Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    26.333
    Истражувањето е на тема менструална хигиена, а менструалната сиромаштија е само дел од истражувањето, а темата е многу комплексна.
    Истражувањето исто така кажува дека ниедно училиште во земјава нема услови за одржување на менструална хигиена, нема вода, сапун, нема тоалетна хартија. Многу од училиштата во руралните средини имаат тоалети кои се доградени надвор од главната училишна зграда и се во ужасна состојба. Заради условите во тоалетите во цела земја (вклучувајќи ги и училиштата од Скопје) многу девојчиња свесно не одат на училиште додека имаат менструација. Друг проблем е сиромаштијата, и не можноста на девојчињата да си купат влошки или тампони, и без разлика на тоа по форумов има луѓе кои тврдат дека сите имаат 50 денари за улошки, реалноста е дека немаат сите 50 денари, а посебно немаат девојчиња од 13,14, 15 години кои зависат целосно од своите родители кои често не им купуваат улошки во доволен број. И секое намалување на цената на влошките, па макар било и 5 денари ќе донесе подобрување на состојбата.

    Трет проблем за кој сме најмалку свесни е загадувањето кое се прави со користењето на улошките. Во МКД има околу 450 000 жени во репродуктивен период. Месечно да користат сите по 10 улошки (а користат повеќе), тоа се 4 милиони и 500 илјади парчиња кои завршуваат на отпад. Тоа е отпад со кој во МКД не се менаџира соодветно и кој останува во природата до 1000 години. (замислете сега во сите градови каде има диви депонии колку животни доаѓаат во контакт со ваков вид на отпад и какви се болести се пренесуваат, плус на тоа додадете загадување на води и почви заради несоодветно раководење со овој отпад).
    Решение за загадувањето се менструалните чашки или платнени улошки за повеќекратна употреба, ама ја не гледам како тие би се користеле во МКД во блиска иднина.

    И конечно, организацијава која го има правено истражувањето (вкупно 4 лица) активно работи на подобрување на оваа ситуација. Доставуваат пакети со улошки во училишта во кои детектирале дека има потреба за истите, бараат од големи компании да им помогнат со купување на улошки или со донации за реновирање на тоалети, реновираат тоалети (и после проверуваат дали истите стојат под клуч за госпоѓи учителки да имаат ексклузивно право на користење или стојат како што е правилно, отворени за децата), лобираат за промена на законот и намалување на ддв то, држат предавање на деца во основно за важноста на менструална хигиена..

    Државата во меѓувреме што прави на темата? Едно големо ништо.
     
    На Celltica, Peperutce1115, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.101
    Пол:
    Женски
    Госпоѓите учителки имаат посебни тоалети, никогаш не ни оделе во тие за учениците,

    А бе многу лесно се манипулира со народот и се создава револт. :angel:

    Во кој век, во која средина ова? Или јас имав ептен среќа да учам со разбран народ.:angel: Се случуваше и кај нас некој да добие изненадно па машките шо идеа со мотор на школо ги носеа девојчињата до дома и се враќаа назад.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Истото што се обидувам цело време да го кажам, ама се фатија само за весниците.
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    26.333
    Тврдиш дека имаат посебен тоалет во сите училишта во Мкд? И дека ако некој реши да реновира само едно вц во цело школо, нема да го заклучат за нив?
     
    На Peperutce1115, Harper, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.809
    Пол:
    Женски
    На мојот факултет тоалетите за професори се заклучени,а само двајца професори дозволуваа студент да влезе во еден од тие ако во тие за студенти е презафатено или превалкано.
    Во основно и средно ни беше кажано да идеме само во тие за ученици.
     
    На cresa-jagoda и MarigoldA им се допаѓа ова.
  6. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.468
    Пол:
    Женски
    Кај нас на факултет посебни беа професорските ВЦа и функционираа со клуч само за тие што ги користат. Најверојатно тие имаа и тоалетна, додека студентските ВЦа беа во полоша состојба. Се случуваше до 8 вечерта да сме на предавања во некој ден од неделата. Да имаш добиено, барем еднаш во рок од 12 часа ќе треба да смениш влошка и обавезно си носиш и паломи и влажни со себе.

    За основно и средно да не правам муабет. Во основно кај шо учев ВЦто беше надвор од објектот на училиште. "Грб со грб" беа женски и машки ВЦа и имаше дупки во ѕидот во некои од тоалетите, така да беа useless. Можеше некој од машкото слободно да ѕирка што се дешава во женското и затоа никоја не одевме во тоа едно ВЦ со дупка. Ред ќе чекаш за другото, ама во тоа со дупка не влагаш.
    Во средно беше за нијанса подобра ситуацијата со тоалетите, ама пак немаше тоалетна ниту сапун ниту било какво средство за хигиена, така да цел живот сум одела во школо со паломи и марамици во чанта, за одржување на интимна хигиена. Генерално ова, не само на добиено.

    Ретко во кое училиште има асални тоалети. Еве некој спомна со ДДВто од влошките нека се средат барем тоалетите во училиштата. Добра идеја, да не се правеше државава ќора во поглед на вакви прашања.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Сфаќаш колку пари се годишно? За што ги даваш тие пари? Што добиваш од нив?
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Ако секоја од нас плаќа околу 3 евра месечно данок, а сме 700 000, 2 100 000 евра, не денари, е месечно.
     
    На Animali и GirlRose им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.134
    Допаѓања:
    88.243
    Пол:
    Женски
    Каде во кое училиште реновирале тоалет?
    Потребна е дозвола од МОН и општината,ние сакавме да го реновираме во нашето училиште со сопствени средства.

    Како излезе 3 евра месечно данок?:?:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.101
    Пол:
    Женски
    3 евра само данок? Колку влошки користиш и какви? :?:

    Јас always користам, дупло пакување, 133 ден месечно од кои 23,94 се данок. Годишно му иде 287,28ден данок од мене, на потрошени 1596ден. 4,5е данок од мене годишно за државта. Е многу ја збогатувам :angel:

    Не ми е до данокот и управање на државата, ме брига мене за државата, муабетот ми е дека трошокот е минорен, незабележителен, не вреден за дискусија.

    Во секоја образовна установа кај што сум влегла вц-то за професори е башка од тие за ученици и се далеку подобри условите. Најчесто се во склоп на канцелариите и не ни минуваат ученици од таму. Ниту па професори минуваат во тој дел кај што се вц-ињата на професорите. Ако реновираат вц во дел за ученици нема шо да бараат професори таму коа нивното ги има истите услови.

    Ова не е фер воопшто што учениците одат во такво вц ама земете го предвид фактот поголем проток на народ - по нечисто е. Еве во школото основно кај што учев чистеа хигиеничарките редовно, вода и солна киселина истураа, плавеа, на крај на секој одмор состојбата беше повеќе од очајна. Треба услови да, ама треба и да имаме култура за тие услови и да не ги уништуваме.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Блазе си ти, што не знаеш за булинг.
    Шо да кажам...
     
    На Peperutce1115, Harper, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.101
    Пол:
    Женски
    Знам какви деца има, верувај. Али булингот што го вршат тие деца го вршат по секој основ, како ќе им текне, и совршен да си пак ќе вршат булинг и тоа е тоа на кое најмногу треба да се работи од службите покрај хигиената воопшто. Деца имаат доживотни трауми и последици од тој булинг.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Значи Кечап што е млад дечко има поголемо разбирање за женска популација, отколку самите жени на форумов.

    Без леб дома биле, ама битно влошки имале пошто тие и биле приоритет. Стварно? Која совесна жена така би постапила?

    Не сте биле дома гладни, па затоа влошки сте купувале. Прашајте ги тие жени/девојки што користат весници, дали од домашниот мизерен буџет би зеле за влошки додека семејството гладува.

    И глупо е да споредувате памперси со влошки.
    Пошто мене никој не ме прашал дали сакам менструација, а луѓето сами одлучуваат дали ќе имаат бебе знаејќи колку се скапи памперси/каши/креми.

    Ако ништо друго барем нека има бесплатни влошки по школите за ученичките да не изостануваат. Со весник во гаќи не можеш два чекори да направиш, а не цела настава да ја следиш.

    Да одржуваш лична хигиена е луксуз, а со скапите влошки/тампони е дупло потешко за секоја жена.
    Вакви проблеми треба одамна да се минато, а не уште со чудење да се гледа реалноста.
     
    На Celltica, theowndemon, Peperutce1115 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Индивидуално гледаш за проблем кој не е индивидуален.

    Зошто плаќаме? Еве ме интересира дали е етички во ред тоа?

    За мене не е. Плаќам данок што мажите го немаат, само затоа што сум жена.
    Значи буквално само затоа плаќам данок.

    Фер е?

    Кој данок го плаќаат мажите само затоа што се мажи?
     
    На theowndemon, Peperutce1115, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Ако 100 денари сосе 18% данок се влошките, 18 денари е данокот. Односно, околу 3 евра.
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.101
    Пол:
    Женски
    пена за бричење

    Нели еднаквост сакаме, зошто тогаш привилегии за некој производ јер сме женски?

    3е годишно, не месечно
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Ај маж да го речеше ова, ама жена(facepalm)
     
    На Glossy-girl, theowndemon, Peperutce1115 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.101
    Пол:
    Женски
    Само сум реална. :angel: 4,5е е максимум годишно данок кој е колку едно кафе не е вреден за дискусија, кампањи, драми, припаѓања у несвест ...

    Во ред е да се дадат хигиенски средства на социјално загрозени особи, вклучувајќи и влошки ама делење на сите, секаде, апсурдно ми е. Па влошки да имало во случај на изненадно порано доаѓање на циклусот. Мало морген! Влошка имам во секоја можна ташна за таков случај. Како да очекувам некој да мисли за мојот циклус, ако јас воопшто не се замарам и не земам во предвид никаква изненадна ситуација.

    Малце е апсурдно да бараме куп бенефиции од државата, а да сакаме секој можен данок да го заобиколиме.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Па види Сеси, у едно патријахално општество каде што мажите ја имаат моќта ти ко жена си против нешто што би имало бенефит за сите жени у целина. Еве не знам..
     
    На Glossy-girl, theowndemon, Peperutce1115 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Епа ајде бесплатни нека се влошките прибидејќи менструацијата не е избор и ќе живееме среќно до крајот на животот.
     
    На cresa-jagoda, referentka и Sesil им се допаѓа ова.