ако не за друго барем слатко се изнасмеавме овие неколку дена Хахаха најново нешто што ми го кажа сестра ми: Се уклучвам на FB фрчет статуси за крајот на светов пуштам телевизор и одма реклама на МТВ - Македонија вечна (Macedonia timeless).....Одма ми олесна.
читам и неможам да се совземам од смеење ме насмеавте бре девојки изгледа дека денот ќе ми помине во смеење зошто таков е и денов денеска фучат од сите страни смешни постови ,слики ,вицови ....
Што ме заеба овој крај на светов - ме заеба ... Сега можам фино лепо да си седнам и да си фатам книгата, да положам нешто на колоквиумиве ... Немам веќе некој изговор
Зашто бе кој и да му спомнам само за крајот на светот одма започнува: „Ауу, абе како веруваш во такви работи.. Ц ц ц.. Абе само за пари да земаат се не глеаш лии?? Ко да се штракнати.
Мене едно ми е смешно, како можеа странциве да тврдат дека денес ќе бил крај на светот . Очигледно не го разбрале пророштвото на Маите, барем нешто да научеа од луѓето кои се стручњаци по таа тематика, кои темелно знаат за нивната традиција, начин на живот, ритуали, владеење... Арно ама, од незнаење и шега, ја создале целата таа паника која воопшто и не требала да биде.Сега, нека му ја мислат што ќе прават со сета таа храна која си ја обезбедиле, најпаметно ќе им биде да ја дадат некому кому му е навистина потребна, бидејки очигледно за нив е вишок истата.Ако воопшто барем имаат некаква човечност во себе, ако немаат, тогаш нека ја чуваат за следниот „ најсигурен“ крај на свет, а до тогаш можеби ќе им се расипе храната, па за жал ќе мораат да ја фрлаат...А за бункерите...што да кажам, како би можеле тие да живеат во нив или во нешто што е подземно, стварно незнам...Крајот на светот, очигледно и незнаат што значи, премногу научно - фантастични филмови гледаат што дури тврдат дека имало вонземјани со зелени глави, големи очи Чудна работа ама јас никогаш немам видено вонземјани, а нити пак летачка чинија Значит, сета онаа работа со вонземјаните и нивните им возила - летачките им чинии, е само измислица на Америка и никој друг, па и незнам зошто и би било чудно ова, кога Америка може да измисли едно безпилотно летало, та за една летачка чинија, мислам американците имаат пари за извоз, па и зошто да не би си направиле една летачка чинија??? Им се може, зш да не, пливаат во пари.Секој да има пари, би изумил нешто, би направил нешто со нив, зошто да не? Па така и американците, чиста сметка, долга љубов, мислам за парите де.И после како наеднаш после доолго време оп летачки чинии, та ќе чуе и човек се мавнале во некоја зграда, од никаде се појавиле, право таму и никаде на друго место.Па и русинот како си изјави „ да има вонземјани, ама ги криеме од луѓето, за да не настане паника“ оф, ами поголема паника од оваа и неможеше да биде, а и ко чиниш луѓево нема да ги приметат ако ете нали случајно се појават, бидејки нормално дека ќе забележат разлика, за некој кој е порзличен од нив самите.И сега вонземјаните се виновни ако го имат крајот на светот, нали ќе се појавеле на крајот од годината? И како демек Маите биле вонземјанска цивилизација??? Боже...Па како можеле такви градби да прават, како ги поместиле тие огромни камени блокови? Така, човечки, фино, направиле што направиле и сега како наводно ама тие градби не ги направиле Маите, туку некакви суштества од друга планета??? Ама бидејки едни тврдат така, веројатно помислиле дека чим Маите биле вонземјанска цивилизација, зошто да не би предвиделе точно за денешниов ни ден, убав, дека наводно ќе бил крајот на светот.Е арно ама поради тоа што така си утврдиле сосем погрешно, затоа денес и не е крај на светот, не дека јас знам кога ќе биде, незнам, навистина.Ама претпоставувам од таму им потекнува целата оваа паника, ама чим јас пишувам, не пропаднал светот.Штета што не им текнува како се уништува полека светот, мож знаат, ама не приметуваат.Имам кажано претходно, да не се повторувам. Убав е денов, впрочем и секој ден, само не треба толку хорористички сценарија да прават за иднината, немат смисла, требат осет, некој мож ќе се уплаши, не биват така.И така, нешто како да се ептен опседнале странциве со крајов на светот, изгледа не им е убав животот
абе шо бидна од крајот на светот? о.О или од рајот се укл на фемина?? хахаах у оваа ни брат ми не веруваше!!
Епа крајот на светот виде дека вие крајно несеризно и си рече: „Вакви несериозни форумџијки не ни заслужуваат да видат крај на светот.„ и реши да не дојде... Како не ви е срам само! п.с. освен тоа сето ова има и политичка димензија: гарант е масло на опозицијата, т.е. Бранко е крив што не дојде крајот на светот.
А многу актуелна нешто форава со Бранко во последно време, од кога е, од 2006? И неинтересните шеги за 21.12.12 и Маите, предосеќам слична судбина, никад нема да прекинат