им се допаѓа ова.
  4. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Од искуство знам дека комисијата горе долу ќе работи ок ама тие доктори што уште не влесен во ординација кај нов се фаќаат за листто за боледување....е од таму да се почне.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Да се поправам.
    Просечна цена *100 денари. Така испаѓа 18 денари ддв.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Тоа и е поентата. Апсолутно не смеат да не одат на училиште, а очигледно не одат. И должност на државата е да превземе мерки за да одат. И со едукација, и со подобрување на условите во тоалетите. Ваљда знаеш кој хорор е да смениш влошка на чучавец, во одвратно ВЦ. За по нужда може ќе издржам и да не идам цел ден, ама влошката не прашува дали можеш да држиш.
    Не е само делењето влошки, нити намалувањето на данокот, ама и тоа е едно од нештата што треб да се направи. Едукација е другото.
    Сситемот е патријархален, значи тој е причинител. Личното е политичко - патријахалното воспитување секогаш тргнува од дома и ако сакаме да влијаеме на рушење на патријархатот мора да го замешаме личното. Од дома не и даваат пари за влошки, татко и ги троши на ракија, баба и смета дека не мора да оди во школо во тие денови. Таа сѐ учи дека ете, може да не оди и ова е мисла што ќе ја прати цел живот. Ако училиштето и обезбеди влошки, тоа ја отклонува од влијанието на таткото во тој момент, и дава некоја сила за да не е и во тој степен зависна од него. Сосема минимална работа е, ама е нешто.
    Ете, не одат на училиште, ги користат ВЦњата како оправдување. Среди им ги ВЦњата. Дај им услови. Менструацијата не е болест побогу. Мора да се способни тие жени горе/долу нормално да функционираат со менструација. Жени пожарникари има што заедно со мажите во најжешкото се туркааат за време на пожар. Седење на едни часови ли е проблем?
    Не е кревкоста во прашање, туку е она дека имаме различни потреби и тоа мора да се таргетира. Ти мора да му овозможиш секому еднакви можности за да ја врши својата работа. Тоа не се привилегии, тоа е само давање шанса на едните да постигнат исти резултати како и другите. Ако се реновираат ВЦњата во установите, зарем само женските ќе се реновираат?
    Патем, имам зборено дека и во Мериот во женските тоалети нема корпи за отпадоци. Тоа е тотална неедукација и доказ дека апсолутно не им текнало на жените и нивните потреби. Замисли, идеш во тоалет, менуваш влошка и немаш кај да ја фрлиш, а си во хотел во 5* што нуди некој кој знае кој комфорт. На маж нема да му зафали таа корпа, ама тебе ти фали.

    @CameliaMiller убав ти е одговорот, ама стварно нема поента да одговарам на неразумни одговори од стил "за ракија (по Грција, во кафичи) имаат, а за влошки немаат", "а што е со ВЦњата кога си идат дома" и онда тотално контрање на што и да кажеш. Искрено ми се гади од форумот од такви...
     
    На Peperutce1115, Annath, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Која девојка ќе каже дека нема пари за влошки?
    Која од вас би си дозволила, да прокрвари на школо или на работа?
    Што ќе се случи ако те видат со крв на пантолоните?
    Посебно ако си во школо, како ќе реагираат децата ако те видат со тучка крвава на газот?
    Ќе те отепаат од заебавање, па ќе ти стане незгодно, па ќе се усрамиш, па наредниот пат со весник или тоалетна, или крпа меѓу нозе, нема да се појавуваш никаде, затоа што ако пак ти се случи да ти протече, уште толку ќе те зафркаваат.
    И ете ти ученички, што не одат на школо за време на менструација.

    А на еден куп ниско-платени работни места, немаш право на пауза, па ќе си менувала тоалетна почесто.
    Кај почесто?

    Стигмата е суштината на проблемов, и од тука излегуваат сите други проблеми.
     
    На Peperutce1115 и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.825
    Допаѓања:
    23.467
    Пол:
    Женски
    Тоа е поентата. Па ти размисли што значи кога една држава нема приступачни цени за производи наменети САМО за оние кои имаат менструација.
    Низ цел свет е така, не е дека Македонија се нашла скапи производи да има.
    Ако дел од население нема за јадење храна (нормален процес), грижењето и лутењето на јавноста се оправдани. Ако некој не може улошки да користи за менструација (нормален процес), одеднаш сите велиме па што, па секоја жена минува низ истото, па дали веруваме дека е вистина или не мислиш дискутираме тема од религија.
     
    На Peperutce1115, Ketchup, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Нели жената работи, плата зема макар и ниска, зарем нема да одвои 20 или 45 денари за влошки? За 0 денари плата ли оди на работа?
    Кажете ми која е таа жена што работи, а нема пари за влошки? Таа може само да не сака да даде пари за влошки и да се послужи со нешто друго, а не дека нема.

    Темава е за тие што стварно немаат пари за влошки односно глупа новинарска мисија па и ддв да се намалело ко демек ќе им смени нешто тоа на тие што не можат влошки да си дозволат.
     
    На Glossy-girl, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.809
    Пол:
    Женски
    Зависи од долгови.
    Моја блиска личност работи,ама беше во ситуација да нема за влошки оти мораше цела плата за сметки и јадење да ја даде.
    Јас и она си позајмуваме една од друга кога некоја од нас нема влошки,а другата има.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Можела да тргне 50 денари на страна и да купи нешто за 50 денари помалку месецот. Значи не и била влошката приоритет.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.809
    Пол:
    Женски
    Заглавена беше до гуша,а и нејзиниот сопруг.Не можеше да тргне.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Пак би рекла зависи што му е приоритет на човека.

    И онака оние 18% да станат 5% пак нема да може да купи.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нешто ептен многу сакате да давате на држава од која не добивате ништо назад.
    И 1% намалување да е, зошто да им ги дадам?
     
    На Peperutce1115, Annath, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Јас се сомневам во статистикиве и ,колку се релевантни процентите ....за оваа ситуација
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не полагаат класен испит тие девојчиња? Не се малку изостаноци менструацијата да ја преседиш дома, секој месец.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Како успеа да извртиш две реченици браво.
    Што е до мене ич нека нема ддв.
    Темава е намалување на ддв то од 18% на 5%, а финтата е што и без ддв да се влошките тој што нема да има купи со 18% ддв нема да има ни без ддв да ги купи. Колку е 18% ддв на 20 и 45 денари, а колку е 5% ддв на истите тие пари?
     
    На Glossy-girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Мојата најдобра другарка буквално секој месец седеше дома првите 2-3 дена, знам дека често на лекар ја носеа премногу болна менструација, не дека немала за влошки туку мн ја болело и не ја запишуваа воопшто. Кај нас често не запишуваа оправдано отсуство, а ако беше неоправдано запишуваа ама како оправдано. Неоправдан само ако беше некој ептен немирен на час.
     
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.096
    Допаѓања:
    26.943
    Се мислев да пишам во темата или не ама ајде.
    Добар процент од девојките (вклучувајќи ме и мене) не знаат дека ДДВ е вклучен при купување влошки.Уште помалку беше познато дека земаат два милиони денари САМО од ДДВ од влошки.Е сега,јас дознав преку темава.Ама мајка ми,другарка ми,комшика ми пак нема да знаат.А,и да дознаат што може да направат(вклучувајќи ме и мене).
    Решението не е намалување на ДДВ-то во секој случај.Ете ве читам да поставиле влошки за изненадно.Абе луЏе,тие што земаат и пикаат цели ролни од кафичите во ташните ќе си пикаат и влошки.Немаме свест.Јас кога одев во школо во вц вратата со еден прст ја фаќав од гадење.
    Друго,менструалните болки кај мене се толку неподносливи што ни апче не помага.Сум пробала се.Ефридоли, ибупрофени,кафетини,спазмекси,итн,итн.Прочитав овде дека прошетка многу помага.Тоа го прочитав пред пола година и почнав тогаш да го применувам.6 месеци се немам напиено апче за менструација.Ама не можам јас секој месец да отсуствувам иако се дешавало.Сум завршувала на инфузии,татко ми ме носел во 2ч сабајле.И утредента во 7 одев на школо пошто имав тест па да не го пропуштам.
    За мене идеалното решение е едукација како за машки така и за женски.Од тие пари од ДДВ-то да се подарат влошки на ранливата категорија и на оние кои немаат.Но,и да се дадат соодветни лекови и од тие затоплувачите за јајници(многу помагаат,бар за мене).
    Ете јас лично да се дошле во школо како што доаѓаат за донации за болни дечиња ќе донирам и за девојчиња кои не можат да си дозволат влошки и пикаат весници,крпи,тоалети.
    А,и машките да се едуцираат утре може да имаат ќерка или жена што ќе се превртува од болка па да знаат што да направат.
    И аманте еднаш засекогаш купувањето влошки да престане да биде табу тема.
    Не,не е ич очигледно кога ми стават влошки во ќесе за леб.
    Ги кријат божем бомба се носи,не влошки.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    А ти дали знаеш колку од тие луѓе што кажуваат оти немаат за леб,не ни сакаат да работат.Еве јас знам за случај кога свекор ми имаше потреба од помошници за работа на бавча,па викна неколку од ромите што питаат на пазар да им плати за работа.Не отидоа......така да има случаеви за жалење да...ама не сите.И не нема да верувам оти неможат 20ден да одвојат за улошки,па весници ставале,дури и нашколо не оделе,оти 99проценти од нив пушат цигари,за тоа можат да одвојат да.
     
    На cresa-jagoda, Cosmi, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.