1.Здравје за мене и за најблиските 2.Да си најдам подобро платена работа 3.Повеќе да патувам годинава 4.Да ги смалиме караниците со дечко ми
Двометраш си? Иначе... јас решив да не се оптоварувам, оти џабе планови и цели.... само сакам да сме здрави и спокојни, другото ќе си дојде. Иако, сакам да сменам работа, и да патуваме повеќе. Па ќе видиме.
То и јас мислев... Колку е висок? Интересно ми е што повеќето од вас спомнаа намалување или зголемување килажа. За заминувањето во странство... ве разбирам... Ова со 2-3кг, не...
1.Да си ја вратам самодовербата 2.Да патувам повеќе 3.Да ги положам испитите 4.Да уживам и да бидам среќна.
Па сеа... ќе да е... за 100 да набаци мора да има висина... Ми падна во очи, оти во просек, Македонците не се високи, барем мојот впечаток е таков. Може твојот е поинаков... иначе сакам високи убај ми се за око
Ниски се сите! На времето ко носев 12ки, ич не ми беше убо. Во Битола само тројца (фигуративно) имаше повисоки од мене.. Едниот беше геј, вториот женет, третиот брат ми
Кога си висока, знае да е проблематично... јас со мојата маленкост од 157цм и 12 ми е малку да ги стигнам
Уште стварно да бев покет сајз... јес да сум 157, ама не сум ситно ич Ај доста, ја отрувме темава. Крива сум, признавам.
Ситно си за мене!! Како сакаш сврти! п.с. штета што не можеш да ме чуеш како ти 'тепам' (на хрватски ова.. не знам на македонски како се вели за слаткоречивост кон нешто што е кјут бебе/маче).
175 сум... не сум многу висока... Ама сум тешка, сигурно колку 2 ти Зато и ме буни ова, повеќето што посакуваат да ослабат 2-3-5 кг.. На мене не се познава толку ако ставам/симнам.
1.Да родам живо и здраво бебенце 2.Да имам лесен пораѓај 3.Да успеам во доење. 4.Малиот да се навикне во новата градинка. 5.Да ослабам летово. 6.Да отидам конечно на одмор во Тајланд. 7.Мм да си најде нова работа, која ке биде помалку стресна. 8.Да ни стават лифт во зградата.( на 4 Спрат без лифт сме моментално) 9.Да заштедиме за учество за куќа до 2022. 10.И најбитното: Да сме сите живи, здрави и секогаш на купче среќни. Скромна сум нели Оваа е мојот краткорочен животен план за период од 01.01.2019 до 01.01.2019.
Ич не сум скромна и сакам многу работи. Но меѓу оние поважните, ете: Да сме живи и здрави пред се. Ако тоа го има, ќе има се останато. Да продолжам да ја оставам мојата себична природа (цигари, токсична исхрана и останати пороци) на страна, зашто под срцето носам срце. Живо и здраво да го донесам на овој свет. Да се сакаме и почитуваме со сопругот исто како и до сега. Да станам подобра особа. Да престанам да бидам толку проклето емотивна и да плачам на секое. Да престанам да измислувам 372728625281 дијагнози. Да патуваме повеќе со семејството. Да ги однесам децата во Дизниленд. Да ја запознаам ДАнгел.
јас ти ги преземам цитираниве желби сакам плус да успееме во планот за нова куќа и да имаме малку повеќе здравје и среќа оваа година