Дали е вистина тоа дека вчера се десило Апокалипса и тоа во Комисијата за Финансирање и Бyџет? И дека Влатко Ѓорчев плачел? Инакy, сакам да споделам како беше вчера за Крајот на Светот, еве го Распоредот (UTC +1): 6 р.m Пристигнаа Четирите Јавачи. Парада и огномет. 7 р.m Коктел 7:30 р.m Армагедон 8 р.m Се затвори "Барот" 8:05 р.m Свечен Прием 12 р.m АФТЕР аФтер парти ... *Ве поздравyвам сите со песната "The Age of Aquarius" од Hаir)))
Само се прашувам што направија оние лудине кои правеа незнам вакви и онакви засолништа за спасување,за преживувањe?!
Добро е, не се случи... а бе имам кредити за плаќање, а ич не сакам дужна да останувам, сега ми е полесно
Веројатно богатите снобови ја изеле сета храна, и ја испиле сета вода предвидена за 10 и кусур години, со цел да не пропадне залудно инвестицијата.
Само што преживеавме еден, најавен е нов...од страна на следбениците на братство Мач Божји. Тие крајот на светот го закажале за 1.1.2017. ...за 4 години. Нивното тврдење е: "Пророкот Габриел" на споменатиот датум највил дека ќе прживееле само ќленовите на култот,другите ајт во пеколот. ...ако го преживееме тој не чека друг крај на светот во 2023,ова е според Ian Gurnyj. ...а пак според Daily Mail крајот на светот ќе дојде кога ќе се избере 112тиот папа, а сегашниов е 111 =епа господ нека ни го поживее папата п.с. тендерот е отворен уште некој да не сака да резервира ден за крајот на светот?
Само мало малце.. Малкце ќе е оффтопик ама за оние што сакаат да чујат нека чујат (прочитаат).. Значи за насловот на темава ќе зборувам. Зашто е промашен малку од малку.. Па повелете: Spoiler Значи.. слушнав пред некој ден дека Маите никогашне прават пророштва.. Значи овие не се Настрадамос или нешто слично... нели велиме дека бројките се поклопуваат.. Главно нели велиме заради датата ќе се случи крајот на светот.. Некои вела друго ама ајде, повеќето во Ова веруваат. Значи напротив.. Маите биле многу интелигентни луѓе и знаеле многу.. Значи како што веќе знаеме, нивниот календар кој го направиле е поделен на 13 бактунзи и секој бактунг е околу 5 000 години.. И сега.. НЕ МАИТЕ, ТУКУ НАУЧНИЦИТЕ сметале дека по завршувањето на 13 бактунг ќе заврши нели календарот (ќе заврши светот), па мислам вака беше колку што јас разбрав.. Но, работата која не се знае е сега до кај сме стасани.. нема извори, нема докази, нема од каде научниците да дознаат за она бактунзите до кој сме стигнале.. и сега веќе на 21.12.2012 се смета дека завршува 13 бактунг и завршува календарот и доаѓа крајот на светот. Но секако, ова ниту е потврдено дека навистина по тринаестиот бактунг ќе дојде крајот ( бидејќи нели како и секој календар му минува рокот и на негово место друг доаѓа), ниту пак дека на 21-ви завршува 13-от бактунг.. Е сега, светот баш и не го разбра ова баш најдобро и сите почнаа да веруваат во разни лигавештини „сонцето ќе се замрзне“, „ќе дојдат 7 авиони со 7 џина“ итн. (ги има милјон) и нели бизнс ко бизнис, лепат „бизнисмените“ реклами по сите сајтови, па незнам ли седумте авиона и седумте џина со нив, па незнам те ли сонцето како ќе се смрзнало, разни анимации и овие суеверните луѓе „клик“ нити знаеш што си купил нити кому.. И така клик по клик денар по дерам, долар по долар, парите в џеб, свиј капат - Марш.. Значи се испечатија 100000 книги за крајот на светот 10000 сајтови 10000 мтриста чуда, 100000 пророштва и разни глупости горенаведени, и суеверните купуваат книги, кликаат, веруваат.. И така Крајот на светот си стана бизнис фино лепо.. Па не ти датуми, знаци, настрадамоси, пророштва, тоа е целава работа.. Сега кој верува во ова кој не, не е моја работа, јас да си кажам.. Ако имате некакви замерки, критики, поправки кажете - не се лутам.. Позз.. се надевам дека ви помогнав малце појќе да разберете околу ова..
Во врска со историјата, нашите научници секогаш се водат на претпоставки. Така и за ова. Завршувал календарот на Маите и мислат со тоа се навестува крај на светот. А логика си нема. Од овие глупави претпоставки нивни да не знае човек во што да верува, што било како било. Ако немаат цврст доказ нека си молчат.