Од неодамна ја забележав оваа козметика во ДМ и си земав едно течно карминче, ми се допаѓаше нијансата и цената беше сосема океј. Задоволна сум од квалитетот, би си земала повторно нешто од нив. Во последно време забележувам дека се повеќе нивните производи се купуваат и користат, а цените им се исто така достапни за повеќето. Па, дали имате некој производ од оваа марка, дали сте задоволни со нивниот квалитет, дали размислувате да купите нешто од 183 days? Мене ми фати око една палета сега, па дали некој ја има користено да сподели искуство?
Јас им ја земав нивната банана крема за раце пролетта и нивната палета со пастелни сенки. Кремата е доста супер, лесна текстура и има мирис на банани ја обожавам. Палетата е катастрофа според мене, многу слаб пигмент има колку и да нанесувам пак си останува на тоа едвај боја и личи ко да е некоја креда рашмрљана по кожата, плус не ни стои нешто многу долго. Импулсивно ги купив без да размисла нешто многу убаво.
@Dream-Girl Другарка ја купи палетава, рече дека била фејк. Не била трајна, брзо се бришела и сенката била слаба. Ако ја пробаш пиши критика да знам дали вреди да фрлам пари или воопшто да не трошам на овие нови производи.
Озбилно до толку е лоша палетата? Ич не е евтина, баш ја гледав пред некој ден. 500 и нешто е и за тие пари очекував да биде стварно добра. Ќе ги ѕирнам нијансите деновиве, ама не верувам дека ќе ја купам. Штета ако не ја бива.
Мишелче не знам. Лично немам видено да ја аплицирала сенката. Само кажа дека серијата била многу лоша и не вредела за тие пари. Дримка нека ни прикачи фотографија во катчето и тагне да ѕирнеме најдобро. Јас сум со намера да ја купам и тестирам зошто многу убаво изгледа. Сакам светкави колекции.
И јас паднав на светките и боите, многу сакам такви палети. И дизајнот ѝ е убав, како палетите на ABH, само помалечка. Абе баш таман како за во несесер. Немав време, инаку ќе пробав како пуштаат боја. Толку беа убави сите сенки, стварно ми остана во мисли. Ќе си ја купиме за да ни личи изгледа. Ќе ја пробам, па ќе пишам. Сум станала скржла, не ми се даваат пари ама ќе ја пробам па ќе видам дали ќе ја земам. Пиши и ти ако се решиш да ја земеш.