Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

15% од девојчињата не можат да купат влошки бидејќи се скапи, па користат весници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SeaMermaid, 18 јули 2019.

?

Дали треба да се намали даночната стапка од 18% на 5% на производите за менструална хигиена?

  1. Да

    241 глас(а)
    73,9%
  2. Не

    3 глас(а)
    0,9%
  3. Треба да се преземат други мерки

    82 глас(а)
    25,2%
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.104
    Пол:
    Женски
    Види, ја сум за еманципација и едукација на жените, не за извољевање и паразитирање на сметка на тоа шо сме жени. Јас се осеќам еднаква со мажите во мое окружение и немам потреба од никакви привилегии на сметка на мојот пол, исто ко шо немаат и тие.
     
    На fana, referentka, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Сакав да пишам дека.денес има влошки за сечиј џеб. Ама ај реков, да го прочитам и првиот пост. И се запрепастив. Ама сепак мислам дека е до едукацијата. Тоа е еднаш месечно,не е голем трошок. Не мора олвејс и керфри секој да купува. Тоа веснуци крпи глупости тоа е опасност за девојче во развој. Мноооогу едукација треба,а ова со идејава за бесплатни ми е ок за основно.школо каде некое девојче може да се запрепасти ако добие прв пат. И додека државава ни ја ограбуваат, бизнисмени фрлаат пари, ова ни се случува во 21 век. 21 век. Греота сме.
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Чисто инфо.
    Колку девојки прашале за да ископаат 15% :)
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.104
    Пол:
    Женски
    800
     
  5. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Napisale za koi mesta i sto kako ili samo socijalno zavrozeni isprasuvale.
    Bitni fakti se i toa.
     
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.104
    Пол:
    Женски
    Скопје, Куманово, Велес и рурални средини околу нив
     
  7. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Значи горе-долу во груба пресметка и 100.000 да е бројката е еднакво на катастрофа.
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    800 испитаници од Скопје, Куманово и Велес (урбаните и рурални средини) на возраст од 14-45 години.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.812
    Пол:
    Женски
    Па и Џони и Кечап коментираа,ама бар разумно.
    Слободно нека коментираат и машкиве на темава,таман и они да сфатат како ни е на нас.



    Делењето бесплатни влошки во образовните институции не е лоша идеја,ама може да се деси некои девојчиња да награбаат повеќе,па да нема ни една за некое девојче.И пак би се јавил проблем.
    Добро било да се намали цената барем прво на најскапите влошки.
    Оние кои се од социјално загрозените семејства треба да добиваат бесплатни влошки.
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Испаѓа дека јас бев во построги училишта; во основно ги трансферираа проблематичните деца од клас во клас за да не бидат заедно; во средно избркаа неколку души; ама класните раководители многу досадуваа и за оправданите отсуства. Другарка ми често не доаѓаше на настава зашто професионално се занимаваше со спорт и на крај го промени школото за да не ја испратат на класен испит.
    Во средно, професорот по физичко ни префрлаше дека сме немале сите болна менструација па да не вежбаме тие денови, по неколку „забушавања“, намалуваше оценка ако немаме лекарска белешка. Затоа ми падна чудно да не се води сметка за редовноста на ученикот и да не се побара решение.
     
    На Glossy-girl, Tanjamm, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.269
    Допаѓања:
    125.812
    Пол:
    Женски
    Мојот професор по физичко во средно памтеше кога добивавме менструација и која девојка има болна менструација.Ние што имавме болна не моравме да вежбаме,ама тие што немаа болки мораа.
    Девојче со преобилна менструација не може да седи на сите часови макар и да има 10 влошки со неа,па сака-не сака,мора да си оди од час или ич да не иде на часови 2-3 дена.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    26.333
    Ok de. Ama toa sto se osekas ramnopravna so mazite nema nikakva vrska so baranjeto za namaluvanje danok. Kupuvanje na uloski e potreba isto kako kupuvanje hrana i treba da bide isto odanoceno. Ne znam sto e teshko da se razbere.
     
    На Glossy-girl, Peperutce1115, Ketchup и 10 други им се допаѓа ова.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Па, влошките не можат да бидат бесплатни од проста причина што приватни компании ги произведуваат. Но, може да се придонесе до намалување на нивните цени. Може да се укинат царините пример за нив или пак државата може да ги субвенционира тие претпријатија за вакви работи. Да се искорени целосно проблемот не може, нажалост, но да се придонесе за тоа да овие основни средства бидат достапни за повеќе погодени личности може
    Друг проблем кој игра голема улога во овој проблем е тоа што голем дел од девојчињата немаат едноставно големи познавања за овие работи и погрешно се учени од нивните дома, и за тоа нормално се нивните најблиски виновни. Но, и државата е тука виновна. Во мое време барем, вакви организации кои прават истражувања не одеа по училиштата да ги учат девојчињата за овие работи. Лесно е да се направи истражување и после тоа истражувањето да се стави некаде во фиока за да фаќа прашина. Ма да ги разбирам донекаде и овие организации зошто за да се спроведе ова требаат пари а тука е вината во државата - што не ги финансира овие работи.
    Знаете, во државава има вкупно два милиона луѓе и не секој може да размислува исто како училиштата или оваа организација. Но, затоа тука треба да реагираат образовните институции и со различни образовни мерки да им укажат на тие, кои се учени од дома дека можат да користат весници и крпи дека е едноставно погрешно. Зошто сепак, образовните институции треба да бидат изворот на знаењето и тоа знаење не треба да се ограничува само на Шекспир и Блаже Конески.

    Што значи сум за намалување на цените на влошките но намалувањето на цените само по себе нема да го реши проблемот. Треба и други мерки да се превземат.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.013
    Допаѓања:
    12.734
    Луѓе даваат по 5.000 денари за цигари, не знам како немаат 100 денари за неколку месеци. Јас купувам 40 парчиња и си имам 4-5 месеци и тоа е тоа. Можеби некој нема, но другите навистина не водат сметка за себе си, тоа е мое мислење. Тинејџерките повеќето се со нокти правени, како немаат за влошки, кога тие нокти се минимум 400 денари?
     
    На Feminka22 и ушко им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.881
    Пол:
    Женски
    Па тие со гел нокти не се истите тие што немаат за влошки.
     
    На theowndemon, Peperutce1115, Lianna Anna и 14 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.954
    Допаѓања:
    267.811
    Како тоа ние не плаќаме за пена за бричење???

    Последен пат кога купив, 18% си платив.

    А ако споредиме машка пена и женска... ќе стигнеме и до "pink tax" :)

    Не е еднаквост да плаќам данок за нешто што морам да го купам само затоа што сум жена.

    Во право си, 3 ипол евра се годишно.
     
    На Alisa22, Peperutce1115, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не се земајте за пример вие, и оние кои ги знаете дека имаат.
    Тоа не е доказ дека има други кои немаат.
    И ако некоја нема пари за влошки, ич нема вас да ви кажи, оти ќе и' биде срам!
     
    На theowndemon, Peperutce1115, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не си реална туку си себична и саможивна.

    Реалноста е дека во денешно време девојки користат весници наместо влошки, а за тебе тоа ако не е вредно за дискутирање тогаш не мора да труеш по темава.

    Луѓе просат за леб, ама да, апсурдно е да им се помогне на такви жени од згрозени семејства да се заштитат од инфекции :angel:

    Само не заборавај дека тркалото се врти. Еден ден имаш за стан да купиш, утре може да немаш ни за влошки :angel: Што знаеш што носи денот.

    Но, да не паѓаме у несвест де :angel:
     
    На Celltica, Glossy-girl, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Таман мислиш на ваква тема, жените ќе бидат сложни, што е логично, мора да се јавиме со мислења, не јади леб ма, купи си влошки, јер приоритети :drunk:
     
    На Celltica, theowndemon, Alisa22 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    36.264
    Пол:
    Женски
    Кај кого е списокот со потписи? Да собереме, да се намали ддв-то од 18% на 5% за влошки и збогум сиромаштијо.

    @Animali По твојот коментар се гледа дека секогаш си имала пари за влошки. Мене кога ми даваа пари за јадење во школо јас купував влошки и дезодоранс и слични основни работи, а цела недела не јадев во школо. Јер приоритети. Можело да јадам ама да наместо влошки да ставам партали или весници или да немам дезодоранс. Ама кога е гладен некој не му се приметува нели? Ако му протече или мириса е тогаш се приметува и коментира.

    Толку страни за една глупава анкета. Што не соберат донации влошки па да ја направат и на тие што ќе одговорат дека немаат пари за влошки да им донираат поголем број пакетчиња. Тоа дека некој ќе ги продаде за да си купи за јадење со тие пари и пак ќе става весници е веќе друго.

    И ние тука мелеме наместо сите до една да се заангажираме и да однесеме влошки по училиштата, да се направат пунктови со бесплатни влошки. Само да се меле, да се контра. Дај да направиме нешто! Да беше темава како да им помогнеме на тие 15% што немаат пари за влошки ќе беше многу подобро. Без да ја мешаме државата. Државата е народот. Народот сме ние.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.