2012 година и пророштвото на Маите

Discussion in '„Другата“ наука' started by Gordana10, Dec 28, 2009.

  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    916
    Likes Received:
    2,182
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,495
    Likes Received:
    4,994
    Gender:
    Female
    Јас осеќам дека ќе израѓам деца и ќе ги изгледам, и ќе остарам и забите ќе ми паднат. Не се секирајте, имаме време. :rock: :D
     
    Gordana10 likes this.
  4. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Joined:
    Mar 24, 2012
    Messages:
    246
    Likes Received:
    497
    Gender:
    Female
    Каков крај на светот,глупости! :^) Не се плашете за жабе а она со градењето на тие цевки тоа е само бизнис се за пари,а американците и самите викаа дека нема да има крај на светот т.е научници од Наса го кажаа тоа :) Крај сигурно нема да има!
     
  5. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Joined:
    Oct 8, 2011
    Messages:
    127
    Likes Received:
    11
    21. декември 2012. година според многу предвидувања ќе биде кобен ден. Зошто?Што ќе се случи?Ќе исчезне светот? Дали древните Маи тоа го прорекле?

    Според нивното пророштво, на тој ден ќе исчезне планетата Земја и светот ќе се соочи со крај. Календарот на Маите, на кој се базира датумот на апокалипсата, според тврдењето на многумина стручњаци е најточен на светот, зашто е составен врз основа на прецизни таблици на движење на Сонцето, планетите и астероидите во однос на Земјата. Во нивните списи „порамнувањето“ кое ќе се случи на 21. декември 2012. година се нарекува спојување со утробата на Големата Мајка (Земјата).

    Маите верувале дека циклусот на животот на планетата трае 25.000 години, се состои од пет доба, а се завршува токму на тој ден.

    Она што најмногу ги загрижува приврзаниците на оваа теорија е дека влегувањето во „шестото доба“ е празно, односно времето по 2012. година повторно ќе почне да се брои од нула. Оваа теорија стана популарна кога во урнатините на јужен Мексико е пронајдена камена плоча на Маите. Иако е оштетена, стручњаците го пронашле датумот на апокалипсата и делумен опис за тоа што ќе се случи.

    Пророштвото на Маите не е единственото кое вели дека светот се ближи кон крајот. Многумина теоретичари тврдат дека исти претскажувања постојат и во Астечкиот календар, грчкото пророштво за крајот на светот на почетокот од 21. век, како и во писанијата на Нострадамус. Наводно, тој предвидел чудна вселенска појава која ќе доведе до замена на поларитетот, што би довело до тоа Земјата да почне да се врти во спротивен правец. Тоа се поклопува со текстот во исламскиот Куран во кој пишува дека на светот ќе му дојде крајот кога Сонцето ќе излезе на запад, а ќе зајде на Исток. Слични наводи можат да се пронајдат и во „Книгата на откровението“ во Новиот Завет, како и во кинеската „Книга на промените“.

    Има и астрономи и физичари кои тврдат дека токму на тој датум ќе се случи редок астрономски феномен, кој се јавува еднаш во 230 милиони години. Сончевиот систем ќе се изедначи со Млечниот пат, што ќе резултира со спојување на нашата и уште две галаксии. Како штро тврдат, тоа ќе доведе до радикални промени на електромагнетското поле на Земјата, па дури и до замена на половите, што би предизвикало катастрофа со катаклизмички размери.

    Според пресметки на некои математичари, на 21. декември 2012. планетата наместо да забави ќе забрза во најостра кривина околу Сонцето, порад што континентите ќе ги заменат местата и ќе го претворат светот што го познаваме во хаос.

    Меѓутоа, тие тврдат дека светот нема да исчезне, туку „супербурата“ ќе ја врати цивилизацијата во „мрачното доба“. До утрото на поголемиот дел од планетата ќе снема струја, ќе се угасне Интернет, мобилните телефони нема да работат. Ќе уследат неверојатни климатски промени и природни катастрофи. Сите активни вулкани ќе проработат, земјата ќе се тресе и ќе исчезнува под ударите на многубројни цунами, урагани, пожари...

    Опоравувањето ќе трае долго, а најдобро ќе се снајдат жителите на земјите од „третиот свет“, зашто се сега навикнати на живот без модерни технологии. Спасот на светот ќе зависи од тоа колку сателити ќе бидат испратени во вселената пред пропаста, зашто единствено на тој начин ќе може да се предвиди точниот момент на ударот...

    Овие црни предвидувања, кои повеќе личат на сценарио на холивудските блокбастери за крајот на светот отколку на реална можност, се објавени во списанието „New Scientist“, што предизвика целосна паника. До каде стаса паранојата, сведочи податокот дека е поставен вебсајт на кој посетителите можат да играат лотарија, а како главна премија се „нуди“ можноста да се добие место на „Модерниот Ноев кораб“. Така би станале дел од избраните кои ќе бидат спасени од глобалната катастрофа.

    Колку оваа тема доби на актуелност, сведочат и многубројни документарни емисии, како и филмот на Роланд Емерих наречен “2012“.

    Стручњаците на НАСА велат дека приказната за апокалипсата довела до тоа да добијат рекорден број на повици и мејлови и тврдат дека е збор само за маркетиншки трик.

    Инаку, досега имало безброј „сигурни“ датуми на апокалипсата. Последниот беше 2000-тата година. Меѓутоа, ништо од црните предвидување не се случи. Ниту Антихрист слезе на Земјата, ниту Сонцето експлодира, половите не ги заменија местата, нуклеарни проектили не го уништија светот...

    Интересно, Интернет технологијата Veb-bot исто така ја потврдува апокалипсата во 2012. година. Овој систем е дизајниран во 90-тите години на 20. век за предвидувања на берзите, но корисниците утврдиле дека може да предвидува и други важни настани на планетата. Некои дури тврдат дека системот ги предвидел терористичките напади врз Њујорк на 11. септември 2001. година, цунамито во 2004., ураганот Катрин...

    Програмата работи така што обележува страници на Интернет, клучни зборови и испитува текстови поврзани со нив, за да даде увид во „колективното знаење“ на човештвото.

    Меѓутоа, скептиците тврдат дека системот има многу „дупки“ и оти греши, баш затоа што сознанијата се темелат врз основа на податоци кои ги внесуваат луѓето. Поедноставно речено, колку повеќе луѓе на Интернет оставаат податоци за овој датум, толку е поголема веројатноста дека системот ќе го потврди 21. декември како ден на крајот на човештвото.

    Некои теоретичари, помеѓу кои се и познати археолози, духовни учители, мајстори на медитација и приврзаници на „Новото доба“ (поим кој симболично го означува духовниот препород на човештвото), сметаат дека „пропаста на светот“ нема да значи крај, туку само просветлување на човечката раса, која ќе биде казнета за својот небрежен однос спрема природата.

    Тие тврдат дека апокалипсата всушност ќе биде позитивна промена, односно нов чекор кон духовната еволуција на човекот. Своите тврдења ги поткрепуваат со пораката на пророкот на племето на Маите, Пакан Велики, кој наводно оставил пишана трага која вели: „Ако човештвото сака да се спаси од биолошка деструкција, мора да се врати на патеката на животот во природното време“.

    Стручњаците од областа на екологијата предупредуваат дека постои директна врска помеѓу војните и климатските промени. Предвидуваат дека глобалното загревање во следните неколку децении ќе доведе до сериозни немири и оружени судири, како и дека за апокалипсата не треба многу да се грижиме оти луѓето на крајот сами ќе ја предизвикаат!

    Загрижени за наглиот пораст на нивото на морињата и океаните, тие тврдат дека за некоја година тоа ќе создаде нов вид на бегалци, тн. „климатски бегалци“, зашто милиони луѓе од крајбрежните подрачја ќе побараат нови домови. Климатските промени ќе доведат до недостиг на храна, што ќе предизвика оружени судири ширум светот. А сето тоа ќе се случува поради небрежниот однос на човештвото спрема природата и планетата, на што секојдневно еколозите предупредуваа
    Од panoptikum.com.mk
     
  6. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Joined:
    Mar 26, 2012
    Messages:
    154
    Likes Received:
    120
    Одамна прочитав (не се сеќавам каде) дека крајот на календарот на Маите не било заради апокалипса туку било така наречено Преродување, т.е. дел од нивната религија, и дека заради тоа нивниот календар е застанат на тој датум. Всушност не е можно да знаеме што тие мислеле тогаш и зошто така го направиле календарот, ова се само претпоставки.
    Лично јас не верувам дека тоа туку така наеднаш би можело да се случи. Ако стварно планетата Земја ги менува половите, тоа нема да биде се во еден ден, туку мора да биде бавно, барем според мојата логика.
     
    cheetah.girl likes this.
  7. Inhume

    Inhume Популарен член

    Joined:
    Jun 27, 2011
    Messages:
    366
    Likes Received:
    254
    Имам многу читано за ова, тоа се подразбира дека еден ден ќе дојде крајот на светот, но не сум баш сигурна дека тоа ќе биде оваа година за некои 1000 години можеби, ама сега нема шанси , не ми се верува баш. Имаме време да си го проживееме животот :D
    А многу ми се смешни оние коишто се исплашени и демек граделе некои бункери во кои би се скриле, па јас незнам зашто им е животот после кога се ќе биде уништено и пусто :?:
     
  8. majaa12

    majaa12 Активен член

    Joined:
    Jul 11, 2012
    Messages:
    19
    Likes Received:
    7
  9. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Joined:
    Nov 7, 2012
    Messages:
    137
    Likes Received:
    27
    Глупости тешки... ова е се испланирано само за да се заплашат луѓето, да се влее што е можно повеќе страв во нив, и кога ке настане некој неред на планетава (сега да не навлегувам како што..) тие што стојат позади сето ова да понудат 'решение' на проблемот, а ние простите граѓани веднаш да го прифатиме тоа, а во суштина ги прафаќаме владетелите на светот и нивниот план за истребување на 90% од светското население (христијаните) и соединување на светот во едно општество. Знаат што прават американциве... ретко кој ке свати што зборам тука ама... направете си едно мало истражување ако баш ве интересира темава. Јас ептен е заинтересирав пред некое време, па ги ископав сите можни податоци од све и свашта хаха.
     
  10. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2011
    Messages:
    730
    Likes Received:
    307
    Gender:
    Female
    по глупо немам слушнато -.- аа да го чекам 21 декември па да видиме шо ке се деси тогаш..тешка глупост -.-
     
  11. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Joined:
    Nov 19, 2012
    Messages:
    71
    Likes Received:
    11
    според календарот, нема да биде крај на светот на тој ден, туку тоа е голем почеток за Маите, односно претставува промени во нивниот приватен, деловен и во животот на целата заедница за да се одржи целата рамнотежа и согласност меѓу луѓето и природата.
     
    Gordana10 likes this.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    :D ајдеее уште 1 месец
     
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Joined:
    Sep 17, 2012
    Messages:
    1,512
    Likes Received:
    1,890
    Не,не...Не било точно,во февруари ќе било :!:
     
  14. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    1,016
    Likes Received:
    278
    демек според наш календар е декември а според нивен февруари ајде ќе го чекаме и тоа и тоа :lol:
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    814
    Likes Received:
    1,230
    Gender:
    Female
    Јас не верувам во такви работи.Колку пати предвидувале и на крај ништо,севетот си опстанал.Никој неможе тоа да го предвиди освен Господ.Може и сега моментално да го снема сверот од некоја силна моментална експлозија.Никој тоа неможе да го докаже на која дата,кој ден и во колку саат ке го снема светот.На се има почеток и крај,така има и на светот.Сигурно еден ден ќе го снема ама за жал никој неможе да докаже кога.А и да дојде крајот на светот за сите е крајн,никој нема да преживее...
     
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Joined:
    Nov 9, 2011
    Messages:
    922
    Likes Received:
    644
    Крајот на светот е на 21 Декември 2012
    - Ќе се обработува на 5 Јануари 2013 :lol:

    Колку што сум слушала, календарот на Маите завршува на тој датум, но тоа не значи дека го претскажува крајот на светот. Вистина е дека имале многу развиена астрологија и математика, но тоа мање-више не ми го менува мислењето.

    Пред некој месец прочитав дека Маите всушност не ја предвиделе апокалипсата, туку дека предвиделе нов временски циклус.
    Новооткриените записи на ѕидовите на урнатините во Гватемала откриваат опсесија на Маите за откривање на точните временски циклуси, а не на апокалипсата.
    Новите записи исто така покажуваат како Маите имале календари кои ја надминуваат 2012 година, за која досега се веруваше, според легендата, дека Маите го предвиделе „крајот на светот“, пренесува USA Today.
    -Ете,толку од наводниот крај на светот, заклучува археологот Вилијам Сатурно од Бостонскиот универзитет и автор на студијата, во која се претставени новите записи од Гватемала, кои исто така се објавени и во списанието Science.
    Записите се откриени во урнатините Xultun, а се работи за астрономски календар, кој е пронајден во затрупана просторија за пишување.
    -Броевите, кои ги пронајдовме покажуваат дека Маите имале голема опсесија со временските циклуси. Маите најверојатно броевите ги имаат запишано во таа просторија, објасни Сатурно.ллллл б
    Урнатината Xultun е откриена во далечната 1915 година и се верува дека некогаш била голем центар на цивилизацијата и културата на Маите. Дури пред две години археолозите забележаа дел од споменатата затрупана просторија, која успеала да го сочува богатството од крадците.

    Ѕидовите на просторијата имаат мурали на нив и хиероглифи впишани во редовите помеѓу сликите. Календари кои се пронајдени претставуваат временски циклуси како што се на церемонијалниот календар на 260 дена, стандардниот годишен календар од 365 дена, календар од 584 дена на Венера и календар од 780 дена на Марс.

    Меѓу бројките и датумите, пронајдени се и оние кои одговараат на години после 3.500 година, што е многу подалеку од 21 декември 2012 година.
     
    Sara123 likes this.
  17. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    1,016
    Likes Received:
    278
  18. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Joined:
    Oct 16, 2012
    Messages:
    336
    Likes Received:
    119
    Никој неможе тоа да го предвиди освен Господ...
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    http://tocka.com.mk/8/81513/eve-kako-lu ... -na-svetot

    многу се смеев за сликите :D
    Особено женава
    [​IMG]
    Јас ,само се надевам дека у склоп на припремиве правела и по 100-200 стомачни, чучњеви... се кревала на раце ова-она :D иначе, што ќе и сета таа опрема :D :D :D
    Пошто, види ги останатите...лак-стрела..ово оно,чамци веслање. Не е шала :D
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    ^ Не е до секирчето, до мечето е
    [​IMG]
    :D