Моја блиска пријателка наскоро полни 18... Желба и е роденденот да и е голем, со музика, многу гости, декорации и слично... Кое е вашето мислење за славење на 18-ти роденден? Ако е дупликат темава, слободно во канта!
И јас уште од сега планирам роденден за 18год.Сепак е полнолество се слави еднаш, и за мене има значење. Здравје боже сакам голем роденден со максимум 100 гости, музика, торта, пијачки ова она и добра забава.Роденденот сакам да е без кич но да остане забележан како убав роденден. Бидејќи ми е во лето сакам некаде надвор да го правам.
Може и на патување со некоја другарка и/или роднини. Ем ќе прошеташ,ем ќе поминеш некој ден со некого. Вистина дека се 18 години, ама тој роденден е како и сите други, сигурно дека си има значење,ама нема потреба од премногу гости. Ти ако сакаш викни си толку, ама наместо за толку гости и како свадба да биде, оди си негде на прошетка во друга земја. Пак ти слави како сакаш. Среќни нека ви се родендените.
Требаше да терам голем роденден но се предомислив. Желбата уште ја имам но ме разочараа одредени работи така да ништо до тоа.
Да си жива и здрава не се секирај и не се нервирај. Како секој роденден и овој ќе помине. Дури мислам дека некои луѓе и премногу значење му даваат на 18 роденден. Нека ти е среќен и убаво да си поминете. Веројатно тоа стана мода .
Мојот 18-ти роденден беше како и сите други мои родендени тоест сите други обични денови. Мислам дека се залудно потрошени пари да се вика толку многу гости. Најблиските и другарите да се викнат мислам дека е во ред но на велико да се тера како свадба мене ми е глупаво. Сепак секој како замислил така нека прави, и според можностите секако. Да имав множност и јас ќе славев немам ништо против славење роденден но ќе требаше уште многу месеци да газам со полуискинатите патики.
Сестра ми беше излезена навечер со 6-7 другарки да ги почести за роденденот. Во кафич имаа резервирано маса. Јас, сопругот, братучедите... зедовме торта, и и ја честитавме на микрофон роденденската забава. Тортата ја исековме и им дававме парчиња на сите. Преубаво беше. Дури имаше и странци и сто пати ни рекоа преклрасно, прекрасно..... Супер си поминавме
Што велите за губење невиност точно на осумнаесеттиот роденден? Јас имам поинакви планови од славење со многу гости и пијалоци.
Велам деκа не е се κаκо на филмовите. За неκој одлуκи не тρеба само да гледаме да си ја напρавиме интеρесна туκу убаво да ги пρомислиме. Немој да се κаеш подоцна и да не саκаш да се сеќаваш на тој ρоденден.
И јас имав големи замисли за прославата на 18 ти роденден,као полнолетство еј,ќе правам што сакам,сега ми изгледа смешно,арно се премислив и сфатив дека нема потреба од толкаво претерување. Точно е дека секој има право на свои планови и желби за прослава,ама гледано од страна,искрено многу се претерува со славењето полнолетство,некои како бетер и од свадба да прават изгледа.
Мене за брзо ми е 18ти роденден и планирам да го прославам за време на ручек со моите, а вечерта во кафич со јадење со најблиски 5-6 луѓе. Не сум тип што сака големи забави, журки, алкохол и 300 чуда. Да се најадеме убаво, да ги соберам сите и убаво да се видиме и доста е. И моиве пријатели вака скромно го прославија 18тиот роденден, но секој со свои преференции.
Мислам дека преголемо значење му се дава на 18тиот роднден. Повеќето мислат вау станувам полнолетен ова она, но ко ќе видиш во глобала не е така. И среќа шо не е