филмов knowing со Nicolas Cage http://www.youtube.com/watch?v=uxPQhm_Aq-E&feature=player_detailpage ме запрепасти начисто баш честопати си го замислував така крајот на светот и кај баш најде крајот на филмов вака да испадне?!
Според мене да Маите написале дека нема да има повеке од 2012,но мислам дека мислеле дека ке почне нова година нова ера.Да речеме во минатото кога годината завршила на 0 почнала новата ера ова на Исус Христус во која ние живееме.Ама за да се случи оваа ера не пропаднал светот.Тоа што сакам да го кажам е дека маите сметале дека ќе почне новата ера т.е календарот ќе почне да се брои од почеток.Светот сигурно нема да пропадне.Вистински ќе пропадне за неколку милијарди години кога сонцето ќе стане светлосен џин.Но тогаш сите ќе се преселат на други планети
Тоа е таа некаква промена, а и поверојатно менување на свеста кај луѓето, значи некаква промена.Прво затоа што не може нешто, туку така да го снема одеднаш, а второ на глобално ниво е некако како поинаква перцепција на записите на Маите, со тоа различни заклучоци
Сега пред пола саат гледав еден документарец на Тв-24 вести во врска со 21.12.2012 и тоа што ке се случи....и да ви кажам стварно се исплашив,не можам да се смирам демек половите ке се сменат,се ке се случи многу брзо,и одеднаш ке се разбудиме во рајот и во древен Египет исто е пронајден запис со истиот датум 21.12.2012 зимска рамноденица дека нешто страшно ке се случи....па значи останува да чекаме
Маите и Египјаните не знаеле да бројат повеќе од 12 и според тоа пресметале дека ерата ќе заврши,и календарот ќе почне да се брои од почеток.плус нема логика да не снема за секунда за да почне да пропаѓа светот треба подолг период,а и научниците од наса ќе приметеа ако нешто не е во ред прво треба да има знаци за опасност,а потоа ќе дојде опасноста.Не се плашете ниту еден од нас нема да го доживее крајот на светот Инаку до сега сто пати се има кажано дека ќе биде крајот на светот па гледај ништо не ни фали
http://www.nasa.gov/topics/earth/features/2012.html Еве го доказот за тоа што ви ко кажував.Ова е официјалниот сајт на наса,и има интервју со научник од таму за оваа тема
Кажува дека нема да има крај на светот,календарот на маите после 2012 ќе се повтори,тој го даде примерот со обичен календар кога ќе заврши 31 Декември светот продолжува во нова година 1 Јануари инаку ако не ти се отвара на гугл напиши вака 2012 will the world end првото што ќе ти искочи е сајтот на наса
21-ви декември 2012 ке биде обичен ден всушност како и секој друг.Ете што вели еден научник во Наса во врска со тоа и дава објаснение за се што ни се случува и што се случува во вселената,така да нема да се оствари нивното пророштво.Да не креваме џабе паники ,се е јасно дека нема да има никаков крај на светот и ништо нема да се случи на тој ден. http://www.fakulteti.mk/news/12-10-05/e ... odina.aspx
сеа само што ја прочитав сторијата дека американците се спремале за судниот ден http://tocka.com.mk/8/78022/amerikancite-pocnaa-so-podgotovki-za-sudniot-den
2012: Година на катастрофи??? - од серијалот „Божјото пророштво и природните науки„ Интересно видео... http://hr.zdrava-televizija.com/play/12 ... katastrofe
Не се сеќавам каде точно прочитав, мислам дека беше на BBC. Истражувано било од група на научници кои дошле до заклучок дека тоа со календарот на Маите всушност не означува крај на светот, туку крај на ерата. јас искрено не верувам дека крајот на светот ќе биде сега. Тогаш завршувал календарот на маите..пфффффф... можда тогаш умрел тој што го пишувал календарот па никој не го продолжил според мене нема врска ова со маите и крајот на светот Булшит !!!
Фамозниот датум 21 Декември 2012 кој цел свет кој чека не е точен затоа што е погрешно пресметан.Во календарот на маите декември бил десетти месец а февруари дванаесетти или последен во нивниот календар што во превод значи 21 Февруари 2013 година по нашиот календар е датумот кој сите го чекаме.
Маите испратија демант: Не ширете лаги за крај на светот! Потомците на древната цивилизација на Маите, кои денеска живеат во Гватемала ја обвинија тамошната влада и туристичките организации дека со тврдењата доаѓа крај на светот шират мит со кој се нарушува угледот на Маите само за да профитираат од тоа. [Маите испратија демант: Не ширете лаги за крај на светот!] - Го креваме гласот против измамите, лагите и испревртувањето на вистината, како и против претворањето на нашиот фолклор во извор на профит. Тие не ја зборуваат вистината за временските циклуси, изјавил претседателот на здружението на Маите, Фелипе Гомес мислејќи на бројните филмови и документарни емисии кои ја шират идејата дека календарот на Маите предвидува крај на светот на 21.12.2012 година. Министерството за култура на Гватемала пак, за тој ден организирало масовна манифестација на која се очекува да присуствуваат повеќе од 90.000 луѓе. Претставниците на Маите побараа манифестацијата да биде откажана затоа што тоа ги навредувало Маите и нивната култура. Експертите велат дека за Маите на 21.12.2012 година престанува само еден календарски циклус, но не и светот. - Новиот циклус означува почеток на големи промени на личен и семеен план, како и на ниво на заедницата за меѓу луѓето и природата да настапи склад и рамнотежа, се наведува со соопштението на Маите. Во Гватемала повеќе од половината од 15-те милиони жители имаат потекло од Маите. Календарот на Маите почнува во 3114 година пред нашата ера и го дели времето на периоди од околу 400 години познати како бактуни. Тие изброиле 13 бактуни, од кои последниот завршува на 21.12.2012 година.
ајдеее одвај чекав да дојде тој ден да престанеме веќе со таа фарса крај на свет бла бла затоа што колку и да не мислам на ова само читам и гледам некои глупости и многу ме притиска и ми држи товар умот неможе да ми се ослободи веќе од тоа како ќе биде што, зошто одвај чекав да дојде тој ден 21 декември сеа треба да чекам февруари ееее аман веќе
Хахахаха прв си ти за гушкање на женски форум, да те видев на машки форум дали ќе го пишеше истово, сега ова е демек датум по маите, утре ќе испадне уште некој датум, можеш и ти еден датум да извадиш од ракав, па има да се изнагушкаме сите групно, и повеќе членови има да направи форумов кога ќе слушнат за собиранките за гушкање (за у секој случај од апокалипса )