Ovaa godina samo edno Sega za Sega sakam a toa e da simnam nekoe kilo. 2018 mi beshe top se sto sakav mi se ispolni dobro ustr edno mi tekna da si napravime svoe mesto za ziveenje
Да го стеснам кругот на луѓе затоа што повеќето се од интерес. Да исфрлам „енергетски вампири“ од животот. Да работам што покреактивно, да барам шанси за излез од земјава. Да работам на себе, да шетам повеќе и да заработам повеќе.
Ве молам, сите вие кои изразивте желба за одење во странство, повремено правете update да знаеме дали успеавте. @Stark You're not the only one.
-Ако добијам виза и се преселам цел ми е да добијам работа на струка таму. -Ако не добијам виза да почнам да се спремам за почнување на сопствен мини бизнис за кој веќе имам идеја. -Да научам 3D Max и да спремам убаво портфолио. -Да се вратам на сликањето оти 5 год немам сликано, да купам нова опрема и да почнам да учам техника со акрилни бои. -Сакам да почнам да учам нов јазик и да читам малку повеќе стручна литература. -Да посетам барем 2 нови земји со маж ми. -Да си организирам економична ама убава и забавна свадба.
Топ 7+1: Нова работа.Доколку до првата половина на 2019 не најдам нешто пoпримамливо летам за ЕУ или поверојатно за УСА пошто Германија не ме влече. Kомплетирање на одредедени постдипломски ствари. Сериозна врска,доста беше шпартање. Нов стан. Шопинг манија,облека,гитари...повеќе патувања... Да фрлам плус 5-15кг.Моментално околу 90кг,shooting for 95-105kg. Повеќе одмор и релаксација во слободно време а помалку замарање со глупости. Ако стапнам на американско тло,одгледување на треви ќе биде атрактивно.Пуфкањето ќе биде масовно во големата земја според последните информации и не главно само во Кали.Marijuana farmer could be the next Data Scientist.
1. Да запознаам шо повеќе интересни фаци 2. Да научам нешто ново 3. Да го подобрам германскиот 4. Да добијам работна виза 5. Сериозна врска 6. И толку доста ааа мене ми е доста аа аа
To get the f*ck out of here еднаш и засекогаш, мислам редно е. Друго ништо ни сакам, ни ме интересира.
А, бе, сите ако си одите па ... шо че прајме ние Таман решив останувам, се укотвувам... сите ќе си одат годинава
Планирам да биде година посветена само на мене и на никој друг. Доста беше да се секирам и замарам што другите мислат за мене. Ќе читам многу, ќе вежбам, ќе се хранам здраво, ќе гледам квалитетни работи, ќе се дружам со квалитетни особи, добро ќе размислувам за моите одлуки, ќе се потрудам да си го средам животов и да се вразумам еднаш затоа што веќе сум у прелазна доба за да се постигне сето тоа. *Исто желба ми е да си купам некоја скапа кафе машина. Здравје само, се надевам ќе биде и тоа.
Полека дете полека цел живот е пред тебе... 2020 ќе скинела конци бе... Се ќе биде се ќе си дојде само немој толку црна да бидеш и негативна Ти треба некое шамарче за освестување... Друго нешто ти треба ?
1. Бебка да се роди жива и здрава, се да е во ред со мене и неа; 2. Да се роди бебка/ко на золва ми здраво и живо; 3. Да бидеме здрави, живи и сите на број до наредната година; 4. Да сме исто среќни и вљубени со мм како и до сега; 5. Да си најдам друга работа по можност да е по струка ; 6. Да почнам да конзумирам безглутенска храна; 7. Да вежбам после пороѓај да не сум запуштена мајка; 8. Ново количе, мало убаво за да и биде удобно на бебка; 9. Да одиме на одмор оваа година - конечно 10. Да ми е здрав и жив мм
1. Да магистрирам 2. Да ослабнам и да вежбам повеќе 3. Да положам за кола 4. Да си купам кола 5. Да успеам да заштедам нешто пари 6. Да патувам повеќе