Не знам каде на кој вести точно кажаја...ама рекоја дека направиле грешка со сметање на календаров...крајот на светот ќе се случел мн далеку ..пр трииљади и некоја година.. ТАКА ДА не верувајте мн во овие работи..зашто прво лажат а после грешка направиле...иколку само да го заплашат светот.
Во пророштва за крај на светот не верувам, ама ич!Имаше и некои предвидувања дека апокалипса требало да се случи во мај годинава, па како што гледате-сеуште сме здрави и живи и пишуваме на форумов Е сеа, Маите биле древно племе и може да се рече дека можеле да го предвидат крајот на светот.Па не сум сигурна дали верувам во тоа.Најдобро е да почекаме и да видиме што ќе се случи
Како и да е.....Јас лично воопшто не верувам во овие работи....Од каде Маите можеле да предвидат нешто пред толку многу години... Не...Не верувам во тоа...
Значи воопшто не верувам во вакви глупости Незнам дали се сеќавате ама и пред 2000 година се збореше дека кога ќе почне новиот миленум ќе дојде крај на светот абе глупости живи. Spoiler Неможам да го заборавам тоа со 2000 година дека тогаш не ме пуштија да славам нова година со друштво а бев негде 7-8одд. за ако дојде крај на светот да си бидам дома со мама и тато
Тоа во 2000 година како што се сеќавам беше милениумска бубачка. Демек сите компјутери ќе се заразат, и нема да работат повеќе. Знам другари што седеа дома на нова година и ја чекаа бубачката
Јас лично не верувам во ова ни најмалку... Имаше толку предвидувања за крајот на светот, незнам зошто би му верувала и на ова. Чисти глупости според мене. Сепак, ќе си почекаме и ќе дознаеме, не е далеку датумот.
Jas lichno vo toa ne veruvam.....toa e samo da zememe milionski krediti,mislejki deka e kraj na svetot i posle da plakajme ok se salam..Poglednete tehnologijata kolku e razviene sega.Ke snemalo voda ili neznam shto.Neznam dali zaete za Bill Gates shto gi izmislil WC shojljite....Shto mislite tuku taka Op-kraj na svetot...Ma please
Не вервам бе ! Не вервам у пророштвото на Маите ! лаги се тоа според мене .Ехеее до сеа колку пати најавуваа крај на световвввввввввввв...
Глејте ја верувам ама и не верувам.Светот е создаден луѓето да живеат.Aко се случи 2012 како што зборат и сите умреме,како ке се создаде пак живот на планетата ?
Јас не верувам дека во 2012 год. ќе биде крај на светот, можеби ќе има природни катастрофи, не велам не, ама апокалипса нема да има... Читав дека ќе има зрачење, кое што ќе почне во 2012, после второ во 2030 и трето во 2017 год. така да, ќе настане промена во размислување на луѓето, во секој случај на подобро..
Крај на светот на 21.12.2012 нема да има, НО имам читано дека ќе дошло до промена на свеста на луѓето, наводно луѓето ќе отишле едно ниво повисоко со свеста и ќе имало уште некои други промени, многу битни за човештвото.
малку касно го давам моето мислење но сепак јас како што знам календарот на маите завршувал во 2012 и само заради тоа се мисли дека че биди крај на светот а исто така можи да биди и тоа бидејки секоја година има еден срејќен ден на пример 11.11.2011 или 12.12.2012 а во 2013 нема да има посебно таков срејќен ден зашто нема 13 месец така да можи да е точно а можи и да е случајност
Баш вчера гледав еден документарец за тоа. Како прво научниците-археолозите дури сега пред 2-3 год. успеале да ги дешифрираат т.е дел да дешифрираат од записите на Маите. Тие записи намерно се ставени во кодови бидејќи верувале дека ако некогаш човештвото го достигне тој степен на свест ќе може да ги дешифрира. Цела прича е у нивен календар каде што секој месец се состои од 20 дена. Археолозите усеале да го дешифрираат и утвдриле дека од 3114 год пред н. е од време на маите до 21.12.2012 год завршува циклус од 36 000 год каде што настанува ,,будење на човештвото,,. Значи, човештвото оди кон повисоко ниво на свест. Тој процес настанува на секои 36 000 год според Маите. Ова е као научно докажано. Има и друга теза, па од таму излегуваат тие трачеви за катаклизма, потопи и што ли уште не, ама тоа не е сеуште 100% докажано и дешифрирано. За време на тој циклус од 36 000 год нели земјата се врти околу Сонцето, Северен и Јужен пол си стојат на место горе и доле и као на 21.12.2011 оската ќе се смени, значи половите ќе бидат на Запад и Исток. Е сега тоа свртување нема да биде баш одма да баш тој ден Земјата се заврти за 45 степени, туку тој ден ќе било најизразено. Па од тука потекнуваат тие тези, нели ќе се стопи мразот на половите па ќе има поплава, некои острови, држави ќе бидат целосно поплавени, ќе настанат некои нус природни појави. Што е и логично, нели ама сето ова не е 100% дешифрирано и докажано туку се тврди со теза. Верувам дека земјата е пренаселена и презагадена и сето тоа се одразува. Баш еднаш прочитав некаде дека било пресметано ако сите Кинези скокнат во исто време може да ја поместат оската на гравитација на Земјата. И така, живи били па видели. А катаклизма или помрачување на светот може единствено ако Земјата ја лупне некој Метеор од големи размери. Ама и тоа е неверојатно затоа што Наса не чува. Има сега толку современа апаратура ...
На се има почеток и на се има крај,па така да че има и крај на свет некој ден,тоа никој неможе да го знае освен Господ,јас искрено не се плашам бидејќи ние не можеме тоа да го спречиме,јас кога размислувамси викам ќе има крај на свет кога секаде слушаш земјотреси,поплави,вулкани и што уште не,така да и да биде крај на свет и 2012 и за 50г ние ништо не можеме да сториме
ако биде нека биде има многу работи сти не сум пробала и мозеби нема да ги пробам до 2012 ама еднач мора и тоа да се деси можеби на другиот свет ке е подоброо )
Не верувам дека баш на 21декевмври 2012 ќе заврши светот,а и Маите се занимавале со сатански ритуали,самиот Исус рекол дека нема да го знаеме денот ни часот на неговото доаѓање,така да подобро да се фокусираме на она што во моментов се случува ,еве на пример средбата на Г20 во Кан Франција,ете тоа ме заплашува. Со сигурност дека илуминатите не сакаат да ги подобрат работите ,туку се знае дека уште толку ќе ја продлабочат кризата ,а со овие природни катастрофи крајот е се поблиску. А најстрашното не е дека ќе дојде крајот,туку кој ќе ја спаси душата .И како што си пишува во Библијата,Исус кажал кои ќе бидат знаците на крајот и на неговото доаѓање,и сите знаеме дека токму ние сме во последните денови кога БОГ ќе ја победи Сатаната .