Пишувајте луѓенца да си бидеме инспирација едни на други. Мои некои цели би биле.. Да се сакам повеќе себеси, да си положам за автомобил, да да се потрудам повеќе за мојава работа која многу си ја сакам итн..
Сакам да бидам попаметен и повеќе да се потпирам на разумот отколку емоциите. Да не го залажуваат моите емоции паметот и така да делувам како слабак. Потоа да се вработам со дипломата со која се стекнав на солидно работно место. И секако како трета опција оставам пошто најсреќен број ми е три, би сакал... односно замислувам, да се најди личност што би биле на иста фреквенција.
Да намалам со благото. Да си вдомам куче не јас да го штам туку тоа мене И ај ќе си ја задржам за мене последнава цел
Да се вработам , да положам за кола ( конечно ) , да ослабам , да ми помине забарофобијата и конечно да си ги средам забите како што јас сакам , да посетам 2-3 држави ( блиски и малку подалечни ) .
1. Да подослабам малку 2. Да положам за кола 3. Да надминам еден страв за да можеме да отидеме на едно преубаво место 4. Да го убедам мм да направи уште тоа што остана
Да успеам целосно во мисијата за хранење здраво. Да намалам некое кило. Да одам на забар безразлика колку ми е страв и безразлика колку паника ме фаќа дур го одам патот и безразлика колку математики прам во глата пред да ја отворам устата.
Да си ја задржам килажата или да ослабнам уште 2,3 килца. Да почнам малце повеќе со физичка активност. Да спремам дипломска, да си го реновирам станчето, да седам помалку на социјални мрежи(ама како ми тргнало од сабајле тешка работа за ова) помалку да се нервирам... и уште некои работи.
1. Да ги положам сите испити 2. Да почнам да заработувам малку по малку 3. Да одам во теретана редовно и да си ја остварам замислата за идеално тело 4. Да ги избришам сите луѓе кои ми влијаат лошо во животот 5. Да излегувам почесто со луѓе кои ме ценат 6. Да поднаучам некој нов јазик
1. Посакуваниот просек на факултет 2. Здрав начин на исхрана и одење во минус со килажата 3. Возачка 4. Нов странски јазик и некоја боречка вештина 5. Работа одреден временски период во странство за посакуваната сума на пари кои ми требаат 6. Патувањ(а)е 7. Постојана заработка
1.Да работам уште на промена на себеси 2.Да си најдам личност со која ќе сме на иста бранова должина 3.Да ми се случи некоја работа која ќе ми го промени целосно животот , на позитивно се разбира.
1. Најпрво, да се "средам" психички и да ги избршам депресивните и црни мисли засекогаш. 2. Да научам да го живеам моментот, мозокот да го ставам на пауза барем на моменти. Од премногу размислување боли глава. 3.Да си ги положам сите испити, исто една од нааајбитните желби. 4.Да заминам на работа во Германија. 5.Да си го средам љубовниот живот. 6.Да ослабам едно 5/6кг. 7.Да го победам стравот од возењето
1.да си фатам нормален дечко што ќе ме сака и почитува а и јас него 2.да бидам уште попаметна 3.да се здебелам бар 5кг и да се стегнам 4.да ги намалам цигарите 5.да го надминам стравот од висина 6.да земам возачка 7.да преживеам до 2020
1.Да намалам со дремење на телефон. 2. Секој месец да читам бар по една книга на германски. 3. Малку повеќе да учам германски и германско право. 4.Да вежбам повеќе и да внимавам повеќе на здрава исхрана. 5.Да си го контролирам здравјето т.е да отидам на повеќе контролни прегеди. 6. Да си купиме кола и да шетаме повеќе.