На мене искрено малку страв ме фати кога го гледав и ми се допадна многу зато што ми беше многу реален но секако има луѓе кои што филмот го сметаат за лош и глупав..Што мислите вие за овој филм ? Ви се допаѓа ?
па незнам искрено, голема прашина околу фамозниот крај на светот па и филмот така си дојде го имам гледано и не би го гледала пак, морам да признаам дека потрошив време на филмов за ништо, незнам не мислам ништо конкретно, живи глупости !
Кој е филмов? Оној со John Cusack и Amanda Peet? Ако е тој, глупости на квадрат. Море на трета! Еден од толпата филмови каде што еден силен, совесен, крајно емпатичен и крајно патетичен Американец го спасува целиот свет. John Cusack is the new Bruce Willis! Ужас! Не знам зошто во минатото сум потрошила време на филмов ама знам дека се изнервирав кога го догледав и ете - сеуште ми трае Вреди ли воопшто да има тема ваков филм.... ах бре. Што се чудам?! Затоа мојон Ињариту ќе го фати пустина, кога сите гледаат вакви филмови
Баш пред некој ден го гледав и ќе кажам само едно-катастрофа е. Искрено и не очекував нешто повеќе од тоа што го видов, вакви филмови имало и ќе има многу, ништо ново, невидено или уникатно. Досаден е...едвај издржав да го догледам.
Чекајте, зборувате за истиот оној моронски филм кај шо главните улоги нешто одеа кај рушевините на маите? Ако е тој се согласувам со цитираново, и плус ќе додадам дека потрошив гига за џабе Се осеќав како Картмен, Стен, Кајл и Батерс кога чекаа да ја видат шпицата од новиот филм на Теренс и Филип, шетаа низ цел град само за да најдат Тв и на крај даваат 5 секунди од шпицата . Чекаш некое дејствие да се изнаслучи, да видиш како светот се руши, тие ти даваат 5 секунди само такво дејствие во цел филм. Поглупо амин.
Ми беше интересен за гледање и воедно потресителен. Колку имав тогаш, 14 години. Шамар. ...али тоа дека е реален..Си утнала сестро! И тоа на велико. Све се руши, и бааааап, главниов со кола поминува. Типичен амерички филм.
Филмот е катасторфа. Земјата се цепи вулкани еруптираат лавата ги „гони“ а овие со комбе успеваат да избегаат...ај мин хелоуу ни малите деца не можеш да ги излажеш камоли некој повозрасен да го гледа 2 часа.
Филмов ми се допадна,а славата мислам дека ја доживеа само поради веста што ја обиколи светот за пророштвото на Маите 2012, па пола свет и повеќе го гледаа за да видат како тоа би изгледало Како и да е, јас го гледав зошто уживам во такви филмови и можам да речам дека апсолутно е убав,според мене 9/10
ева на 21 крај на свето а јас овој филм уште го немам гледано леле или ке го гледам у живо?? хаха сите викат арен бил ваму таму па нз..
Се сеќавам на едно нешто од филмов,а тоа е:Денот кога го гледав не можев да заспијам.Од секој мал тресок или мрдање се будев.