Нејзина цел е да нѐ запознае сите шо кажавме дека фаќаме врски за во градинка и да нѐ пријави. А демек на роденден нѐ канела со стриптизер...
1. Да си поводам поголема сметка за моето здравје . 2.Да патувам со семејството повеќе. 3.Да се продолжи со хранење здраво како пред празниците . 4.Да поработам малку на себе за да имам повеќе храброст за некои работи . 5.бебе 6.стан
Да се научам да си ги контролирам нервите Да ги избришам депресивните и црни мисли засекогаш. Да почнам со работа па може и бебе Да ставам 2-3 кг. Да имам повеќе желба за кекс кхм, кхм И да сум жива, да ја дочекам и наредната год.
Здравјето. Телово. Преселба, се надевам. Здравјето. Телово и пар други ситници. Неам големи амбиции))
1.Да се грижам за себеси и да се ставам повеќе пред другите годинава . 2.Да патуваме повеќе . 3. Бебе 4.Нова кола 5.Повисока плата .
1. Повеќе тетоважи 2. Да ги положам останатите предмети 3. Да си купам нова кола 4. Неколку патувања нема да ми дојдат лошо 5. Конечно да успеам да се заљубам и јас
1 да го работам она што сакам да го работам 2 да се остварам во улогата на мајка 3 да создадеме наш топол дом исполнет со љубов и дедски џагор 4 да симнам неко килце
Годинава ќе ми почне со бебе, автоматаки една моја цел е исполнета да имам човече што ке ме вика мама Возачка. Па автомобил, скромен и мал ама корисен. Па планирам вонредно средно( уште едно)за да си работам во фирма на свеки. И да си најдам време кога ке дојде бебе за вежбање, не сакам запуштени мами. Се надевам дека оваа година ке си ги исполнам желбите
1. Да дојдам до 50 килограми иако цицките ќе ми свиснат како кокиче во зима. 2. Да кренам повеќе од 40 килограми на бенч. 3. Нови дечковци, повеќе секс и памет во глава. 4. Уште една стабилна работа. (Две не се на одмет, нема да спијам). 5. Да дојдат ВМРО на власт, ама баграта мафијашка да си лежи. 6. Конечно ова лето да прелетам една тура над Антартикот во потрага по Agartha. 7. Да бидат сите што ги знам живи здрави и среќни. 8. Следната година да ме ставите во потесен круг - форумџика на годината и да ми доделите патување до Бора Бора.
Минатата година не ги исполнив целите. Па затоа оваа година не си поставувам цели, нека иде како иде.