Имам 17 години, и до сега никогаш не сум се смувала. Сум имала многу што ми понудиле,ама ете не ми одговарале. Мислење? Дали сум заостаната? И што мислите воопшто за тоа? Фала Однаапред♥
Ништо срцка.Барај си некој што ти одговара ама додека го најдеш тој што ќе ти одговара се надевам нема да остариш.Со среќа.
Со самиот факт што мислиш дека личност би можела да се смета за заостаната само поради тоа што не се мувала со никој, зборува дека не-мувањето сепак не ти е најголем проблем.
Не бе, заш заостаната, секој со своја среќа, па и нема потреба од брзање да се смуваш со некого, искрено и тоа некогаш ќе ти здосади..
Баш напротив.Според мене има време за дечковци,врски и се друго.Не се замарај со тоа воопшто.Не е битно,бар за мене не.Уште за тоа да ги етикетираат луѓето..Уживај си и не се замарај
Неможе ниту да бира затоа што нема дечковци кои чекаат на ред на некое посебно место само за нејзе,значи совршенството си доаѓа само по себе,така да никој не е идеален.
Не за 17, туку и за 20 би рекла дека е во ред да не си "смувана". Тоа не се вика заостаната, се вика "поинаква" или своја, или посебна. А знаеш што? Ако постојано велиш дека никој што ти одговара нема да запознаеш, ако секогаш мислиш како нема да најдеш љубов, како луѓето не те сакаат или ти не ги сакаш нив, е се до тогаш ќе го имаш истиов проблем. Кога ќе речеш јас знам да сакам и сум сакана, кога ќе речеш се е добро и утре ќе биде уште подобро, кога ќе имаш верба, е тогаш ќе ти се подобри животот. И јас уште не изглегувам за викенди, па што? Не се чувствувам спремна. Мување? Колку смешен збор.
Девојче, јас вака си мислев и за првиот бакнеж, и за првата врска и секс. Имав понуди, ама не беше тоа тоа.На крај, кога најмалку му ја мислев и најмалку очекував, најприродно што може, без никакви присилби ми се случија сите овие работи. И не жалам што чекав на ,, вистинскиот ,, момент. Не му ја мисли, само биди со отворен ум и уживај.
Што мислам? 1. Не си затуцана. 2. Баρаш пρоблеми κај што нема. П.С. Ниκој не може да забележи деκа се муваш за пρв пат. (Аκо мислеше на ова за степенот на затуцаност) Таκа да: диши слободно.
А што, треба да се тркаме кој попрв ќе се смува или кој повеќемина ќе смува? Не знам што се замарате. Што ќе ти е тоа уствари? Терај си го животот, кога ќе треба ќе си дојде тоа само по себе. Јас на 18 се смував па еве ништо не ми фали.
Ау страшно! И сега? ајај леле Ништо мене многу ми е жал... И како така тоа може? И сега? Абе ајде, беља работа Ништо сега смувај се со следниот --- за да не бидеш заостаната после пошто нели 17 години имаш и срамота е да си НЕСМУВАНА! #протестирам
Велиш имало неколку кои ти понудиле, но не ти одговарале..Зошто? Не те привлекувале? Тие или општо секој...? Не е ништо чудно да не си смувана досега, но ако си почнала да се грижиш, размисли подлабоко за да откриеш што е "проблемот"
кога прв пат се смував имав 21год истиот тој ми беше дечко 4 год со него ми беше првот бакнеж со него ги поминав најубавите моменти...........зборо ми беше јас ианко бев 21 год па не се чуствував заостаната туку посебна недопирлива бев горда на тоа дека не може секој да ме допре да ме има така да не брзај све усвое време