Да,да тоа е баш мотивот што пропуштив да го спомнам, а се убив од смеење... најт-најт... со сета опрема распостелена и позиција борбена
Жапче мор, ме пресмеа, та уште рече и стомачни правела мож се спремале луѓето, јас овде се смешкам, тие таму ептен сериозно си ја разбрале работата Трагедии, колку се подготвувале, до сега многу подобри работи за нивниот живот ќе завршеле.Ами тие се подготвувале и дојде денот за пропаста, нели ко што тие веруваат и не се деси ништо :geek: После ништо чудно да тужат некој, кој не им е крив, бидејки тие ептен сериозно си го прифатиле крајот
http://www.sitel.com.mk/node/47454 Еве русиве не тешат,немало да биде крај на светот на 21 декември http://www.sitel.com.mk/nasa-nema-da-ima-kraj-na-svetot-vo-dekemvri Исто и НАСА го демантира тоа затоа без паника
Сите викаат 21 декември епа едвај чекам да видам дали е вистина ако не за џабе се спремам за Нова Година
Jas sum spremen i psihicki i fizicki,meditirav i sekoj den trcav po 10km,sklekovi,diganje tegovi,planiram den pred krajot na svetot da se izbanjam,izbricam,doteram za da umram ubav i da nezaboram ke se najadam ubavo zasto gladen nesakam da bidam.
Дај кажувајте дали ке биде крај на светот да знам дали да вадам лична карта или не? што ми ја треба за 7 дена?
..... ...се има свој почеток и свој крај...па и светот.. ...искрено денес каков што е,со многу глад ,сиромаштија,дрога,криминал, трговија со оружје и сл...и не би требале до постои....разните предвидувања некако не ми се логични/како некој пред иљадници години предвидел за тоа,дали на гравче или на каменчиња...кој знај ....,можи има вистина можи и лага е, се само приказни,напишани од некого.....мислам дека животот оди со брзо темпо така да можи сега за неколку мин да ме нема или да ме има уште долго,така да крај на светот или не и не е некој голем дил.... . ..старите рекле...ОД ПИШАНОТО НЕ СЕ БЕГА...е сега ако е пишано ќе се случи и нема сила која ќе го запре.......ај да сме живи и здрави ќе видиме што ќе се случи.....
Нема крај на светот бре луѓе, но можни се некои промени, како промена на половите, може само да се смени ДНК кодот на луѓето, или пак ништо да не мочуствуваме и тн. Но, сигурно ќе се случи нешто!
Хахахаха оваа на пола чајанка со Мр. Теди Бер ја фатиле, ептен сериозно се наслонува на заштита од мечево.
Ajдеее ќе бориме ли од денес до 21...точно десет дена Денес: 11.12.2012. - десет 12.12. -9 13.12 -8 14.12. -7 15.12 -6 16.12. -5 17.12. -4 18.12. -3 19.12. -2 20.12. -1 21.12.....buy buy FEMINA
Ќе дојде и тој ден, ќе замине и одма после него ќе дојде сабота, како и што секој ден си почнува, па така и тоа.Пред некој ден гледав емисија на странскиве телевизии, еден човек, се спремал за крај на светот, па дури типот и ги учи сопствените деца како да се одбранат ко ќе се наводно дешава тој крај на свет, па и толку убеден беше човеков според него сите куќи ќе биле срамнети со земја, па ќе немало доволно храна, вода, па дури и си чува човекот производи, за демек ако дојде крајот да има шо да јаде и што уште не... Незнам како можат да веруваат во ова, кога како што имав прочитано, луѓето кои потекнуваат од Маите, ова го негираат и не се работи за крај на свет, туку почнување на нов циклус, а трети пак велат дека тоа би значело само менување на свеста кај човекот, ништо друго, како преминување на едно свесно ниво и гледање на сите нешта во животов од духовен аспект, како и тоа дека немало да му биде важно материјалното на човекот.Бидејки и онака сега цело човештво е во такво ниво, каде се цени материјалното, а на духовното воопшто не му се дава важност, а нити е битно, така што има логика во ова и држи вода.Значи тоа би било значењето на завршувањето на овој циклус и започнувањето на новиот, кој според Маите на тој ден треба да се случи.Воопшто не ми е јасно како некој од мравка, слон создал, за да се создаде целата таа паника и сега како одеднаш и тврдат, нали ко стигна декември, дека нема да има крај на светот.Се додека не се промени овој циклус и не почне наредниот, ќе бидеме на вакво ниво, кое е сосем обратно од сето она добро што го говорат религиските книги и др., па и со оглед на фактот дека Маите па и било кои тогашни цивилизации имале тенденција кон духовното, не кон материјалното.Претпоставувам дека и претходно настанал нов циклус, во овој во кој се наоѓаме, ако логички би гледале на сите овие работи.И уште едно сосем логично, дека ниту еден човек незнае кога ќе биде крај на светот, како што не ни може со сигурност да открие како истиот настанал.Така што, тоа би било тоа, а мрачните им сценарија, а мешајки ги и масоните, за што и незнам каква врска имаат истите со крајот на светот.А и општо познато е кој би бил причината за уништување на истиот.Затоа сите вакви сценарија воопшто и не ни можат да бидат вистинити, а камоли за истите со сигурност да се тврди, само лошото е како што кажав, создавање паника меѓу луѓето, а причината за создавањето на паниката, се сомневам дека е баш крајот на светот.Целата шема која им е наметната на луѓето за да се тревожат е веројатно затскривање на нешто за кое не би требало луѓето да знаат.Дали е така незнам, само претпоставувам. Ако не им се слави нова година, што толку се опседнуваат со крајот на светот, тоа е друга работа
Нема шанси да дојде крај на светот непосредно пред колоквиумска недела. Никој не може да не спаси од учење, џабе се надевате Ако треба и ќе се одложи. Шала на страна, зарем навистина верувате во ова? Мислам, стварно? Дека на сите еден ден ќе ни дојде крајот-да, дека Маите биле доста интелигентна нација - точно е, но дека ќе пукнеме така одеднаш како пуканка - Пуф! Нема шанси. Еден по еден брате, нема брзо и безболно!