Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

2012 година и пророштвото на Маите

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 28 декември 2009.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Мене ми е поверојатно дека можеби после тој датум, според нив, започнување на нов циклус, а за остварувањето на нивното пророштво, веројатно дека истото се остварува.Можеби на тој начин и се смета за крај на светот со завршувањето на овој циклус и започнувањето на новиот.Денес има доста сценарија за тоа како би се распаднал светот, од кое ниедно не е точно, освен она во кое се вели дека климатските промени и човекот имаат удел во тоа, затоа што и друг начин нема, а далеку од тоа дека станува збор за удар на земјата од друга планета итн.Нешто што филмската индустрија го пропагира на некој начин тоа со научна фантастика.За крај на светот никој незнае.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Да, за нив, во она што тие го предвиделе, случувањата сега, како затемнувањето на сонцето на 21ви месецов, подредувањето на планетите кое ќе продолжи до тој “кобен“ декември, е како резултат на нивните табела за пресметки на времето, направени од страна на нивните „гатачи“ на ѕвезди, кои редовно ги „демнеле“ планетите, ја следеле нивната интеракција, од аспект, времето потребно за сонцето да се врати во првобитната положба од каде и тргнало во обиколка на земјата, што е еднакво на една соларна(тропска) година, од циклусот на венера транзитот, кој се вбројува во некои си 580 и нешто денови, на марс... итн. Секоја од овие планети има одредено значење и предизвикува одредени работи во интеракција со другите... пример.
    Од тој распоред во даден момент, слично ко што се прави и денеска во астрологијата на пример, како што се правело и во античко време... предвидувале каква ќе им биде годината, дали ќе имаат суша,соодветно храна...вода итн.,земјотреси, кога земјата не ги сака :P замрачување, кога сончко престанал да ги љуби.. оти, од тие нешта се воделе и биле знаци, кој точно период се паѓа... ко во денешно време си знаеш кој месец, што се сади...кога никнува, ако фати суша, глад ќе има... резултат на тоа може да е војна, раздор внатре и сл. Ко денеска, поскапување на храна... одредени состојби со парите, движења на курс, исл. знаеш како делуваат во останатите сфери.
    Тоа и ги засегало, дали Хопи ќе продолжи да живее, ќе има услови за живот,, природата ќе раѓа, тие ќе имаат каде да садат. (mundane & political astrology можеби ќе ти се чини интересна...)
    А, инаку, рачунај дека проблем настанува при преводот генерално. Прво што, стилот на пишување, речникот користен во тие времиња, па дури и во античко време, состојбите во тие времиња- бил различен од состојбите денеска. Денес имаат проблеми да дешифрираат техники од антиката, имаат недостиг на списи од тоа време, па можеш да налеташ на какви ли не книги, кои ти нудат да ја откриеш тајната на долгиот живот, да ја зафркнеш судбината со тоа што ќе патуваш да речеме на секој твој роденден :D сите ветуваат брда и долини, кои за обичните нас, кои слабо баратаме со материјалот, увек се нефукнционални, ама не оти не функционира нивната маѓија, него оти ние не знаеме да се снајдеме со нив и да ги толклуваме правилно цц.
    Маката околу крајот на светот и Пророштвото на Маите е поврзана со луѓе кои се обидоа да си заработат од тоа, печатејќи книги за Пророштвата и крајот на светот, држејќи семинари околу по градови, држави (ко оној што се предвидуваше крај на свет, луѓе се испопродадоа останаа гола коска :D па се извинуваше, лани ли кога беше ова).. па се’ до медиумска, филмска индустрија и пропаганда за перење мозоци и цедење џебови. Тоа за што требаше всушност да се користат тие предвидувања на Маите беше токму у тоа што и ти го велиш, а кое и тие, Маите ги засегало, и тоа истото и се труделе да го одгатнат за во иднина, за да знаат дали Хопи ќе продолжи да живее и после илјадници, илјадници години од тогаш, т.е, соодветно и ние, во стил, ќе имаме ли ние храна, вода, земја на која ќе живееме, ако продолжиме вака. Е, у тој стил, што, ние и правиме, и направивме на природата(?), а ради што реално имаме недостиг на храна, недостиг на вода, поскапувања... гледаме особено последните години какво е времето и како се одразува на нашето земјоделство, рестрикции за вода по светот, пак и кај нас стасаа... се е тоа, она на што предупредувале и предвидувале Маите, и било со мисла дека човекот треба да напредува во техниките за производство, да открие нови алтернативни методи на производство во случај кога веќе нема да може да расчита на природните услови за одгледување, а не да забега во насока во која забега. Оти реално, сите тие промени што се случуваат денеска, оштетувањето на озонот.. нормално е дека кад-тад ќе не доведат до самиот раб, ако нешто не се превземе... нормално е дека сега, кога обвивката што не штити од директни зрачења на сонцето, при вакви промени во планетарниот систем може да доведе до некакви последици кај дел од популацијата, болести од зрачење, ракови чудесии... да предизвика природни катастрофи, ради близина на планети, активирање магнетни полиња дрн дрн... да зоврие земјава наша напатена.
    А :D пред некој ден читав на едно место една жена имаше пишувано за годишната средба на индијанците во Америка, кога се собираат од сите краишта за да прослават што се се’ уште живи. Таа велеше демек по линија од мајка и потекнува од Хопи :D и дека за сите индијанци, кои си држат до својата традиција, корени итн. декември, ќе биде прослава ко Нова Година, само што е ко нова ера...
    Реално, оние по стабилните психички, оти сакам да ги мислам за постабилни, декемвриот го поврзуваат со почеток на нов свет, со „неосетна“ еволуција на човекот, која за жал требаше да биде поинаква и во поинаква насока да се движи нашиот развој и подобрување на условите за живот, но, како и да е, сепак ќе е нешто во стил на... крај на четврт свет (читав негде вака го определуваат според други калентари) и почеток на новиот пет свет... крај на 5,126 години ера... дрн дрн...
    Ќе има уште неколку бар.. до 7(велат некои) побогу, сигурно! Ако издржам до тогаш, тогаш ќе речам ќе има бар уште 10тина побогу :D . :P

    работата во овој дел е со транзитите на Венера... неа бе, на планетата на убавината бе и љубовта и препишуваат гадости цц :P
    Еве ти едни лудаци, пример што велат, ако те занима да читаш истражуваш...
    http://2012codex.com/venus_2012.html
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ах, па во право си, секако дека луѓето само поради пари, правеле се, наоѓале начин како да стигнат што побрзо до нив, па така се фатиле за Маиве ( душа им извадивме, само ги оговараме :rofl: :wasntme: ) нивните пророштва.И како демек ги одгатнале, а не рабираат дека всушност е тоа она што ти го велиш во врска со недостиг на вода, храна, поскапувања, уништување на природата, малце ли се сите пожари што се случиле за време на летниот период не само кај нас, не велам дека не биле предизвикани сами по себе, туку и дека човек има удел во тоа, второ како ние луѓето се однесуваме, каде се случуваат убиства помеѓу брат, сестра итн.А да не зборам што се прават луѓево во светот само заради пари, војни, убиваат животни и што уште не, а потоа и што велиш за болестите, ракот, па тоа е страшно, имаат лек не го даваат, зошто? Пак ради пари.Деца умираат и никој не е свесен за тоа, а нити се грижи, добро, има луѓе кои се грижат, ама на глобално ниво, катастрофа.Се зависи од храната, каква тие ја сервираат, дали е здрава или не, дали може да предизвика рак или не, дали некој друг истата ќе ја јаде.Како може да биде подобро, кога самите не се грижиме за да биде така? Зарем треба да се очекува дека некаква планета ќе ја удрела земјата и туку така ќе настанел крајот на светот? Знам за млади луѓе кои умреле, поради болест, страшно.Цел свет само пари гледа, а што кога човек ќе умре? Каде ќе ги носи? Со себе? Дали тогаш тие истите ќе имаат некаква вредност? Не.Најсигурно тврдам, бидејки како што дошол човекот, така и ќе си замине.Никако поинаку.Природата ја уништуваме и неа, зарем малку ли е што правеле/прават нуклеарки, џабе нели се сите овие земјотреси? И после ќе читам како демек ги одгатнале пророштавата на Маите, ете туку така според нивните тврдења годинава некаде накај декември ли кога беше, ќе настанел крај на светот.А дали размислиле за нив што е крај на светот? Зарем не им текнало дека сообракајка или некаква фатална болест, ќе биде за нив крај на светот? Како што и рековме, најверојатно е дека можеби веќе се остваруваат нивните пророштва на начин како што споменавме, со недостиг на вода итн.Плус, во Библијата и добро е кажано како ќе се уништи човештвото ако за себе не се грижи.Реков некогаш, во човекот опстојуваат две нешта љубов и уништување на него останува што ќе одбере од тие две.Се чудам, зошто секакви теории за крајот на светот имаат, а само на една не им текнува и им е пред очи.Тоа не разбирам.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Остануваат уште 100 дена до крајот на светот!


    Уште 100 дена останаа до крајот на светот. Сопред календарот на Маите 21 декември 2012 година е последниот ден.
    Иако никој не знае како ќе изгледа крајот на светот, луѓето на планетата се подготвуваат за него.

    И додека некои крајот на декември ќе го поминат на местото каде живееле Маите, останатите организираат луди журки, други пак се обидуваат да најдат место на кое би го преживеале судниот ден.

    Планинскиот врв на југот на Франција, Пик де Бугараж е привремен дом на 22 илјади лица, кои очекуваат дека на 21 декември токму на тоа место ќе бидат спасени од сигурниот крај на човечката цивилизација.

    Според верувањето на Маите, 21 декември 2012 е крајот на одбројувањето на големиот календар и настапува крајот на светот. На тој ден линијата на Сончевиот систем ќе се изедначи со линијата на млечниот пат.
    Изворно
     
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    http://www.youtube.com/watch?v=7sasivPeOzc Целосен демант на НАСА за сите астрономски тези, теории и незнам што околу плантетите и други заканувачки катастрофи.

    http://www.youtube.com/watch?v=OkNhpVJrrXM Една од теориите која ми е најлогична и најсигурна дека ќе се случи а судејќи по масонските карти кои се појавија на интернет, карти кои предвиделе доста настани кои веќе се случија, а меѓу фамозните настани кои картите ги предвидуваат е токму ова што човекот го зборува на видеото а тоа е разоткривање на масоните, наводно ќе се појават во јавност претставувајќи му се на народот како спасители.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aман со овие Mаиве |( |( .
    Hе тогаш не сега не вака не така. глупости.
    Tие па Mаите, освен да измачуваат луѓе ко ненормални, гледам си имале и други преокупации, да погодуваат кога ќе не снема |(
     
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ако е крај на светот да се изнауживаме уште некој месец па шо сака нека бииди ко преживи причаче
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Предвиделе промени на времето? :^) Па зар не се случува? Зар не слушате за топењето на Јужниот пол? За снегот во Сахара? Ајде тоа е поголемо, ами погледнете во Македонија? Не велам дека точно на 21 декември 2012 ќе биде крај на светот и дека наеднаш сите вулкани ќе еруптираат, дека ќе врнат камења и астероиди и дека земјата ќе се раздели, нити дека сонцето ќе го снема и други старвови на луѓето. Но, замислете се, ајде кажете зар мислите дека уште долго ќе живееме со тоа што секој ден се повеќе и повеќе се уништуваме меѓу себе и што ја уништуваме природата? Ако не не казни Господ тоа ќе биде природата, а ако ни таа не е доволно силна тогаш тоа ќе си го направиме ние, ние самите и нашиот подобрен мозок, толку развиен што секаде не разликува од животните. Маите можеби не предвиделе на кој начин ќе се уништи човечкото постоење, тие само рекле приближна година, се сеќавате на она дека во 2000 година демек бил крај на светот, тоа е дека некаде во 2000 а не точно тогаш... Некои се будат и се залагаат за Екологија, некои за мир, а некои само сакаат да замолчи светот. Но, дали е доволно само да се зборува, денес на еден човек му велиш немој да фрлаш ѓубре насекаде, а другиот ден тој те забележува тебе како фрлаш! Каква порака праќаш? Се плашите од крајот на светот? Или можеби го игнорирате? Како и да е, тој еден ден ќе не стигне. Не велам дека јас сум светица и дека знам се, не велам дека сум доволно возрасна да засудувам, но секој има право на мислење, така и јас а и Маите, а и сите вие! POZZ! :fubar:
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    СПоред научниците тој ден ќе стигне но не во 2012 година, сите заканувачки теории се демантирани од стручњаци, а климатските промени и ред други работи кои си ги наброила се случуваат на неколку милиони години.
     
  10. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    крај на светот требало да се случи и во времето на нашите родители демек се чекало да удри некоја друга планета во земјата па еве сме уште тука. така да секогаш ова ќе го кажуваат крај на светот ќе биде, сега ќе биде, после, утре, задутре 21 декември...

    п.с
    крај на светот можеби ние ќе го направиме со војните
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    А баба Ваѓа што предвидела?!
    Не се замарам ич со вакви работи.А и не верувам.Одкога најавуваат тогаш ќе биде крајот на светот и пак ништо.Уште сме живи.
    Инаку,ова за мене се само бабини деветини! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас се чудам како во светов се замараат со тоа |( ами тие што се подготвуваат за тој ден, да не им испадне за џабе,ќе дојде тој ден и ќе си помине, како и секој нормален ден и никому ништо :D ќе славиме пак нова година :D Би требало да се знае дека и онака никој незнае кога ќе е крајот на светот, па затоа и не треба да се паничи човек без потреба.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Нема да биде ништо.Како мене ми закажаа за нов пасош во 2013? :D :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Sara123 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Толку страни сте изнапишале на оваа тема и не можам да се начудам зошто.
    Какви пророштва, какви глупости.
    Јас можам некаде да оставам документ кој ќе вели дека крајот на светот е во 3333 година.
    И по тооооооолку многу години ќе станам позната и ќе дискутираат за веројатноста на моето пророштво.
    Ќе има страни за мене на Википедија или којзнае што ќе излезе до тогаш :rofl: и ќе ме величат се дури не помине таа година, па излезе некоја нова дата so on and so forth.
    Крајот на светот ќе дојде кога тогаш, ама сигурно тоа нема да биде претходно утврдено.
     
  15. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    од утре почнува пак жешкото :( луѓе некако ме фаќа страв до кога ќе трае жешково ?? имам све некое пречуство ако биде крај на свет дека ќе биде причинител за тоа сонцето :sweat: све тоа ми се врти у глава и денес читам на интернет и коса ми се крена :o
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    Па и лани беше жешко се до касно, мислам се до половина октомври ако не и повеќе исто комарци летаа :D, правата зима дојде дури кон крајот на декември. Немај гајле, не е тоа индикатор за крај на свет.




    Па Баба Ванѓа и не предвидела крај на свет, таа дури има пророштва за далечна 2070 година мислам ако не и за подолго. :lol:
     
  17. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    ајде да кажеме дека не мора да значи дека оваа година ќе биде крај на свет ,кога ќе дојде тој ден јас мислам дека ќе биде од сонцето од ништо друго и затоа све вака нагло од ладно топло кога ќе се смени ме фаќа страв
     
  18. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Една од многуте теории за крај на свет е и теоријата за сонцето, но тоа наводно ќе се случи за некои 3 милијарди години чинам беше, како и да е сега за сега нема, според истоимената теорија, наводно до тогаш сонецто ќе се намали и сведе на една ѕвезда, со тоа ќе дојде и крај на светот. Ако ја најдам теоријата ќе ја постирам.
     
    На heart.stealer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Нити од сонцето ќе биде, нити од некаков астероид, нити ништо.Незнам како во светов воопшто ги плашат луѓето со тие нивни наводни филмски сценарија за крај на светот, а се прашувам зошто воопшто не се појави некој кој истите ќе ги спречи? А баба Ванѓа, со се нејзиниот и колега Нострадамус, не знаеле кога ќе биде крај на светот, а и тоа што ете нешто прорекнале, туку така погодиле случајно.Не негирам дека не е можно некој да предвиди нешто, но некои работи навистина не држат вода, и немаат апсолутно никаква логика во целава работа.Зошто воопшто на тие што направиле во светов милион сценарија за крај на светот, не им текнало како е поприродно и порелеванто дека човекот со своето невнимание уништува? Значи нешто што им е пред очи и не го забележуваат, па си прават такви сценарија.Имам спомнато тука, а и на друго место.Каде е реалноста во целава работа? Дали тие се свесни што пострашни работи има во светов, отколку едно наводно измислено сценарио за крај на светот? Па, онаму во Африка ли каде точно незнам, се тепаат за нафта, очи си вадат, трети страдаат за парче леб, згора на тоа и болни, истите никој не ги ферма итн.А зарем тоа нели е за нив некаков знак за крај на свет? Или очекуваат сонцето да не испече, а може и нешто да не збрише, ама битно нешто што ќе биде виновно за настанување крај на светот? Прво теориите што тие ги сервираат се катастрофално нереални, второ ги плашат луѓето за нешто непостоечко, ниту како теорија, трето наместо да помогнат некому, да направат нешто добро, тие ршум прават низ светов.Значи мора да бидат реални.Бидејки и онака ниту тие, а ниту било кој знае кога ќе биде крај на светот и каков ќе биде.А и не за друго, нема веќе да бидат интересни.
     
    На A-j-a и interesna им се допаѓа ова.
  20. IvanaOneD

    IvanaOneD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    За другите краеви на светот што ги најавуваа,не се ни замарав,али овасо Маите ме загрижува :Ѕ