Ме интересира ова што го најави министерот? Дали само општи доктори или и стоматолози фармацевти виши здравствени работници? Ме интересира бидејќи сум медицинско лице, а од оваа работа што ја имам не сум задоволна, а се знае најубаво е во државно. Па ако знае некој нешто повеќе ве молам да ми каже.
2оо вработувања во јавното здравство Ако имаш портокалова книшка тргај, сигурно ќе те примат... Ако немаш, џабе ќе ти бидат напорите.
2оо вработувања во јавното здравство Да, партиски ќе бидат, од прва рака сум информирана. За повеќето места веќе се знае кои ќе бидат примени, а за останатите ќе решат општинските партиски совети и тој советот за здравство на ВМРО ( или како и да се викаше ). Ама и да имаш книшка ти требаат врски, имам другарка со книшка и диплома па еве уште не е вработена, и таму врските играат голема улога.
2оо вработувања во јавното здравство Па нормално дека се партиски, логично е дека ќе си вработат свои луѓе па колку и да не заслужуваат да го држат тоа работно место. Паметни се они, ќе си научат. Уствари во која државна институција новите вработувања се регуларни? Па колку ли само огласи имало за државни службеници, многу мои другари се пријавиле, со сите дипломи, предзнаења и потребни квалификации па никој досега не ги викнал.
2оо вработувања во јавното здравство ^ Затоа ќе вработат некои шупаци па после ќе се чудиме зошто работиве не функционираат како што треба. Особено во здравството, зарем таму не треба да работи стручњак? ц ц ц
2оо вработувања во јавното здравство Е па од такви ''стручњаци'' многу луѓе наместо да оздрават го напуштаат овој свет
2оо вработувања во јавното здравство Цело време вработуваат... оти оние што вредат си одат, а на нивно место доаѓаат некои што не вредат ни пет пари, само ќе се вработат колку да земаат плата, а за пациентите уво ги боли. Ретки се оние што навистина вредат и останале во државното здравство. А има вработувања затоа што му требаат поени, верни гласачи, да не речам луѓе што слепо ќе слушаат. Наместо тестирање, да се види кој навистина е способен да го работи она што треба да го работи, важно е дали си имал книшка (смајли што се крсти). Ко книшката да носи дијагнози и да лекува луѓе. Е па нека им е... затоа луѓето ќе умираат... затоа што некој мисли дека и со средно образование може да лекува луѓе.
2оо вработувања во јавното здравство За жал немам никаква книшка јасно ми е дека би требало да е партиски ама ај си реков да пробам барем,ама ниту сум видела огласи нити знам што ќе примаат ,дали само општи доктори?
Прво ќе ги примат, а после ќе одат конкурсите, како и секогаш... чисто формално, колку да не се рече дека не ги вработиле по оглас. А кого и што ќе вработуваат - еве, повели http://daily.mk/Sitel/200_lekari_kje_bidat_vraboteni_vo_zdravstvoto/566832
Не си го губете времето, тие лица веќе работат ( со години) само сега треба да им дадат решение,затоа ке биде конкурсот
Точно кажа Симона,луѓето веќе си работат и сега си чекаат решенија, ама за да биде демек регуларно, мора да има конкурс.Не е само во здравството така,золва ми работи во центар за социјални работи,работеше 2 години, а после и дадоа решение. Нормално тогаш излезе и конкурсот
Значи ич да не се надевам сите исто ми кажавте ме разочаравте мислев ќе ми дадете малку надежжжжж неможам приватно веќе да работам ама ќе морам фирмата да ја сменам од државното значи ништо