Темава најактивна е деновиве хахаха Незнам зошто пред година/две многу ми беше страв(страшливка сум голема), а годинава ич не се замарам
Уживај бе,зошто да се плашиш,ништо нема да се случи на 21.12 Инаку не верувам дека во петок ќе биде крај на светот
Ете официјално се знае што ќе се случи на 21.12.2012 http://funnyzela.com/sto-ke-se-sluci-na-21-12-2012/
Сите оние што најмногу ги интересира оваа тема ќе имаат можност во четврток со почеток од 22:15 па се до 01 часот по полноќ на српската телевизија Прва ТВ да ја следат емисијата Жариште во живо каде освен Светозар Радишиќ ќе бидат гости професор др. Миодраг Вуковиќ и Крешимир Мишак креаторот и водител на хрватската емисија На Рубу Знаности и ќе дебатираат околу датумот 21 Декември како и директно вклучување во центарот на НАСА.Емисијата може да следи преку овој линк: http://www.profreetv.com/index.php?cont ... h&tvid=392
Зошто страв?Мислиш дека е крај на светот па ќе ти заврши животот?Реално во што верувам а и научно е докажано е тоа што на 21 Декември завршува еден долг циклус од неполни 26000 години и почнува духовен напредок кај целата популација.Она во што многу малку верувам дека материјално односно реално ќе се случи а искрено посакувам е спуштањето на десетици илјади свемирски бродови низ цела наша планета како што предвидуваат луѓе за кои себеси се сметаат дека комуницираат со вонземјаните.За да ти биде појасно што се предвидува гледај го видеово кое го ставив погоре но еве пак ќе го постирам: http://www.youtube.com/watch?v=B_BnBmS-5x4
А како тоа се сигурни дека тие луѓе наводно комуницираат со вонземјани? Зарем најавено е од вонземјаните, доколку постојат, дека ќе имало слетување на вселенски бродови? Зарем таквите летала се сигурно вонземјански или се производ на човекот? И каква врска имаат истите, ете доклку постојат, со крајов на светот? Нели ќе дошле наводно на крајот од годината, а не кога завршува овој циклус? Каква врска имаат Маите со вонземјаните?
Нема да биде крај на светот во што сум 100% сигурен.Многу малку верувам дека ова практично во живо ќе се реализира и затоа до сабота ќе бидам максимално воздржан и резервиран по ова прашање.Ако се случи наместо на 1 Јануари на 21 Декември ќе славам нова година.
Како во живо ќе се реализира? Знам дека нема одговор на прашањата, а и да има, баш би сакала да го видам одговорот на истите.Инаку, мислам дека нема апсолутно никаква врска со вонземјани, а нити пак ќе има крај на светот или некакво чудо.Едноставно и логично, промена на свесноста кај човекот, ништо друго.
Па така фино.Вселенските бродови заедно со другите цивилизации за кои до ден денес ништо не знаеме конечно ќе станат реалност како авионите,хеликоптерите и сите други летала и нема веќе да бидат научна фантастика туку реалност.
Нема ништо да се случи, нити летала вонземјански ќе има, нити ништо.Незнам како тие луѓе се сигурни дека збореле со вонземјани, а како збореле незнам, ама по се изгледа нити збореле, нити ништо.Човек никогаш не знае кога ќе биде крајот на светот, дали навистина постојат вонземјани, се само претпоставки базирани на неадекватни констатации.Јас не верувам во сите тие рекла - кажала муабети.Сета оваа работа со Маите, некој си протолкувал онака како што сакал и се потрудил неговата констатација да доминира и да е лесно верлива за другите луѓе, за на крајот да нема врска сето тоа, а и уште потрагично некои луѓе да си го прифатат како вистинито, па да и да посегнат по својот живот, пример.Тоа е лошо, но очигледно незгоден начин да се влијае врз човекот.
Тие што зборуваат со вонземјанци, мислам дека им треба упут за некоја болница за да си се проверат психички пошто нешто тука ми смрди
Jас денес бев сведок како на мало дете му е испран мозокот, од телевизијата како медиум. Човек да не поверува до каде може да се отиде со вакви работи, едно е шпекулирање, а друго е објавување на вести како да се релевантни и притоа правење паника. На Nаtional geographic, објавуваат одбројување што стои цело време, веќе 6 дена, а денес објавија 2 day till the end. Детево за кое зборувам, кога го виде ова, просто се избезуми. Како и секое дете, впрочем, што се што гледа на телевизија го зема здраво за готово, без да ја знае подлоста на медумите. Знаете ли како е да слушате од дете прашања од типот: Навистина ли сите ќе умреме? А како ќе се случи тоа? Ќе престанам да постојам? Зошто никој не ме заштити? Што да кажам после ова.... Да се немало граници, човече. Моја груба претпоставка, утре ќе врие од самоубиства и тоа најмногу во Америка. Малку повеќе наивните и лесно подводливите луѓе ќе си го најдат ова како изговор за глупостите што ќе ги направат. За таквите можеби е таман и 21-ви. Spoiler
National geographic не се свесни дека по 21 Декември гледаноста ќе им падне толку многу што ќе мораат да прогласат банкрот и да ја затворат телевизијата.
И нека им падне гледаноста! Како може телевизија од нивен ранг толку глупав маркетингшки потег да направи. Некаде прочитав дека тоа им стои заради привлекувања пажња кон некој документарец што ќе го прикажуваат дента. Ама како и да е, многу мизерен потег. Како човек да не биде изреволтиран кога телевизијата ја пратат секави луѓе од сите возрасти.