Гледав на Дискавери (морам овака да го напишам) дека Нострадамус всушност не бил добар во предвидување, му кажувал на луѓето што сакаат да слушнат, и од толку многу предвидување, некоја обична работа ќе се погоди ете, но дали е крајот на светот тоа? Да оставиме Нострадамус, Маите еве, може мислеле дека е премногу да прават календар за над 2012, затоа што сепак живееле во 11-12 век како што споменаа предмене, од каде знаеме? Шега настрана, па нормално дека ќе има недоразбирања и препреки помеѓу луѓето во 2012, цел свет ќе биде во паника. А за природните катастрофи треба да се плашиме, голема штета е веке направена, сега да се трудиме да не се зголеми. Како е пишано така...... Само да се надеваме на најдоброто
Не знам што да мислам, не ми изгледа како измислица затоа што се е склопено, со причина, но сепак ќе пробам да си ги проживеам овие две години кои ми преостануваат. А бидејќи сум голем оптимист, се надевам дека сепак не ќе е крај
За клеопатра бев скептична, ама чим и тетка сабинче предвидела тогаш веќе нема сумња нема крај на светот!!!!
Лугето нема што да прават па пророчат, а пророчат зошто има такви што веруват. А на интернет има секакви глупости. Јас знам дека пред некоја година на еден сајт се одбројуваше кога ке го снема светот а кога веке се одброи напишаа некоја статија божем во Австралија се случила некоја катастрофа ама не била толку голема за да го уништи светот. По 2-3 дена сајтот беше избришан...
Абе па друго е некој сајт што го отвараат за 5 минути и такви зафрканции, а друго е тоа што Маите со години живееле и истражувале и практично тоа била причината за нивното постоење. На Маите им требале стотици години за да дојдат до такви сознанија ( не велам дека се точни или не ) си имале свои верување и причини за да дојдат до таков заклучок, не ги знам основите за нивното превидување. А сосема е друго тоа што некој отворил сајт затоа што му било досадно и за да пренесува вируси
Самите ние ке си предизвикаме крај на светот. Дали во 2012, дали за 50 години, не битно. Битно е дека луѓето се доволно глупави да уништат се што природата им дала (поточно за 100 години уништија се што е создавано милијарди години) .
Море како што почна сега поплави сегде во Австралија најголема поплава во 100 год. пред некој месец и во Србија кажаа имало па и кај нас во струмичко ли беше во 2012 нема да умреме од метеор туку од поплави !
Замислете некој со години, децении и векови градел , измислувавал одел напред просто кажано, а сега се наеднаш се урива. Ем ја пренатрупавме планетава, ем се се работи и создава само со цел межусебно уништување...
За вакви теми можам да пишувам до сабајле. Еве го моето мислење Не може да постои одреден датум за крај на светот, тоа е глупост Како на пример денес живееш, утре готово нема ништо. Мислам ??????? Нешто имав читано за 21 Декември 2012 Можеби нема да биде крај на свет но сигурна сум дека нешто ќе се случи..нешто како поплава, земјотрес, ерупција од вулкани и сл. Еве почнува уште сега нели гледате по телевизии што се се случува, како опасни одрони на земја, поплави, земјотреси и сл. Во тоа се состои пропаста и крајот на светот. А за Маите незнам што да кажам. Многу чуден народ, пророци од кои потекнува скоро се што имаме денес. Од нив настанал календарот кој денес го користиме, тие ја направиле поделбата на ден и ноќ, недели, месеци, години и сл. Пред илјадници години тие го создале календарот кој според нив завршувал на 21 декември 2012 Од таму е мислата дека тогаш е крајот на светот. Не станува збор за пророштво (барем јас така мислам) туку едноставно целата збрка е со календарот! Верувам во пророштва и такви работи ама баш за таа дата 21 или 23 декември па и не баш Нешто ќе се случи, само прашање е кога Морав да редактирам Тој календар започнал со одбројување на деновите од 13 август 3114 година п.н.е Календарот на Маите го следи проспаста на светот и негово повторно создавање. Според долгорочниот календар досега 4 пати се случил овој феномен односно пропаѓањето на светот и негово повторно создавање. Тоа што треба да се случи на 21 или 23 декември 2012 е петтото создавање на светот. Тие го предвиделе враќањто на владетелот Пакал во 4772 година. Овој датум е запишан на руините на градот Паленко во Мексико. Се на се МНОГУ ЧУДЕН НАРОД
За оваа тема има многу податоци и поделени се мислењата на луѓето (како и за се). Мислам дека еднаш секако би требало да згасне животот, затоа што сметам дека ништо не е вечно. Се има почеток, тек и крај. Како се така и животот. Се согласувам со Шери дека тој ден не може да е точно предвиден со дата, година .. Верувам дека се ќе заврши, само не се знае кога. И како што некој погоре кажа, не треба да ја поминеме сегашноста мислејќи и претпоставувајќи за иднидата.
Колку што јас знам, 2012 нема да погоди само еден дел од светот - некаде на балканот, што можно да имаме среќа Предвидуват дека светот ќе пропадне во 2012 год. Ако сакаш да преживееш дојди во Македонија, ние сме 100 години назад.
Околу маите секогаш постоело мистерија, постои и ден денес и сметам дека никогаш нема да ја откриеме. Биле многу паметен народ, непознато е од каде ги поседувале сите работи кои за тоа време биле непознати и незамисливи. Ама тоа ќе си остане мистерија, може само да погодуваме. За темава, Маите никогаш и никаде немаат предвидување за крај на светот Нивниот календар завршува на 21 Декември 2012 ама тоа незначи ништо. Никој незнае кои се причините зошто календарот нивни е токму до таа дата и затоа голем број "истражувачи и научници" си дозволуваат да го протолкуваат како крај на светот. Нормално, има многу пологични објаснувања, ама не ги дааваат по тв и не снимаат филмови од проста причина што не се толку сензационални и интересни, и до нив не се прави пари. Маите имаат оставено некои пророштва кои се оствариле, ама предвидување за крај на светот немаат никаде, ниту пак нешто за пожари и поплави. Не им текнало на нив така ајде нека биде 2012....до таму стигнале со календарот. Може на таа дата ќе има помрачување на сонцето и толку. Си мереле они во циклуси, незнам точно како беше, и тогаш им завршува еден циклус. Тоа е тоа. Ниту Нострадамус нема оставено предвидувања. Ако успееш да ја најдеш книгата, или барем дел од неа ќе видиш дека никаде нема ниту години ниту пропоштва. Во негово време бил осудуван за тоа што го правел и бил приморан, се сметало за богохулие и своите пророштва да ги пишува прикриено и пишувал во вид на поезија. Како песнички. Денес тие негови песни не се декодирани. Откако ќе се случи некој настан тогаш го поврзуваат со одредена песна и ептен има логика, ама предходно пред да се случи настанот до сега ништо не е откриено. Ништо нема декодирано, па така и за крајот на светот. Тие некои бројки што ги има по сајтовите, тоа се само некои демек научнници што пробуваат да декодираат и мислат дека откриле. Ама до сега ништо не се покажало како точно Пример: Ете помина 2010, светска војна...слабо И ова за 2011 ми звучи ко Европејците да се на пола пат на изумрање. Ете го март, ама и тоа ништо Песна на Нострадамус, во 1654, која денеска ја поврзуваат со нападот на кулуте близначки во NY. Пред да се се случи нападот, никој немаше претстава што му значи ова In the City of God there will be a great thunder, Two brothers torn apart by Chaos, while the fortress endures, the great leader will succumb, The third big war will begin when the big city is burning. The sky will burn at forty-five degrees latitude, Fire approaches the great new city Immediately a huge, scattered flame leaps up When they want to have verification from the Normans. Мада да напоменам дека има различни преводи. Јас лично не разбирам француски и затоа не тврдам ништо Ама повеќе верувам дека и ова е измислица, ако сакаме се со се можеме на поврземе. Посебно ако знаеш како да манипулираш
Јас не верувам дека ќе има нешто во 2012,единственото нешто од кој ќе загинат сите луѓе а и земјата е АПОКАЛИПСАТА и знам дека таа ќе се случина 4 Мај 2102 година...НАВИСТИНА ЌЕ БИДЕ СТРАШНО АРНО ШТО НЕМА ДА ПОСТОЈАМ ТОГАШ... http://www.youtube.com/watch?v=7_Vl8rZB3ag