Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

2012 година и пророштвото на Маите

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 28 декември 2009.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Добро а некој верува во ова , па ја да сум мајка нема да дозволам детето да гледа вакви емисии деца се бе цццц . Дека човечката раса ке престане да постои можно е еден ден , и диносаурсите ги снемало де :lol: ама тоа може да биде од што условите за живот и ресурсите ни се намалуваат ама далеку сме од тоа ехеехе како може да се верува не знам , мислам темава е убава за зезанција и да не одвлече од реалноста еве ние со другарките се собираме ноќта спрема 21 ви не дека мислиме дека ќе го снема светот туку причина да се собереме зезаме и пиеме , а за американците не ме чуди толку поводлив народ се во се и сешто веруваат :x
     
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Многу е морничава рекламата на National Geographic со едно мало дете како раскажува дека се е подготвено за последниот ден :tmi:
    Искрено и јас се запрепастив кога прв пат ја видов,ама ја пуштаат многу често.Навистина неубаво,има луѓе на кои може силно да им влијае верувале тие или не во овие работи.

    Лично јас,не верувам дека нешто,било што ќе се случи на тој ден,освен што календарски ќе дојде зима.
     
    На Sara123 и antonina им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Просто не ми се веруваше на очите кога видов дека на National Geographic, стои одбројување until 4/3/2....days. :x
     
    На Sara123, MarchelineAmaru и girl.9 им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Камоли да беше крај на на светот.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Од сигурни извори Ви кажувам дека на 21.12.2012 нема да биде крај на светот. 8)

    Во Струга на 20.12 2012 , а на 21.12.2012 во Скопје во Дом на АРМ, се одржува еднодневно советување на тема-разгледување на прашањето околу нерасчистените имотно-правни односи за недвижнините во ЈЗУ, нови прописи и претходни припремни работи околу завршната сметка за 2012 година, така да немајте гајле, не се они глупи да трошат пари на советување ако е крај на свет. :lol:
    Каква загуба ќе биде тоа за кафаниве сега, сите ќе чекаат да пројде 21.12 па да уплатат, па гужва ќе се направи, дел ќе се откажат ќе си останат дома. :rofl:
    А исто од работа се собираат за прослава после 21.12. нема шанси да пропадне.
    А и за разлика од минативе неколку години, оваа година имам некое посебно и магично новогодишно расположение, обожавам да ја гледам елката, да слушам за подготовки, едвај чекам да дојдат тие неколку слободни денови па да се изналежам, изнагледам филмови и не би сакала утрешниот ден да ми ја уништи таа магија :devil:
    А и Баба Ванѓа предвидела многу работи што ќе се случат во наредните неколку илјади години, доста работи погодила а и нејзините идни предвидувања имаат смисла, судејќи според актуелниве настани во светски рамки.
    Можеби утре навистина ќе се случи нешто, но никако крај на светот, можеби само ќе се степаат за Буџетот на РМ и тоа ќе го поремети правецот на македонската политика. :lol: А од тоа не треба да се плашиме, навикнати сме на многу полошо.
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Да не беше BYE,BYE ?



    За Маите што видов :

    НАСА се согласува со Маите – Крајот на светот доаѓа! Е-пошта

    Маите точно го предвидоа вчерашниот целосен колапс на безжичниот интернет и мобилната телефонија на планетата, бидејќи според нивните предвидувања - 11 октомври 2011 година е ден кога на Земјата треба да удрат силни бранови зрачење од Сонцето.

    [​IMG]

    Вчера на полето на безжичната комуникација беше целосен хаос, откако голем број корисници на мобилни телефони и интернет ширум светот не можеа да праќаат и да примаат пораки.

    Во календарот на Маите за 2012 се предвидува уште силни зрачења од Сонцето, од кои едно ќе биде фатално за Земјата и ќе предизвика „крај на светот“ во 2012 година.

    Интересно е што предвидувањата на Маите се поклопуваат со пресметките на НАСА. Експертите за информатика и електронски комуникации потврдија дека колапсот е директна последица на засилена радијација предизвикана од ерупции на Сонцето.

    Научниците на НАСА тврдат дека ударот на Сонцето ќе биде толку силен што може да се случи целата планета да остане без електрична енергија.

    Тие пресметале дека зголемената радијација ќе предизвика незапаметен хаос на Земјата, а на удар ќе бидат сите телекомуникациски уреди и целата електроника.

    Извор: http://www.iluzionist.com.mk/index.php? ... &Itemid=97
     
  7. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Нели пишуваа дека Маите се бунат за тоа што се шират лажни информации и дека на 21.12.2012 ке почне ново сметање на времето или таму незнам што.Како сега одеднаш НАСА се согласува со Маите, Маите се согласуваат со НАСА, НАСА направи некој клип дека нема да е крај на свет, па сега ке пишуваме дека ке е крај.Глупости перење на мозок.Ке чекаме до утре ако треба да е крај ако е така пишано нека биде, ако не да сме живи и здрави си продолжуваме понатаму со исти проблеми и обврски.Нека ни е со среќа.Се надевам дека ке бидеме online на фемина во сабота.
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Аман бе луѓе, нема никој да умре! :fubar:
    Духовно ќе бидеме надградени, тоа можеби ќе биде единствената промена која ќе се случи и таа ќе биде позитивна. И на крај краева ете по некоја случајност (што нема да се случи)! од што се плашите? :| Не, стварно? Тоа ќе биде само момент и ништо повеќе.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Уште ли ве лажат Америне?! :^)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aj вака.
    Некој се прашува се уште ли верувате во тоа?Ај ке се потрудам да ви објаснам.
    Јас не верувамн ама моево мислење е следново-
    Сите тие емисии на телевизија а и логото за крајот на светот,сите тие вести на интернет порталите ги тера лугето да почнат да паничат.Многу нормално бе луге...Некој не може да остане рамнодушен на сето ова.
    Фејсбукот вришти од статуси за крајот на светот,а и мали деца читаат па паничат.А како ке се објасни на мало дете за сета оваа фама?
    Ајде нека помине веке еднаш тој ден.Напнаа веке.
     
  12. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А нели ви здодеа да разговарате за вакви теми? Сега божем сите се смеат, фрчат иронични коментари, сигурни дека ништо немало да се случи.. Добро, јасно е дека нема да се случи, уште од кога се актуализира веста пред 4-5 години кој имаше и малку разум знаеше дека нема да се случи, ама сега као НИКОЈ НЕ ВЕРУВА, а се прашувам каде се тие што до пред година време (а и помалку, т.е. пред НАСА да се огласи против глупостиве) дигаа фама, 'вау, ќе ја снема планетава, ќе ни се промени свеста, доаѓала нова ера, не знам што.. Тогаш ми беше поинтересно, барем имав на што да се смеам, сега сте досадни луѓе, жими се..
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Утре ќе видиме дека уште ќе живееме :lol:

    Не верувам дека ќе е крај на светот,па и пред 2 години кажуваа,па ништо..
    Но,камо да беше и да почневме од 0,сега мали ќе си бевме... :lol: :|
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Зошто би му било некому досадно да разговара за ова и слично, не разбирам, за што е подобро да се разговара, за некој како утепал некого на пример? Бидејки очигледно за тоа сите зборуваат, што по весници, по тв, интернет, секаде.Зарем е привлечно тоа за зборување? Дали е подобро да се размислува во однос на суштината на животот или подобро е да се збори за она претходното кое го наведов и слично? Која е поентата во тоа да се збори дали некој има пари или не; и слично? Се согласувам дека е досадно за тоа што тврдат, но се занемарува суштината на сето тоа, не се гледа истата, целта не е само за тоа што зборат крајот на светот, целта е промена на свеста кај луѓето, што тие направиле за да се наоѓа цело човештво онаму каде што е сега, на дното.Секако дека никој незнае кога ќе биде крајот на светот, секако дека и сето тоа што го зборат како снемување на планетата од удар на друга или ќе снемало вода, храна и што ти не, па како што и читам луѓево почнале и бункери да си резервираат |( Паника се создала, но тотална погрешна проценка на целава работа.А како што и гледам оние кои потекнуваат од Маите, го кажуваат она за кое некои зборат, промена на свеста, истакнување на добрите нешта како хуманоста на пример и слично; не зборат за одеднаш исчезнување на планетата, па срамнување на куќите со земја поради наводен напад и слично.А НАСА секако дека сега би реагирала и негирала сето она кое некои поинаку го разбрале, бидејки тие со својот авторитет кои го здобиле, мораат да го направат она кое мораат со цел да се смени начинот на размислување кај луѓето, а можеби и да олесни на некому кој незнае за сето ова и слично, значи тука лежи целата суштина на темава воопшто, менување на свеста и начинот на размислување.И да не биде ништо, само ќе има позитивен ефект во однос на она што всушност го говорат Маите, а ако нема, тогаш ќе тапкаме на едно место, ништо повеќе.Не е само крајот на светот проширено како лага, туку сето она кое го кажав погоре.
    А се може да се промени, доколку човек сака да промени, доколку не, ништо.Нити било некогаш поразлично, но како што е сега, порано не било.Се е до човекот и се зависи од него.
     
    На Lacrimosa, ilipili и mimiiiii им се допаѓа ова.
  15. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Ми го однесе на друг степен коментарот со репликава.. Мене ниту ме интересира кој кој кого убил и црни хроники, а ниту знам. Поентата ми беше дека е веќе досадно. И прашав уште каде се тие што креваа паника, само прашањето беше реторичко зашто сега гледам во првата група се вбројуваат. Не сакав да филозофирам а никогаш не сум ја ни сфаќала темата за Маите сериозно за да да филозофирам за неа. Тоа е се.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Gordana10 многу убаво објаснето имаш во постот.Секоја чест.
    Но мене ме интересира од кај потекна сиот овој мит?Не сум следела многу околу оваа тема бидејки ја игнорирав заради претходните вакви настани со објави за крајот на светот.
    Но за сета жал има некои кој верува во овој мит.Јас мислам дека сето ова е само заради прогфитирање ништо друго :) Некој се полни со пари од тугиот страв.
     
    На mimiiiii и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не мислев за тебе, мислев општо, одговорив по оние прашања кои ги постави, па макар и биле реторички. Знам те разбрав потполно со она што сакаше да кажеш, само се надоврзав на твоето мислење.Нареден пат ќе пишам “ разбирам“ :D оти ќе ме разберат како и секогаш обратно дека не сум разбрала :D :wasntme: ( се шегувам :) ) А тие што кренале паника, незнам кај се :D ама битно направиле,што направиле, успеале во својата цел, сега цел свет нека се мисли, имат време до утре :D Тоа е тоа, има две работи, позтивна што вака на смеа ќе се разбере целава работа и негативно што некој лошо ќе си направи себе си, како што е кажано и претходно.А за телевизијата шо ја спомнаа претходно, немам коментар, како может тоа да го прават, незнам, ама очигледно не размислуваат што прават.
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Jас познавам луѓе кои се убедени дека ќе влеземе во нова димензија на свест , за мене е обичен ден ама сакам да слушнам што мислат ,камо да е така човештвото да се врати на духовното i wish :!: , и зошто да не се дискутира , секаде не бомбардираат со темата ,многу забавна e , зошто да не се тргнеме од реалноста малку ај ти се најде да не скараш оти се смееме овде па за забава е де , ако ти е досадно не читај :D
     
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас не пишував специјално за вас на форумот. Овде секој се си сфаќа лично.
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Па не прашуваш нели ви здодеало :D јас ти кажувам дека е забавно , американците мани ги многу од нив се во бунекри сега , ти праша јас ти одговорив :D не е ништо лично уште и во забава категорија да се скараме :D