1.Да најдам нова градинка 2.Да почнам да вежбам 3.Да одам поредновно на скринзите на доктор 4.Да патувам повеќе и да можам да отидам на одмор(иако ова година со сегашната ситуација не верувам дека ова е изводливо) 5.Повеќе време да му посветам на детето
1. Overpriced планеров шо си го купив да ми трае повеќе од 2 недели. 2. Да почнам пак со вежбање и да јадам ко човек, а не прасе. 3. Да чистам редовно. 4. Да не купувам глупости. 5. Да не трошам време на непотребни работи.
1. Да се ставам себеси прва на мојата priority list. 2. Да исфрлам токсични и негативни луѓе од животот. 3. Да си направам тетоважа 4. Да стекнам вистински пријатели. 5. Да положам се што ми е за полагање на факс оваа година. 6. Да посетиме некои земји со дм. 7. Да го продолжам моето weight loss journey (засега 15/40кг.) и завршам. 8 Во склоп со претходното да ми останат здрави навики во исхраната. 9. Многу среќни и незаборавни моменти со дм. 10. Да се стабилизирам емоционално. 11. Да живеам во вистинска смисла на зборот. 12. Да ја преживеам годинава. 13. Да дојде побрзо 2020 бидејќи за тогаш имам поголеми планови.
Пи*ка му матер! Мислев ние со 175см ти сме 'бајадери' Не му е таман.. МаШ под 100кг, не е маШ! И чапај! Не му се мисли!
Да инвестирам повеќе во мене. Да ги исполнам плановите за Euro Trip годинава. Да идам и да се испружам на некоја убава плажа и да одмарам 10 дена. Да спортувам повеќе. Да се откажам од кока кола и други отрови. Да ја изнервирам Реин да ме банира на подолго/перма. Да ги ќењам патриотите во политикине уште повеќе. Да идам на EXIT фестивалон. Да победам повторно на избори на крајот од годината.
1. Да ја истерам вторава година на факс што ми е најтешка и да положам сѐ. 2. (Ова кажано веќе 3 пати у други теми) Да ослабам 5 кила барем и да си го разубавам телото 3. Со либе да прошетаме негде. 4. Да си ја зголемам самодовербата. 5. Да си ја офарбам косата.
@Annath Метаболизмот ми е брз,за неколку недели во турбулентен период на работа губам од 5-7кг.Со 100кг значи во текот на годината би се движел помеѓу 93-95кг што е многу подобро отколку пад од 90кг на 83-85кг. @WildMk Ти си чоколадна бомбица
@HardSex Исто ко мене, иста висина, идеална тежина, и стрии да докажат брз метаболизам. И ја гледам да удрам здрава тежина а не баш идеална, таман некоја. Good luck, и мајндфулнес.
1. Да сме здрави, живи и на број 2. Да ослабам и да се вратам на тежината од пред првата бременост 3. Штом ми заврши породилното конечно да најдам работа која ќе ме исполни, а богами и финансиски ќе ме задоволи 4. Да ми почне синко в градинка на пролет да се адаптира, а ќере да ми попркне.. 5. Па може летово после три години и одмор да истераме на море
Јасно. Не за бомбицава туку за тежината. Ако вежбаш, ќе добиеш на тежина. А јас Штрумфета... нека, фала